[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Тоа е зш брзо се вртит земјата :D

    Сдк понекогаш со некои луѓе стварно не можам да се разберам, се осеќам ко на арапски да им зборам :worried:
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк дека од денес имаме нов член на фамилијата-маченце :dance: :party: кое што не знам од каде се најде кај нас во дворот,односно прво дома ни влезе ,па во дворот.Колку е само слабо кутричкото и малечко,му дадов да јади,ама Буци мој пустиот од шо е љубоморен го тепаше зошто му ја јадеше храната :( ,па му направив посебно место каде што ќе можи да си расти без да му досадува Буцко мој :D .Имам нова фризура,три пати и реков на другарка ми-фризерката да ми ја подскрати :worried:hock: еххх Илии друг пат слушај ко ќе ти кажат професионалци,а не по својот памет да одиш. Ај па и вечерва сум на свадба, ќе се изнаиграм,:dance: ќе бидам скокалче :rofl: како што обожава да ме вика душлето мое. :lol: Ај сега отидов да се доспремам имајте ми убав остаток од денот драги феминки и на ваши главчина на тие кои што не се сеуште мажени :*
     
    На Juicy03, Gordana10, elinela и 2 други им се допаѓа ова.
  3. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    И..фраерски е да си охриѓанец, преку лето :)
     
    На smiley-94, Magnolija, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.986
    Ја само да ве поздравам, вака тронтлеста и најадена по ручекот со даде, и да фатам џаде...

    Мартини и цреши до доцна во ноќта, чудни дешавки отпосле, мисла и мирис на нас, и гласна карма ЗОШТО ЈАС!?

    Се’ е во ред, само сум ете, така чукната.

    И многу вљубена, ќе одам и до Јапонија изгледа со него.

    Чао, останете убави! Се гледаме на изложба, моите пишувалки ќе лежат таму на фотографиите на Фросина.

    Гушкам и цуфкам.

    Ш.
     
    На ines.h и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Пред некој ден кучето бара јадење, верверицата што ми доаѓа на гости бара кикиритки, и ми требаат две туби вода од онаа што мине низ осмоза за на рибите да им проветрам малку. Рипам во колата и одам да набавам се што треба за дивечот мој :)

    Товарив на овие количките една 20кг вреќа јадење за кучето, кеса кикиритки, и две 10 литарски туби вода, и на излегување гледам двајца батки стојат до кола паркирана до мојата и си викам ај ќе се тетеравам малку да видам ќе помогнат ли. Буткам количката демек се потам да ја избуткам до колата, демек ми бега на лево на десно, со зор ја терам, овие мува не ги лази. Отварам багашникот и прво ја ставам кесата кикиритки, најленка е, кило дали имаше.
    Оп едната туба ја поткревам со две раце 5 сантима и пак ја спуштам на количката, демек тешка ми е да ја дигнам до багашникот. Исправам грб да соберам сила нели, и ги гледаааам. Ништо. Ајде демек голем напор и ја качив. Земав и другата ја качив. Е сега вреќата. Сум дигнала и 25кг на рамо и сум ја носила 100 метра така, ама ајде уште еднаш експеримент, последен потег да ги разбудам овие дека алооо женско товара тука. Подигам еден крај, влечам, вреќата паѓа од количката. Ништо. Си прават муабет. Видов - невидов, ја дигнав, ја ставив во багашник, се качив во колата, палам, кренувам.

    СДК - се разочарав дека експериментот покажа оти од денешниве мажи станува се поретко и поретко да најдеш некој што е џентлмен. :x
     
    На AIT, marama и Peppermint им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Си го осеќам домот и дворот ко да ми е Македонија! Од една страна новодоселените Бугари ги пропагираат високите гласовни способности на нивните „куклички“, а од друга комшиката ме гњави со „длабокоумните стихови“ од нашиот северен сосед. И шо да и правам? Ова е слободна држава...

