[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.489
    Пол:
    Женски
    Што да кажам , што да чинам |( поголем хипохондрик од мене нема да се роди :| и така синоќа од слушање на песни почнав да гуглам болести и нормално пола од нив ги имам :fubar: па кога почна пот да ме обвива, да ми се лоши :x абе за утепување сум :devil:
    Друго..кај ненаспана па и ханито ме изнервира :emo: не сфаќа кога нешто ќе му се каже и не сфаќа ! Мој е лап топот и нема давање на други :!: нејсе ќе си го земам среда дома па ќе го видам после ]:)
     
    На Hkikica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Се почесто посакувам да имам слушалки во ташна и на моменти да си ги ставам додека соговорникот зборува, па колку сака нека изгледа некултурно. Секогаш си ги заборавам да ги пикнам во ташна, а ми требаат посебно кога сум опкружена со луѓе што им е досадно во животот.
     
    На LilBaby, anabel-a и Hkikica им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    ............скоро недела дена лути еден на друг ,формални разговор и инат.Јас мислам дека ЈАС сум во право ,тој мисли дека ТОЈ е во право :?: :fubar: .

    Мрмљав пола саат и на се даваше потврден одговор , знаејќи дека сум во право ,епа ако сум шо туку ми тераш нерва и инат ми ја е...ба неделата .
    Едно време ми стана сеедно,чунки тоа не е убаво.

    Дополмителна нерва ми беше тоа што не му кажав дека ќе си купувам фотоапарат , и ми кажа како сум го ЗАЈЕБАЛА, кога прашав зошто , ми кажа план имал за роденден да ми го земе тој што го сакав ,и сакам сеуште , професионалниот , мојата ,желба и долгоочекуваниот -NIKON.......и овој NIKON но Е СПОРЕД моите финансиски можности ,значи нешто минимално.Отидоа моите ппрофесионални фотографии по петлите .

    Живот носи проблеми и радости , тага и нерва .....но сепак е живот.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    СДК На ова жешко и црнци паѓаат во несвест :rofl:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Добро бе што е со комарциве,мувиве и мувичкиве,бумбарите,летачките лебарки и останатите лакокарачи?
    Нели ги прскаа?Што им пуштаа?Храна за размоножување?
    Да не знаев кај живеам,ќе помислев бара дека има пред влезот на зградата.
    Мада не дека Вардар е далеку од бара.
    Не дај боже,да ти текне да трчаш или возиш ролери на стаза.Ќе внесеш повеќе калории од јадење муви,него ли што ќе изгубиш со вежбањето.
    Што би рекол Цацко,сегде во светов има водоскоци со вода,ама само на Вардар може да има водоскоци од гомна. :?:
     
    На Ognenija, la-chicka, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.545
    Допаѓања:
    174.470
    По 100-ти пат денеска се уверив дека времето поминато со одредени луѓе,секојдневните кафепиења ,одими-дојди ми,не се мерило за блискост и за тоа дека ќе ти помогнат во одредена ситуација.

    Од друга страна,девојката со која пред речиси 20 години делевме една клупа во средно училиште,која ја среќавам 4 пати во годината и притоа искрено ќе се изгушкаме и поздравиме денеска ми заврши голема работа.
    Доволно беше само да и се јавам,да побарам помош и за 20 мин.добив телефонски повик од неа-ми кажа дека се е средено и да не се нервирам.

    И ај сега.......како да ги делиш пријателите на верни и неверни,на блиски и не толку блиски?
    Денеска јас ги поделив на оние што можат да те сфатат и оние кои неможат (или пак несакаат),оние кои себично гледаат само за себе и оние кои се спремни да потрошат малку време и телефон за да ви решат некој проблем.
    Како и да е,некои пријателства се вечни....
     
