[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Прашање е сега! :!:
    Дали да учам, пошто утре полагам или да одам да си купам се' што ми треба за на одмор, пошто задутре тргнувам? :rofl: 8)
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    СДК добро бе што им се дешават на девојчињава? o.O
    Секое второ девојче што ќе го сретнам по улица,е кратко шишано машка фризура. :^)
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    лелеее зарем некои не можат да сватат и да си стојат на збор..... :devil: цццццц не можам да ги разберам
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Го знаете она чувство кога се враќате дома после некој период изолација и се` ви изгледа некако смешно? Добро, не знам дали смешно е правиот збор, ама свесни сте дека сте над се` што ве опкружува и не ви е гајле за ништо.
    Епа го имам тоа чувство.
    Мислам дека секогаш и сум го имала и сум си правела тоа што си сакам без да ми е гајле што комшивката Мирјана или кое било рандом име е загрижена за мојата иднина и смета дека веќе ми врват годинките и треба веќе да се заозбилам :^) , само не сум била толку свесна за поговорката или цитат, што и да беше, која велеше дека пред да почнеш да се чувствуваш мизерно, ништожно и да мислиш дека си бескорисен и не вредиш- провери дали е до средината и луѓето што те опкружуваат.
    А кај нас во нашата мила државичка тоа е ептен изразено. Да, горди сме што сме Македонци, ама баш од некои такви Македонци ми се иде некогаш да влезам во некоја кутија и да не излезам од срам, посебно кога не “претставуваат“ во странство.

    Но таму ги игнорираш нивните генијални изуми (читај очајнички манири) за заштеда на некое ситно евро, едноставно ја вртиш главата на другата страна, се насмевнуваш, гледаш кон хоризонтот и смирен си затоа што си нашол твое парче рај, или подобро да го наречам мир- место каде што уживаш без некој да води евиденција за твојот живот.
    Место каде што гледаш дека луѓето и на осумдесет години активно живеат, а не седат на некоја порта и се радуваат да му умре козата на комшијата, а не се свесни дека нивната одамна умрела.
    Или свесни се, само сакаат така да заборават на нивниот очај.

    Како и да е, јас ги наполнив батериите, и мислам дека ќе ми траат така подолго, таман да останам имуна на стресувањето на комшивката вчера, која не ме очекуваше во такво исончано издание.
    Како пропуштила да види дека не сум дома, се прашувам? :D

    И каде е смајлито што мафта со рачето во геј стил и вика ма дааај?
    Е такво ми треба.

    Феминки ова надвор од муабетот, не знам какви сте сите во релноста, можеби и би ме нервирале и би ве хејтала :$ :D бидејќи не би знаела какви интереси се кријат во вас, ама вака на форумот дел од вас сте ми многу мили, и после многу случки јас сепак се навраќам со надеж дека ќе прочитам нешто асално во било која област.
    И мислев дека после толку денови неактивност, кога ќе го отворам форумот ќе видам нов изглед, ама уште ништо- Билке :devil: :*

    Го испратив јуни, сега некако со насмевка гледам во јули, има некоја посебна убавина во овој месец кој е едно убаво интро за месецот во кој се случуваат најубавите работи, барем за мене, август.
    (знам дека деновите се пишуваа со мала буква, тоа го открив тука, е сега сум во дилема како се месеците- се збунувам од англискиот :wasntme: )

    Како и да е, гледам ќе биде ова еден долг пост, сакам да ве поздравам и да ви кажам да бидете убави, не мора толку сериозно да ја сфаќате темата морална поддрж(ш)ка за сите што сакаат да ослабат, во лето и онака се слабее и најважното што секој ден го сфаќам се` повеќе и цврсто сум решена да се држам за него- не дозволувајте да правите нешто што не сакате само поради тоа што околината смета дека тоа е правилно или дека е логичен чекор на нештата.
    Ако вие мислите дека не е, тогаш не е и .
    Најлошо е после години да се претвориме и ние во нашите очајни комшивки-портарки.
    Нема да го дозволиме тоа, нели?
    Да си останеме свои и да го претвориме ова лето во наше најдобро, да креираме спомени што ќе траат долго, долго ...

