[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [​IMG]

    Добро?! Така де.
     
  2. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    СДК дека нешто ми се деси со вратот. Дали превратив нешто или... Појма немам, само знам дека проклето боли кога се вртам на десно. Ама не, за инает само на десно сум завртена! Он мене ќе ме зеза... :devil:

    Друго СДК дека вечер нема да спиам. А што јас ви кажувам дека нема да спиам, па нормално дека нема, 6 ипол е. :fubar: Морам некој нормален ред да си ставам. Неможе да си легнувам во 5 а да ставам во 6-7 навечер. Па цел ден го преспивам бе, а и башка што јадам само еднаш во денот веќе 3 недели. Туку ај јас малце да си повежбам да мрднам малце вака рано наутро.
    Ајт здраво. :hai:
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Преплашена сум.
    Во неизвесност.
    Чекам промени на подобро и ме снаоѓа само малер.
    Сакам да ги затворам очиве.
    И да се разбудам само ако знам дека сите проблеми ќе ги снема ,се ќе биде како што беше и дека ова ќе ми биде најсреќното лето во животов.
    Ако не , нека ме земе ѓаволот со него и да се спасам и јас и сите што патат и плачат со мене.
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Човек да не знае дали да се смее или да плаче..можно ли е во нашиов град сите бикини со поголеми броеви да се продадени?Па колку парчиња добиваат, по еден од секој модел?Или можеби ниеден.И немојте да кажете има избор,има ама се некои црно бели,или некоја очајна комбинација на бои.Задолжително со брош меѓу гради.Е не сакам бре такви.Сакам боја,едноставни модели,без пуш-ап ефекти и остали сунѓери..И материјалите да не бидат како церада,да не можат со саати да се исушат и да стегаат,а такви не поднесувам,ми иде да ги фрлам и гола да си седам на плажа..

    Друго би сакала да знам колку се добива затвор ако се убие шалтерска службеничка.Ако не е голема да почнам од денес ,зашто вчера една навистина претера. :envy:

    Вчера најдов начин како да го привлечам вниманието на маж ми.Зашто никако да седнеме да направиме некој конструктивен разговор.И неколку пати се фаќам себе како дробам а тој клима со главата,ахам..да...отсутно,како не рекламата за Амстел пиво.Е тогаш ми пукна филмот и си почнав надоврзувајки се на претходниот муабет...и тогаш отидовме надвор од градот,и тој ми ги искина гаќичките..и баш беше страстен..и див....и си зборувам полека...а тој клима со главата а погледот залепен за телевизорот...и тогаш реклами и изгледа му допре некој збор до свеста..се заврте накај мене и :o .Е добро реков сега ме слушаш,можам да продолжам,кога мислиш да кречиме... :D Договорот за кречење е склучен :handshake:
     
    На Buttterfly, Springy, Miss-Independent и 9 други им се допаѓа ова.
  5. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Јас и меченцето далеку илјадници километри од дома.Место каде што никој ни не знае па ниту ние го знаеме.Време исполнето со смеа и бакнежи.Сонце,море,плажа и јас и тој.Ништо повеќе не е потребно за да биде нашата среќа комплетна.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    До толку ли возбуди ме акнале во глава та ниту една мисла надвор од домен бебешки ствари не може да ми се задржи в глава? Тешко мене,но што можам јас кога едно љубовче е појако од се. Немаме избор освен да му се покориме.
    Туку се нешто се прашувам, кога планираат многупостоечките индивидуи да излезат од својот калап на непотизам, други од страшно себељубие, а трети од неизлечливи комплекси на малограѓаншина? За жал колку и да сака да избега, човек постојано налетува на дотични од горе наведениов калибар. Јас сум си оперирана на време, кој не е, нека побра ако сака да спаси глава.

