[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Зошто, ама стварно зошто девојчињава не се облекуваат пред се ко шо им личи на годините, а после ко шо им личи на градбата на телото.

    Ножишта дебели олкави, она опнала тексас куси панталончиња ја притискаат горе, абе ко со ластик да ја претегнале, коо со жица да ја мотале, крвта ќе и запре од шо и се стегнати. И широки раменици бе, големи градички, половинчето големко, она опнала блуза ја стега ја претега од сите страни. Абе ко у вакуум да ја пикнал некој. :^)
    Зошто бе?

    Па кога си знам дека немам нозе за такви панталони нема да ги облечам, и кога знам дека не ме личи у тие алишта, ќе си купам комотни и што ми стојат. |(

    БРЕ! Дајте погледнете се у огледало, мислам, не сум ја лепотица, далеку од тоа, ама бар знам што облекувам. |(
     
    На sweet-star, Lov3, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    И после толку време фатив гитара. Ама лето си е лето, и газираните ладни пијалаци мамат, па гласот ми беше ко распукан. Се изнапеав, вредеше тој половина час после кој еве сега ми пукаат гласните жици од болка.
    Сакам да си продолжам со книгата.. немам никаква инспирација. Најтежок дел ми е почетокот, првата глава, што ете сега никако не можам да ја напишам. Зошто, после скоро цела година пауза, конечно стигнав до 150тина страни и тоа мораше да ми исчезне? Се тешам, велам ајде, за од ново ко ќе пишувам нешто подобро да испадне :)

    Со бициклата извозив десетина километри, ама нешто мачно ми е денес, па не знам дали ќе трчам.
     
  3. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    gingerchild потполно се сложувам со тебе...
    али ај тие што така се облекуваат
    ама што е бе со децава еј...Д-Е-Ц-А 6то одделение облека штикли на дете не личи бе еј!
    по дискотеки ќе одела...
    На фејс гзот си го сликала...ПА КАКВИ родители се бе тоа...
    леле да е мое...абе тоа гзот ќе и го претепам не па...
    Господе....Имај милост...дај им детство...

    што би ја напраила да бев сега дете...да трчав и брканица да играм
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Уште 1 час и почнува кошарката, планираното за да одам со друштво нема да се исполни, ќе си седам дома, со пудинг од чоколадо, пуканки и пепси ќе ги следам нашите херои...

    им одкажав на дечките, се извинив и реков да одат без мене, што ќе им сум јас ваква таму, со солзи во очите, горчина во душата, без мене ќе е подобро..

    Сакав да излезам во дворот трганв по скалите надолу два чекора и за момент се најдов доле, не е ништо сериозно течење крв од носот, изгребаници на рамото и лактот, ми ја изчистија раната и ме преврзаа, ништо страшно, таа болка ќе помине, ќе се излечи но што со онаа која ми е во душата, онаа која горчи, која не дозволува да дишам,

    Добро е тоа што барем на три дена ќе се одалечам од градов, три дена чист воздух, други луѓе, друга средина, нови познанства, дружби, забави, три дена ќе заборавам на се околу мене, во куферот нема да ги сместам тагата и болката, за нив нема место, на солзите ќе им забранам да течат, на тагата ќе и ја треснам вратата...
     
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    ^Абе Еленушке, какво пепси, јас play ќе пијам. :wasntme:
    За да играт јако де.

    [​IMG]
    [​IMG] !!!
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Сестра ми сега ќе биде осмо одделение тек, и у маало има една нејзина школска. Сестра ми кога ја гледам и тоа девојче, две различни личности ко да гледам, од две генерации со години шо се разликуваат.
    Пред еден месец дечко ми дојде кај мене, и тоа со друштво, ми беше срам пред моите да седнам до него а 18 ќе наполнам за 3 месеца, срам ми е да го пипнам, да му се обратам пред нив, а малава со дечко и за рака накај дома го носи. :o :tmi:
     
    На lovelife му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    СДК форумот ме асоцира на едно големо женско виртуелно село. Еве еден мој метафорички опис за форумот.
    Форум Фемина е селце сместено во десниот горен ќош на официјалниот сајт Фемина.
    Повеќето од селанките се познаваат меѓусебно, дали преку интернет дали во живо..
    Има некои важни и познати чии мислења секој подзастанува да ги прочита, а има и премногу други, кои само застануваат и гледаат од ридиштата што се случува внатре.
    Оние пак кои веќе еднаш се зафатиле со одгледувањето на цвеќињата работат секојдневно во градината се додека не раззелени цветчето, па да пожолти, па да порумени...Едноставно се приврзуваат и стануваат опсесивни со градинката.
    Постојат и неколку, така дигнати да не речам, ко чорбаџики, феминки кои се држат ладно од останатите, ама затоа има и многу други кои се расположени за дружба, шала, совет и без кои селцето тешко би егзистирало.
    Има група на селанки кои работат деноноќно, само да би станале и тие еден ден од оние попознатите.
    Има друга група на селанки кои демек се дојдени за другарките...
    Друга група која трола и им задава работа на селските старешини.
    Друга група чии цвеќиња се толку добро одгледани, да ти е мерак да ги читаш.
    И уште многу други групи би можела да издвојам, ама полноќ ќе ме фати.
    На крај краева сите ние сме една голема група од 35610 селанки кои од различни причини се најдовме овде во форумсково вирутелно село за кое верувам сите го посетуваме чим го отвориме интернет пребарувачот.
    [​IMG]

