1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Добро утро на сите! :lol: Повеќето спијат ама нема врска... Денес јас малку порано станав и ајде ќе ве почекам да станете :$
     

    Прикачени фајлови:

  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Нов ден :sun:
    Сношти со ќерка ми имавме дискусија.Ах,бре тие нејзини бубачки :D ,Децава од маалово се договараат веќе еден месец да одат на капење во некоје од блиските реки.Е арно ама ,нема кој да ги вози,Ме напиња,ајде мамо ти.Абе не ми е мене за возење ќе ве одвезам,ама како бре да сместам 9 деца во колава.Па не сте сардини.Плус и уште една комшивка,која е како и јас баш корпулентна :D .И најмногу ме изнервира таткото на едните кој има барал замислете да соберат 2000 ден..За помалку не му се исплатело.Е зар од деца ќе печалиш простак низаеден.И ништо не се договоривме ,таа заспа плачејки :o .Само не ми е јасно зошто толку се чувствува крива ако не и успее планираното.Го влече ли таа тој ген од мене :^)
    Вчера ми се јави Б.Колку е таа жена позитивна,цел ден ме држеше нејзината реченица-не грижи се ,се ќе среди.Како навистина нешто да се среди во мојава глава.
    Ритуалот за шетање сама навечер продолжува.Иако гледам и комшиите почнаа да ме загледуваат.Ама не ми е гајле.Само што проклетава нога пак почна да ми прави проблеми,од понеделник мора да се оди кај специјалист,Друго чаре нема :(
    И така криво лево животецов оди.А тој не е проста шема на настани низ која треба секој и безусловно во точно определено време да помине.И се повеќе станувам свесна дека настаните се случуваат онака како тие што сакаат а не како што ние посакуваме.
     
    На kate21, la-chicka, Dagi и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    :D
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21 и bluegirl7 им се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    мањаци мањаци мањаци...
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Сдк-
    Ви праќам поздрав од морево и од плажава. :)
     
    На Elennaa, bluegirl7, Mrs.Cuper и 5 други им се допаѓа ова.
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Оформивме тим како и да е , на форумов .........македонски надарено- интересни женички ;)

    Aко не беше TEDYBEAR немаше да читнеме најнежни љубовни зборови ,најдолги љубовни постови,најчести благи или поголеми кавги.

    Aко не беше FIGGIMK и IVANA MKD темата аватари ќE беше сиромашна до немајкаде ,гледајќи што денес понудила,каква убавина за очи.

    Aко не беше PHYRAMIDE немаше да читам толкава интелегенција во постови и доброта од човек.

    Aко не беше SHELEA ќе немав толкава и воолкава насмевка на лице, читајќи ја. Како книга со скапи корици која обожавам да ја читкарам МИ Е .Девојка која гледа позитивно на животот, која љуби со цело срце , која знае што значи да си ЧоВек на денешново време.

    Aко не беше LUDOTO немаше д а ми течат лиги на благотините кои ги постира , која од која повкусни .
    Девојка полна љубов кон миленичиња.

    Ако не беа ARTEMISON,MARAMA , STARFISH , MIMS89, ROSSONERKA,FBI ,BOA VISTA,MISS INDIPENDENT TINKERBELL, ..страниците во момоМодни к.немаше да бидат тоа што се .

    LJUBAM -Девојката која ја љуби фотографијата , креативната мајка која си ја љуби ќеркичката повеќе од се на овој свет.

    Ако не беа HIPSTER и MISS RICIE немаше да се поистоветувам во нивните постови и да се пронаоѓам и смешкам на моите истомисленички.

    THEDORA ,GEA , MERILYN MONROE , LILIT -ликови кои се издвојуваат по ова или она.

    SNOW QUEEN -немаш ли инспирација за свадба, ти треба ли фустан ,аксесорис или што и да е во врска со оваа свеченост ,отвори го профилот на сноу, се на дланка добиваш :D .