    И последно, Љубам, сите мои честитки. Сјаете со Мила. :l:
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    што се замислува овој Адријан Гаџа, македонскиот Пит бул да не е :^) :D
    колку и да вложувал во танчери, џабе дрво си е дрво-се гледа на последниов спот,исто ко традиционалните Албанци-само плеска со рацете без навреда за никој ама претходните спотови му се 100 пати подобри
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Па некако ми го утнале хороскопот денес, цело време ми се спие, тие фитнес ми спомнуваат, нема шанси.
    Некој спавачи вирус да не има бе, месец дена не можам да се расонам :lol:
    А ова за патувањево, дај Боже, и гледај негде преку океан :rofl:
     
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    А толку многу планови имав за денес ;( планирав да идам на базент пак со друштво ама ништо
    Сатанувам сабајле раката од лактото па нагоре отичена, ко бабура и црвена, леле шизнав кога се видов, уште тоа ми фалеше |( одам на лекар и таа ми вика, да го сецнема малку лактото да го изцистиме добро :o
    ја ко срипав од тој креветот
    Женоо нормална ли си ти :fubar: нема да дозволам сецнување, доста сум сецната јас не не фала :fubar: :fubar:
    Што се испокаравме се изпокаравме на крај се договоривме, да ми шибне две инекции и ми даде денес да пијам јогурт и двопек и викам зашто да пијам па само ме боли рамото
    м вика пиј и уживај :doh:

    Ајде се помирив и со тоа дека денес цееел ден ќе јадам јогурт и двопек.. а мајка ми ми направила гравче тавче :doh: :doh:

    Не е фер нели :!:
     
    На srcekrsacka и Anja98 им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.985
    In промаја we trust.

    E баш така утрово. После ужасно топлиот чифтеамамски простор, ладното пиво, кошаркарскиот дебакл, три четирите топки лажен сладолед, двете пива, грбов ми знае кој ветер го шибал. А не е на Славиша Кибровски, да се разбереме. Јуче је било дивно ал смарајуче топло бре брате. А и некако немав нерви да шетам многу. Ги разграбале епруветките со моја поезија, а јас искенкав дека воопшто и ги нема! Фро кидна сабајле за Љубљана, виртуелни гушки, чоколадни бакнежи и големи благодарности. И јас сум си улава сама по себе, нејсе. Си ја видов Сања, кафе ќе праиме некој ден, обавезно и одам на изложба, а и ми недостасува да ми раскажува за шетањата наоколу.
    Ќе одам за Маврово наредна недела, сами ние четири жеМки, да дишеме свој воздух, да си правиме пица и да цуцкаме пиво на рид додека ѕвезди паѓаат. Ни се може, а? Да. Женска енергија, дефинитивно ми треба. Љубовецот нека почека без мене некој ден. Му ветив базен и оваа недела, а си се зачудив колку кондиционо сум ок! Пливање 4 часа, со мали паузи е одлично бегство од нервоза, целулит, нерамнини и глупости. Ќе практикувам.

    Денов, е совршен за да си купам уште едни панталони. Крем боја, со мали џебови, дужина до колена. И чат пат некое микро задоволство. Да речеме обетки или чанта. Фала му на животов што ми дава можност да пишувам и да вадам од себе сешто, за да ми олесни.
    А и што има плата, и што покрај сите давачки по дома, тргнат некој денар за одмор, карта за концерт, сепак опстојувам. Малку себично, малку домаќински.
    Дур не родам дете.

    Убав вторник, скоро ко петок ми е!
     