    А колку сакам да си ги гледам моите китки на раат и да си изградам тврдина да се заштитам од ова демократско парче земја. Не за друго, се плашам за нив, ќе ми овенат :( А живеам во релативно мирна населба, па можда затоа секој малку повишен глас ќе се слушне, па така ќе си ја оставам книгата на раат за да почекам да се смире. Па зошто мори жено цело маало да знае дека не можеш да си го воспиташ синот? Ако не му се доаѓа дома, кога веќе не можеш да воспоставиш ред остави го, а не го тегли пред сите. Што е следното? Ќе го тркавалкаш до дома? А детето па се понаша ко на колење да го водат.

    Не дека ми пречат луѓето, само ми смета нивната несоодветна галама. Си има време за одмор, а има време и за нервоза и нерешени семејни прашања кои се решаваат - дома!

    Пред некој ден мама побара еден човек, и требаше итно за работа. Беше некаде околу 4 кога жена му се јави и фино и рекла дека сега е време за одмор. Мајка се засрамила, ама поштувам! И ако сите малку по малку почнуваат да го поштуваат мирот на комшијата со контрoлирањето на звуците со повеќе од шо треба децибели, можда ќе поработат на сопствената удобност дома. Па на сите нека ни тргне во животот...
     
    На Special.Someone, julie77, Peppermint и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Иако е петок...вечерва сум јас фемина и нешто чоколадно што ќе го измислам до крајот на вечерта...незнам што поише ме загрижува...тоа да не мислам на одморот затоа што увек кога се надевам не искача ко што треба или сите работи кои ми удираат во глава за тоа дека можеби нема да отидам.
    Ме факја еуфорија...брат ми го испратив ,отиде на одмор...
    незнаам зашто сум различна толкуу :?: мене ми е толку интересно тоа пакување тоа исчекување за одење до автобуската.Како сакам да заминам !!

    Нејќам да ми отиде летово...да летне,а ко што почнало :emo:

    уф...толку посакувам :?:

    за крај едно прашање...
    само мене ми се случува нешто што толку мн посакувам да се зафркне на крајот или ..? :|
     
  8. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Кој последен се смее, најслатко се смее! И тоа вака :D :D :D :D :D :D :D
     
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Моментот кога ќе осетиш дека левата леќа не ти е добро наместена, но немаш време да ја поправаш, па се мачиш цел ден и намигнуваш на кој стигнеш :?:



    Моментот кога ќе дојдеш дома и ќе сконташ дека си заборавил да ја ставиш левата леќа па си бил полу-ќорав цел ден :emo: :fubar:




    Ах, што ти прави недостаток на сон :doh: :|
     

    Прикачени фајлови:

    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Оваа седмица беше тешка, а и доста стресна. Никогаш не сум имала ваков период.Во само неколку дена изпарадира цела палета на чувства.Неделава започна убаво.Се разбудив во прегратката на моето мече, се разбудив со насмевка која што ја снема за неколку часа.Смртта на баба ме пресече.Иако никој не ми веруваше имав некое претчувство дека ќе ја загубиме.Два дена исполнети со плач и лелекање.Две непреспиени ноќи.Оваа недела требаше да ми биде најубава, ги имавме последните подготовки за одморот со срценцето, но ете не попречи.А денес, најбрзо што можев побрзав да ги купам неопходните работи за утрешното заминување.Никогаш не сум била вака неорганизирана, неможев да се снајдам и да успеам се да средам во еден ден, па така и останав со ланските купаќи али нема везе ќе поминам и со нив.Од една страна жалам што почина баба, но од друга страна пак сум радосна што бев тука и можев да ја испратам за последен пат.Тагата ја оставам зад себе, и се надевам овие 2 недели ќе ми помогнат да избришам се, и да уживам заедно со љубовта до мене.
     
  11. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    PAZETE DETETO OTI MAF VI E RABOTATA!
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Последниве неколку дена животов ме научи колку многу може да биде непредвидлив и суров...
    Беше потребна една секунда да ми се скрши душата како парче стакло. Една секунда за животот да ми се преврти upside down. Една секунда за да ја сменам целосната животна перцепција. Се почувствував толку малечка и немоќна наспроти некоја виша сила, често нарекувана судбина.