    TRENDAFILKA- Покрај другите позитивни карактеристики кои ги сее на форумов , -ако ми треба предлог з афилм , ќе и го посетам профилот ;) .

    BEAUCHAMP-поим за убави очи , и уште попрецизно нанесена шминка.

    SLAVICA, SHANA I ANNATH- `искуство од жени ;)

    Позитивната -GO GIRL ;) и DIVINEBUTERFLY,

    Интересни ликови без многу објаснување -TEDYGRAY,ANNA KARENINA , STYLISH, BRIGHT MANJA 666,JOXY THE FREAK I YIPMANот,MANDYLANE ,LILBABY,DOOZY,NAJUBAVA 2010.

    Сигурно некој сум пропуштила , а ми е мил и интересен да го читам ,како и да е ја правиме целината која го прави форумот ова што е ,без разлика на периоди што се јавуваат неосагласувања (секако дел од форум го носи тоа)што се јавуваат по мали кавги контрања итн .Куп жени и по некој маж за кои вреди да седнеш и потрошиш некој саат во денот и да видииш што денес ќе ти понудат за да те насмевнат, замислат ,растажат некогаш , да те очеличат ,зајакнат и да те направат утре пак со ненормална брзина да го отвориш форумов и да буљаш како прв пат да го гледаш.
     
    На figgiMK, JoxyTheFreak, Beauchamp и 16 други им се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Сношти беше прекрасно.Само пофални зборови имам за Влатко Лозановски, секоја чест навистина знаеш како да направиш добра забава. Си уживав јас така во најпознатите негови хитчиња, се прошетавме со другарка ми и другар ми низ Широк Сокак и си заминавме дома. Леле колку само ќе ми недостига тој и неговите понекогаш невкусни шеги :lol: Полека нека поминува ова лето да можам максимално да уживам во него и да одвојам време за сите личности што ми значат. Иако знам дека веднаш ќе помине мора да направам се што си зацртав за овај летен период :lol: . Ајде уште една недела и конечно Закинтос... Ете таму почнува вистинската забава :rock: одвај чекам :*
    Се надевам дека Џеси за брзо ќе ми се врати дома... Ако ја има некој отруено, бел ден да не види :^) . Ајде Џеси дојди си веќе :(
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Незнам дали мојата смиреност денес е ко почеток на нова бура или нов почеток во мојот живот.Поубав :!:
    Одеднаш се разбудив и не почуствував ништо за личностите кои ме повредуваа,ме лажеа и ме користеа туку само ги жалев што се служеа со такви работи.

    Се чека Петок.
    Конечно Македонијааааааааа ^_^
     
  9. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Материјалот за на испитче спремен, колку толку! :)
    Торбата за патување спремна, чека да ги изнаставам во неа фустаните цветни за да бидам убавка на море. Тој не е до мене ама си знам дека ме љуби, колку што го љубам јас него!
    Убав денов...треперам, незнам што ми е...позитивно сум возбудена! На арно нека е. :lol:
    А, сега одам да се фарбам " врло светло плава " од која очекувам да испаднам медова! :lol:
    Ај да видиме баш. :!: :rofl:
     
    На anabel-a и pamelche им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.196
    Допаѓања:
    258.464
    Кога ќе ме прашаа до некни што е најтешко во животот, ќе незнаев што да одговорам. Или ќе кажев нешто онака, рандом, без да знам дали е така.
    Сега знам. Осаменоста!
    Најтешко е да си сам, во празна куќа, во празните соби, кои до пред неколку дена беа полни и во кои го чуствуваш само сопственото дишење.
    Не мислев дека волку ќе ми е тешко.
    Не мислев дека кога и да помислам на нив ќе плачам.
    Јас знам дека здравјето и среќата се битни, но џабе е кога си среќен и знаеш дека таму им е поубаво, кога неможат да го споделат тоа со тебе. Како да уживаме во среќата, преку скајп?!
    Ќе речам живот, па да му се плукнам. Мизерија.
    Тие не се до мене, тие. Со кого сега да се смеам и карам. Знаете колку недостасува тоа?
    Празна сум, осамена. И ниту едно богаство нема да го поправи тоа.
    Џабе е и праичникот да ти е полн, кога куќата ти е празна.
    Луѓето се богаството, не парите. Сега знам.
     