    На la-chicka, srcekrsacka и anabel-a им се допаѓа ова.
  11. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Епа дојде судниот ден,долгоочекуван,почетокот на мојата диета :) Не сум којзнаеколку радосна што ќе неможам еден подолг период да јадам торнадо,патос,марети,албени или магнум дупло чоколадо,ама па се надевам дека ќе издржам до крај па уште по радосна ќе бидам кога ќе се покажат резултатите...
    Друго,потхитно морам да најдам нови балетанки,пошто два саати шетав вчера со стариве и стапалата ме искинаа... :worried: Петиците и табаните-лом! Мислам на штикли да одев немаше толку да ме болат :)
    И трето,во недела конечно на планина-Крушево златно Крушево :D
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.927
    Допаѓања:
    45.433
    Пол:
    Женски
    СДК мојата цимерка сабајле ми пиша од Америка, се преселиле во Флорида,Орландо и почнале со работа, веќе нема да ја мислам зошто знам дека сега е добро.
    Ми фали готвењето со неа, муабетите, цимерскиот живот...јас верувам дека сродни души немора да бидат само оние кои се во љубовна врска, јас ја најдов мојата пријателска сродна душа.
    Ми рече дека штом заработи некоја пара ќе оди во забавниот парк посветен на книгите и филмот Хари Потер, знае дека моја голема желба е да го посетам па ќе сликала се живо и диво за да ми ја пренесе магијата.
    Уф колку ме израдува уште вака рано сабајле.Ех да ми е жива и здрава.
     
    На Hipster, Sanniii, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк односно да прашам, ви погодува и вам хороскопот?
    Мене да. И дури се чудам како некој да ме познава со години и да ме опишува секој ден со по три реченици.

    И да, ми треба авантура, ми треба нешто што ќе ми го крене адреналинот.
    Некако затупавев. Ич не сум иновативна. Ниту креативна. Абе до јули ќе да е.
    Но барем имам оптимизам во себе.
    Баш сега правев муабет со цимерката, душа таа, скроз е разочарана дека ќе положи. Но јас ја бодрев и ќе ја бодрам додека не го стори тоа. И реков дај биди малку оптимис. Верувај во себе и ќе успееш. Не ти требаат врски.

    И дали конечно ќе завршам нешто што одамна сум почнала, прашање е сега.
    Но на се му доаѓа крајот.

    И така и мене ми треба барем мааалку среќа за утре. Да не ме убие тремата бидејќи прв пат полагам. Па се надевам дека ќе го скршам малерот. Морам да рамислувам оптимистички. Тоа ме води напред!

    Се утепав слушајќи ја. Многу ме потсеќа на ''Сексот и Градот''.
    Ајде имајте убав ден!
    http://www.youtube.com/watch?v=qHagigQRKqU
     
    На Lepaaa и anabel-a им се допаѓа ова.
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.237
    Допаѓања:
    12.705
    Пол:
    Женски
    Дузи, кога си во квалитетна и здрава врска можеш да го правиш сето тоа што си го сакал. Кога ми се излегува излегувам, кога му се излегува си излегува.
    Мене кога ми се спие, му се јавувам и му кажувам само јас спијам, не ме буди.
    Некогаш, кога знам дека на пример него би го направило среќен да одам да го гледам фудбал како игра, иако мене повеќе ми се останува дома, јас одам. Гледам колку е горд кога следам утакмица и мене тоа ме прави среќна.
    Некогаш, кога сум разочарана, му вртам, плачам и зборувам, се загрцнувам, а тој без проблем ме слуша и по половина час.
    Тоа е љубовта. Да бидете тука еден за друг, да се жртвувате еден за друг, да си помагате, а сепак да си оставате простор да водите живот како нормални, невенчани, млади луѓе.

    Муабетот ми е, кога ќе го најдеш човекот, се ова што го наброја ќе го имаш и плус безуловна љубов.
     
    На Monna.Monna, x.Daisy.x, Springy и 16 други им се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Големо уа за сите оние мрцлиња мамини и татини што мислат дека со факултетот можат да надминат се и сите околу себе.
    Големо уа за сите оние што имајќи ја во раце моќта да носат закони и правила, со истите посегаат по нашите права.
    Засрамете се, што пред се не гледате на другите како на луѓе, туку како на парчиња мебел со кои можете да управувате. Засрамете се и вие што дозволувате да ве поткупат со партиска книшка.

