[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    абе некој уплав фатив од се се плашам штрпнувам не знам што ми е разни сонови ме мачат а ни реалноста не ми е совршена три дена (по 7 год врска) мисев :fubar: со кој памет у глава мислев дека тиј почна да се менува а уствари филм беее :@ се по старо пак почнаа нервозите и кавгите,а оној во кој се вљубив фино лепо си го видов за рака со девојка му :envy: иииич не е убава ама ете изгледа гледа нешто во неа ни тој не е нешто посебно па јас се вљубив во него иако мојов на изглед е бред пит за него ама тоа е тоа срцето не бира по изглд... :punch: убава сум тоа си знам ама еве жива се закопувам со оваа долга врска и со :u: повреденото срце од првит дечко,потиснувајки ѓи чувствата кон овој во кој се вљубив затоа што и тој си има долга врска и мојов живот се претвори во немогуча мисија :(
     
  2. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Се сеќавам бев мала, премногу мала и наивна, па неможев да насетам што всушност ме чека понатаму.
    Не ги разбирав возрасните и нивните долгочасовни разговори за време на фамилијарен неделен ручек, поврзани со животот, животните проблемите, парите, политиката, сето тоа ми изгледаше здодевно па засолниште и подобро место наоѓав во ќошот каде што ми стоеја наредени играчките. Имав навика внимателно да ги редам таму и во момент на разочарување од однесувањето на возрасните, за момент длабоко да се нурнам и изгубам во длабочините на тој идеален свет, чиј уредник бев јас самата, и да ги управувам куклите онака како што јас сакав да се однесувам кога ќе бидам возрасна. Подоцна сватив дека само куклите се најсличното нешто до човеколикото битие, кое што можеш да го управуваш онака како што ти сакаш, да му поставиш и наметнеш онаков терк на живот каков што ти сакаш да го жвиееш, а притоа без да наидеш на никаков отпор.
    Тотална спротивност е кај луѓето, се почнува од едно несогласување во мислењата, па потоа следи спротиставување, конфликт, неизнаоѓање на солуција, навреди, солза, плачење, болка, разделба, -причини за несреќа. Па затоа куклите изгледаат немо посреќни од нас луѓето.
    Убаво живеев додека бев мала. Многу му се радував на животот, бев среќна иако немав најидеален дом, и иако немав баш се што ќе посакав, сепак јас бев среќна и задоволна со тој скромен живот, затоа што секојдневно добивав прекумерна љубов од моите родители.
    На многу работи искрено неможам јасно да се сетам. Но, на некои реченици изречени од мама а упатени кон нејзиното петгодишно девојче, се сеќавам и се длабоко врежани во моето сеќавање како цртеж во камен. "Тоа ќе го правиш кога ќе пораснеш." "Тоа ќе го имаш кога ќе пораснеш." "Тоа ќе ти го купам кога ќе пораснеш, сега си уште мала." Живеев и бев водена од мислата дека животот ќе ми биде уште поубав и повеќе ќе му се радувам кога ќе пораснам.
    И од пред некое време, од неодамна, а и сега и денес одново се сеќавам на таа реченица, која што се исполни, делумно -само пораснав. И сеуште му се радувам на животот, но не и тој мене.
     
    На kate21, calliope, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ах бре комшии, само за интернетот ве сакам! :rofl:
     
    На cinderella5, Lepaaa, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    Многу, многу сум тажна и утепана, онака изгледам рамнодушно и како да ми е сеедно, не сум океј едноставно и нема да бидам без него колку и да го мразев во моментот.. тоа не е омраза, сега сватив дека тоа може да е и љубов.. А колку се молев и молам да не се заљубам.
    И ми се плаче, знам дека ништо нема да биде како порано без него, колку и да се караме и смируваме, па и нека ме користи, не сакам веќе да ги слушам другарките, но сето тоа ме збунува.. Кон мене е добар, фин, мил.. зашто некои работи едноставно ги негирал, зашто таа мисли дека е таков.. Не го чувствувам така. Знам дека ако се смириме, сигурно по ден-два ќе се однесувам исто, демек полна со гордост, гајле ми е ти дали си со мене или не си, ќе се осеќам дека не ми значи ништо.. кога длабоко во себе знам дека не е така.
    Само ми недостига. Проклето ми недостига. Тоа е се.
     