    На Monna.Monna, Theodora, kate21 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ах ќерата, човечко око е нанситно.
    Не бре, жената како поим ти е феномен. И кога има 50 маици пак и фали некоја дали во бебешко розе нијанса или можда лимон жолта, а за корална и минт да на праиме муабет. Во плакар има преку 30 фустани и пак за свадба се туфка дека нема што да носи. Под кревет чува еден куп полни со чевли кутии, и пак неможе да го искомбинира најновиот фустан-што значи и требаат нови чевли. А кога се купуваат нови чевли, треба и ташна да се купи.
    И после пак во круг...
    И на крај, пак не е среќна, сака некој да ја сака и почитува, да му е убава и кога е бушава и без шминка, да му е привлечна и секси и кога не е депилирана, да е забавна и кога објаснува како на другарка и братучека и носи виолетово и жолто во иста комбинација.

    Еве бе јас сум ти жив пример, тој ме трпи кога ќенкам во ПМС, тој оди во ниедно време да ми купи тоа што ми се јаде, тој се труди максимално да ми овозможи се што ќе посакам, никогаш не рекол дека нема секс зошто не сум депилирана, ме теши дека имам само малку целулит на газот и тоа кога ќе го стегнам. Убава ми била косата и кога ми личи на лавја грива...
    И пак нешто ми фали, и пак му се лутам што одбива да шета со мене по продавници, а тој не поднесува топло, и побогу па машко е, а ретко кој од нив обожава шопинг.
    Не го интересира мојот живот пред него, а мене ми смета зошто тоа е така.

    И после пак нешто ми фали, и после пак имам причина да се карам, а кога ќе ставам све на кантар, и кога ќе размислам какви ги има, сфаќам дека е совршен, со по некои мали лесно голтливи мани.
    Тој е совршен зошто ме прави среќна, и ме исполнува како ништо и никој претходно.
    Да барав подобар немаше да најдам и после пак аздисувам.

    Жена бре, жена.
    Ма каква жена, жеништеееееееееее.
     
    На Chocoholic, thelittle17, CIA и 31 други им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... Ох мори мајко! :tmi: Значи Марк Цукерберг направи една невидено "добра" и практична работа. |( Со неговата фаца-книга можеме да знаеме се за било кој на планетава. Можеме во секој момент да видиме кој е убав, кој грд ... кој е паметен, кој глуп ... кој е дарежлив, кој е стиснат ... кој шета, кој седи стациониран дома ... кој знае да плива, кој не знае да плива ... кој има пари,кој не ... кој живее во убавини, кој во мизерија ... кој во моментот каде се наоѓа (било и во ВЦ да е), битно мора да се знае да не притреба помош де ... кој со кого е во врска, кој е без врска ... кој има смисла во животот, кој нема никаква ... кој работи и какви амбиции има, кој не работи и нема гајле од мрза ... кој е облечен, а кој соблечен ... кој води љубов, кој апстинира ( веројатно намерава да иде у манастир да медитира) ... кој слуша музика и автоматски е талент, кој не слуша затоа што е анти талент нали ... кој се бори за права на вакви, онакви и сл ситуации и суштества, кој мрчи и се бори за права за себе ... кој е фин, културен, со манири итн, кој е несмасен, без манири и култура ( олош де) и многу, многу други крупни или ситни работи, ситуации, емоции и моменти од животите ни наши.