    Извинете за замарањето со моите имагинации, ама морав некаде да се искажам. :)
    Бидете ми поздравени и имајте убава јулска вечер.
     
    На Johny, Serafima, mims-89 и 18 други им се допаѓа ова.
  8. portokalova

    portokalova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32
    Каков ден!!!!! Напорен, тежок... Исполнет со убави моменти, среќа, исполнет и со нервоза, тага, лутина... Преморена сум и само сакам да заспијам.
    И кога ќе станам утре се да биде ПОРТОКАЛОВО! Да помине се во најдобар ред. Утре е важен ден за мене. Ќе биде добро. Мора да биде.... :angel:
     
  9. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    СДК дека незнам при испраќање лична порака да вметнам слика :lol: ќе ми помогне ли некој?
    Леле ама глупаво се чувствувам поради напишаново :worried:
     
  10. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Пресреќна сум денес. Мајка ми и мојот помал брат додека се шетаа денес, најдоа малечко кученце и го донесоа. Денес убаво го испрскавме со прашок против болви, го избањавме, го пицнавме од глава до пети и деновиве одиме на вакцинирање кај ветеринар. Преубаво е чувството кога имаш некое животинче кое веднаш го чувствуваш како дел од семејството. Добредојде Бруноо :*
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Како стареам така поповршна станувам...Порано последно нешто што ќе приметев кај некого е неговата коса, лице нашминкано или не, дали виси сало од некаде или не...Дури чекорев по улици воопшто не ни ги загледував луѓето, погледот напред чиниш сум тргнала во поход, а сега често се фаќам во ситуација како меркам некого и анализирам...зошто вака се облекла, и стои, не и стои, или зошто не се исфенирала...Бог да чува. Бардовци.
    Ме отупе градов, ако поседам уште малку ќе почнам да се гордеам како добро виткам сарми и како кај мене прашинка не можеш да најдеш... Ќе станам како мајка ми, ама баш иста, а нема ни да приметам како сум дошла до тоа, се дури малата моја не ми рече -мамо ај те молам немој да ме давиш и вади тоа витлерите од глава, бар пред друштво немој...Велев нема, не сум јас за така, ама оваа пустелијава посилна ќе да е од мене.
    За среќа, има лек...
     
    На anabel-a, thinkerbell, NoellePage и 3 други им се допаѓа ова.
  12. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    94
    true :!:
    [​IMG]
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.544
    Допаѓања:
    174.455
    Не можам да сфатам многу работи,една од тие е како некои жени можат со години да си седат дома невработени,додека нивните мажи се убиваат од работа.А можат да најдат некоја работа,ако веќе „не им требаат пари“,барем да излезат во народ што се вели,да се вмешаат.Ама не,нив им е добро дома-си качуваат килажа секоја година малку по малку,еднаш во месецот на фризер ,задолжително надградба на нокти (француски маникир).Од кои пари не ми е јасно се плаќаат ноктите-па се знае,додека мажот виси на скеле или врти шлепер по Европа-госпоѓата „кисне“ нозе во леген во козметички салон.Ама си знае како со памук да му ја извади душата на сопругот.
    Абе срам ми е да чекам пари од мм или пак да му барам пари за педикир .
    Секакви мажи има,ама какви жени има пупу-да не ти влезе таква во куќа.
     