    На indelible му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.240
    Допаѓања:
    67.756
    Пол:
    Женски
    Деновиве се е турбо, а јас насмеана од уво до уво. Си викам којзнае што ми влегло.
    (освен тоа што редовно ми влегува) :rofl: И знам дека знаевте што има во спојлерот. :D
    Во се некако си ја гледам светлата страна, а не сум таква бре, вие барем ме знаете. :wasntme:
    И така си веслам денес на точак, капната уморна, си викам барем не мкнам три кила кајсии ко вчера. Ете позитивност. :rofl:
    Ех што си ги сакам ваквите периоди, само да траат подолго. :)
     
    На kate21, cinderella5, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  6. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Колку е убаво чувството кога ќе одиш во шопинг, ќе најдеш некои ситници кои те исполнуваат и мислиш дека си го достигнал врвот на среќата. :angel:
    Не ги разбирам луѓето кои не сакаат да одат по продавници. :?: Пробувањето модни парчиња по бутиците, барајќи козметика и шљакање со тестери по парфимериите, бирањето производи по брошурите, сето тоа е дел од женскиот свет и тогаш се чувствувам најудобно во своја кожа.
    Некои тоа го нарекуваат трошење пари на крпчиња кои кога-тогаш ќе се скинат, купување мачканици кои кога-тогаш ќе се расипат, а јас тоа го нарекувам единственото материјално нешто кое во моментот ме прави среќна и ме исполнува. :$
    И да не заборавам :!: , еден огормен поздрав до девојките кои уживаат во модата и козметиката. :*
    [​IMG] :rock:
     
    На anabel-a и blueeparadise им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК убаво е човек да се распрашува за нешто, но најчесто тоа се случува не од ради информативност, колку што е ради ширење на дезинформации.А па полошо е ако не се прашува диреткно од изворот...е тогаш настанува хаос...Убава е љубопитноста, но треба да се контролира, а ако човек се чуди зошто некои работи остануваат недопирливи, тоа е веројатно затоа што и не треба да ги знае...не за друго, туку тој што го прашува, знае и зошто е прашан.
    Убаво е човек да се потпре на својот ум, а помешан со интуиција, уште подобро, попрецизно утврдување на околностите во кои човек се наоѓа.
     
    На Lepaaa и chocolate.chick им се допаѓа ова.
  8. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    СДК дека ептен ми се разубави вечерва, целиов ден. Колку само малце било потребно. Фала ти. :inlove:
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Aj сликава не можете да ја ставите едно 20582905893 пати. Станувал подобар, жими Стојна. |(
    [​IMG]
     
    На Lov3, bittersweet, Monna.Monna и 15 други им се допаѓа ова.
  10. anchii123

    anchii123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    5
    мн сум среќнааа.

    хејз феминки до сеа не бев нешто мн активна но сеа почесто ќе се дружиме.
    епа вака сакам да ви се пофалам денес прв пат се смував ^^ и мнооооооогу ми беше убаво.само малце глупо ми беше коа ќе ми пуштеше јазик некако мн се лигавеше.и сеа ме праша дали ќе има следен пат му реков незнам и он инсистираше.му реков ок ќе има. и сеа едвај чекам ааааааа ^^. и незнам дали сум заљубена или тоа е од што премногу ми се свиѓа :$
     
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.771
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од "две години матура" хихи, и леле, прекрасно е мал збор!
    Ми вратија волја за живот, моите вечни другари кои ги обожавам. Дефинитивно не сме само школски другари од средно, туку сме вистински, трајни, засекогаш!
    Ко времето да застанало за нас, буквално.
    Уште се смееме на истите работи,ги вртиме истите муабети, ко вчера да сме биле последен пат заедно, ко ништо во тој интервал,од тогаш до сега, да не се случило. Не постои време за нашата љубов.
    Се изнаигравме на стол,на маса,оро,врескавме,пеевме,ко да ни е денеска матурата,а не пред две години,сериозно,сега поминавме милион пати повесело.
    Кажав дека ги обожавам? Сега и засекогаш. Милион луѓе ќе запознаам во животов, но никој никогаш нема да остави таква трага во моето срце каква што имаат оставено они. Моите најдраги.

