1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    81.697
    Јака работа бе,ова ли заслужува вакво внимание и место во вестите...не 102,5%,ами 109,5%.... :@
    До кога бре со овие глупости???
     
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    А јас 100m до нервен слом.
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Со секое патување јас учам нешто. Учам би рекла, многу. Барем такво чуство имам.

    Ама едно учам најмногу - да разговарам со секакви луѓе. Толеранција или (не)толеранција во пракса. Не знам дали некогаш сум успеала од досада да прочитам книга, или да издржам со слушалките подолго отколку саат време. И што би рекол другар ми - изгледа имам некоја факинг аура околу себе, ама привлекувам секакви будали. Будаливе требаше у наводници, затоа што стварно среќавам еден куп интересни луѓе и сега за сега (пу пу) не ми се случило да морам да бегам пред некој здодевен сопатник за да се скријам и да го откачам на некој начин, бидејќи на билокаков друг начин е речиси невозможно да се стори истото.

    И научив уште нешто, дека некои луѓе, џабе што купуваат меѓународна интер-рејл карта и поминуваат низ толку држави, посетуваат секакви предели, краишта и луѓе, остануваат затворени во сопствено меурче кое на никој не му даваат да го пукне.
    Колку треба да си морон за да правиш ненормална сцена во купе, затоа што ТИ си се решил да си вегетаријанец и затоа што ТЕБЕ ти пречи што некоја тетка карши тебе јаде сендвич со месо?!
    Турчинката сериозно ме изнервира како неучтиво и се развика на постарата жена која гладна реши после толкучасовно чекање и мрцварење да си го изеде сендвичот со кулен. Боже мој! Страшна работа се случила!
    Дали дека бев у ПМС или едноставно ме нервира кога некој крека без врска у име на ЈАС ЈАС ЈАС као у цртанион со Багс Бани - mine mine mine it's all mine! ги ококорив очите пет банки нешто као лемур од Мадагаскар и потоа поштено ја спукав - ми е гајле што си вегетаријанец, и што ти пречи месо - изволте, излези од купето ако нешто ужасно многу ти смрди. И мене ми „смрдат“ глупи луѓе па што да правам? Проблемот е чисто само мој!
    Однесувај се барем малку пристојно.

    И оп - настана тишина во купето :D Е јбг станувам жустра у ПМС.

    ]:)

    Него научив и уште нешто. Дека Прага престанав да ја сакам, ама повторно и повторно со секое одење таму ја пронаоѓам магијата во градот, онаа истата која ја најдов со моите најмили на мои 17 години. Мрчев што повеќе не го слушам мојот омилен милозвучен чешки јазик низ улиците, ама знаете што? Разновидноста на многу луѓе е она што метрополата ја прави поубава на некој начин. Ако ме разбирате на кој.
    Научив и дека освен у Скопје, со високи штикли у град НЕ се искача! Мислам, арно глава што не изгубив по калдрмите околу прашкиот замок....за на крај после толку долго пешачење ко силуван Дарко Панчев, и принудна туристичка тура во која не успеав ни да и се восхитувам на глетката на градот затоа што со една рака го држев фустанот да не ми летне нагоре а со другата ја придржував другарка ми за да не паднам, скоцкана, у хаљинче цупити цапити (ете ми се врати затоа што увек им се смеам на девојчињата кои не знаат да одат нормално во високи штикли) една група странци веројатно кои не следеле подолго време како едвај одиме по онаа стрмна удолница - не дочекаа со громогласен аплауз и свирења, па и честитки.
    Другарка ми се изнасмеа а јас, препотена, и изнервирана....ги погледнав, и речиси пред крајот на тоа калдрмасто патешествие, си ги собув штиклите и ЦАП си влегов боса во ресторанот каде не очекуваа со едно одмавнување со главата у стилу - ма ајде бре.

    Мене некој ќе ми аплаудира! :D ПМС - повторно :D

    Да. Има нешто во Прага. Има уствари многу. И има нешто у она патување по копно што би рекла Лилит - со воз. Бирам воз. И гледајќи ја прекрасната природа на некој кој ја цени истата и ја чува сопствената историја.

    За разлика од некои кои решиле да ја рушат истата...за што од се срце се расплакав.