    Е искрено вие што знаете или не знаете, животот беше многу поубав и со многу поголема смисла кога компјутерите и вакви фаца-книги не беа достапни. Или ги имаше во многу мала количина (имав и не се замарав со компј. побитен ми беше животот надвор) ... Е тоа беше живот со смисла и суштина, а ова денес е вештачко и усилено живеење со глумци еден тон. ФБ ов ги затупе сите, а го искомплексира и исфрустрира сечиј живот.
    Част изузетцима :bow:

    И да, имам ФБ ... ама тие што ме знаат, знаат колку не му се замарам и колку споделувам или се ФАЛАМ на истиот.

    Имајте убаво попладне ... :)

    [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.196
    Допаѓања:
    258.464
    ^^Најубава, штотуку ми го опиша и дечко ми :wasntme: .
    И тој несака да шета со мене низ продавница, а кога по некоја случајност ќе се најде во таква ситуација, тогаш е невидена досада.
    Најпресна ситуација, сакаше да ме почасти од платата, па ќе шетал со мене ^_^ . Но, јас и тој сме недобитна комбинација.
    Како прво, ништо неможам да купам со него оти тој има некој изместен вкус, па во лето на + 40 тој ми одбира чевли, а не сандали :^) .
    Како второ, нема шетање низ повеќе продавници оти тој има алергија од сонце ]:) .
    И како трето, не влегува во продавнички каде има ефтинија. Демек нема квалитет |( .
    Чуден е малце, троа удрен, ама си го сакам.
    И не немора тој да шета со мене, јас ќе му ја прошетам картичката.
    Да не остане непрошетана кутрата :lol: .
     
    На ines.h, lunicka, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Најубава да си ми жива и здрава.
    Изгледа дека од време на време треба да не мавне некој по глава, за да се освестиме што имаме крај себе.
    А познавајќи се себе, како исклучително типичен женски примерок, често заборавам колку некои работи вредат и колку треба да се биде благодарен.


    Него, денес се фатив да направам торта. Една така малечка, ама толку чоколадна, убиствено чоколадна. Дека му е роденден де. :wasntme:
    И покрај подарокот, јас имам некоја желба да изненадувам, приближно исто колку што сакам да подарувам. Да заработував сама, мислам дека секој месец ќе глумев Дедо Мраз.
    И знаете, многу ќе беше убаво, врските да беа констатно убави и возбудливи како на почетокот. Вистината е дека треба проклето многу труд за да една врска успее, ама додека постои волја поткрепена од љубов, препреките се речиси непостоечки.

    Летово лета.
     
    На teddybear, Trendafilka, innablood и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Најубава баш асален пост ама мислам џабе, кај мене пак нема да има поправка, барем не во скоро време :rofl: :tmi:

    Иначе ептен ме нервираат луѓе што често забораваат, онака нонстоп, секојден по нешто. Аман бее?! Е фала ти Боже што не сум Фифи на заборавката и што имам одлично памтење и тоа на долго време наназад, и кога ќе додаваш маани те молам заобиколи ја таа, само тоа не.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Читај ,читај и читај и ауу и ја си се пронајдов во текстот на најубава :lol:


    е навистина значи...некад ми иде да земам тоа сукалото па сама да се тепам од што сум се карала за глупости...од што сум се нервирала за глупости..што сум вриштела и што сум правела драма.Ама такво сум де ,т.е барем со тоа се тешам :D

    А он...ма ништо не му фали !Еднаш не ме оставил да си одам сама по темници...никад не ме оставил сама да шпартам по сонцето...за мене ако треба и у 2 на најжешкото ќе оди да заврши работа.
    Секоја желба сака да ми ја оствари бе...нема нешто што не исполнил :clap:
    Па стварно ми е како вистински поклон...го запознав 1 ден пред роденден...