    Бев избезумена сред толпа бледи сенки кои не ги ни забележував.
    Нозете како да ми се пресекоа - сакав да истрчам, ама почувствував дека не можам. Се плашев од тоа што таму ме чека. Во тој момент, сите дотогаш за мене важни работи, станаа сосема банални. Во фокусот ми беа некои други нешта, за кои не бев свесна дека многу лесно можам да ги изгубам.

    Отсекогаш мислев дека сум слаба и неиздржлива. Дека имам мека душа многу лесно повредлива.
    Ама изминативе неколку денови сфатив колку сум всушност силна, кога едноставно животот не ми дава друг избор. Не е лесно да бидеш замена на столбот кој го држи семејството. Ама некој мора... Барем додека не помине целава наша несреќа. Овојпат јас сум таа која мора цврсто да не држи нас четворица. Воопшто не е лесно, ама нема да се предадам.

    Ќе се заблагодарам и ќе имам верба. Затоа што ете, има некој горе кој не чува и гледа.
    [​IMG]
     
    На Crixus, bittersweet, Peppermint и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Вчера на сестра ми и беше роденден!
    Како прво, не можам да верувам дека ТАА ја стигна 14ката толку брзо. Кога ми нарасна моето бебенце? Кога нараснав јас?!

    Му ја скокнав од кревет во 8 и одма да и направам некое мало изненадување дур не станала. Имав еден прекрасен план, ама мама го уништи со предлогот сестра ми сама да си одбере поклон. И така, в пижами со ножиците и хартија в раце, морав да бидам креативна. Исекор парчиња во најразлични големини, напишав на нив Среќен Роденден во различни бои, и ги поставив на скали надвор. Мама наполнина цела кеса со нејзините најомилени чоколади и и го обесивме на врата, а од кревет до скалите ја водеа стрелки. Бидејќи не сакав да ја разбудам со тоа што би влегла в соба да се пресоблечам, одлучив дека не е баш паметно да влезам в продавница по пижами за да купам поп кек, па направив дупка во еден лимон и му закачив долга жолта свеќа. Го додадов на скалите и свеќата ја запалив. Сестра ми дур стана веќе се истопила до пола :lol:

    Сепак, многу се израдува, а тортата одма ја смачкавме. Денес си имам посетител - стомаче :D

    Инаку ми дојде тетка ми од Австралија. Ех, колку имам само научено од неа во последниве неколку години. Ми недостигаше! Сега, со ќерката, бебенце мало е тука! Кога летна времево? Душичка таа малата, исто ко мене си вика, можеби затоа толку си се слагавме. Колку беше милааааа!!! В скут ми седеше и си игравме. Бебнце! Најубаво!
     
    На Special.Someone му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Значи, како ми одат на нерви оние од фејсбук што пишуваат статуси од типот: „Чао таму, замнав ваму!“.... е не, не можам да ги поднесам. Као, да се пофали, а пишува: „ќе ми недостигате сите“ аха, сите од фејсбук, ти ги знајш лично па да ти недостигаат. Заминуј таму кај што ќе ојш и не туку ја напнуј на фејсбук.
    Кај сакам ќе одам и што сакам ќе правам, немора секој да знае. Уште малку и вакви статуси ќе сретнеме: „Ми се с*ре, заминав во веце“.
    И, секако после одмор, десетина дена, мислиш ќе се одмориш од нив, следат слики од плажи, купаќи, коктели, песоци, чадори за на плажа, креми за сончање, таа на слика, родителите, хотелот, кујната, вецето по можност. :!: И коментари: „Преубо беше, сакаам пак“, „Каде бевте на одмор“, „Се сончаш аа?“, „Многу уба плажа, сонце“... |( Не гледаат што прави. :|
    Поголеми фалбаџии од оние на фб... :wasntme:
     
    На smiley22, Elenuskaa, TeaB и 2 други им се допаѓа ова.
  15. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Па и не било толку лошо да седам сама во оваа доба и да грицкам сончоглед. Можам сама да си направам да ми биде интересно, чим е тука фемина немам гајле :)
     
    На Special.Someone, Adi888, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.996
    Пол:
    Женски
    Ах... ќе биде ова долго топло лето...
     