    Ама тоа на друга тема. Да. Учам многу и се надевам и понатаму ќе учам многу. Со упалење на мускули, сеуште со прекрасни спомени во глава, во правец кон нови предизвици и нови дестинации....ви праќам :hug:
     
    На ines.h, Buttterfly, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Вака, и диетата може да почне :rofl: :rofl:
     
  5. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Велат на грешките се учи....сега уште повеќе се чудам зошто ли јас не научив ништо?!?!
    Можам да спремам докторат од грешки, ама пак ги правам.
    Глупава глупава сум. :@ :@
     
  6. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Одвреме навреме ми се случуваат такви периоди во кои живеам толку безгрижно,абе како дете некое.Не апатично,резигнирано,отепано,туку така секакви глупости ми се убави,ја откривам убавината на ситните нешта без да се грижам за големата слика,неубавите успешно(и јас не знам како) ги игнорирам и така...си живеам некако.Битно е што не можам да се сетам за конкретна инспирација за ваквата промена на гледиштата,а сигурно не е некоја искра од животните мудрости и филозофии со кои е преплавен интернетов.
    Но,не се занесувам многу и знам дека е минливо,па ми преостанува да уживам додека трае. :D

    Да,и музикава што ја слушам е за неколку вакви фаци :^) |(. Цело време си играм со внук ми,со мачката,низ двор...Вака би требало да изгледа класична инфантилна криза.Ако почнам да собирам сликички од фудбалери или детска пошта,планирам да се обратам на психијатар.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Готово е... ставив крај. Мразам разделби, ама сега се осеќам слободно, подобро е вака, иако срценцето како будало ми чука :?:
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.469
    Допаѓања:
    144.080
    Кога бев мала, татко ми ми викаше дека не треба да ги замарам луѓето околу себе со проблеми, затоа што секој ги има, и никој не сака да ги слуша туѓите. Дека златниот збор железни порти отвара, секој копнее по убав збор, и за секого може да се најде убав збор, само ако сакаш да го најдеш.

    И така, многу години подоцна, не замарам. Само што ќе почнам да се жалам, ми застанува кнедла во грло, знам дека грешам, и дека не смеам тоа да го правам. Кога имам проблеми, ми се чита во очи, од авион се гледа, и луѓе ме прашуваат што ми е, а јас кажувам дека ме мачи нешто, ама не би да замарам, и менувам тема.

    А колку не зборувам за работа сфатив кога пред некое време прво ги прашав мајка ми и татко ми дали знаат што работам, па сите пријатели, и никој појма немаше. Фирмата ја знаат, ама што мајка барам таму - појма немаа. А како ли и било на ќерка ми, која ја прашале во прво одделение.

    Повеќето жени кога ќе станат мајки почнуваат да замараат за своите бебиња, па после деца, колку пати какале, што кажале, како направиле, бла, бла. Кога станав мајка моите другарки беа далеку од тоа, и се навикнав да не зборувам за децата, и сега и кога ќе ме прашаат, викам само дека се добри.

    И не знам дали тоа чини или не чини. Луѓето се неоптоварени, и главно им прија мое друштво, а јас работите ги држам во себе. И што ако ги кажам, нема да ми го реши тоа проблемот.

    Еден муабет денес со една пријателка со која ретко се гледам, но макар и на кратко, секогаш има содржаен муабет, ме измести скроз. Колку е лесно да паднеш во замка, да го убиеш она што те држело во живот, да ја насочиш енергијата на други места, а надворешно да изгледаш совршено. Класична грешка - умирање на страста, без обиди да се задржи, посветување на работата и детето, и ладен однос со сопругот. А однадвор - совршено семејство, со најубави семејни фотографии на фејсбук.
    Ако ги ставиш фотографиите на фејсбук, ќе бидеш ли за нијанса поубедена дека имаш совршен семеен живот? Дека се е како што треба? Дека се што ти се случува е ок? Милиони примери, насекаде околу мене. А знам, знам дека е тешко да се задржи страста, ама од петни жили се трудам, затоа што не сум спремна за компромиси, барем не од таков вид, а за други нема проблем. Или ќе биде како што треба, според мојата дефиниција за „како што треба“, или нема да биде. И ако чекаш од другиот работите нема да се решат, преземи нешто, не се откажувај. Во врски ако бараш реципроцитет на секој чекор, тури пепел.