    али ајде доста си ги фалиме нашите СОВРШЕНСТВА

    СДК дека ми е доста од грижи и нервирања во врска со глупиов одмор...како сака нека биде више
    (ама у себе уште си се надевам :?: )
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.876
    Сите млади луѓе со титули менаџери мехехехехе можете да одите да се е*ете.
    Не,не ви завидувам,се плашам зошто ве гледам насекаде.Можеби зомби апокалипсата вака изгледа! Нема вода во очи, ти вика ја сум менаџер. Шо си?! Менаџер! Колку години имаш?! 23! Леле... дал да плачам за себе и својата иднина што на овие морони им е оставено на МЕНАЏИРААТ као демек,при тоа се гојат со арогнација,не се хранат,се ГОЈАТ или да се смеам и радувам што имаме вундеркиндови. Второто не е, пошо не се вундер,ги знам бре! Ртевме заедно! Сега ги гледам у некое фирмуле па и тоа што нема ни душа, од сопственост на потесна фамилија и они се менаџери... или ги збрал некој безнадежен случај,кој исто така го убедиле дека го бидува...ужас! УЖАС! И си играат фирма! Поим немаат што значи заработени пари.
    Поим нема шо праи со себе,шо сака од себе, ама ... менаџира бе. Као Волга шо ја менаџираат,та така ова! Поим нема од животот и шо прави,ама за титула си починале пустите! Леле мале,на 23 години го достигнале максимумот, што ќе праат до 60? :(
    И така се калеше Македонската нација! Ќејф! Дебил до дебил,профанос до профаност. Више сум у пеколот и оди некој шлагер од Битлси!
    Кога ќе се научи како оди процесот на растење,вреднување,надградување, наградување и заслужување!



    И мајка ми гледа некоја тв емисија со некој гинеколог и се јавува баба и вика,внуката уште нема добиено, има 15 години. И овој,за девојче се работи?!
    Не...за машко! :rofl: Се надевам дека се зезаше,мајке ми! :rofl:
     
    На Trendafilka, Sara123 и faye им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски
    Што е потребно за да се пропушти љубовта? Неколку секунди, колебање, шанса... - Гијом Мисо

    Всушност не само за љубовта туку и за било што во животот важи ова. Колку само секунди се потребни за да се испушти нешто, да не однесе во друг правец. Колебање кое ќе не застане и ќе ја пропуштиме шансата која ни се нуди.
    Но, ако го нема колебањето би биле сигурни дека тоа е тоа, а вака ни дава некој аларм да се замислиме дали навистина го сакаме тоа.
     
    На CaperucitaRoja, teddybear, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. portokalova

    portokalova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32
    Посакувам да има некој личност на светов, на која би можела да и кажам буквално СЕ за мене, се што чувствувам, се што размислувам, се што ми се случува... Некому што ќе му верувам целосно! А нема таква личност... Се што ми е толку важно мора да биде таму внатре некаде, закопано длабоко во мене.

    Само посакувам да се одморам од сите. Сите смрдливи С*АЊА и сите покварени, дволични, злобни личности!!! Иако не е можно посакувам се на светов да беше толку СОВРШЕНО... Да не постоеше болка, тага, страдање... Ништо од тоа! Да беше едноставно совршено....

    Ајде можеби постои рајот и ако ме примат таму еден ден.... Токму таму, ќе го најдам тоа уживање...
     
  20. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Се трудам да не се чудам,но со секој изминат ден се повеќе се изненадувам до каде може да оди човечката глупавост,некултура,љубопитност..
    Те сретнува човек после 2/3 години никаква,тотално никаква комуникација и те распрашува триста прашања во рок од 3 минути :^) Мислам ти тоа озбилна си? Како за јаготка на тортата дај ми број да си направиме УБАВ муабет на кафе,во превод да те дораспрашам за се што ти се случуваше во животот во изминативе години,за да имам после теми за муабет.
    Добив прашање од типот ти имаш уште испити или СЛУЧАЈНО заврши? |( Да срцка еве магистратура ќе упишувам,простотилак!
    Ма ти бре не заслужуваш со тебе вода од фонтана да се напијам а не па цело кафе да испијам.
    Се горедам со себе си што научив дека не вреди со било кој да си фин,некогаш е потребна дрскост за глушецот да се врати во глувчешката дупка.
     
    На Lepaaa, AnaKarenina, faye и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.