    Нејќу Грујо, нејќу претседатели, мандати, гласања, министри и премиери. Нејќу доктори кои ќе си поигруваат со мојот живот и животот на другите, што ќе кријат од што умрел дедо ми. Уа и за медицинските сестри и болничките персонали што со болните се однасаат ко стока. Уа за сите оговарачи, преговарачи, мрчатори и верници кои на патот до црквата ќе застанат со некоја тетка да ја оговараат таа што минува покрај нив, ќе шутнат шугаво кутренце и после ќе отидат да се молат на Господ да им ги прости гревовите, да им ги чува ближните, да ги штити од зло.

    Аман од спорови со имиња, кој како се викал, на кој кое парче земја припаѓало, да ви се накашла планетава Земја со јадрото и газето да ви го изгори оти вие сте нашле, луѓе шашави, да и ставате граници, да правите од нејзе држави, да и ги крстувате морињата и океаните!

    Би сакала да разберевме дека оваа планета не е наша ако живееме тука, дека Универзумот не ни припаѓа нам, туку ние него. Би сакала да видевме дека оваа округла огромна топка на која процесно кружиме е толку неограничена и бескрајна и секое нејзино ќоше е нејзин дом. Би сакала да се забележеше дека таа пуста религија, тие пусти адети глупи измислени толку многу не делат.
    Дека љубовта не е само чувство на хармонија кое се случува и од никаде трае, и дека се она што меѓу нас луѓето се случува, всушност извира од нас, а не од никаде.

    Да имавме малце повеќе разбирање кон едно прасе чие месо му го печеме.
    Да имавме малце повеќе толеранција кон разликите со кои се соочуваме ќе сфатевме дека всушност не постојат.

    Да бевме толку слободни и да погледневме во себе, да видевме колку сме бескрајни, дека времето не постои, туку сме го измислиле за да мериме животи, дека ниту часовниците не го мерат, туку само бескрајно кружат и не лажат дека утре ќе биде подобро од денес само затоа што се му оддаваме на ќе.

    Излезете, погледнете што се случува околу вас, среќни ли сте?
     
    На Monna.Monna, Domino, Johny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    СДК.
    Колку сакам да избегам од државата и јас не сум свесна. Барем во Хрватска да отидам, ако не друго.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.996
    Пол:
    Женски
    Синоќа за малку не попуштив... не потклекнав, а за влакно фалеше буквално да треснам на земја и да земам да се исплачам. А не сум плачела одамна, не знам веќе од кога. Немав ни причина да плачам... ама синоќа не знам од каде ми дојде да дигнам раце од сè... мислев дека можам да се справам со секој проблем, секоја потешкотија и вака сама. Ама изгледа не сум до толку силна.
    Синоќа малиот плачеше, плачев и јас, затоа што не знаев што му е. Направив сè што можев, сè што е во моја моќ, мои граници... и пак плачеше, а јас пак не знаев што може да биде. Првпат ми се случува ова, не сметајќи ги деновите веднаш после породувањето.
    Кога заспа, конечно, јас не спиев. Се плашев да заспијам, буквално, како, не дај Боже, да ќе се случи нешто лошо. Ама толку мирно спиеше, како да не било ништо. А јас уште не можев да заспијам. А сега, иако сум ненаспана, се чувствувам далеку подобро од вчера. Се надевам дека вакви кризи нема да ме дрмаат повеќе. Не сакам!!!
     
