1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Само дома си е дома. Само моето кафе е кафе.
    Нема ништо поубаво од мојата соба, од мојата бања, од мирисот на мене.
    Одлучив 5 дена да се оддалечам од градот и да ја одморам главата на село, со баба и дедо. Местото во кое го поминав половина детство. Првиот ден беше носталгичен, секое нешто си го задржало мирисот, шетав и го вдишував детството. Наредните денови беа тивки и мирни, а јас не го изоставив задоволството да читнам некоја книга, под дебела сенка, легната на ќебенце :mm: .
    И ете ме, повторно се вратив на старото, ситуацијата воопшто не се променила, проблемите се тука и чекаат, ама јас ќе размислам дали ќе ги решам. Ех да беше до мене, се ќе беше поразлично, поубаво, ама едноставно понекогаш е до другите и јас немам моќ ништо да променам. Единствено може да ми биде жал што така се одиграа работите.
    Бањата ми се смешка а јас едвај чекам да и се придружам, има да се истрлам бетер од хемиско.
    Утре е посебен ден за мене и за некој друг (не ви кажувам :) ).
    Останете ми со убаво :* .
     
    На maca99, mims-89 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    NOT!

    Сеа ќе си бев на плажа и ќе си се шлапкав.
    Дома само ме разведри едно бело гушкало кое ми фалеше, а смрдливиот скопски асфалт и жештиниве ме враќаат чекор назад.
    Овој пат се враќам со неколку научени работи.
    - Со книга на плажа не се оди. Џабе се шетаат книгите во куфер, кога во истата позиција се враќаат.
    - Гиро може да се јаде и 3 пати на ден (со многу кромид :!: ).
    - Грциштана можат да ги учат охриѓани како се води туризам.
    - А налепниците фуром можат грците на газот да си ги лепат, слободно и онака се бесплатни.
    И за крај море си е море, нема подобар полнач на позитивна енергија.
    Епа Скопје спремна сум повторно да ме удриш со проблеми и нервози, некако чуствувам дека ќе ги има периодов.
     
    На Artemission, Monna.Monna, ines.h и 13 други им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.077
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    Денес прв ден во цело лето отидовме на базен . не дека времето убаво |( туку да смениме и ние малце
    За малото купивме пелени за во вода , гума и целосна потребна опрема. :lol: :lol:
    За да влезеш во базенот мораш да поминеш низ тушевите , кои се подлени на машки и женски и јас бебето го оставив кај мм од страв да не се лизнеме он како по сигурен ]:) тја
    Ги чекам да излезат и слушам бебето вришти , тато се пикнал под туш
    После во малото базенче влеговме , само трауми си напраив
    Незнам кој беше поиспалшен Јас или Бебето ;(

    Ах ништо од нашиот план за убав неделен ден на базен за пола саат веке спремна бев за накај дома :wasntme:
     
  4. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво чувството откако ќе се избањаш после напорното патување накај дома. Викендов го поминав на планина, малку на чист воздух. Иако одењето таму воопшто не ми правеше мерак, се согласив само заради другите. Единствена придобивка ми беше чистиот воздух кој многу добро ми дојде после неколкуте денови кога не бев во ред со здравјето. Но, затоа мојата кожа настрада од проклетите комарци кои бездушно ме нападнаа. Тепај, тепај, тие пак околу тебе. Уффф, ама ги мразам. Ама за среќа проблемите со нив а и со другите видови на такви суштества и инсекти завршија, барем за сега.
    Сега ми преостанува да се одморам и да го чекам почетокот на вечерашниот фудбалски натпревар.
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.190
    Пол:
    Женски
    Сите велат- Остави на времето, тоа ќе покаже.
    Зошто да оставам на времето кога можам да го зграбам и искористам максимално?

    Него јули, а? Го дочекав со коњак, а потоа и пиво. Некои глупи песни во Маракана, а потоа пирошка и разговори во парк.
    Не сакав да дојде јули, а сега радо би легнала и би го преспала. Роденден ми е за некој ден, сите ме напињаат што ќе правам, а јас немам никаква идеја. Не за друго него ужасно си го мразам роденденот, знам дека после него секогаш ми се случуваат непријатни или најужасни ситуации во животов.
    Годинава изненади уште од почетокот, ме води во друг правец, па се надевам дека и овој месец ќе ме изненади. Позитивно!
    За роденден посакувам само здравје, спокој и љубов. Ако може некој да ми го подари супер, ако не не се трошете материјално.
     
