[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ме навреди нечија постапка вчера и иако кажав дека простувам, не сум на чисто дали сум простила и дали ќе простам. Се изнамачив да го добијам тоа што требаше да биде подарок и за мене и за таа личност, а личноста не го прифати тоа. Сето тоа го направив со најдобри намери и мислев дека ќе му се радуваме и двајцата, но наидов на неверување и барање изговори.

    Зошто луѓето постојано посакуваат нешто? И зошто кога ќе им се пружи шанса, кога ќе им се сервира пред нив на готово тоа што го посакувале, не сакаат да го прифатат истото, а свесни се дека не можат да си го дозволат? Не разбирам. Целата се вложив во тоа што го направив зошто мислев дека таа личност бескрајно ќе ми биде благодарна за тоа, а и искрено сакав да го направам тоа за неа, за да биде среќна. А зошто? За да не добијам ни едно фала, ниту извини што не можам во моментов. И не, кога подобро ќе размислам, не сум и’ простила на личноста иако кажав дека се’ е ОК. Не сум и’ простила. Треба да научи да го цени тоа што некој го прави за неа, и тоа со најдобри намери.

    Но ако, памет за друг пат. Морам да научам како мојата мекост и желбата на сите да им угодам да ги претворам во камен. Уште па и ќе се трудам од петни жили да и’ го овозможам подарокот за кој што кука цела година, за на крај да го одбие и да измислува патетични изговори?! Па јас ни за себеси во животов не сум направила олку големо дело, а го направив за друг. Навистина ме повреди ова. Не простувам, овој пат решив да бидам злопамтило.
     
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Големи заблуди си ствара човек.
    Цвикера и големо чело не секогаш се знак за голем коефициент на интелигенција.
    Понекогаш е само премногу воздух насоберен во шуплина.
    Понекогаш ни воздухот го нема, if you know what I mean.

    А сега - време за бањање. Не е недела, ама баш затоа, да се пошепурам.
    Кршам златно правило - so hardcore.
    Да се надеваме дека овојпат нема да ми никне некоја фенси идеја и да се погодат гости дома. |(

    Со душа чекам да поминат уште 20 часа! :sun:

    Дотогаш, еден мултитаскинг поздрав.
    [​IMG]
     
    На manja666 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Моментот кога дознаваш дека мајката на бившата на фраерот ти е гинеколог... :party:

    И сакам да кажам дека многу си го сакам мојот екс и дечко ми зашто тие ми ги покажале благодетите на вистинското пријателство и верност (освен на се друго :D ). Не сум верувала во таква поврзаност, посебно не со карактер како мојот. Ми помогнаа да сфатам дека можеби сум била таква баш поради недовербата во луѓето, па како човек да не ги сака и почитува? Си велам, ако продолжувам понатаму да запознавам луѓе како нив и да воспоставам барем половина добар однос како оној што го имав со нив, јас ќе бидам една среќна женска.
     
    На Trendafilka, MSkorpionka, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Се сеќавате на таа ‘ другарка ми‘ за која пишав еднаш овде. Добро не е битно. Е, нејзиниот бивш ме додава на фб, дури после 3-4 дена го прифатив. Ми пишува за неа дека му зборила на него како он, додека се дружевме сите и додека они одеа, многу трчал по мене, многу ме бранил и се’ добро за мене зборил. И викала еве ти ја сега Старбакс биди си со неа шом многу се сакате. :o Луѓе не можев да им верувам на сопствените очи. Јас шо и’ беше рамо за плачење, шо и’ вика да го оставе. За шо? За она тоа сега да го зборе. Не, нема да остане вака. Не, не. Кармата е кучка, ќе ти се врати се’ ова. Ќе видеш.
     
  5. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК Конечно сфатив дека единствената причина да се биде жив е да се ужива во тоа. :D ;)
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Опкружена со луѓе кај кои владее простотилак и малограѓанштина, секојдневно се борам и јас да не забегам. Навикнав на сите озборувања, па рамнодушно реагирам кога за мене ќе чујам некоја невистина. И почна да не ми биде грижа за тоа кој што мисли и кој што збори. Ни на поле врата се става, ни на луѓе уста се затвара.