    На Magnolija, Gordana10, Special.Someone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Да кажам дека колку и да мислиш дека еден човек го знаеш, не го знаеш, не не не не не!
    И јас официјално завршив со запознавањето и слушањето и давањето совети и мачењето и сожалувајќи и упорно трудејќи се, оти погодете зошто?
    Изморена сум, исцрпена сум, животот е прекрасен, јас сум прекрасна, не можам бре, немам нерви повеќе, немам сила немам волја немам апетит за запознавање на туѓ живот, кој воедно е или црвлив или беден или па може прекрасен, ама џабе веќе, касно е, не можам и не сакам, завршив тука, официјлано.

    И дека ноќва е прекрасна.
    Кога непотребните грижи летаат над хотелот Карпош до мене, одалечувајќи се далеку, во мојата уста се топи праскава и целава моја нежност, моментално ја добива мојот зајак, кој воедно е префригано суштество ама бар нема уста да ми пререче нешто, така да, да, појака сум, и мој е, под моја команда, сега јас сакам да го галам, и ќе го галам.
     
    На anabel-a, Lepaaa, Special.Someone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ништо, ама ништо не може да ви направи еден ден по чудесен од оние најобичните, мали, несебични луѓе околу вас. Овој пост уствари, им го посветувам на двете најважни личности во мојот живот.Денес уствари поминав едно утро пред шалтери и пошти со цимер ми и детуљакот мој, и едно преееекрасно попладне со детуљакот. :inlove:
    Јас сум испозаљубена до уши.
    Дузи знае, ме има видено, сведок е. :rofl:

    Цимер ми е еден од најдобрите дечки евр.
    Се сетив на оној ден кога бевме на Технома, и сите се разлетаа да не не стигнат да го скрстат Скопје, а само он, срцка, ми вика, ај бе дојди ќе си седнеме ќе си јадеме ко луѓе, после ќе си шетнеме наоколу и чао пријатно. Толку смирен, толку учтив дечко и толку добар другар никогаш не сум имала.
    Толку многу направил за мене, и за сета среќа ми е школски. Е, тоа е многу битно. Знаете зошто?
    Да не беше он, тешко кој ќе ме смиреше со моите напади на трема и паника ден пред писмената по математика, моето рикање дека ништо нема да научиме и ќе извадиме кецови.
    И луѓе верувале или не... стварно ништо не научувавме :rofl: бар не у времето кога требаше, ами последните 15 минути пред да шљокнат централно ние ќе извежбавме 2-3 задачи, и ќе ми крекаше, ги знаеш бе, ги знаеш, и си вадевме петки.

    Денес ја запишав последната година у интернат, еми готово, четврЌа..
    Си го враќам филмот, ко вчера да беше, збунето, изгубено, решив храбро да се отцепам од куќава и да учам настраЊе. И горда сум со тоа. Дека не направив никаков прекршок, се оформив ко личност, сум одличен ученик, и си ја развив својата самосвест до солидно ниво. Тоа ме радува.
    Убаво е кога во такви услови запознаваш такви луѓе како цимер ми, што стално ќе ти го чуваат грбот и ќе бидат на твоја страна, и нема да се делите ни за ручек. Тоа се другари.
    Сакам да му кажам на цимер ми дека многу си го сакам, и дека од кога ќе завршиме четврта редовно ќе му одам у Гевгелија (да,да, Гевгелија, да знаете кај да го барате кога веќе го испофалив вака, нели дека златно дете, ааабе одличен момак, таман еве џеМцка да му најдам :rofl: ) и редовно ќе го викам кај мене, и ќе пиеме ракија и ќе зборуваме за дроги и за чудни стадиуми во кои луѓето се наоѓаат.
    Го гушкам.

