1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    луѓето се толку површни и плитки :x :tmi:
     
    На xxAngelxx му/ѝ се допаѓа ова.
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Сакам да сум пак дете... Кое ни К не знај од компјутер. По цели деној игра пред зграда војна, куку... Сакам да се врати времето кога сите се дружевме најискрено и не знаевме за љубомора, лицемерство, сите си помагавме. По цел ден си седев на балкун, се капев во базенчето и си играв туристичка агенција... Сакам да се врати барем дел од ова, не е фер :(
     
    На Hkikica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Сестра ми заслужува да и плеснам една и да не знае кај да се сврти.
    Каква лигла е тоа чудо е.
    Се дере оти мама у јадењето ставила лук, абе куќата ја крева, абе мислиш ја колат.
    Ааааабе да си ми мене или ќе јадеш чорба, или ќе јадеш ќотек ако не заќутиш, а ако не ти се јаде ќе седиш и ќе чекаш подобро јадење за вечера!
    Пу бе, размазена една.... |( |(
     
    На Juicy03 и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Си имам најдобар дедо на цел свет :)
    Душа човеков, периодов како се нервирам за работа барање и слично он сам без мое знаење заминал кај некој негов пријател да праша за мене за работа, и ми нашол у кафиќ еден работа :)

    Абре криво ми е шо онака малку му се испонашав зашо без мое знаење ипак, у тоа место имам еден бивши другар морам со него да бидам :doh: Али ипак сум му благодарна на дедо ми , и баш ке идам да правам муабет со газдава.

    Ох дедо нека ми те поживее Господ или шо и да е уште многу години .

    Фала ти :*

    те гушкам најсилно на свет :hug:
    (извини морам вака оти знам дека нејќеш гушкање и никакви емоции :lol: )
     
    На Lacrimosa, Juicy03, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    СДК конечно ЈУЛИИИИ!!! Кончено мојот месец.Со нетрпиение си го очекувам роденденот! :inlove: :inlove: :lol: :lol: А се надевам дека овој роденден ќе ми биде еден од најубавите
    (ај да не се радувам многу пред време)
    И сакам да кажам дека како што поминува времето,така се повеќе и повеќе созревам.Не сум она девојче кое беше до пред некој месец.Ми лајк ит :inlove: .
    А и уште нешто имам да кажам :
     

    Прикачени фајлови:

    На Divinebutterfly и Witchy-style им се допаѓа ова.
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Шо убаво чувство , седиш на тераса а пред тебе си го гледаш езерото што се наоѓа на 2 мин од дома, па си гледаш како си уживкаат луѓето. И башка, можеш како човек да отидеш да се искапиш без да плаќаш пат до таму, лежалки и триста чуда. Одам сега, се враќам за саат, одам покасно, одам кога сакам. Пешкирот на рамо и терај. Е Охрид, слаби сте за ова. :P Додека да појде човек на плажа таму да му скисне. :P
    Струга, струга, струга.... :sun:
     
    На bittersweet, Monna.Monna, Bozica1980 и 27 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.875
    Оној брачен пар,со две мали деца што многу сака да се слика со невестата и се такви насмеани,наметливи, секаде ги има и на сите слики,најмногу бонбони крадат и кркаат најмногу невестинска торта... Аааах свадби...
    И онаа мода од свадби што има телевизори по цела сала,речиси над секоја маса, за да бидеш у тек која сваќа го води орото...Ааааах свадби...
    Нешто кое ми предизвикува језа и крик длабоко во мене!Бррррррррррррррр!!!
    Кога ќе бидам девојче што ќе воздивнува на бидермаери. Кадее,штоправи мојата женственост и женски соништа?!
     
    На bittersweet, chocolate.chick, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.391
    Допаѓања:
    142.896
    Под боровите сенки, додека го гледав убавиот син Јадран, уште еднаш ми стана јасно дека треба да си барам работа која ќе биде хонорарна, со темпо кое сама ќе го диктирам, и барем два месеци во годината ќе ги поминувам таму, затоа што мирот и природата се здравје и среќа. И остварливо е, беше и до сега, можев и до сега, ама сега ми се случи кликот во главата. Ќе излезат досегашниве години изгубено време, но немав храброст, а сега само да го завршам ова што го почнав, и ќе се осмелам :D

    Имав пишувано дека ми е незамисливо да одам сама со семејството на одмор, а овој ми беше еден од најубавите, сами со најмилите, без гужви и прилагодувања. Речиси совршено, да не беа постојаните јавувања од драгите ми колеги кои не ми дозволија да се опуштам до крај, и беа причина плус да одлучам да работам нешто друго. Децата колку се среќни таму, многу се радувам што им ја пренесов мојата љубов кон природата, морето, ѕвездите и планетите, инсектите, рибите, нуркањето, пливањето, фрлањето камчиња во вода, се што и мене ме исполнува. Веќе ми недостасуваат, ама знам дека таму ќе им биде подобро, и знам дека се добро згрижени.