    И сега ќе се воздржам, иако не знам каде ли ќе го пикнам гневот, затоа што овојпат комшиските озборувачки веќе ни го завија семејството во црно. Па така ноншалантно си се распрашуваат: Навистина татко и на Ана починал? - кажано со ист тоналитет како да прашуваат дали леб сме си купиле.
    НЕ! Гуски едни! Фала му на Бога, жив е!

    Ама слободно зборете, раскажувајте, измислувајте.
    Јас веќе си ја затворив душата и не дозволувам никакви болни невистини да допрат до мене.
    Барем мене ми е чиста совеста и ќе имам храброст да ве погледнам во очи кога ќе ве сретнам утре на улица. А за вас... богами не знам.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Cо згодни женски ни е опкружен градов, доказ за тоа е и галеријава во Bечер. Eптен фенсерајки и девојки со стил. A и не за џабе знам да се свртам по таквите, земам идеи, и уживам во глетката. :emo:
    Браво девојки, само напред! :geek:

    http://vecer.com.mk/galerii/skModa1/index.html
     
    На Cataleya и MoonChild им се допаѓа ова.
  8. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    СДК...Лошо е кога животот и сите оние кои што си ги сметал за најблиски ќе ти удрат шлаканица, но добро е кога ќе ги увидиш сите свои грешки кои некого повредиле и ќе се извиниш и потрудиш да ја стабилизираш ситуацијата и до одредена мера да ја вратиш во нормала. Но како е кога тоа извинување нема да биде прифатено и само ќе дојде до дополнителни компликации, ќе се отворат сите карти, вистини и лаги, измислици и желби, ќе паднат уште потешки зборови...? Тоа сега го знам само јас. Мојата моментална ситуација го дава одговорот на ова прашање. За жал. Или среќа? Дали сум била свесна околу какви луѓе сум била опкружена, и дали сум можела да замислам дека на неколку метри од мојот грб истите тие зборуваат нешто што не си ни можел да го замислиш и кажеш за својот најголем непријател? Дефинитивно Не! Уште една моја животна лекција која морам да ја научам на памет по дефиниција и никогаш да не ја заборавам. Уште еден доказ за нечовечноста и човековата алчност и љубомора,па дури и од најблиските. Можам само да продолжам да им се чудам и да ја барам причината за овие нивни карактеристики и да се прашувам зошто ми се случија мене. Но се ќе биде залудно. Ми остана само да им се заблагодарам на тие истите кои по прв пат после толку долго време си ги покажаа своите вистински лица и ми дозволија за момент да ги прочитам...Запрепастена или не...Изненадена или не...Животот мора да ми продолжи и без нив. Можеби моменталната осаменост во која деновиве се давам ќе ми помогне да го совладам сето тоа и да поминам преку него и ќе ми даде доволно време да размислам за текот на понатамошните настани. Тоа останува само да го видам. Но едно е сигурно. Стариот однос ќе се измени засекогаш и до некаде жалам поради тоа, се до моментот кога повторно ќе се присетам на зборовите што ми ги упати ти што ми беше најблиска од сите. Ти на која и кажував се и ја сметав за поблиска од сестра, и ја доверив секоја тајна и ја споделив секоја идеја и желба.
    Се што би кажала можно е да биде кажано во афект, но едно нешто е сигурно-се што последниов период ме уништуваше дел по дел сакам да биде променето од корен. СЕ!
     

    Прикачени фајлови:

    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    конечно послем толку време тато најде време да искочиме фамилијарно во кафана ...... :)
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.876
    Значи знаете што е врв на безобразие и упорност,алчност, лакомост?!