    На sweet-cherry, Strumfeta93, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред малку бев на интервју, во една многу добро позната компанија што покрај ланец на маркети , се состои од ланец и на дрогерии(претпоставувам веке свакате на која мислам) и да се погфалам добро се опишав себе си т.е. бев најкомуникативна од сите :talk: :lol:
    секретарката една ладна :x со глас кој малку наликуваше на машко-мајка на 2 дечиња е а беше со едно фустанче-што сега се носат ко сошиени(кошулка и сукња) кратко, кратко, абе ко на журка да ке оди, а не на работа-баш ја загледав на излегување :fubar: не свакам што се замислува дека е
    дојдов на време т.е. пред време, седев на клупа и чекав да ми мине времето :D а овие 2те после мене дојдоа 3 бевме, чекавме за да влеземе :!: и сите заедно не интервјуираа, и таа што не интервјуираше исто беше ладна-крајно непрофесионално од нивна страна-едната од девојките веке работи во Божиновски и пак аплицира за ова место :fubar: а другата пак тооолку скопјанка со големо С, што самата си кажа дека и сметале провинцилајци-ова беше ко да се слушам самата себе пред неколку години :$ ама сватив со текот на времето дека и мегу нив има луге и нелуге, и тие кои најмалку очекуваш, ке ти помогнат, па си го сменив мислењето-не ни знам зошто така мислев, а пола сум Тетовчанка(од кај мама) :D а девојкава работела на некој со Шведски проект во странство, и одела на обуки во странство, ама прекинале со тоа, па се вратела во Македонија наместо таму да остане, па другите и се криви сега што 3 години бара работа и не може да најде:tmi: а кога и кажав дека сум аплицирала во Мепсо-е партиски си требала да си определена-мореее, за да дојдеш до некакво работно место незнам што ке направиш, ако навистина ти требаат пари :!:
     
  8. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Ех, Охриде камо да можев подолго да останам па да се љубевме и гушкаме по твоите сокачиња. Два дена се ништо. Ми фалиш...
     
    На wolf4e, srcekrsacka, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски
    Кога станувам рано ги мразам сите, а и не дека им е тешко да го препознаат тоа.
    Станата рано, рано демек ќе завршиме заостанати ствари. Едното не работи, другото мора да се чека точна дата.
    Капак на се сообраќајка, биваше ли некој ден пред роденден да ме заплаши со несреќа? Се фаќам жива сум, ја фаќам мајка ми арна е. Фала ти Боже!
    Па и овој стариов бре секој ден бричење. Нормално ли е човек на 80 и нешто, во постела да мора секој ден да е мазен?
    Па сите му завидуваат што внуки имал. Еј треба нас да не жалите. :@
     
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Значи стартов на неделава катастрофа ,понеделнички ненаспна ,нервозна и преуморна :@ Плус има ли во оваа наша држава нешто што не мора да биде партиски поврзано ,па уште оној министерон секој ден што се сили на телевизија ништо нема да биде партиски ние бараме знаење се виде колку бараат ,а ние обичните смртници рмбај за 4500ден волонтирај со години :@
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека во светов неможе да биде секој богат,и да има се што ќе посака.И поради тоа богатство да биде ценет и почитуван од сите од страна.Тие таквите не треба да живееат во својот розов свет,треба да погледнат малку наоколку и да го видат животот и од друга перспектива. Но како и да е не за џабе се рекло,парите го вртат светот. :!: Но и животот е тркало кое се врти.
    Ако си богат имаш сe'! Не се сложувам со тоа. :!:
    Но за мене најголемото богатство се луѓето,кои се постојано покрај мене! Што би правела без нив.
     
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    1.Еднаш ,сите селани решија да се молат за дожд,на денот на молитвата од сите собрани луѓе само едно момче донесе чадор “ТОА Е ВЕРА“

    2.Кога ќе фрлите едногодишно бебе во воздухот, тоа се смее,бидејќи знае дека ќе го фатите.
    “ТОА Е ДОВЕРБА“

    3.Секоја вечер кога си легнуваме,немаме гаранција дека ќе станеме утрото, но сепак го навиваме алармот.
    “ТОА Е НАДЕЖ“
     
    На sweet-cherry, BeYourself, Shpagetta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК не ми се верува дека поминаа толку години :D Ко некни да беше кога бев мало дебело што трчаше,правеше бељи,после помина и основното,средното,па и факултетот :D Пораснав,многу работи научив,полека почнав да се справувам со проблемите,со луѓето,со животот...Секогаш било тешко,ама никогаш не сум се предала.Нема ни да се предадам,колку и да е тешко. А и допрва ќе идат уште нови работи :) Секој период во животот си носи свои убавини,оставете ги проблемите и гледајте ги радостите во него :) Среќна си сум,барем засега и полека се средуваат работите и кај мене.
    Денес ве частам (барем виртуелно) за роденденот,а би сакала тоа и во живо да беше :)
    Повелете :) :sun:
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, JuLleE, BeYourself и 22 други им се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.660
    Допаѓања:
    17.475
    Абе чале, не можам а да не те сакам. Сакам да ти се случи најлошото, кога ќе посакам такво нешто, навечер неможам да спијам ме гризе нешто, ама ти го заслужуваш тоа. Ама ете 2 дена те неам видено и не ми е се исто, значи те сакам. Ама чале мој, не ја заслужуваш ти мојата љубов, не само мојата туку ничија.
    Секое простување велам дека е последно, ама не е. Колку те имам проколнувано, се имам молено да ти се случи најлошото, ама неможам да се помирам и од самата помисла. Ти беше мојот херој кога бев помалецка, мојот идол. Ама веќе НЕ, зацртај си го тоа дека веќе неможам да бидам јас истата Памела како што бев пред 3-4 години.

