[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    Ce cфаќам ама како налетав на странава е тоа не можам да сфатам.
    зарем и ова го имало :x :x :rofl: :rofl:

    http://www.ratemypoo.eu/ :rofl: :rofl: E пукнав луѓе со слаб стомак не отварајте :lol:
     
    На Monna.Monna и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сабота е и јас ќе си дремам дома со ладна кока кола и новиот албум на Dead Can Dance. Уморна сум, ми треба да спијам 48 часа, макар ништо не сонувала. Смениве ме утепаа. Немам асални споени два дена одмор, а сите некаде се разбегаа. И ако се жалам, чуму? Нити светот ќе е подобар, ниту јас ќе се чувствувам подобро. Ќе си го гушнам сонот вечерва, ќе прочитам некоја книга, а Лиса и Брендон ќе ме носат низ некои нови светови.

    Утре планирам да се шлапкам во базен, денес потрагата по нов купаќ заврши неславно. Тие што ги најдов, долниот дел таман, горниот не ми ги збира баскетиве. Мамицата! Сега се думам како да најдам некој распар и да имам барем два пара нормални купаќи за да истерам летово. Наместо тоа, во Еуроазија си најдов една маичка со дезен од мачиња, прекраснотија и веднаш си ја купив. Шопинг, небаре допинг, нели, веднаш ти е раат главата. Сладолед во Џино со крокодилецот, дремење и на крај нервоза. Не можев да сфатам што сака и што му е и си отидов.

    Време ми е за себе. Некако, саботава така.
    Утре е нов ден.
     
    На Lepaaa, starbucks и Libera им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Си го погледнав стомакот, и си реков: Не ми е слаб.
    Ама се покаав/покајав (како и да се пишува) што отворив. Нема да јадам до крајов на денот. :worried:

    Само уште фали да стават на фб, и да доделуваат награди на тие што имаат повеќе лајкови..
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    АЈ ти шо не си нормална-не си, знаеме. :lol: Ама, овие бре. :puke: Немаат мозок.
     
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    ахахахха лудоооо овие се милион пати полуди од тебе :rofl: :puke: за нив :D
     
  6. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ете ме мене пак...
    Се враќав од работа и гледам сите убави средени, јас пак по едно блузиче никакво од на работа, ме фате страм. Нели денес сабота е де, излгегуваат сите. Јас пак дома во 10 и пол, е де животот за некој е мајка, за некој е маќеа.
    Ај како било. Жално е кога имаш се' и кога сето тоа наеднаш во еден миг ќе го снема. Сакам тато пак да е среќен, се би дала, ама нема што не би дала за да се насмеат и тој и мама.
    Му држам среќа, го очекува ненормално тежок период. Се надевам дека ќе успее.
    А и господ никогаш не не изневерил, не не оставил сами. Ќе го пребродиме ние ова со негова помош, секогаш сме пребродвеле.
    Жалам што пишувам вакви постови, ама искрено немам на кого да му се пожалам. Сама сум, комплетно сама.
    Се чуствувам очајно...
    Сакам да викам силно. Сакам да ми заврши макава со факултетот. Да ме примат, па да се сместам во Скопје. Уште потежок период следи, за сите. Единствената светлина, за жал ми е факултетот.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    Be предупредив :wasntme: :!:
    и немојте после лудо вака така, до волку отракана не сум јас :D :D
    Aма се држи светов, значи буквално се, па да си гласаат кое е најубаво бре..
    Cваштарии :lol:
     
    На Magnolija, Glossy-girl и pamelche им се допаѓа ова.
  8. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Ама то се викат чиста љубопитност.
    Леле, што не ќе видам. |( :x
     
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Е многу ме нервира појавава ...




    Значи стварно демек седиме заедно а уствари се тераат 2456356 различни муабети кој патем кажано немаат никаква поврзаност. Фактички можеш да се снајдеш само ако си баш сконцентриран на муабетот што си го избрал .
    Ми се има случено мал милион пати да терам некој муабет и наеднаш се формираат уште 3-4 зависно од големината на друштвото :tmi: .
    Настанува таков хаос ако не дај Боже ти се случи да заслушаш друг муабет а веќе присустувавш на друг идеш до голема дилема кој да го избереш |( пошо нели не може да стопираш никаде .
    И на крајот од муабетот т.е дружбата ќе се каже како што ние љубиме е баш ми е мило што се видовме се изнамуабетивме ахааа секако :^) .
    Првото сум сигурна те видов за второто не баш .

    Ах бре жени....
     

    Прикачени фајлови:

    На chocolate.chick, manja666, Sanniii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Море (телефон,апарат) што имаат да им падне в шоља додека сликаат |( |( |(
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.470
    Допаѓања:
    144.093
    Што е баксуз?

    Да спиеш 3 саати, да патуваш 17 саати, едвај да чекаш да се поздравиш со креветот, и комшиите до твојата спална да прават журка!
     
    На Champs.Elysees, Adi888 и Chocolate.me им се допаѓа ова.
  12. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Доста беше со фејсбук, сега да видиме твитер како функционира ;)
     
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Кога си викаш, не е можно волку добро, на добро да е...
    И не е!
    Значи, боли од што е добро, подобро не било, зошто ? За една секунда да врескам од болка колку најлошо може да биде?!
    Ебате логиката!