    На Nine25 и anastasijaki им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Знаете што? Изложбата помина одлично! Мајка ми дојде за првпат на моја изложба. Бев со Мила најмила..ми вели - мамо а сега сум супер ѕвезда? Срцево ми е полно. Поемите сите разграбани. Ми се поклонија, наредна година планираат да ми прават самостојна изложба во склоп на Скопско Културно Лето.. Љубово до мене.. Е до мене... татко ми се јави да ми честита.. даде исто.. Запознав многу убави луѓе. Полни енергија креативност... Рон Вилис благодарен..фала му за сите посветени поеми.. Дишам..
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_0135.jpg
      DSC_0135.jpg
      Големина на фајлот:
      724,1 KB
      Прегледи:
      409
    На Buttterfly, bittersweet, Serafima и 43 други им се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    СКД : Велат бори се за оној кој го сакаш...Не!Бори се за оној кој тоа го заслужува.
    Јас ќе се борам до крај! ;)
    Инаку Љубам,ти честитам! :*
     
    На Serafima и ljubam им се допаѓа ова.
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Кога животот во малиот град под врелото сонце, кое за жал никако не би можела да го искористам метафорички, ти понуди заслужен МОМЕНТ како совесен или не толку совесен граѓанин, прифати го тоа со насмевка.Не само како крива линија, туку срцето да ти се запролети. И не мислам на илјадарче најдено на патот, иако на сите добро би ни дошло, ниту пак на некоја си манифестација или бомбони паѓале од небото, уште помалку дека едносмерната улица конечно ја закрпиле; мислам на врутокот - жителите.
    Кога веќе комшии со лебот под мишка се одминуваат и провоцират за тоа кој прв пцовка ќе каже, па ај ќе го тужам, а да не зборувам за старите пријатели или за многуте потенцијални за кои не сме свесни; која среќа е ако споделиш миг на чиста насмеаност со некој непознат.

    Се враќам од библиотеката (пример колку години поминав таму, а никако не најдов заеднички јазик со библиотекарите) и таман да влезам во колата кога вниманието ми го одвлече едно русокосо детенце. Седеше пред прагот на куќата, на една гајба и кротеше. Во него како да имаше мудрост на старец и се чудам, за што ли размислува тоа момче. Трошниот изглед на куќата го засилуваше ефектот на неговата постојаност; со спуштени рачиња како стрпливо да чекаше некој или нешто. Му мавнав рака и ова ми возврати како да се знаеме веќе одамна. Ме испрати со погледот и со неговото милно, шармантно постоење и двајцата си останавме така. А што не кошташе?

    Така и пред да полагам македонски... Влегов во таксито кога по неколку секунди почна италјанската Либерта. Да можев само да го снимам изразот на уживање на таксистот, неговата пријатна насмевка и погледот во минатото,а на што ли го потсеќа не сакам да знам. Не сум крадец! Битно ми ја пренесе енергијата мене. И движејќи се по веќе добро познатиот пат, ми се чинеше се ново и подобро. Така двајцата молкум ја слушавме музиката и ја споделувавме.

    И кога ви се чини дека градот е нападнат од дементори кои ја цицаат енергијата и надешта, овде се малите, среќни моменти да ни ја вратат целата вера. Најпрво во нас самите. И никој да не ме разбере, барајте си ги својте, мене овие ми се доволни!
     
    На Buttterfly, mims-89, Mayyya и 9 други им се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Си дремам во соба која изгледа како ураган да поминал. Мислам дека и мачката ме опоменува, се преместува од кревет на биро (преполно со се) од таму на паркетот кој не се гледа од листовите и ми праќа страшни погледи.

    Мразам кога трошам пари на глупости. А некако имам чувство дека со една иста група на луѓе тоа ми се случува многу често. Трагично е кога на некому не можеш да му докажеш дека не треба да се фрлаат пари на се. Ама мерката е различна кај секого нели???

    Се мислам да пропушам. Не за да ослабнам или заради друштво. Онака. Пред два месеци си земав кутија цигари и тоа Ронхил со ментол. Сега ја пушам последната. Мерак ми е да ви кажам.

    И кога во 2 часот не се случува ништо посебно и јас немам инспирација. Сакам да станам рано, да ги зграпчам денот за муда и да се фрлам на работа. Чувството кога ќе завршиш милион ситници кои ти тежат и предизвикуваат кавги со милата ми мајка е непроценливо.
     
    На mims-89, ViktorijaMari и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Не знам колку сте запознаени, ама еден од синдромите на малиот град, е брачното однесување додека на фејсбук ти стои - ин а релејшеншип. Релејшеншипите во овие години, кога повеќето, барем според мене, се рамни на ШИПИНКИ (ама знаеш брат, они се САКААТ :^) ), а оние што стварно се големи и цврсти ships тргнати кон нови широчини и патешествија, се ретки како бродовите низ Вардар.

    НЕ, НЕ, НЕ и НЕ!

    Не можам да сфатам да сакаш во најубавите години да ги поминеш така. Дали размислувам вака поради тоа што веќе сум го поминала периодот наречен сериозна врска (ама знаеш брат, ние се САКАВМЕ) или поради тоа што поминав една година надвор од оваа средина, којзнае. За мене моментално е незамисливо да ја заменам моменталнава слобода, на размислувањата, постапките и животот да си го свртам за 180 степени, само за да се прилагодам на нечии туѓи планови, желби и однесувања.