    Зошто има толку многу слики од посетени земји на фејсбук? За да покажат луѓето дека прошетале некаде. Зошто има толку многу семејни албуми? За да го покажат докажат дека имаат совршено семејство. Зошто има дакфејс слики со бојлер во поздина? За да докажат дека се убави и секси. Затоа што сите сакаат да покажат дека се посебни.
    А ако си посебен, немаш потреба да го докажуваш тоа. Немаш потреба од докажувања, а другите секако знаат. Самодовербата си го прави своето. Самодовербата зрачи како сонце во јули.
    А самодовербата се стекнува од најмала возраст. И пак се враќаме назад, на навидум совршеното семејство, поради кое ти денес немаш самодоверба. И нема да ја имаат ни твоите деца. Деца од среќното семејство, со 3124155439 албуми на фејсбук.
     
    На Strumfeta93, kate21, renata77 и 18 други им се допаѓа ова.
  9. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Тоа што ме тера да сожалувам толку многу луѓе, без разлика на тоа дали ги знам или не, е кога гледам како постојано имаат забелешки за нешто, кога велат колку многу го посакуваат ова или она, како сакаат да бидат друга личност, итн.
    Толку си незадоволен што имаш толку малку почит за себе? Не, проблемот е што си презафатен со анализирање на другите што ни самиот не сфаќаш кој си.
    Пробувајќи да се биде некој друг, или посакувајќи да се има тоа што другите го имаат е најтешко.. зошто никогаш нема да си ТАА личност, нема да ги имаш ТИЕ работи, без оглед на тоа колку многу се трудиш.
    Една од најголемите навреди што човек може сам да си ги нанесе е да посакува да е друга личност, па дури и тоа гласно да го каже. Никогаш нема да го направам тоа и да си го загубам достоинството.

    Тревата не е секогаш позелена на другата страна.
    Биди среќен со себеси и престани да си мрзлива, несигурна личност.
    Вреди да се бориш за да го постигнеш тоа што го сакаш.
     
  10. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Сонувам. Сакам да сонувам. Да копнеам. Да мечтаам. Да фантазирам. Да си замислувам. Да си правам филмови. И онака, сонот е првиот чекор од остварувањето на твоите цели. Првиот чекор од твојата патека. Долга патека... Многу одење, многу падови, многу подвизи, многу труд, многу солзи, многу насмевки... од се' по многу. Добро велат - од малку глава боли, од многу не. И така...

    Денеска цел ден си сонувам за Њујорк, а во себе си ја потпевнувам песната од Алиша Кис - New York Concrete jungle where dreams are made of. There's nothing you can't do. Now you're in New York. These street will make you feel brand new. Big lights will inspire you. Hear it for New York, New York, New York! И убаво ми е! Но, убаво е да сонуваш, се' додека знаеш каде се границите меѓу небото и земјата.

    Границите меѓу сонот и јавето! Границите меѓу фантазијата и реалноста! Граници кои треба да ги поминеш, но за тоа да се случи треба да знаеш како да ги препознаеш. Во спротивно, ќе се изгубиш во сопствениот простор и време. Ќе те прегази, ќе те изеде. Немилосрдно е, се' е немилосрдно ако си изгубен и неспособен самиот да се избориш за сопствените сништа. Внимавај другарче, внимавај! Не дозволувај да ти избега дури ни сопствената сенка. Имај го тоа на ум! Имај го на видик! Биди при свест и додека сонуваш. Не дозволувај сонот да ти ја претвори реалноста во кошмар.

    Толку поими, толку предизвици, колку само е комплексен човечкиот ум, уште посложени се желбите на човекот. Толку сакање, посакување, ненаситност, амбициозност, па скромност. Ограниченост, заробеност во сопствените сонови, меѓу општествените ивици и огради. Навидум, се' ти е на дланка, а таа е толку мала и нежна од која се бара толку многу работа. Работа за сопственото парче леб, за сопствениот сон. Сон! Што е тоа?! Повторно се враќаме на почеток.

    Ама не очајувај, не плаши се од животот, од патот кој треба да го поминеш за да го почувствуваш трепетот на соновите на твојата кожа, наежувајќи ги нејзините влакна. Напротив, биди горд на сопствениот порив за живеење, на твојата волја за борба, војна за твоите сништа! Знаеме дека само таквите успеваат. Жедните и непоправливи сонувачи! Но, не било какви сонувачи, туку оние кои го знаат вистинското значење на сонот, оние кои се борат за него и не се плашат да го сонуваат.