    Звучи како да сум пораснала, или созреала, сеедно. Е да, 32 не се многу (така ми рече озбилна), и да се, ги сакам сите до една :). Им благодарам на сите кои ми го честитаа роденденот, со навистина најубави желби - за жал не можев да пишам порано, ниту да им честитам на оние кои беа родени тие денови - Дузи, Теодора, Каша, Кате..е па ја корисам оваа прилика, среќен роденден девојки!
     
    На ozbilnazena, Monna.Monna, Kasha и 11 други им се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Среќна Нова Година! :party:
    Уствари не...абе како беше? :?:
    Лета времево еј. Лета.
    Кога мина една цела година откако сум се зачленила бре аман? И тоа точно во 00:00, иих. :D
    Најдолг стаж ми е, да се пофалам. Обично ќе се зачленам и за 2-3 месеци ги научам сите фаци и ми стане тапа или пак пропадне форумот. Таа среќа им ја носам. Нисам крива, мајке ми.
    Си препрочитувам мислења чисто за споредба, и добро е што покрај толку драстични промени во животот за оваа една година, јас сум останала иста, ставовите ми се тие, мрчењето е тоа. :D

    Туку еден муабет пропуштив вчера да спомнам, ми се спиеше ептен.
    Дискотека на отворено...Па поарно во биртија да појдев, барем знам тој е изборот на песни и крај.
    Не. Влегуваш во сардина место, секој бзди на различен парфем, некои на Perfume de Mishka, залижани гел фаци, ред карпет цурици, виолетови кошулчиња пикнати во пантолона и шпиц кондура.
    Ко шлаг на тортата, почнува кафанска тралалајка и сите од сардина местото ја креваат раката во вис покажувајќи си ја запотената мишка што буквално ти ја лепат во нос.
    Па оди излези надвор да те видам...Дури се протнуваш некако накај излезот, поминува набиено бате во црна маичка, висина негде до врат ми е, позади него еден висок колку мене со ист став и маичка и позади него - највисок набиенко. Сите во исти маички и гледаат наоколу ко на жуљ да си им стапнал.
    Одат кај едни сироти фаци-(ве)сељаци на маса, ги фаќаат за уво и под мишка и правец пред нив.
    Ко ќе видиш, лепотаните да ми ти биле секјурити, а гревчињава скршиле флаши и сега им се дерат за секој да чуе дека требало по 500 денари од флаша да плаќаат. Абе не можете да замислите колку беа горди на себе тако званите секјурити момци што народот гледаше во нив. Петлиња.
    Понатака одиш и гледаш пијан баце се потпрел на маса, едвај се држи, ама битно на цел глас и’ ја крека „песната“ на девојката на уво, а оваа уште се топи на тој романтичен гест.
    Напраивме еден 5 минутен попис, ко што рече другаров, и чур да не снема за сва времена.
    Не дека се скапав одејќи, ама јас повеќе во некој локал - не. Златен плоштад море...

    Туку ме загрижува девојчево, пред два саати требаше да е стигнато. Ајде мури дојди ми. ;(
    Paranoid parrot. |(
     
    На antonina, mims-89, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК јас се преселив јухуууу,сега сум дома! САмо има многу работи за средување,јас незнам ни како не собра во колата :D РАчунајте караван де... И плус ние четворица,хаос! :D Пукнавме од жешко,пренесување и пат,ама важно се се среди :) Извинете ме што неможев да ви обрнам внимание,ама овие денови ќе почнам да пишам пак повеќе :)

    Bye for now,have a nice day :sun:
     