    Eлате да си уживаме :) :*
    [​IMG]
     
    На Bright, bittersweet, Miss-Independent и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Вошки можеби :^) :D

    СДК дека немам воопшто инспирација деновиве, ова ПМС-ос сеуште трае, нешто повеќе од продолжен викенд си тера и ме растура тотално. Аман више!
    Апетит отворен ко на трудна жена, Црногорска мрза, ефикасност никаква, мозок веќе на одмор и грижа за себе сведена на нула. Ми е срам да пишам во темата за морална поддршка дека ни малку не се држам според планот. Резил жив сум.
     
    На faye, De-lovely и mims-89 им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке напишам нешто поврзано со љубовта како статус на ф.б. тие што ме познаваат лично од пријателите лајк, лајк, лајк, а нешто обично, абе кој те перцепира
    колку љубовта им влијае на лугето-нешто не објасниво
    не дека сум јас имуна на таа емоција, ама понекогаш кога ке почнат хормоните во глава да ми удираат, па така малку зачинето со солзи-ми оди на нерви :devil: а ете колку повеке трчам по неа, толку не можам да ја стигнам, се некои погрешни ми застануваат на патот :envy: и кога ке запознаам/допишувам со некој мисли леле колку е ладна, па како нема да бидам ДОСТА ми е од кретени
    не знам дали ви се верува, ама на моменти сакам :l: да си го откорнам од градиве, да не може да чука и да прави проблеми, и да не ги буди ;(
     
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ми се јадее :doh:
    неможам да продолжам со јогуртот и двопекот
    сакам гравче, салата од патлиџани и сирење :doh:

    Толку па со какви луѓе живеам јадат пред мене и око не им трепнува, ми тупија у послужавник јогурт и двопек и јади Еленушке
    ај одите јадете да ве видам :devil: :devil:
     
  8. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
  9. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Неможам да те гледам кога носиш црно тесно блузиче! аааааааааааааааа колку си згоден!
    Ти реков дека од мене љубоморни сцени не добиваш,така? Знаеш мило, не ме боли што те делам затоа што не си мој,само гледај да не заборавиш да ме споменеш пред малечката Гледам дека има нешто во тебе што ме става пред сите нив,незнам што е тоа,но ми се допаѓа и нема да се лажам дека ти значам, ако се покаже тоа како вистина ќе бидам среќна, ако не ништо. Не, ова не е љубов, незнам што е, но чувството е незаменливо

    леле дај поштеди ме од вакви моментални коментари...не е фер кон тебе :tmi:
     
  10. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Ми треба да се исплачам, да си олеснам ама не можам. Немам сила да плачам, а и кога би имала не знам дали би ми олеснило. Овие денови што радосно ги очекувавме, посакувам или никогаш да не се случеа или да добиеа поинаков тек, па да можеа некои работи да се прескокнат и се’ да продолжи по старо, мирно, опуштено, безгрижно.
    Колку малку е само потребно нештата целосно да се сменат и среќата да премине во тага. Колку само малку е потребно за да ти се скрши срцето кога гледаш солзи во детски очи, силна болка и грч кои кутрото дете не ги искажува и истите храбро ги потиснува во себе. Колкава храброст се крие во детето што сето тоа го занемарува и цврсто го поднесува.
    Само се’ да излезе на добро, само да е се’ во ред на крајот. Те молам Господе дај му здравје на моето пријателче, нека биде се’ во ред, нека оздрави, те молам!
     
    На Bright, ViktorijaMari и Serafima им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Не можам да ви опишам колку ми значат овие, на прсти од една рака што се бројат, искрени другарки што ги имам. Абе погодни за сва времена, за секој муабет. Ќе ти сменат расположение за 3 секунди.

