[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Цигарче крпи переше на кадата ги редеше! Секоја средба со вода во овие летни денови ми е добредојдена па дури и задачата која ми ја даде мајка ми ја завршив со задоволство. Потоа и посветив внимание на мојата соба (на мојот плакар),а останатото го фатив колку да и замачкам очи на мајка ми "Секако брат ми пак ќе ја бомбандира со играчки". Знаете,јас имам привилегија што имам помал брат,па од време на време си се вадам со него (во последно време се почесто) :wasntme:

    Јас навистина незнам кое е тоа мое задоволство да пијам турско кафе на овие горештини,кај е топло па уште топлина ми создава внатре во мојата душа. Може треба да пробам со топол чај а? Може така за момент ќе се разладам,боже мој.

    Едвај чекам да започнат квалификациите за Олимпијада на кошаркарите бе,ми се урла,сакам да ги почастам судиите со некои благи и сентиментални зборови. Доста е со фудбалот,ќе заврши, па сите заедно ќе поминеме на нешто светско а наше.

    Аааа да ! Да ви се пожалам морам,ова е неправда голема,оваа сезона не добив бакнеж од ниту еден комарец, и сега ќе си кажете "Грда си Цигарче,и комарците не те сакаат", ама да ви кажам комарците оваа сезона имаат голема конкуренција со бумбарите кај мене,добро де,од бумбар не добивам бакнеж ама добивам зуууу зуууу зуууу во главата.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Амм, постои ли барем некој од вас што не гледа каде му е дадена последната ѕвездичка? :^)
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    На cinderella5 и butterfly33 им се допаѓа ова.
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    5737363647236 лекови и сите со различно дејство, индикаци, контраиндикации.. Глата ми бучи како трактор, а јас еден човечки муабет незнам да направам, сто пати препрашувам нешто што веќе сум го слушнала!
    Сакам одмор! Психички одмор! :|
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    СРЕЌНА ГОДИШНИНА И ЗА МНОГУ ГОДИНИ НА КАПС ЛОК. СО ДОЛЖНА ПОЧИТ И ЗАПАЗУВАЊЕ НА ТВОЈАТА ИДЕОЛОГИЈАТА, МЕРЛИН. :bow:
     
    На Lov3, Trendafilka и cinderella5 им се допаѓа ова.
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Аххх одвај чекам 12ти да дојди :lol: Беа лани крајот на август во Битола и стварно беше предобро. Од 10 до 4 сатот. После 3 дена ме болеа нозете :$ Ама ако, вреди...

    http://www.youtube.com/watch?v=rrOjrnU756w
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Животов ми приредува многу убави мали изненадувања.
    Еве на пример, денес.
    Позајмив книга од E. E. Cummings од библиотека за англиска литература.
    Пред да почнам да ја читам било која книга, прво добро ја разгледувам, што пишува назад, што пишува напред и на кого му е посветена.
    Отворам на страната на која авторот ја пишува посветата и гледам чудо.
    Покрај посветата од авторот за одредена личност, имаше рачно напишана посвета, со толку добар краснопис, од одредена Андреа до одредена Венди.
    Тоа што ме импресионира е фактот што нечија книга, нечиј подарок на некоја личност во светов, пристигнала во Македонија, во моиве раце. Не знам кога е купена, не знам точно зошто, ама по посветата, претпоставувам дека се работело за пријателство и тоа прекрасно.
    Но, тогаш помислувам: ако пријателството било прекрасно зошто тогаш оваа книга која била подарок од одредена Андреа до одредена Венди стои во моиве раце, а не во рацете на Венди?
    Андреа ја ценела Венди, но Венди не ја ценела Андреа.
    Поентата ми е, ако на Венди и била важна Андреа и пријателството со неа, оваа книга воопшто немало да заврши, прво во Македонија, потоа во библиотеката за англиска литература и на крај во моите раце.
    Толку знаат да ценат луѓето.