    Ухххх,преубаво.
     
    На Miss-Independent, zhap4e, calliope и 10 други им се допаѓа ова.
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    СДК дека многу ми е смешно како луѓето своите предности ги истакнуваат а своите маани ги прават незабележителни.
    Пример : Некоја девојка со мали гради потенцира дека со милион дечковци правела муабет и сите и кажале дека машките уствари сакаат мали гради . Озбилно ? :^) Ај баш би сакала да го видам тој што преферира празен прслук наместо добро деколте . Или пак некоја глупача пробува да ме убеди дека машките не сакаат паметни девојки . Епа за едно мување ако си му , сигурно нема да го интересира твојот мозок . Не значи дека тоа што ти го немаш не им се допаѓа на другите !

    СДК 2 : Ново маченце пристигна во мојот дом . Радостииии ...
     
    На anuskaNESTLE, Lepaaa и Libera им се допаѓа ова.
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не ми е гајле кој колку верува во моите сништа, важно јас верувам дека ќе се исполнат.
    Како што се враќав накај дома се повеќе и повеќе се уверував и се убедував дека јас во оваа држава-нема шанси да останам. Е да умрам ако не го исполнам ова.
    Ќе отидам некаде кај што сонцето исто изгрева на исток а заоѓа на запад, кај што исто дождот паѓа надолу и тревата е зелена, кај што исто луѓето озборуваат и се лицемерни, затоа што тоа е константно и од тоа нема бегање, ама барем ќе знам за мене дека сум направила промена и дека сум далеку од тука.
    И ќе си заминам, далеку од тука и далеку од сите, можеби ќе бидам сама, ама барем самотијата не боли толку колку осаменоста.
    Се оддалечив од сите периодов, што од обврски што од мидојдовтепрекуглавааманезгодноедавикажам, и вечерва се уверив дека после толку време, пак ништо не се променило.
    На враќање ги видов другарка ми со дечкото како си одеа накај дома гушнати, и се почуствував прекрасно. Знам дека не се некои што се лигават, знам дека имаат проблеми периодично, и оваа глетка ме направи да се почуствувам толку надежно, смирено... истовремено депримирачки зошто јас тоа го немам и јас бев таа која потклекна на пречките, и затоа сега се враќам сама.
    Колку и да се правам силна, колку и да глумам јака и дека не ми е гајле, сепак, ми фали таа блискост која се дели со само таа една одредена личност, ми фали некој да биде покрај мене, ми фали некој да ме сака. Само не можам да се одлучам дали ми фали некој или ми фали баш тој. И тоа глупаво чувство ме јаде одвнатре, и ми ја убива секоја желба за социјално дружење, опуштено попладне, вечер помината во играње, желбата да живеам.
     
    На faye, sweet-cherry, calliope и 6 други им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Цел ден и цела вечер сум тотално сама, не дека немав друг избор но убаво ми дојде вака да поминам повеќе време сама со себе. Да не ви ги раскажувам сега сите ритуали, што ги прави девојка која е сама дома, од педикир до третмани за коса, си ги знаете сите. Муабетот ми беше друго, убаво си се чувствувам, да не кажам прекрасно. Мхх, кога ќе го испразниш вишокот на енергија уз џогирање ем ќе потрошиш многу калории, две у едно, и после маваш еден млак туш, облакаш спавача и се стационираш во кревет со добро филмче, повторно сама. И сега сон не ме фаќа, ниту никаква дремка. Тарасава живот ми значи и мир ми дава, идеално место ми е за се, еве и сега, со топов во скут и музиката од дискотекиве.
    Го живеам сонот да ви кажам, и тоа малку ме плаши и ме возбудува. Засега оди се како што треба и се надевам ќе потрае, бидејќи ми е потребно.
    Незнам зашто некои личности од мојава околина пробуваат да се мерат со мене, сакаат да ме престигнат во нешто или што ти знам, едноставно сакаат да се натпреваруваат со мене, ко јас да сум нешто супериорно и ко да имам достигнато којзнае што во животот па ајде сега со мене нашле да се оптоваруваат. Од една страна ми е мило што ми даваат толкава вредност во нивните животи и што ме прават нешто многу над она што реално сум, а од друга страна па навистина ми е жал да се замараат со вакви банални работи кога навистина немаат за што, мене ме нашле за репер да им бидам за нешто во животот. Е добро ај, терајте си. Мене смешно ми е навистина, само глупаво е што не сум известена за натпреварот и ни самата незнам во што треба да се натпреваруваме, а уште поглупаво е што некој сам си се натпреварува со измислено другарче или непријателче како што девојките во пубертет умеат да кажат.
    И така ви викам, денес многу ми е убаво. 8)
     