    На ines.h, Lepaaa, lovely91 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Како да знаете дека провод бил јак?
    Се будите си ја погледнувате раката, и доколку имате скршен, расечен, модар и на сличен начин повреден прст, знаете дека вечерта била бурна.
    Е барем кај мене е вака. После секој добар провод, имам повреди по рацете, овојпат исечен палец и модар среден прст. Повеќе личи дека сум била на фронт, отколку на роденден.
    Афтерите се задолжително толку крш, а толку добри, чудо е од каде луѓето црпат инспирација и духовитост во фазата на трезнење. Какви братско-сестрински љубови се раѓаат, па имаш момент на делење парче пица на неколку делчиња, не дека немаш да си купиш, туку те мрзи да станеш. И кикириките ги гледаш како нешто свето. И сојата е добра за гаѓање луѓе. И на некој му светнува дека баш тоа е добар момент за ставање статус на фејс или искривена фотка. Зошто сите мислиме дека позите ни се многу јаки и смешни? |(
    Секогаш е добро да има по некое трезно другарче да прераскажува и да ги поплни црните дупки. А ништо не прави црни дупки, како стариот добар Смирноф. Стандард муабет е дека веќе нема да се конзумира, ама кога го има по родендени не може да се заобиколи. Просто мами.
    Диско шемата во сабота е.... :x
    Ама гајле ми е, што е до мене, немам проблем да жртвувам по некое прсте или нокт за добар провод.
    Што би рекла чукнатинката: Еднаш се живее. Мото за сва времена! И кога си трезен, пијан, весел, тажен, ама најдобро се наоѓа кога нешто јако ќе заебеш. Или ќе напраиш глупост за која следниот ден ќе посакаш да се избрише од времето. А све је лепо кад си млад. Дури и најголемите и најлошите одлуки.
     
    На chocolate.chick, Smilly, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Му посакувам добредојде на ЈУЛИ! 8)
    Еден од нааајубавите месеци...кога се оди по одмори,на базени,кога дефинитивно треба да си опкружен со вода...
    Лани точно на овој ден во мојот живот се случи еден гоолем престврт...
    Се случи тука а продолжи во Грција...
    Се беше поинаку лани...
    Ова е денот кога со сигурност би рекла дека би сакала да можев да го вратам времето назад би променила многу работи...
    Како и да е помина цела година,па сакала јас или не,еве сум тука во оваа состојба,жалејќи за нешто од минатото...
     
    На Hkikica и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Го чував гласов цел јуни ама од утре кога ќе рикнам за кошаркариве наши, ќе ме слушнат до таму! 8)
    Кој навивачки филинг ме дрма :drunk:

    Туку, пристигна омилениот мој месец. Средина на распуст-максимално користење на деновите, уживкање.. А да не зборам дека месецов ме испрати кај внучето мое и ќе ме остави таму. Боже, колку е само сладок, го гледам на сликиве и се топам. Па одма почнало со некои фацки, се смешка, го исплазува јазичето, подуени обравчиња.. Како ќе се дружиме ние двајца, ќе си пееме, ќе се шеткараме, ќе си се плазиме.
    Ќе пукнам од убавини бре луѓе!
    Може нема да идам негде Охрид да се пијанчам или Италија или незнам каде е сега шемата, ама ќе пукнам од убавини! Ова е за мене одмор!

    Добре дојде месецу мој, и само ако ми создадеш проблем до крајот на животов мој ќе те мразам!

    [​IMG]
     
    На Smilly, Doozy и cinderella5 им се допаѓа ова.
  14. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
     
  15. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Чувството кога ќе ви кажат дека седењето на фб е поинтересно од шетањето... :puke:
     
  16. monalisa

    monalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Лелел извинете, но морам да знам..КАКО МОЖЕ ДА СЕ УЧЕСТВУВА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА?
     
  17. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    Уфф, ужасно чувство...незнам како на некој може да му биде поинтересно цел ден да седи на фејсбук, отколку да иде со другарите да се дружи со нив у права смисла на зборот дружење а не преку чет....Тоа многуу ама многуу ме нервира...:( :|
     
  18. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Тишината во нашата улица ја нарушуваше мојот плач и плачот на малечко бебе .Тоа е само бебе,си има свои потреби кои бара да бидат задоволени и неговиот плач не се смета за грев.Но јас бев девојка која никако не смееше да плаче а упорно секоја ноќ заспивав во солзи .