    Ако мене некој ми подари книга, па макар и плишана мечка - ќе ги чувам до крајот на животот, бидејќи некој се потрудил да ме расположи со тој подарок, да ми покаже дека во тој момент од животот сум имала значење во нивниот. А, особено ако содржат и толку прекрасна посвета.
    Нема да ги испратам на другиот крај од светот. Ќе ценам и ценам.

    Прекрасно бев изненадена, ова беше како на филм; таа книга содржи толку историја, а сега е во моиве раце. Прекрасна поезија, уживам дури читам, а плус сум свесна и дека некој друг ја имал, некој на кого му била посветена. :)
     
    На Hopeful, Doozy, Monroe и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    И шо? :o
    Друго, многу би посакале да се на мое место во моментов. А јас се преколнувам, епа да. УПМ, сите да одите, до еден!
     
  9. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Колку е само досадноооооооо... |(
    Мислам дека во овој момент ќе цркнам од досадност.
    Треба да најдам некоја занимација и тоа што побрзо. :!:
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    На 20 години сме ги рашириле крилата, сме летнале од прозорецот до негде и пак назад, и чиниш се знаеме. А уствари... ништо не знаеме.
    Не е убаво ова што ми го сервира животот, не, и не заслужив, ама кој те прашува.
    Си седам во едно ќоше на тераса во доцните часови синоќа, седев и размислував додека го анализирав проклетиот претходен ден и задува еден ветер и бууум почнав да плачам. Море да липам без престан не знам колку време. Ама барем после мирно спиев.
    Многу мразам кога ќе си дозволам да се скршам така, да паднам, уште повеќе мразам кога пред него ќе се скршам па по милионити пат ми помага да ги спојам делчињата. А не викам не, еден тон ми е полесно на душата откако ќе го гушнам, ама што... тој не е извор на моите проблеми, а толку често му ја доделувам таа улога. Оффф.
    Дали во животот се постигнува некој баланс некако, некоја рамнотежа на емоциите? Ваљда има нешто што ни дозволува да поминеме низ тешкотијата и од неа да излеземе посилни а воедно и не потсетува дека животот не е толку црн.
    И по некое време ќе си речеш за што сум си ја трескала главата? Дали е тоа некое непишано правило, и кога кај друг гледаме некој проблем што сме го поминале ни изгледа толку лесен, всушност не ни текнува како ни било кога сме поминувале низ истото, а сигурно било исто тешко колку и на другиот.
    Со се и сешто се соочуваме во овој живот. Со секакви дешавки, со секакви луѓе, некогаш ќе се зачудиме, некогаш ќе очекуваме нешто, некогаш неочекувано ќе не удри животот, а на крајот како и да е пак ќе се насмееш, пак кога ќе покопаш длабоко знаеш дека имаш за што да живееш, и знаеш дека се ќе помине... а полесно е кога имаш нешто заради кое ринеш низ калта барајќи го патот до тревата.
    Јас ја чекам мојата трева да дојде, да ја гушнам и црнилава малку да фатат сива боја, па полека и бела.
    Неверојатно е колку силно може да биде едно човечко суштество, уште поневеројатно е колку не е свесен за истото...
     
    На ines.h, Monroe, blond и 6 други им се допаѓа ова.
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Сакам ноќта да ми одекнува во ушите како притушен звук на растреперен глас.
    Е така, да и го чујам гласот.
    А таа има безброј гласови, се точат во мириси и само ноздрите умеат да ги примат.
    Ако го затнам носот ми се лепат по кожата.
    Сакам да мирисам на изладен воздух со темни нијанси.
    Животот е толку чудесен. :)

    [​IMG]
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    1.049
    И двете мачки што ги имам ми се омачија.Од едната имам 3 маченца,од другата 5 :D Полна куќа мачки :clap:
     
    На FortuneTeller.xD, ilipili и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Вистински навивач како мене , од старт е пристрасен :!: .....сите бладаа како Италијаните имаат НИКАКВИ шанси просто кажано,но ете ми ги таму каде што си ги замислував :clap:
     
