[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    СДК многу сум исфрустирана, искомплексирана, напорна и асоцијална. :?:

    Е ај па да не бидам :D Кој последен се смее најслатко се смее :)
     
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека.....само што си дојдов од надвор од пред зграда де.И си се вратив паа можеби едно 10тина години наназад.Да видите колку само убав поглед беше,имаше девојчиња кај што си играат шарка.Уживав додека ги гледав.Мераци :inlove: Видов дека имало и такви дечиња што не стојат на компијутер по цел ден,туку има надвор што играат игри,како што играв јас во мое време. И јас поиграв девојки,неможев да им одолеам бе.Неможев! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  3. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    СДК ако некој не ме почитува мене и моите ставови, не го почитувам ни јас него, без разлика дали станува збор за постара особа. Така ме научило искуството.
    Моите ставови се цврсти дури и ако изгледаат провокативно и агресивно :) Правам онака како што мислам дека е најдобро!
     
  4. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум во право и нема да попуштам Можам да поднесам мене да не ме испочитуваат НО ако дотичниот не дојде на роденденот на моето детенце па и јас нема да му одам на именден и за мене тој е завршена приказна КРАЈ.
     
  5. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Напнаа веќе со Chuck & Blair. Стари се веќе, досадни сте па !
    Се научив за нив што можеше да се научи. На децава не е да им кажеш нешто ..
    Сега ако излезе нова серија, по неа ќе збеснат ! :devil:
     
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сакам само на еден ден да се вратам во времето на нашите мајки, татковци кога не биле заразени со технологијава. Кога немале телефони, телевизори, компјутери... и што уште не!! :!:
     
    На Anna-Banana, smiley-94 и Witchy-style им се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.660
    Допаѓања:
    17.474
    ^ Абе ние си коментираме како нас ни е ќеф, ок? Ако си ставила слика, треба да очекуваш и неативни и позитивни критики, на некој можда му пречат штиклите, а ако тебе ти сметаат такви коментари, слободно не ставај слики.
     
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    ПМС , ах Пмс. ПесМа ми се иде да му напишм толку што ми влијае. |(

    Цел ден во една летаргична состојба, не дај Боже некој да ме задевне па да види. Брат ми живца ме вика, од живци еднина живца, ете тоа сум била. Кутро дете, одма ме сеќава, даде ПМС а? И оди пакува куфери и да го нема. Море какви куфери ко стаорци од брод што тоне бегаат сите од куќава.

    ПА не сум толку страшна бе..... аха :?:

    Посакувам да ги преспијам овие 6 дена, добро и за мене и за нив... :angel:

    СДК2 Јас се заљубив :inlove: Убаво е.... :) Се чувствувам како Америка да ја открив. :D Не би тупела со пеперутките во стомак туку со смиреноста. Ми предизвикува смиреност. Го сакам.
     
    На teletabis4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека многу ми е мерачко летово зошто цело време се дружам и запознавам нови луѓе. Ептен мерак ми се напраи деновиве. ^_^
     
  10. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    ми здосади ова време и место исполнето со исти луѓе без желба и без позитивни мисли,лути зборови и замрзнати фаци :?: дај малце уживајте во животот прекрасен е,само што не сакате да ги видите неговите убавини зошто така сте навикнале ! :!:
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Два дена порано добивам и знам дека денот е осуден на пропаст.
    Пропадна фината идеја за pancake breakfast, џабе и залихата на шлаг што не беше наменета за палачинките... У пи*ку матер! Наместо секси тајм, завршив вриштејќи како кретен во рацете на сестра ми, со размачкан римел и триста прашалници над глава.
    Знам јас дека сум тешка, ама уште потешко е да се справиш со тежок карактер во тешки, и жешки денови како овој. Почнав да размилувам како би било сама да одам на одмор.
    Ќе полудам кај и да е.
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Туку сте ја заклучиле бан темата! Ај молим лепо еден бан за Телетабис4е! Мислам доста е бре од исфурстирани его фаци кои ставаат капаче на се. Девојко/ момче ма што и да си, од такви ко тебе та преку попреку, дај иди излечи си ги фрустрациите во реален свет, одколку овде на форум, не ти ја сфаќам поентата на ниедно мислење. Ко што рече некому ... иди лечи се.. па мислам дека ти е време за терапија. Така да модератори дејствувајте, не мислам дека има потреба од труење на форумов со вакви јаки фаци!
     
    На pamelche и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Денес ги добив најубавите поклони досега за роденден, прекрасно фустанче и цветен корсет од него, и што ми е најмерак сама си ги одбрав со мерак и така и ќе си ги носам со оглед на тоа што не сакам да ми купат нешто без да знам и после да морам да го носам или да ми стои само туку така, уште од утре фустанчето за со гостите дома и другарките коа ќе дојдат, а корсетот ќе го искомбинирам за искачањето утревечер ^_^ Лелееееееее за некој час и ро-ден-ден!
     