    Добра ноќ. Јас сепак, отидов да сонувам :angel: :)

    http://www.youtube.com/watch?v=qHagigQRKqU
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Oh yeah :sun: :d: 8)
     

    Прикачени фајлови:

    На sadangel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.855
    Допаѓања:
    95.362
    Пол:
    Женски
    СДК дека темава си ја доживувам како роман :) алал да ви е паметни девојчиња,девојки,и жени.. :clap: не знам зошто не пишувам, едноставно ме исполнува секој ваш збор,дури и си има темава свој феминистичко-идеолошки литературен правец..станав зависна од вас,а најубаво ми е кога ке се исплачам на нечиј пост,ми олеснува некако,не се срамам и не замарам никого,само тастатурава ми се полни со солзи некогаш,и пак се насмевнувам на крај :) Ве поздравувам од се срце
     
    На danniela5, Monna.Monna, The.Crab и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Плавуша.17 стана Плавуша.18 :lol:

    Епа среќен нека ми е роденденот, сите желби нека ми се исполнат, да имам многу здравје, среќа, љубов, успеси и радости безброј и се најубаво нека ми биде! :makeup:

    На сите им благодарам на честитките :hug: :bow:

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • birthdaycake.jpg
      birthdaycake.jpg
      Големина на фајлот:
      40,1 KB
      Прегледи:
      309
    На Strumfeta93, Monna.Monna, AnaKarenina и 10 други им се допаѓа ова.
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, AnaKarenina, pamelche и 3 други им се допаѓа ова.
  15. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    СДК дека каде и да отворам го читам телетабисот и нешто не ми штима. Не ги сваќам мислењата бе. :tmi: До мене ќе да е. Во последно време имам отупено малце. Уствари шо се замарам ја за телетабиси и чуда? Ај нема веза. :x

    Друго сакам да кажам дека ич немам кондиција. Абе од 10 минути вежбање се изморив. Срам да ми е. :tmi:
     
  16. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Моментот кога девојката на бившиот ти го цитира постот... Маче поздрав, читај ми ги и предходните мислења барем, ќе ти станат појасни некои работи. И да не ги забавуваме девојкиве, знаеш каде можеш да ме најдеш ако сакаш да ми кажеш нешто
     
    На Lov3, 1209, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.018
    Допаѓања:
    164.778
    Нека ме сметаат за не знам каква,ама ... стварно никогаш нема да дозволам својот живот да го изнесувам на фејсбук у танчини. Приватност,ениуан?! Па нека мислат дека немам живот,него да знаат што точно правам и каде правам.
    Моите фотографии се мои,може да наговестам со едно сличе,може да споделам песничка,статија,што знам...ама да замарам или да твитам со статуси за кои некого го боли левото маде,а при тоа познавајќи се дека не се штедам со сарказам...па некој да ми плаче после види ја шо напишала...Ај донт тинк соу.
    Стварно ми е полесно за некои особи да мислат дека животот ми е некое си тапење и да претпоставуваат што правам,отколку да замарам со тоа што ми се јаде,што правам,што сакам, некој траги-комичен настан кој повеќе е трагичен од аспект на моронизам,него ли ради суштина.
    Луѓето увек имаат став за се и секого,зошто да им давам поводи?! Па нејќум бре! Ако сакаш да ме познаваш...покани ме на кафе,не ме мањај и готово.
    Некако ме глоѓа што технологијава место да не унапредува,не уназадува. Маалските оговарачки добиваат само поинаква форма,а при тоа повеќе не се баби во конбенизони со чудни шарки, туку млади луѓе кои тупат.
    Атеншн хорс на сите страни. Навистина сакам да чујам мислење на покоен чика Фројд. Кој не сака мирис на море,јагоди, млеко за сончање,чоколадно млеко со цимет,кој не сака да оди на одмор, да чита книги (ауууу дали????? ахахахаха), да дреме, да си лакира нокти, да јаде убава храна, да слуша убава музика (ахам), да гледа филм, да се гушка,да се секса, да добива внимание, да вежба, да се тегне во кревет, да мириса убаво, да се облече убаво, да јаде нутела (ама веќе,посакувам да ја какаат мечиња,тоа да е тајната формула), да пие пиво,да мцка фурнарини, да излегува, да се сонча, да сурфа, да се тушира после запотен ден?! Ако има некој,по итна постапка да се однесе у соодветна установа. Затоа... не давете со глупости во кои го прераскажувате сопствениот живот мислејќи дека е ексклузива...
    Сите ненормалности почнуваат тука некаде да се доживуваат како продукт на некоја си замислена генијалност.