    На Annath и Hipster им се допаѓа ова.
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    СДК и најкратката порака денес ми ги насолзи очите :inlove: Добив искрени прегратки од сите кои ми значат, добив солзи од мама зашто „веројатно“ до година не ќе бидам нејзина. Добив цвеќе од бато зашто единствено тоа ме опишувало. Добив солза од радост на неговото лице, и двата уште пократки зборови. тато ми рече не ја завршил неговата мисија, сакал внучиња на кои ќе им кажува како трчал од нива за да го види своето првенче. Е па, нема, нема подобар живот од овој. Фала богу што ме родиле на овој ден.
    Драги феминки, вашите честитки ме радуваат до срж, ми значи тоа што добив куп виртуелни прегратки и бакнежи. Од срце ви благодарам.

    Лудо, феминке, и тебе нека ти е Среќен Роденденот, нека те грее сонце, пливај во љубов и слади се со страст. Биди среќна секогаш :hug:

    Како добра домаќинка, да ве почастам :D
    [​IMG]
    Да има за сите :D
     
    На Theodora, calliope, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.620
    Допаѓања:
    108.985
    Пол:
    Женски
    Проклет клима уред, да можам ич не би го вклучувала, па јас од дете не сум фатила гнојна ангина бре, а сега, грлото ме боли ме кине, не можам да издржам само гнетам Септолете. Луѓе, ќе си умрам, многу ме болиииии.... ;( А ајде кажете како да се издржи летово без клима, ај кажете.... ;(
     
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    „Иди на запад види како е, па после збори“ како одговор е еден од најидиотските што може да се даде, особено на критика за одвратниот изглед на некоја „смела девојка“ што решила да си го разголи газот во вручици од три сантима сред центар. Као, ако тоа го праат на запад, ондак е ок? Ако тој запад стана втора Содома и Гомора треба и ние да се стремиме кон тоа од пусти страв да не бидеме црната овца?

    Кој паметен рече дека се, ама баш се мора да се земе како пример од нив? Едно е напредок, друго е деволуција, па боже мили, што луѓе станавме? Идоли ни се распрдени говеда и смрдли без никаква вистинска вредност и грам мозок, сета креативност ни се слева во реални шоуа, старлети и медиумска сексуална експлоатација.

    „Еби принципи, кој што сака нека прави“, следува обично. Ма немој бре! Барем од почит кон мајка Природа што потрошила толку илјадници години да не направи нешто подобро од обични мајмуни ќе се потрудам да ја сочувам трошката цивилизираност. Се нарекуваме цивилизација, а сами правиме истата да тоне се подлабоко и подлабоко.

    Ми се гади. За пофалба станаа демек искрени фаци што „лупаат се у лице“ и се без срам. „Дупев кокошка, вау луд сум!“
    И тука имаш: „Која искреност, кое освежување! Ретко кој има муда да го признае тоа!“

    Нејсе, заминувам утре на одмор. Си ги налакирав ноктињата како лубеничиња, се спакував и одам да дочекувам изгрејсонца и зајдисонца на плажа. Мора малку раат, главата бубањ ми се направи од глупостиве што виреат насекаде.

    Дотогаш, останете ми поздравени мои мили феминки, секогаш бидете учтиви, освен кога не треба да бидете.

    :sun:
     
    На fashionista, kravce, rossonerka и 21 други им се допаѓа ова.
  17. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Не знам зошто се лутиме кога некој ќе ни речи:
    -"Тркало едно"
    кога факт е дека најголемиот изум на човекот е всушност тркалото :lol:
     
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    gigi buffon -Panterot :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    На дечко ми мајка му ни ги излајкна двете заеднички слики на фејсбук.
    Да не ви причам шо сме у загрљај таму.
    Еве сега на дечко ми му пишав порака, оно јадничко на работа, има да се грижи сега. :tmi:
    Е готово пукна срамот, коо знаеме да ставаме слики на фејсбук мора да очекуваме и лајкови, нАли така е... :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    Па си викам вака, и онака неќеме свадба со веселби и глупости и двајцата, нема да има слики, нека си лајкне жената дур може... :rofl: :rofl:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Епа лето иде, фејсбукот има како насловна од PlayBoy да биде. :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.