    Кога ми се спие, спијам. Кога ми се испаѓа, испаѓам. Кога ми се седи и ми се гледаат Пријатели цел ден, гледам. И кога ми се приспива пак, пак си преспивам. Кога ми се излегува и ми се оди некаде, и ми се прави нешто, одам и правам. А кога не ми се прави ништо, не правам нешто само ради тоа што на МАЖ МИ (не знам стварно што чекаат, и онака висат 24/7/365, барем нека заштедат на бензин и такси и нека се земат |( ) му се правело.

    Имаат 18, 19, 20 години. Абе наместо да земат, не знам, да прават работи што ќе им останат во сеќавање, нееееее! Кога ќе те прашаат за 10 години, еј, што правеше ти во лето 2012? Паааа... :?: се држевме со бившиот ми дечко за рака, се лигавевме, бев кај него на ручек, тој дојде кај мене на ручек, се запозна со моите и јас со неговите, па еве сега одиме заедно на ручеци и вечери, слави, родендени, годишнини, свадби и погреби. Уште да ти рече дека и името за внукот е договорено, нели, прво па машко. Па дури и некои се договараат, ќе живеат заедно ако се на факултет во ист град. Оти они се сакаат брат. Да не спомнуваме дека јас сестра ми сакам некогаш да ја исселам од дома, а не па некое 20 годишно магаре да ми се мота низ куќа. :fubar: Па не може кога СЛУЧАЈНО ќе се погодат да не се заедно 24/7/365, да издржат некој нормален муабет со луѓето со кои се нашле, бргу бргу, пораки се куцкаат, се јавуваат по 3 пати, срцка кај си. На месечината ти избега додека не бевте заедно, ете таму ти е. :fubar:

    А кога на којзнае колку години, ќе им пукне филмот, и ќе им текне дека сакаат да пијат текили до 5 сабајле и да се сунчаат топлес во Бугарија (фала фино лепо на прашање, пирамидите ми стануваат топчалести, и ако сакам, ќе се соблечам и ич нема да ми чуе :geek: ) и оооооп. Тајмс ап! :o Абе јесте дека никогаш не е касно за ништо, поддржувам луѓе што живеат цело време фул живот - ама се во свое време. Јас така викам.

    Сега е моето време, време кога се прават едни од најубавите спомени. Најубавите години. И фала на прашање, планирам да си ги искористам до максимум. Не брзам да пораснам и да созреам уште повеќе од ова. За се има време, а дека е време да се вселиш со дечко ти, извини сестро, ама не е.

    п.с. Обично типкиве што зборуваат вака како мене, се затрескуваат толку многу во наредните 6-12 месеца, што и сами не знаат кај им е главата. Ама свечено ветувам дека ќе се трудам да запамтам - немој да брзаш да пораснеш! :D
     
    На Serafima, sweet-cherry, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Слобода ти е широк, релативен, субјективен поим, онолку колку што сакаш ти. Ни дечко, ни маж, ни другар/ка, ни родител, ма не постои жива сила што може да ме лиши од неа...можеби факултетот :D Мала шала, далеку е факултетот од мојата слобода, посебно па кога на сила стапува јули. И никој не може да ме убеди дека сингл е подобро од во врска... иако зависи каква врска.
    Мене ме мачат парадокси и се инспирирам од претходниве мислења.
    Како тоа вистинскиот/ската другар/ка никогаш нема да те откачи заради дечко/девојка, а дозволено е да се лутиш кога вистинскиот дечко вистински те откачува заради вистинскиот другар и висе верса (важна забелешка: не и се обраќам на феминката што имаше напишано пост во врска со темава, ниту пак мислам дека спаѓа во групата на горенаведените, но сепак благодарам што ме инспирира). Да преформулирам, ако вистинскиот другар никогаш нема да те откачи заради партнерот, дали и вистинскиот дечко никогаш нема да те откачи заради другарот?

    И да, многу е интересно кога ќе притиснеш на испрати наместо на преглед, а притоа си љубител на долги постови и високо фреквентно премислување.
    Добро, ќе се случеше кога тогаш :D
     
    На Doozy, chocolate.chick и moonlight-girl.55 им се допаѓа ова.
  20. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Hi, I'm back. :hai:
    Поминав четири неверојатни дена во Грција. Ги наполнив батериите и сега сум пак назад во нашето банално гратче од кое ми се крева косата. Си велев ајде можеби дека четири дека не сум била овде сега нема да е толку досадно, но пак истата досада. |(
    Инаку Грција е феноменална. Прекрасно си поминав и секако пак ќе се вратам таму, затоа што таму е животот.

    Добра ноќ драги мои. :hug: :*
     
    На Libera, Divinebutterfly и Adi888 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.