    Во моментот кога мислев дека коцките си дојдоа на место ,кога играв ,пеев,се смеев и кога бев радостна тогаш нечујно и тивко светот ми се рушеше и веќе во следниот миг се беше само пепел наоколу мене.Не бев свесна дека повторно се сруши тоа што се обидував да го изградам....доцна разбрав дека сум била жртва на своите убави желби , соништа,сум била жртва на надежта и вербата во утре ќе биде подобро.
     
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Оф леле мајко......Ќе си пукнам од смеење :D Од што е трагично, не од друго.

    Имам (или имав :^) ) 2 другарки, близначки. Некој месец помали од мене. Живееме во истата зграда, во истиот влез, на некој спрат разлика.....Неразделни бевме, нон стоп заедно, надвор, после дојдоа излегувања во град, па одмори заеднички уште од мали....Абе се заедно.
    Мене од мала моите ме учеа дека треба да го сакам она што мене ми се допаѓа, а не она што е општо прифатено. И така, додека другите одеа на Златно Славејче и играа и пееја кореографии и песнички од таму, јас бледо ги гледав и се чувствував ко аутсајдер. За да се претопам во толпата, нели, му дојдов дома на татко ми со прашање: „Тато, ќе ме носиш на Златно Славејче?“ Само ме погледна и ми кажа „Абе, ќе те носам ако сакаш.....ама знаеш дека таму има песнички што ти не ги сакаш и не ги слушаш?“ „Па добро бе тато, знам, ама сите другарки ќе одат, само јас не“ :( Тука татко ми подразмисли и рече: „Ако сакаш да одиш, оди затоа што сакаш, а не затоа што сите други одат. Нема проблем, ќе најдам карти, само види дали стварно сакаш да одиш“. И не отидов, нормално. Наместо карти за Златно Славејче, татко ми купи карти за концертот на Бијело Дугме во Кале. Ееееех, од што бев мала, на ушка ме качи татко ми за да ги гледам, а пак не можев да ги видам :) А уште беа со Бебек, па замислете само колку сум била мала.... (или поарно кажано, колку остарев :tmi: )

    Од тогаш наваму, никогаш не пуштав нешто музика зашто беше хит и тренд и зашто така требаше....Епа ете, додека двете гореспоеманти другарки лудуваа и сечеа вени на музиката на Цеца и компанија, јас пробував некако да не полудам и да не станам, за да не ги навредам. Додека јас жалев што ми ја украдоа од кола оригиналната касета од тогаш најновиот албум на Skunk Anansie, овие двеве уште беа во фазон хопа-цупа продакшн и беа во филм дека ќе прават група со уште една другарка :rofl: Додека јас по цели денови си ги пуштав U2 за релаксација, овие почнаа Spice Girls да ги слушаат.....Додека ги пуштав Depeche Mode да грмат кај мене во соба, зашто поинаку и не можам да ги слушам освен со максимално пуштен глас, зашто "I just can't get enough", овие превртуваа очи и ме убедуваа да им пуштам Пинк. И така, за цело тоа време, останавме најдобри другарки, без разлика на тоа што дури и луѓе кои не знаеја само 5 минути се крстеа како е можно да сме најдобри другарки.

    И така, секој на своја страна, се разијдовме (може и поарно) и секоја на своја страна. И дочекав момент кога едната од овие постира песни од Skunk Anansie, U2, Depeche Mode, REM......нешто заради што бев малтене исмејувана на времето :) И најхит моментот ми е кога бев кај неа пред некое време и ми пушта песна од Skunk Anansie и ми вели „Еј, слушај ја, многу е добра, не знам дали си ја чула“ :!: Тука немав друг избор освен да и се изнасмеам слатко во фаца и да ја отерам у три лепе а воедно да не ме сконта (пошто, нали, толку и сече). Добро, барем на стари години се освестила што е добра музика, и дека треба да му веруваш на својот инстинкт и да го слушаш она што тебе ти причинува задоволство, па макар и ниедна друга личност на светов да не го слуша тоа....И бескрајно сум им благодарна на моите што оставиле сама да си изградам свој сопствен вкус за музика, филмови, книги....и се' останато во животот.

    Еве ви една од моите омилени песни, за инат на ваквиве ко другарките мои :D За добро расположение. And don't forget to turn the volume on to max! :) Јас одам такозванава слушателка на добра музика да ја ставам на hide, додека не ми ги уништила и онака омилените песни.

    http://www.youtube.com/watch?v=_MSvJaFgVK8
     
    На Phyramide, Monna.Monna, Hkikica и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.