    Убаво да си поминеш таму, и да ти дојде памет дека не треба да го правеш на другите тоа што нејќеш да ти го прават тебе.

    -Твојата ќерка.
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    нема да ги наречам црни туку реални мисли уште пред некој ден почнаа да ме мачат,
    да ми се вртат низ главава
    баш си пресметував и се на се имам уште 10 месеци да се вработам и да ги обновам студиите, инаку се до сега пропадна во вода :sweat: :x
    барањево на работно место до сега не се покажа успешно-причина- непозната се надевам дека од денешново ке добијам шанса, ако не-имам резервен план :$ само дај боже до таму да не дојдеме,Господ нека ми е на помош со сите ангели и светци :worried: :doh:
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Патувавме. Јас и тој, никој друг до нас. Патувавме долго.
    Ништо друго не ни беше важно, знаевме дека го имаме целото време, само за нас. Заборавивме на се друго, ништо друго освен нас не постоеше. Не беше важно ни зошто, ни како, ни кога, важното беше што сме заедно баш на тоа место, во тие бесценети моменти. Одевме напред, не свртувајќи се.
    Ја потпрев главата на неговото рамо. Тоа беше момент на мир, спокој и неизмерен копнеж. Ги знаете ли оние моменти кои траат кратко, а се памтат подолго од било што друго? Се памтат засекоаш...
    Времето го искористувавме само за нас. Тоа беше совршеното лето, совршено светло и топло, а мирисот на морето во негово присуство беше уште поубав. Неможам да најдам доволно прекрасен збор за да го опишам чувството кога се будев до него. Како сонцето да грееше уште посилно, толку силно што го грееше и најтемното, најстуденото катче во мојата душа.
    И така секој ден. Не сакав да дојде крајот, а помислата на враќањето в реалноста ми изгледаше болно, разочарувачки. Сакав да останам таму.
    Но колку и да беше убаво, крајот беше неизбежен, колку и да се правев дека не забележував, тој доаѓаше, побрзо и од очекуваното.
    Дојде крајот на тие совршени денови. Ги испратв со измешани чувства на тага и еуфорија, разочарување и повторно очекување.
    Дојде и крајот на тоа лето, досега најубавото во мојот живот.
    Дојде и нашиот крај.

    Незнам кого лажам, дали себе или другите. Неможам да го преболам. Болката е иста како и на првиот ден.
    Но подобро што го сретнав, а го изгубив. Подобро така, отколку никогаш да не се сретневме.

    :l:
     
    На green.eyes, malechkata, femina90 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    СДК дека неможам веќе да чекам... сакам да гледам кошаркааа :@
     
  18. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Ми се смачи од девојкиве со предрасуди за машко-женските пријателства. Кога-тогаш ќе имало љубовни искри меѓу нив, такво пријателство не може да опстои и слични глупости. Да се разбереме, ако вие во животот никогаш не сте имале вистинско пријателство со личност од машкиот пол, не значи дека такво пријателство не постои. :!:
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам многу работи...
    Човек верува во лаги, за подоцна да научи дека не може да се верува во секого. Кога му даваш апслутна доверба некому, или го сакаш, му даваш апсолутна моќ да те уништи. Затоа сум среќна што научив да се пазам. Одамна веќе не се врзувам за никого, затоа што врзувањето носи очекувања, а очекувањата носат разочарувања... ете затоа сум среќна ;)
    Но ќе ве лажам ако кажам дека нема човек кој ми е особено мил. Не можете да замислите колку ме прави среќна самото негово присуство. Наеднаш се добива смисла,и оние опуштени разговори се толку значајни, и се е толку убаво... Лесно е да си среќен кога ќе се научиш така мали работи да те радуваат. Срце... совршенство мое :*
    Сдк и дека е чудно, но јас несакам кога лугето се љубоморни на мене,најмногу затоа што секогаш се трудам да немаат повод. Зарем е во ред да немаш мир поради начинот на кој некој зборува за тебе, да не го сака твоето име поради начинот на кој некој го изговара... Им сакам безгржност на тие луѓе,јас спијам сама, нека продолжат да живеат нормално ако воопшто можат, занаејќи дека секогаш ќе постојам таму некаде, скриена некаде во него... А тој труп! Идиот со педигре, повеќекратно наградуван... Ма само нека не ми се во близина... несакам негативна енергија во моменти кога сум вака среќна :)
    Секое добро девојки :*
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес конечно ќе се видиме со сите другарки ! :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.