    И кус совет... Сите вие жени кои сакате мажи кои ви противречат,а потоа мрсулава патња и лигавење, прашајте се дали икад ве сакале вашите татковци?!Сериозно,прашајте се. Не е нормална потребата постојано со некого да се докажувате,да сонувате да го промените. Демек ако го разубедите дека сте исклучителна личност и добиете признание од незрел дебил,сте врвни?! Не,еднаков дебил сте како идиотот кој за инает ве поткопувал и брецкал. Секако дека не зборувам дека во ред е и да ловите безкичмењачко суштество чиј единствен одговор е да,драга. Мислам,пораснете, изградете се ко личности. Ми се блуе од театралности, шекспирови драми и лигавења дека ќе дојде ден кога ќе ве моли, дека сте подобри заради копукот кој ве разочарал и повредил,а после пак бркате таков... може и заслужувате,искрено речено.Какви глупачи.
    Сум наишла на вакви копуци, за себе сум им дала црвен картон, но ме кршеле такви кои ме третирале и сум ги третирала како личност и при тоа не биле нанесени никакви директни навреди туку надвладејувале работите кои животот ги очекува,па сме се губеле низ вртлокот на времето кое пак ја нагризува суштината,но почитта и љубовта која добила инаква форма се задржала.


    (^Ете зошто не твитам и не пишувам статуси на фејсбук)

    *си зима пуцки* :D
     
    На Chelsea, Strumfeta93, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Саде да се солело памет, па и кај шо не бива.

    Ама ај. Како инаку би живееле?
    Не лајкам ништо никому за гратис карта. Особено не за Дјурановци. Срамота. Бар тој бенд да го испочитуваш со една карта, мамицата?
    Не, важно е да се налееш за истите пари ко вол, ама карта за концерт, пу ја зк!
    Не ги разбирам тие вечни гагаџии. Дај цигара, дај пет денари, дај да се бутнеме беспари, дај поцуцни ми го ако не па беспари?
    Мизерија во раскош. А имаат не дека не.
    Мене што ми е важно? Она што не е тажно.
    Важно е дека заспивам во шеќерна волна, со меше ко Месечина, плима и осека во долг размер сменети, пуни очи радост, неговите пораки доцна навечер, Нутела смотана во перница и ноќта може да патува.

    Среќна сум и нема да престанам да се смеам на радостите што животот ми ги приредува!

    И си ги сакам нерамнините на мојот кревет и мојот газ, единствени се.
    Ве цуфка Ш.
     
    На drugarka, pamelche, Artemission и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Мислев ќе ми е подобро за со тек на време, ама не ми е :( Не сакам да бидам ваква, и единствениот човек што го трпеше моето однесување ми рече дека понекогаш сака да се оттргне од мене, да ја излади главата за да собере нова сила... и го оправдувам тоа, знам дека е така. И уште овде ми остана да се пожалам, малку да се олеснам... Неиздржливо е ова веќе, се чувствувам како да ме јаде нешто од внатре, и полека ме убива :( Сама си направив грешка и не можам да ја издржам, што ќе биде со мене ако направам друга ваква грешка некогаш? Се надевам, најискрено се надевам дека само ПМСот ми го прави ова и дека кога ќе ми заврши ќе се вратам во нормала.
    Си ги мразам ваквите постови, ама сега некако ми е малку полесно...
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    СДК одмарам и не се замарам, со музика на увце од слушалкиве од мобилката, сега и бомба да падне нема да ја слушнам :D Што ќе мислам, се е смислено :D ако почнам, ќе комплицирам :D
    Животот е каков-таков, некогаш убав и неубав ама тоа е, немат друг :D еден и единствен :rofl:
    И ушче нешчо, човек ако сам не си помогне, никој друг нема да му помогне :!: :geek:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.