    Епа не ми се верува бе,си седам,си се средувам,со нозете ко шатка и бззззззззззззззззззззз циииииу,бол што да ти кажам,мислам никад не сум осетила до сега такво нешто. Се вртам,гледам у пета,комарец ме шмука! МЕ ШМУКА У ПЕТА! Кај најде бе у пета! Е тоа е врвот да знаете! :D
    Ме чеша и ме боли,кај најде у стапало бре леба ти, каде што се сите нервни завршетоци!
    Каква е оваа држава?! Ете таква,што дури и комарците не бираат средства за преживување! :D
     
    На LilBaby, ViktorijaMari, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ако некој некогаш во животот ме праша,како го замислувам моето идеално семејство со двете раце ќе го посочам семејството на другарка ми и ќе кажам "Еве вака".
    Уште кога ќе влезеш кај нив неможеш а да не ја почувствуваш таа хармонија од љубов и разбирање. Еднаш со мајка и пиевме кафе и ми раскажа како успеале во животот
    "Живеевме под кирија,од една плата,главата ме болеше секој ден,трчавме натаму-наваму за да стигнеме на работа и за да се грижиме за децата. Како времето поминуваше ни се наредија коцките,си го купивме станот во кој цел живот бевме под кирија и нормално проблемите ни се намалија,мене ми дадоа загарантирана работа а исто и на маж ми,на нашите деца можеби некогаш им недостигаа пари,но љубовта никогаш"-тоа ми го кажа таа.
    Сега живеат како цареви,нема што немаат во животот. Многу ми е мило за нив,многу.Идеал за совршено семејство ми се.
    Еднаш на мајка и на другарка ми и реков "Јас се плашам дека никогаш нема да створам волку прекрасно семејство како вашето". Таа само ми се насмевна и ми кажа "Ќе створиш,но само ако љубовта и разбирањето ви се на прво место".

    Љубов,разбирање...Ништо без тоа.
     
    На Adi888, Buttterfly, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Спремни креветите во станов за спиење со девојкиве мои, расчистен балконот за целовечерно уживање со нив. Им направив чоколадна торта и купив сокови и грицки. Вечерва ќе уживаме кај мене на тераса, не ни е до лумпување иако цел стан е наш, мајка ми рече како го оставила така да го најде, но немало да се налути ако и направиме генералка :D
    Тивко музика, спремив некоја листа песни, инспирирана од Love Songs. Пред-м.-синдром и Пост-м.-синдром не дрма, а јас знам што им е лек.. лаф муабет цела вечер, храна и кревети за да прилегнат се доволни.

    Ги обожавам.
    Не велам дека се единствени, дека никогаш не би ме инзевериле.. ама сега ни е добро. Уживаме во друштвото какво што сме, имаме непресушни и опуштени муабети и доволни ми се за да ме насмеат. Интересно е тоа што секоја од нас си се карактеризира со различна особина, а толку лесно се софпаѓаме кога сме заедно. Различни вкусови за музика, различни вкусови за момци, свое индивидуално гледање на светот, секоја од различна перспектива ја доловува сликата.
    Не барам другарки кои самата ќе ги вајам по мој вкус, не се глина за да ги оформам според своите желби, ниту сакам да бидам со нив од корист. Да, потребни ми се за да ме расположат, за да ме сослушаат, да ми дадат една долга гушка и да ги слушаат моите патетични изливи затоа и сеуште опстојуваме заедно, ако ова се смета за корист..
    Не сакам луѓето да се согласуваат со моите гледишта, да ме тапшаат по рамо и да ми велат дека сум Во право, не сакам да бидам единствена со доза хумор, а тие од другата страна да се смеат и ја уствари би изигравала дворски шут. Сакам некој со цвртс став, да се спротистави на моите тврдења поткрепувајќи ги со факти, сакам да ми укажат кога не сум во право, на секоја моја заебанција да има реплика уште пооткачена.

    И дали овие слиоувер-и звучат патетично или како некој тин-американски филм, искрено не ме тангира затоа што знам дека ќе биде ова една долга лежерна вечер што ќе ја поминеме убаво.
    :hai:
     
    На Monna.Monna, Doozy, Artemission и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Има нешто што мене многу ме нервира, и мислам дека заради тоа ќе останам без маж, цел живот!
    Е вака...