    На bittersweet, Peppermint, faye и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    СДК дека ги презирам луѓето кои мислат дека парите се побитни од спокојот ,здравјето ,среќата и мирот во душата .Чудни ми се тие ликови кои не сфаќаат дека на крајот сите лакоми ќе ги напуштат а оние вистинските само немо ќе ги следат сите настани .....
    Јас пак не барам нешто огромно , барам нешто што ќе ја пополни празнината и ќе ме направи среќна и исправена пред другите ...

    Колку и да си велиме дека туѓите мислења не допираат до нас , сепак на крајот на денот секој изустен збор поминува низ длабока анализа од нашиот неуморлив ум .
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Многу ги ценам луѓето што знаат вистински да ме израдуваат во овие касно време од ноќта. Е сега е повеќе од сигурно дека нема да заспијам...ама овојпат од среќа. Ама она ептен, цела се тресам и си лудувам со слушалките на уши. :D
    Уфф што било убаво вака, ова е доказ дека најубавите работи можат да се случат сосем неочекувано, во најнеочекувано време. :inlove:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Добро, мислам. Знам дека било 03:03, немора да пишуваш на фб, имаме и ние саат, побогу.

    Иначе си чепкам по стариве мислења тука. 6 пати на ден сум пишувала у темава. :o Сама си се смеам, за што глупости. Додуша, ни сега не пишувам нешто паметно, ама да се рече..

    И така си се кикотам пред компјутер, со Изет. Додека не ми стане сестра ми, и не ме отера каде што не треба. :wasntme:
    http://www.youtube.com/watch?v=fDJKsGXl ... r_embedded
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Вечерва за мене нема спиење, за инает. 8)
    Добро де, не е за инает али сакам еднаш да видам какво е чуството да си биде буден цела ноќ а воедно и да го продолжиш денот без спиење. Да видам колку ке ми биде долг денот :lol: Инаку сум голема спанка ама мораме и ова да го пробаме, да видам колку ке издржам без спење :D
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам понекогаш не сакам да излезам од дома,сакам да си седам сама со сопствениот мир. Надвор е се поразлично..
    На една страна гледаш луѓе кои многу страдале низ споствениот живот и за жал нивните маки никако да завршат.
    На друга страна гледаш ведри лица,имаат пари,уживаат,но имаат некој проблем со здравјето кој им го нарушува мирот.
    Потанатаму заљубен пар кој мислиш ја собрал сета љубов од светот,се сакаат,уживаат,живеат за моментите кога се заедно,но тоа е сликата која ние ја гледам,онаа површната,со што се соочуваат во животот никој,никој не знае.

    Некој страда,некој губи,некој добива.
    Едни сонуваат покрај саканите,други сонуваат за саканите. Некои јадат во богати ресторани а пак некои преживува со сув леб.
    Но едно нешто е заедничко за сите,на секој по нешто му недостасува.
    Секој има скриена болка која ја потиснува во себе за навидум да биде херој во очите на другите.
    Живејте луѓе,живејте за себе,оставете ги оние "проблеми" кои понекогаш и сами ги измислуваме.
    Почнете да го правите тоа,ако не сте почнале обидете се уште од утре.
    Ќе се изненадите позитивно и ќе се прашувате зошто до тогаш не сте го направиле тоа.
     
    На kate21, faye, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Сдк дека во моментов ке полудам од срека. :D :D :D :D :D :D Цели два дена бев во депресија,но конечно се се среди и сун хепи.Да не даде Господ ниту ја ниту било кој да падне во депресија.А и сто СДК дека мислам и дека се заљубив :$ :inlove: .Ај нека ми е со срека. :lol: :lol:
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.