    Сношти урлавме, се лигавевме на кошаркариве, цмиздревме, менувавме канал од нервоза, сето можно пиво го испивме, и по натпреварот така загреани фативме да маваме животни филозофии.

    Секоја си кажа по нешто. Не дека не сме знаеле една за друга, но ете, полесно е кога убаво се’ ќе споделиш. Никоја не е сјајна ко што можеби изгледа. Секоја од нас си носи белези.
    И тогаш, за да не станеме самосожалувачки саможивници, свртевме на муабет за девојче кое е оставено само на себе, без родители, без никаква поддршка, едвај со кров над глава. Работи од своја 10та година еј! Па нам ни било тешко, аха, на мајки ни газовите.
    Кога ние сме си играле со куклички и сме цмиздреле оти немаме нови, таа собирала овошки по туѓи ниви за да си купи парче леб. За да се издржува самата. Душа бре, душа.
    Срам да им е на тие „родители.“ Живи, здрави и богати се. Срам да им е!!!
    А тоа девојче го немам видено ненасмеано. Целото е весело и откачено. Кој би рекол дека таков товар носи? Вистина има во она дека најтажните се смеат највесело и имаат најпозитивен пристап кон се’.
    Животот ги научил да наоѓаат среќа и во најмалите нешта. Ако, најдоброто ќе ги снајде еден ден.
    И муабетот кој го кажала на другарка ми: „Се’ би дала барем еден ден да видам како ви е вам.“
    Другаркава душа ја боли и очите и’ солзат кога ќе ги спомне зборовите.
    Ме заболеа и мене дури. И јас ми се чини дека се’ би дала само да и’ го овозможам тој еден ден.
    Не ја ни познавам доволно добро, но би го направила тоа без размислување. Заслужува.
    Срам да ни е и нам што кукаме за непотребни срања! Дечишта лигави.

    И после муабетот настана еден момент на штама каде сите се погледнавме меѓусебно.
    Збунети погледи пропратени со измешани емоции.
    Тогаш сфатив колку ми значат. Дека навистина се фамилијата која сама си ја бираме.
    Се нервираме бе некогаш. Неретко сум мрчела колку ми скокале по нерви, но што без нив?
    Комотно се чувствувам да ги споделам најсмешните, најтажните, најбизарните, најсрамните и најинтимните муабети со нив. Си се расправаме една со друга, си плескаме секакви глупости во фаца, па за дел од секунда не’ видиш пак гушнати ко ништо да не било.
    Е тоа е за мене другарство. Ебати „цуци најдобра си ми“ од 100 души кои зад грб ќе те плукнат.

    И во знак на тоа другарство, сношти она мое западњачко мутенце пак ме изненади со подарок.
    Едното ланче за мене, другото за неа. Ќе го носам и чувам ко очите во глава.
    Знам оти ви е тешко да се помирите со фактот дека поквалитетна резолуција немате видено.
    Ќе и’ вратам двојно за се’. Ветувам.

    Ви посакувам на сите вакви другарки. Премалку се, но секогаш оди квалитетот пред квантитетот.
    За искрените и квалитетни другарства! :d:
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry, Buttterfly, Monroe и 24 други им се допаѓа ова.
  12. portokalova

    portokalova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32
    ,, Колку побрзо се навикнеш, соочиш и помириш со ужасниов, сивиов и неправеден свет, толку подобро за тебе! Само ако бидеш упорна и цврста ќе успееш, инаку... ништо од тебе. Ќе завршиш како никој и цел живот ќе се каеш и ќе си викаш -Зошто се предадов така лесно??!!
    Не кукај. Не се жали. Ништо не е фер и нема да биде. Уште посериозни и полоши работи ќе ти се случуваат. Работи што ќе те уништат. Ама мораш да бидеш јака. Тоа е животот. Само треба да научиш да уживаш и во лошите моменти, да извлечеш нешто добро.... Да продолжиш понатаму и да се бориш, ништо друго. Ако плачеш и кукаш и се жалиш, животот во тоа ќе ти помине. Немој така! Нема да ти викам ќе помине и се ќе биде добро, кога нема. Неможе така, сама ако не направиш да ти биде добро нема никој, а најмалку судбината и времето. Сама ќе направиш се! ''