    До кога бе, до кога луѓево ќе живеат во 20ти век?! До кога на жената ќе се гледа како слуга, како онаа која мора да зготви, да исчисти, да гледа прво за мажот, па за неа ако остане ?!

    Срамота да не знаеш да готвиш манџи...Океј, и што сеа? Ќе морам да научам да готвам се, за случајно не останам немажена мома?
    Сфаќам дека една жена, сопруга, мајка треба да е вредна, треба да се грижи за децата и да чисти по дома и све тоа, ама да му биде слуга на мажот цело време? Срамота тој ручек ако направел. Одма ти даваат епитет на мрзелива (модерна) жена. |(
    Ауу таа!? Маж и ручек бре прави, не станува таа од кревет, само легачи... |(

    Кога ќе дојде од работа, мора ОДМА да направи ручек, да исчисти, никако да седне и да одмори! Мажот уморен брее од работа, мора ручек да му се даде...пу!

    Е јас не сакам така..не, не и не!
    Сакам маж што колку толку ќе ми помага, што ќе поделиме по неекоја обрска, што нема да е затупен во минатото, во тоа како живееле бабине наши и како вредно работат нашите мајки.
    Ќе се грижам за домот и моето семејство, ама не до таа жртва да немам време за мене.

    После, зошто жените во брак не се грижеле за себе, се здебелувале бла бла...ЕВЕ ЗОШТО!
     
    На bittersweet, Monna.Monna, Plavusa.17 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК и неочекуваните работи знаат понекогаш да бидат убави ^_^ ^_^ :)
     
    На De-lovely, Lepaaa, Glossy-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Како да објасниш дека си ја кикснала првата година во средно поради момчето во кое си заљубена ..


    Како е можно, како ? Па ти до лани беше првенец на генерација, професорите го сакаа твојот став и твојот карактер. Твојот однос беше беспрекорен, а сега, пола од професорите се пожалија дека си несконцентрирана и невнимателна, а и постојано зборуваш. Кога не зборуваш си занесена, како да си на час само физички - викаа мајка ми и татко ми.
    А мене, во глава ми поминува сликата од високо, згодно, плаво момче со небесно сини очи. Ми бакнува и ме прегрнува. Возвраќам. Повторно не ги слушам мајка ми, како да испаѓаат срценца од мене. Поцрвенувам и климам, иако поима немам што ми зборуваат. Го слушам само неговиот глас, ме повикува, ми зборува и ми кажува дека ме сака. Кажувам и јас, но овој пат не во мислите, гласно !
    :o
    Мајка ми му се врти на татко ми и се смее : Па таа е заљубена ! Ете каде летала нашата малечка, која повеќе не е малечка, туку паметна, млада, згодна, скоро 16 годиншна девојка.
    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x, LilBaby, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    :rock: Помина Јуни... Фак јеааааааааааааааааааааааа :)
    :) :D :rock: :dance: :party: ^_^
     
    На Lepaaa и k.i.m им се допаѓа ова.
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Тие се најубави, Горде. ;) ^_^
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Webstica

    Webstica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    52
    Mojata ljubov e daleko, nema den a da ne pomislam koga ke se vrate. Uste malku, uste malku ostana, ke se vrate. :$
    Vistinskata ljubov gi pobeduva site prepreki, precki.

    Ziveam, kopneam, se budam sekoe utro so pomislata deka nekomu sum mu potrebna.
    Najubavoto custvo, toa e ona sto me ispolnuva. Mi go pravi zivotot poseben i edinstven. Edinstven na nacin na koj nekogas bil samo del od nasite sonovi.
    [mod-kirilica:1otsjxr5][/mod-kirilica:1otsjxr5]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк летово едваj чекам да 3аврши!
     
    На teddybear, Springy и julie77 им се допаѓа ова.
  20. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Зошто?! :o Летото е за уживање! Затоа уживај! :)
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.