    На Hkikica, Adi888, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
  6. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    дека не можам да поверувам кои зборови излетаа од устата на мајка ми :swear: зошто не може да ме сфане ? зарем мамо ти не си била на мои години ? сфати дека пораснав веке не сум мала мислам дека сум доволно голема за да одлучувам за некои работи,ама да ти ништо не си видела од животот,кога на 18 си се омажила,и сега најде мене тоа секој ден да ми го викаш ? :fubar: Не ! Јас сакам да уживам во животот,зошто е убав и сакам да шетам а ти која во последните 10 год не си излегла од дома никаде ни со татко ми е тоа е вашиот живот ако може да се нарече ! Епа нема во скоро време да го гледаш тој филм ! :rock:
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.059
    И на нас убавите и паметните некад ни е тешко! :D
    Се зезам!
    Само како заглавив да ги гледам Кардашијанки на Е во ова мачно неделно попладне не ми е јасно? Па ќе се разведе бе,баш и е гајле,има пари. Сигурност за се! Биди дебил,мееех ќе си купам брак и ќе си имам секс,не бара од мене интелектуална работа. А и како нема,овој се оженил со сестите и,со баџовците му и секој со секого зборува,освен двете засегнати страни у причата и пукло је!
    И така јас неможејќи да си ги решам своите проблеми,решив на овие демек јадниве и страдни да им ги решавам.
    Сериозно...сакам да се смеам и да бидам среќна. Биг тајм!
    Ал нече среча!
    Во ваква ситуација бев пред неколку месеци, направив чекор и научив од грешка. Сакам пак да згрешам за да научам!
    Еее јули,ене го септември! Да се полажеме дека летото било долго,па дури и да е циганско,да ве видам планирајте одмор у октомври и целиот тој оптимизам. Е немаааа...август не е мај!
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.839
    Допаѓања:
    101.390
    Пол:
    Женски
    Денес луѓе сум ваква [​IMG],и ако некој ми каже дека ова село е убаво,ќе го убијам бре.Ме изедоа комарци,кожата ми цела црвена,а што е најстрашно служев за потсмев со моето кенкање.Абе не можам да издржам и готово,ако поседев уште половна час ќе се [​IMG] бре.И дури чекам да се стопли водата во мрзливиот бојлер седам на столица,зашто цела сум испотена уффф...
    Што сакав да кажам,ова чешањево од памет ме вади.А да,пријателите повеле млад пар демек сакале да се прошетаат.Ок е тоа кај мијам садови за 8 души плус 2 и не е голем проблем.Него секогаш се стаписувам од расклашено однесување.Овојпат девојката беше :$ .Човече не го остави дечкото намира дури и нему му беше непријатно [​IMG].И на секој збор сега е 21 век.Па добро бе мајку му стара,зарем тоа е фраза која оправдува се.
    Отидов јас да се освежам, можеби тогаш некои работи ќе ми станат појасни :hai:
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Запознаваш некое машко и ти кажува дека пее.
    И ти очекуваш мажествен глас, да се направиш утоп во гаќите, а тој
    http://www.youtube.com/watch?v=5FlQSQuv ... re=related
    Ноу хард филинг фор Марун5 или неговите фанови,ама ова не е глас на маж.
     
    На mims-89 и Magnolija им се допаѓа ова.
  10. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Ееее многу се нервирам кога сред некоја игра ќе снема интернет или ќе се блокира страната. :@ Фино лепо си играм покер (баш убаво ми тргна последните партии) и почнува нова партија и ми се паѓаат кец и уште една добра карта (не видов што е беше или дама иле џандар или поп, според тоа strenght meter от ) и наеднаш The application is crashed :devil: .
    Сега барај барај на која маса играв, морав да се вратам да се оддолжам на типот затоа што претходно ми ги собра сите пари, ми дојде времето за фудбал. Ама ај преку навивање ќе ја истурам лутината.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    4.800
    Се смирив некако, добив! Мислев ќе побудалувам. Само лоши мисли ми доаѓаа во глава. Не дека сеа ми е супер, ме кине стомак ама барем знам што ми е :)