    На MacaLove и cinderella5 им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    25.762
    Пол:
    Женски
    И, дефинитивно и поофицијално него претходниот пат. Си ги собрав оценките комплет, го наполнив индексот, и летото навистина може да започне.
    Не дека имам преголеми очекувања за истото, но слободата ми е најбитна.
    Кога ќе размислам,немав ниту една слободна недела од септември,па се до сега. Скроз сум истрошена,ко празна батерија,зовриена,ух, има да се изнаспијам. Пред све остало.

    http://www.youtube.com/watch?v=PI7vG_22OHM

    За плус позитивна енергија.

    :f:
     
    На manja666 и L-enna им се допаѓа ова.
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Се сменив ..
    Конечно, по толку многу напори и трудови, ја исфрлив негативноста од себе.
    Конечно се фокусирав на добрите работи во животот и на луѓето кои ги сакам и кои ме сакаат.

    Колку само се трудев да го извадам лошото од мене, да ја извадам иронијата, омразата, стравот, негативноста. Колку само проблеми ми зададоа овие особини, кои беа здружени со нетрпеливоста. На училиште секој ден одев смрштена, чиниш попарена, намуртена, не внимавав, ако ми преречеш - се карав, ако ми одвратиш - се карав, ако ми додеваш - се карав. Се карав со професорите, потоа се каев, но неможеше да се врати времето.

    А сега, сега многу си се допаѓам како човек.
    Сега сум смирена, по трпелива (работам на трпеливоста), по одговорна, позитивна личност која умее да сака а и е сакана. Се научив да гледам позитивно и на лошите работи и да ги донесам во моја корист, се научив да не ја користам иронијата, само во одредени ситуации. Се научив да кажувам те сакам без страв и трепет во душата, а вредноста на благодарам и те молам ја научив уште одамна, и ја практикувам. Се научив да ги сакам луѓето, иако тие не ме сакаат мене, да ги почитувам иако не ме почитуваат мене, да не ги осудувам и оценувам според една постапка.
    Се се учи со времето или како беше, човек учи додека е жив.

    [​IMG]
     
    На manja666, Serafima и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Лекарска заклетва.
    Абе Господ грев ќе ви пиши.
     
  17. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Пред неколку дена, во една сосема друга ситуација, плачев и велев дека мразам летово.
    Ама таква сум, брзо ги заборавам лошите времиња и убаво ми е што сум таква, што не ја чувам горчината во душа.
    Ете денес ми беше преубав денот. Ранобудник сум и си ја сакам таа особина. Ги сакам летните утра. Го сакам она портокалово чувство што ми се јавува кога станам, а мајками веќе ги има отворено сите врати и прозорци да влезе свеж воздух.
    Убаво ми е кога седнам да доручкувам, ги слушам врпаците однадвор како си црцорат а јас јадам сирење и патлиџан.
    Убаво ми е и кога гледам Журнал или Народни приказни па слушам и научам нешто ново.
    Убаво ми е кога ги полевам цвеќињата на тараса, додека уште не ги фатило сонцето.
    Убаво ми е кога работам нешто низ дома и ги слушам комшиските деца како се довикуваат, како ми ечи маалово од нив.
    Убаво ми е и кога седнам на тарасата и ја гледам градината, го следам растењето на цвеќињата. Секое утро нов цвет.
    Убаво ми е кога ќе ни дојде комшиката на утринско кафе па ги оставам со мајками насамо да си помуабетат..
    Убаво ми е како утрински си го планирам денот.
    Се ми е убаво бе, ги сакам овие летни безгрижни утра. :sun:
    Го сакам и утринскиот појадок, обавезно проследен со салата од патлиџан. Ја сакам онаа свежина на куќата, мирисот на варено млеко или супа како ми си шири и ме мами да станам.
    Се распишав ама пак неможам да го објаснам она портокалово чуство што ме владее деновиве.

    Па што да ви кажам, станувајте порано и осетете ги и вие тие убави, свежи, летни утра.
    Осетете ја и вие таа необјаслива портокалова боја. :)
     
    На dunika, Serafima, Veronika90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Куферите се спремни! ^_^
     
    На Adi888, Lov3, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  19. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    ништо. што и да кажам последниве неколку дена ќе згрешам |(
     
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Готово. Последниот телефонски повик, последна порака, последен обид за било каков прв пристап и понуда за помош од моја страна.
    Од сега па натаму, јас сум недостапна.
    Ќе им помагам само на непознатите луѓе кои ги гледам прв пат во животот и кои се надевам ќе ги видам за последен. Така нечиј ден ќе биде поубав, мојата помош барем ќе биде ценета од некого, мене ќе ми биде двојно разубавен денот и двојно помирна душата и мо-же-би некому ќе му се врати вербата во човештвото у стилу 9гег.
    Колку покварени суштества постојат, убаво ми велеа ќе дојдеш на факултет и се ќе видиш...или како што вели готвачот во Саут Парк - Кids, there is time and a place for everything. It is called college. Не ни очекував дека може да биде употребено во негативна конотација.
    Какви ниски суштества се некои луѓе значи, вистински паразити.
    Една порака на телефон е 5 денари, еден повик е најмногу 15, ама гестот не се цени. Штета што некои поседуваат ефтини души па немаат ни за еден добар гест.
     
    На Annath, Springy, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.