    Шетам како сенка изгубена, како душа која го бара своето тело, одам по темна улица без страв во мене, чекорам со голем чекор, со горчина во срце и гнев во очи.
    Немам солзи во мене, незнам дали вреди повеќе или не, незнам дали имам сила, знам само дека одев многу, одев, а не сакав никаде да стигнам.
    Ладна пот ме стресе додека не ми свирна кола на улицата, ни тоа не ме потресе, се качив на тротоар и застанав под едно дрво со рака потпрена.
    И ете го прашањето на векот, или не, подобро кажано, повистинито, на добро со лопо се враќа, никој доброто не го памти на крај, никој нема да се насмевне и да каже ееееееее колку добри работи ме научи и доживеав со оваа девојка, не бре, секој е толку себичен и тежок хипокрит што од лакомост и егоизам само ќе плука и упорно ќе сака да си го крева егото до небо, ама залудно, не сме слепи и глѕпи сите, не сум јас посебно, знам со кој како сум и како стојам, и сега ме боле, врескам од што ме боле, не можам да речам не, не можам, а се би дала да сум далеку, не заробена во овој себичен ден.

    Едно извини е се што ми треба, а ти со твојот гнев и глупава гордост не го кажуваш знам.
    Но знаеш дека нема да е исто, знами јас, а тоа боли најмногу.
    Гордоста не ти е на место.
    Човек не е човек ако не е слаб некогаш, ако не признае дека згрешил, а денес ти не беше човек, не беше човек со мене, ова не е човекот во кој сум вљубена јас и со кој планирам да градам еден прекрасен живот!
    Бедно и жално е ако мислиш дека јас ќе паднам по втор пат на тоа, јас те сакам премногу и ќе те сакам утре пак, ама драг мој, ако ти упорно ме доведуваш во вакви ситтуации јас нема да глумам порцеланска кукла до тебе која нема уста и срце.
    Јас не сум камен, јас сум човек со топло срце(колку и да изгледа дека е ладно) јас сум прекрасна, и ако не си таков со мене, жал ми е, многу ќе ми е.
     
    На Angel.girl, Lepaaa и Libera им се допаѓа ова.
  14. elizabethsuon

    elizabethsuon Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    15
    тешко ми е дека врската ми е у криза.толку време заедно,толку пречки поминавме а ја сеа сум кренала раце.не знам зошто,ама некако не можам да се борам повеќе за оваа врска.демек ке одев со него во странство кај шо студиравме,се му велев денес утре денес утре и така месеци минаа,сам плаќа стан,сам е таму,троши иако нема,седи иако треба да си оди од таму,чекајќи ме,мене не ми се оди а не можам да му кажам не идам дека знам оти ке го загубам. сеа е тука на викенд и се лути дека сум го повредила многу и кој знае може и крајот иде.сеа па ми е тешко.и не знам зашто така правам,зашто наеднаш престанав да се борам,не сакам да одам.не можам да си објаснам.го разбирам,лажни ветувања само му давав,не дојдов.дали знам шо и да направам ми се враќа,не може да ми се лути,и сеа на глава му се качувам.не знам.ке плачам еден ден шо не сум се борела,ке жалам оти е срце невидено и ми е прв,и сме заедно од средно,и се се поминавме заедно останавме,а јас накрајта..ах
     
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Ништо во животот не е толку тешко како осаменоста , а посебно кога ние самите сме ја предизвикале . Всушност , најтешко е кога ќе се навикнеш на неа , кога веќе не ти е ни чудно , ни тешко . Такви се овие денови..сиви , иако сонцето ги грее сите останати јас го чувствувам студенилото . И имам само едно прашање кое ми се мота во глава : До кога вака ќе се повредувам ? :| Одговорот како и секогаш..го нема ! Понекогаш неможам да дефинирам како се чувствувам , се чувствувам безнадежно и кревко , ама не се предавам ! Знам дека сум силна , можам да продолжам и да сум сосема сама , секој ден во кој чувствувам болка е само уште еден ден кој што ме прави многу посилна .
     
    На julie77, crazyinlove19, BlackSwan5 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Sexylady78

    Sexylady78 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    7
    Сдк дека ве читам веке 2 години,но сга се зачленив и се надевам дека ке се дружиме. :) :hai:
     
    На CIA, Adi888 и Dulceee им се допаѓа ова.
  17. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    2.265
    Пол:
    Женски
    Ахх.. не знам дали е убаво или не чувството кога ќе се навратиш на некои минати случки за кои тогаш не си бил свесен колку биле всушност прекрасни. Сега сфаќаш и се би дал да можеш да ги вратиш и да ги проживееш онака како што заслужуваат. Ама јбг, касно е.

    И најлошо од се е што и во моментов не сум свесна колку во иднина ќе го мислам истово за сегашниве настани. Ама најверојатно не сум едниствената на која и се случува ова. Или да.. не знам.

    Како и да е. Не се жалам, преубаво ми е. Ама секогаш тоа што поминало, тоа што го немаш и тоа што едноставно ти фали е многу поубаво.

    Ахх.. премногу почнав да размислувам. Да си легнам најпаметно ќе е.

    Добра ви ноќ на сите. :*
     
    На manja666 и cinderella5 им се допаѓа ова.
  18. AceVentura

    AceVentura Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите, нов сум на форумов, се надевам ќе разменуваме корисни мислења во иднина откако ќе се снајдам тука. :D
    Поздрав до сите. :)
     
    На Lepaaa и CIA им се допаѓа ова.
  19. i.am.who.i.am

    i.am.who.i.am Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    СДК си ја заборавив и лозинката на фемина и лозинката на мејлот и морав да направам нов профил.сега сум на нула :|
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    И она кога нема да ти најдат соодветни рамки за да си ја средиш изложбата и од што се преголеми фотките ти се губат, поемите на Рон Вилис не можев да ги наместам како што јас сакав. Два дена иде се наопаку! Марфи иди у пм.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.