    Имам едно куче пред влезна врата веќе со недели! Шугафко!!
    Си довлечкал некое кебенце и коски |(
    Не пушта никој да влезе и излезе, дури и на домашните лае.
    Газда бе! 8)
     
    На Hkikica и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Цел ден поминат на безент прекрасно поминато време со личности кои ми значат
    ден поминат со обиди акко да очнам разговор со еден дечко кој го меркам од по одамна, и кога и да пробам да речам нешто, тап ќе се појави некој и ништо :worried:

    И да денес заборавив што е сенка, цел ден во вода, покрај базенот резултати слични на овие :tmi:
    [​IMG]
    си купив 2 кисели млека и вечер ќе се мачкам, мора да ми помине, и да летото за мене не е започнато ако јас не изгорам :devil:

    Туку да ви кажам поправена сум 4 кг. :rofl:
    5 пати се мерев за да видам дали е точна дали е во ред вагата
    јас 4 кг. плус
    јухууууу
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.059
    http://www.femina.mk/забава/видео/видео-сакам-братче
    Како може некому ова да биде слатко?!
    Мене ми е ... во најмала рака трауматично.
     
    На wolf4e, JoxyTheFreak, Buttterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Еве шо е хит во моето меѓуножје!

    Maлини се лек за се’. Па дури и за нашите каранки. Отидовме на базен. Капите угурсус скапи, ама вредеше. Базенот е репариран небаре препариран! 5 саати квалитетно пливање, мешколење, Џамирокваи у звучници, сладолед со кокос, мачкање кремици и имаш чувство дека сиот гаден град е некаде далеку позади твојот грб во процес на сончање. Го гушкав во вода и под вода. Уморна дома, смафтав мусаче и малку салатка и дремев до сеа. Тотално непродуктивно продуктивен ден. Ме викаа на сладолед у Џино, па на Пенелопе Бившата на Коџабашија, ама ја не. Си пунам батерии со смрзнати Мерси, фудбал у позадина, ноџиња на биро и ладало у рука. Епа шо. Два дена раат, и никаде не отидов вечерно. Ми се не да! А и богами, претерав со нашиве погодности. Мора малку воздух индивидуален да си подише човек. Мајка ми ми краде шешири, сестра ми предно светло од точак, а татко ми мини сникерсот што го кријам во едно кутивче во фиока, за црни ПМС дани. Све нешто некој од некого краде. Глетки, љубов, што и да е.

    Ме запрепасти и истовремено ме зачуди неговата денешна изјава, ама си премолчев. Сфатив дека ако лаам, а не касам, ќе биде само терање инает во многу неподобна положба. Се искаравме, па изгушкавме. Ми станува јасно дека толеранцијата е двострана работа, не е само клише во еден правец. И така, си учам фазони, додека си растам уз малиње и свашта. Љубов е и крадење кола од комшии и возење истата со брзина 20 км/ч со крукче околу маало, чисто зошто е Мини Морис со тапацирани црни сексиљави седишта и закачен фенер на ретровизор! Полудела сам. Ама морам тоа количе да си го купам. Вечерва некако ништо не ми се прави, нит ми се пишува за публика. Понекогаш, Егото ми е како разорен ветер. Го турка Љубовниот чадор, па доаѓаат солзи. Морам да внимавам. Иако, нормално, во своите граници ќе си речеш дека се’ е во ред! Е, па не. И други очи те гледаат и кога мислиш дека не го прават тоа...
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, Hkikica, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.059
    На полувреме Грујо коментира фудбал... шта реќи?! Стварно немам коментар...
    Требаше за бокс да го прашаат бе!
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.908
    Допаѓања:
    81.523
    Некоја ќе се нервира зошто недобива,друга ќе се нервира зошто добила :|
    C'est la vie!За едни мајка,за други маќеа...
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Во животот сме помислиле дека сме најнесреќно суштество на оваа планета,барем еднаш...
    Ех, а јас ова си го спомнував речиси секој ден. Сфатив дека не сум ! Денес многу нешта ми покажаа дека многу погрешни мислења сум имала за сопствениот живот.