    ..е људи а од друга страна моето детуље. Тоа срцлесто, искрено, учтиво, трпеливо створење кое ни за еден миг, во ниту една ситуација не ми го пушти раченцето. Кое со толкав сјај во очичките гледа на сите наши соништа, кое со толкав занес на космосот зборува за убавините на светот, кое со толкав восхит во здивот издишува пред сите овие непрестајни процеси околу нас.
    Прекраснотија една. Колку се испозаљубив јас. :)
    Да, сакам уште безброј пати да правиме хартиени бродчиња и да ги буцкаме на стапчиња, уште безброј пати нетрпеливо да мрчиме, се додека земјата не се преврти и не не истресе во бездната на универзумот да се топиме еден во друг. Се додека трае процесот зајдисонце да се обливаме со насмевки, радост и восхит на она што го правиме еден за друг за да ни биде весело.
    Никогаш да не престане да кружи тоа чисто, мило, прекрасно чувство кое ми ги пие сите насмевки, ги плука врз мене и повторно ги пие.
    Толку се радувам. А, те сакам. После се што поминавме заедно, не ко заљубени тинејџеришта, него како деца кои држејќи се за раче докажаа како се бори за своето јас.
    Се гордеам со тебе. пољубче, да цмокне на обравчето, се до увцето, да те штрекне од столчето, бре. :lol:

    .. И за крај, јас денес за прв пат во мојот живот видов еден од оние неподносливи луѓе кои со лутина гледаат на се околу нив. Со таков продорен поглед, со таква злоба и циничност, абре мислиш ќе те истепа од лутина. |( Седиме со детуљот, чекаме автобус, и една спроти нас, така во години, абе не гледа, абе ќе не смачка мислам со тоа газот ако стане, жими се така никој не зјапал во мене.
    Сакам да им кажам на тие таквите, џабе му се лутите на светот, ниту еден од нас луѓето не го прави фасцинантен, таков каков што е.
    и без нас тој би блескал :)

    си ги сакам, си ги сакам овие две човечиња најмногу на целиот свет, едното човече си го сакам оти ми е најдобро другарче, детиште со кое сме пиеле и сме се трезнеле, а другото си го сакам оти е мојата најголема радост, човечето со кое сакам да си поминам цел живот држејќи се за раченце, гушкајќи се и кревајќи паника за доцнење на автобуска.

    Не, не сум лигле од 17 години, не ми беше тоа поентава у постов.
    Само сакав да ви доловам една работичка на која често заборавате, колку ви значат оние кои всушност ве опкружуваат, зошто се навистина дел од вашето опкружување.
    Сакав само да ви доловам колку сте всушност среќни :)

    http://www.youtube.com/watch?v=gFn7sGqaRWg
     
    На 1209, Doozy, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  19. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Две, три работи ништо повеќе. Таман пред да одам да го дружам креветот, од кога почнав со праксата за друшка за спиење сув е кутриот како јас за секс, некако така му доаѓа .. хахаха и две, три ах.

    Фала ти Боже што ме благослови да имам повеќе другари, другарки, пријатели и пријателки на овој свет. Оти не дај Боже да бев заглавена само со едни исти луѓе, ќе се обесев кај и да е.
    Јас најсериозно неможам да ги разберам тие луѓе што нон стоп се вртат околу тој еден ист круг на луѓе.
    Нели им станува досадно, нели си стануваат досадни, нели им се смачило од тоа што само тие се и од толку што се себични самите на себеси си се доволни?
    Фала ти Боже што кога имам некој проблем имам повеќе луѓе околу мене на кои ќе им кажам и ќе им слушнам мислење.
    Фала ти Боже што имам другари и другарки едни за спорт, други за пиење, трети за глупости, четврти за рамо плачење и решавање проблеми ... Едно огромно ФАЛА. :)

    До следно видување, читање .. ;)
     
    На Magnolija, Trendafilka и cinderella5 им се допаѓа ова.
  20. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    True!!! :D
    [​IMG]
     
    На Stoimenovska, anabel-a и gingerchild им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.