    Вака изгледаше советот од мама, одприлика.... Не со целосно точни зборови, нешто слично.
    Како што мајка може да ти даде совет и да те турне напред, не може никој. Какво богатство имам понекогаш не сум свесна. Ја сакам најмногу и фала и за се. Што ме носела 9 месеци, што ме донела на свет, што ме исчувала, воспитала, однела на прав пат и ми покажала што значи животот. Поминала многу работи, не е совршена и направила многу грешки. Без оглед на се, за мене е НАЈДОБРАТА МАЈКА НА СВЕТОТ!

    ...после разговорот ме гушна и ми кажа една реченица што посебно ми го наполни срцето:
    - Мамино девојче, јас сум многу горда на тебе! :inlove:

    Јас сум уште повеќе горда на неа! ТЕ САКАМ МАМО!!! :*
     
    На hermosa, srcekrsacka и Libera им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски

    Знаеш зошто се стрижат така, викаат дека зад долгата коса се криеле несовршеностите, е сега на пола главите им се како дињи и јајциња така да јас си ја обожавам косата и не викаат залудно дека е најголем украс на жената.

    Инаку СДК дека денес цел ме боли грбот... како стара личност се осеќам, за малце преѓе што не почнав да плачам. Уште утре да си го извадам тоа патнично здравствено осигурување и во сабота конечно да си заминам на одмор. Ми се плива, ми се сунча мх мх... ајде побрзо сабота нека дојди... Ааа ќе заборавев да кажам дека сакам да запознаам некое дете таму, да ми биде како летна љубов ( ама треснав сега ама ај нема врска). Се прашувам како е да се бакнеш под вода? Некако многу неостварливо ми изгледа мене, ќе се удавиш на сред море пред да си размениш плунка :?: изгледа толку романтично, ама вака кога ќе подразмислиш не е. Овај филмот го изначекав да се дополни, ајде нека побрза |(
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.763
    Допаѓања:
    162.834
    Некад трпението било решение за сите проблемчичи.
    Ево мене,нозе на маса, шопинг успону,кавица,мавица. Драги луѓенца. Не можам бре да опишам која љубов ја чувствувам за нив. Ми оди да си ги фатам и да си ги гмечкам ол деј лонг! Сквиииииииииииииииз!
    Живот ми прија. Јули увек бил мој месец. Пеколен,ал добар!
    Па-па јуни!
    Некои жененциња фино ќе биде да си ја разберат лекцијата дека ... не можат да бидат ниту кукли, ниту жени, ниту луѓе. Нешто слично е и со мажите,ама ... пристрастност. Мажи без култура и скрупули, не ги сматрам за мажи,ами робови,што знам,ниска форма на живот,не ги перцепирам. Мажи со култура и скрупули,но бубачки, можам да ги разберам и да се најдам во муабет.А жени нема категории,или се добри или се одвратни чии генерален интерес е лепо се проведи,намазај се,наконти се,импресионирај грст сељачана, Нит ми импонираат,нит ме импресионираат, лудо ме смеат до степен на жал потоа. Ако е ова најдоброто од нив, можам да замислам некои прекрасни луѓе во мојов живот кои не се трудат премногу,а се проклето прекрасни, доколку би се труделе какви би биле! Волшебни!
    Aма како да им објасниш дека некои видови на луѓе се поласкани од присуство на луѓе со духовни квалитети,плус природна убавина со спонтаност и безгрижност?! Како?!
    Она мрази,ама убедена е дека ти мразиш. Не те мразам,како да ти објаснам, чувствувам некое бљуткаво чувство на жал и сеедност. Ме повредува бре што мислиш дека можеш да ми предизвикаш завидливост. Знаеш на што завидувам?! Често на глупи луѓе,уствари,ете во тој случај може да ти завидувам... исклучок. Завидувам на природата. Завидувам на безгрижност, не на конкретни луѓе, сакам сите да ја имаат,ама во онаа форма,сакам и јас,сакам и за сите,зошто би биле подобри луѓе. Ама во државичево,немит. За безгрижност треба слобода,а ние ја немаме.
    Лајф ис гуд!
    Д бич из бек,шо би рекла една паметна мома у мојов живот! Да ми каснете од газево!
    Коктели и секс за сите!
    И вторник знаел да биде добар ден! ДОБАР ДЕН!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Абе ајде со косите кратки жити се,се' шишаат и послее ја сакам косата назааад..Леле грдаа сум! Па се знае женско со долга коса го бидува,а не ко машко,кратка фризура.