    Ветувам овде на Фемина, пред сите Феминки дека никогаш во животот нема да помислам да се откажам од некоја незавршена работа и да се жалам дека ми е тешко да издржам додека помине некој период. Тежок е животот за повеќето денеска , но и од тешкото има потешко !

    Влегувам на почетна на фб и баш првиот пост беше демотивација . Влегувам и гледам едно дете од 5-6 години без нога и пишуваше „ Зар ти сеуште мислиш дека твојот живот е најтежок “ ( на српски беше) Се нажалив.
    И гледам понатаму слики од врснициве фрчат со сладоледи, мартини, коктели, уживанции...
    Oдам подолу и гледам уште една демотивација. Друго детенце и тоа околу 4-5 годинки насолзено на лицето , парталаво во облеката, се наоѓа на еден пазар. Во раката држи грозје и повеќето зрнциња се црни, скапани... Пишуваше нешто во смисла : Дали не ти се исполнети сите желби и имаш некоја желба за исполнување сеуште , не знам баш точно. Заплачив, не можев повеќе. И се прашувам себеси : „ Нели јас бев најнесреќниот човек на целиот свет ? “

    Си мислам после постовите на демотивација 90 % од тинејџериве цимолат дека немаат ајфон, вчера баш муабети беа дека за матура в година сакале да имаат нова кола , не можеле тие да поминат со онаа на мама и на тато, таа веќе била офсајд и ај реков ќе преќутам да не се правам стално паметна и да солам памет на секого. Колку само деца немаат леб, а не камоли овошје и десерт по ручек. Душичките и стомачињата гладни...

    И натаму се што видов на фб си сврзував со детенцето со грозјето. Гледам слика на другари на море, гледам убав пејзаж некаде на море со полна маса од овошја, овошни салати, десерти, мевце...
    Фустанот на што ти знам која чинел 10 000 евра , а да купеше некој „прикладен“ фустан за 5 000 , а останатите 5 000 да ги дадеше во Црвен Крст за децата ? Поубаво е актерите и популарните пејачи да одат во Дубаи и за една ноќ во хотел да платат 30 000 евра , а да не одеа ова лето и да се задоволија со Копа Кабана , Флорида и слични такви „ мизерии“ ? Одговара? Не верувам за нив .Некој нека шета Дубаи, Хаваи , Малдиви, некој нека проси за леб...
    Суров и неправеден е животот, едни прекуимаат, други ни за леб.

    Абе на некој начин да дојдам до пари како странскиве актери и пејачи ќе бидам во редот на првите хуманитарци . Што ќе ти се толку пари ? Јас не би знаела каде да ги трошам бидејќи вака скромно си живеам. Тогаш ќе ми е рај. Еден солиден живот да можеш да си пружиш и што ќе ти е повеќе. Ќе донирам! Барем некој ќе ме благослови , ако не нешто друго.

    И за крај нешто да ве прашам . Често одвојувате барем минута да му се помолите на Господ да ви помогне за нешто да ви се исполни, а сте одвоиле ли минута да му се заблагодарите за тоа што ви го дал и го имате ?

    П. С. Дали јас или Вие сме најнесреќни суштества на оваа планета ?
     
    На Monna.Monna, Doozy, cinderella5 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Ајдееее Шпанијааа!!! Просто ги обожавам,знаев дека ќе тепаат! Ајде уште една титула,европски прваци,браво дечки добро изиграно :D
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
  20. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    Како почнаа да се отвараат темите кои ги прескокнував, прво Свадба, па Брак, сега Бременост, па Бебе, Дете... :)
    Тоа што сакам да го кажам е дека секој период си носи свои убавини. Животот постојано не изненадува.
    Порано, не толку одамна, тетеравејќи се ги дочекувавме зорите, сега држејќи се за рака лебдиме спокојно во приквечерието на улиците.
    Стрелките уште малку ќе се спојат, па одам јас.
    Добра ноќ!
    http://www.youtube.com/watch?v=cSRKhfol ... page#t=14s
     
    На LivingGlam, Oxymoron, Acerola и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.