    На bittersweet, Magnolija, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    ...... се трачари цело време :)
    До момент кога не си мажена трачариш за дечковцки, тераш мода, журки,пијанства и сл. После тоа следува фаза кога си опседнат со бебушот и ја тупиш со моменти кога мочкало, кога какало, кога јадело и до некаде разменуваш некои искуства. Потоа следува бура пред затишје. Засегнат со проблеми со децата (факултет, свадби, внуци...) па немаш ни време за кафе со пријателки.
    И на крајот следува златното доба :lol: кога си веќе остарен, можеби и во пензија и немаш што да правиш освен да трачариш кај стигнеш и пиеш кафиња по комшивки затоа што меѓувреме пријателките избегале и овие ти останале :) а демек под дифолт се грижиш за внуците :wasntme:
    Реткост е да се направи добар муабет, да ја тупиш за опустот на Дали или раздлабаш како си го доживеал Кодот на Да Винчи или културата на старите римјани. Ма даај (недам ;) ) некои остануваат вакви :?: некои |( а некои :swear:
    :!: подобро направи муабет со еден паметен отколку со 100 ,,будали,,
     
    На cinderella5, Hopeful, Magnolija и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Јас, сум многу храбро чупе!
    Бев на забар.. 8)
    После 11 месеци верувале или не, мајка ми какви се не филмови ми исповрте ме истрауматизира- сега кога ќе ти најде пет заба за поправање ќе ми цимолиш, јас незнам каква е оваа неодговорност..
    Жено, диши малку!
    Ама која битка сум водела со телефонот. Не сакаше да закажам! Жими се ви кажувам. Јас ќе го земам, тој оп паѓа на кревет. Јас ќе го напишам бројот тој оп на црвеното слушалче спушта. Без осет.
    И си идам јас денес во дванаесет ипол, со хорор сценариа предизвикани од мајка ми. Замислувам како таму седнувам па со тие алатките ми чепка во уста летаат крвишта. Си седнувам на столот и се осечам као да ќе полетам на месечината. Таква ми е столицата, од мала за тоа си маштам :rofl:
    Се сврте мужево да опне тоа ракавиците, леле кога фатив да се тресам, сијалицата над мене шантра, од послужавничето испопаѓаа пола алатчиња, тие што се со цефки виснаа надоле... Се врти заболекаров мој исплашен и ми вика- Леле, мм земјотрес, станувај ќе ти падне нешто над глава.. Ама оно видно потресен. Си станав јас, си намести се мужево. И смеејќи си седнав. Па коа почна да им се диви на бисериве мои правилно наредени, уште од пилиштар кога одам кај него екстра им се посветува и им се диви. Ширам устава, и почнува да си држи монолог нешто и си викам готово, ми дојде крајот. Кога почна- овој заб е супер, до него добар, добар, добар.. Сите ги помина и ајде последниот и имав некое чувство дека на тој ќе му биде нешто ама тој пустиот да имал едно минијатурно црно точкиче. Го стругна и си отидов среќна. После цела година сите заби здрави еј! :rock:

    И ми кажа на секои три месеци да одам на контрола и да знаете дека ќе одам!
    Нели првенствено заради забчињава и се тоа, ама и за да не слушам хорори од мајчичката моја. :sweat:
    Ај со здравје отидов да вртам на орбитрек и да си глеам friends.
    Хев а вери најс уик. :talk:
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк дека некни кога бев на свадба на валцер играа 80 и нешто години баба и дедо-ох колку изгледаа срекни и сеуште вљубени еден во друг. Неопислива сцена на љубов,хармонија,бесценето чувство кое што не се опишува со зборови. Во тој момент нешто ми светна во мозочето и разбрав дека единствено што сакам од животот е тоа.Заедно со мојот љубен да остариме и да сме заедно додека не доживееме длабока старост.Колку ми е убаво кога ќе видам некој постар пар во години кои што се шетаат фатени за рака и сеуште живеат како млад заљубен пар.Тие си останале вечно малади во душата и тоа е волшебно нешто кое што е незаменливо со ништо друго. Јас го сакам само тоа,немам никакви други желби од животот,само цел живот да сме вљубени и на 77 години да се чувствуваме како што ни било на 27.Сепак на крајот само љубовта останува единствен патоказ низ животот. :inlove:
     
    На Serafima и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.