    Инаку СДК
    [​IMG]
    :rock:
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Кој вика дека само глупавоста е неограничена? :^) Дури и таа е ограничена кога е во прашање човековата злоба, верувајте! Љубмора, завидливост, огорченост. Никогаш не верував дека мене може да ми се случат такви работи и дека некој би се замарал со мене и мојот живот, кој и не е во ништо подобар од животчињата на останатите. Којзнае можеби мојата амбициозност, снаодливост, позитивност е тоа што им пречи па сакаат да ме претворат во огорчена девојка која ќе падне на нивното ниво да измислува работи, упатува закани и јаде бубрези, оцрнува некого каде што ќе стигне??? :^)
    Неуспешен план на некого да стави дамка на мене, успешен план да допре до мене за да размислам со кого јас тоа сеуште негувам контакти. Благодарам за услугата души :hai:
     
    На Monna.Monna, Monroe, chocolate.chick и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    И јас ја обожавам мојава долга црна коса :emo: а особено кога ќе ја дувне ветренце ^_^ и ја разлета на сите страни :D ^_^

    СДК мразам кога некој ги дели луѓето на непаметни, полупаметни, паметни |( :@ и уште ред други поделби.Да се разбереме, не го кажувам ова субјективно, туку објективно.
     
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Во компјутер имам симнато еден куп филмови. Дали по пофалби од тука, или препорака од пријатели филмомани, или барам по нет со високи рејтинзи...се' со надеж дека ќе успеам да го доловам задоволството што некогаш го чувствував кога гледав филм...Ќе почнам да ги гледам и за 10, 15, 20 мин. ги исклучувам, а се работи за тукуречи култни филмови, или го гледам до крај, заклучувам дека е добар, но пак е некако со сила...Треба да се помирам дека јас во филмови веќе не знам да уживам, па да престанам барем да трошам интернет...
     
    На lolyta777, Doozy и Magnolija им се допаѓа ова.
  19. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    СДК немам социјални вештини.
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ме обзема страв кога со своја најдрага личност со кој си почнал да го делиш животот и многу работи и зборуваш за тема смрт, и свесен си дека може да го снема во секој момент, а си безпомошен да помогнеш, оти знаеш дека едноставно е така. Кога се ближи тој момент ги сфаќаш вредностите на животот, и она се' што можев да сторам, а не сторив зошто едноставно немало кој да ти го покаже патот, и си направил тон грешки.

    Животов дава лекции, ама некогаш се пресурови. Јас сум уморна да ги гледам пред мене, на мои драги, на самата себе. Знам дека се што ми останува да се борам за многу работи, и за оние цели кои си ги поставуваш за да во иднина имаш некој си барем малку мирен и достоен живот. Не ми е јасно она понекогаш сите имаме мисија на планетава. Која е? Убаво пиша Менди Лејн животов е сплет на околности кои знаат да те преморат!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.