1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Сакам да си одам побрзо од овде секој ден одбројувам, смачено ми е од малоумниов народ..
     
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Имав желба предроденденска желба да го дочекам роденденот со една личност и ми се исполни. Не беше она што очекував, беше на моменти преубаво, а на моменти ужасно. Но, сепак има нешто што ме спојува со него.
    Сега пијам утринско роденденско кафе со моите и правиме планови за денес.
    Искрено ми значи секоја роденденска честитка, а вие што ме познавате добро знаете и што посакувам па ми го посакувате тоа. Ви благодарам :*
    Сакам годинава да дипломирам, сакам да положам за кола, сакам да најдам работа и сакам да го најдам совршениот момак за мене. Некој со кој ќе танцувам под месечина на нечујна музика, како оние што ви ги зборев пред некој ден. Некој кој ќе ме познава доволно за погледите да кажуваат се, некој во чија прегратка совршено одговарам, а дланките се создадени една за друга. Некој кој е мојата совршена половина.

    Да ве почастам :)
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На bittersweet, Artemission, Peppermint и 29 други им се допаѓа ова.
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.479
    аууу :rofl:
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, cinderella5, Ruby.rose и 2 други им се допаѓа ова.
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    ^ Ова е појако

    [​IMG]
    Хаос.
    :rofl:
     
    На antonina и mims-89 им се допаѓа ова.
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Наташа нема твитер. Сами си прават заебанции.
     
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    25.762
    Пол:
    Женски
    Секое лето, истата лекција. Дека надежта е нож со две оштрици, а делот кој што те убива полека е посилен од позитивната страна.

    Барам сила, барам утеха во ситници, во песни, во него, но... не знам колку ќе издржам овој пат.

    Може да ми помогне само некое чудо...
     
    На Cacy, cinderella5, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Konecno da se odmoram. Ama vistinski. Bez nikoj da me zamara, dosaduva, gnjave itn. Fala mu na letovo, na morevo i na soncevo. Bidete site pozdraveni
     
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Не знам што е толку тешко да тргнеш некаде |( Ич не се луѓево спонтани, за да заминеш некаде требало да се планира од напред неколку дена, да се договориме ова она, како ќе е што ќе е :^)

    Еднаш вака бев со една пријателка, требаше да ја причекаме другата некаде уште 40 минути отприлика и кога и предложив да седнеме на кафе наместо да лутаме по пат, ме погледна зачудено како да и предложив да убиеме човек и ми рече: Еее како така, па нема време, кога се седнува на кафе треба да имаш 2 часа и повеќе време слободно, значи да седиш минимум саат и пол, да се релаксираш итн итн.
    |(
    Научна фантастика бе.
    А не се работеше за пари, тоа сигурно, едноставно такво сфаќањето...
    И кога ќе речам дека налетувам на чудни луѓе, не ми веруваат.
    Порано се расправав со ваквите, докажував нешто, ама сфатив дека не можеш на чудак да му докажеш ништо и едноставно ги одбегнувам.

    Ќе велев дека спонтаните работи се секогаш најубави. Не мора долги планови, планирање неколку дена однапред за да тргнеш некаде, за да направиш било што, често и таквите планови не се остваруваат.
    Ама ај...
     
    На Divinebutterfly, De-lovely, Gordana10 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.984
    Сакам да кажам, му благодарам на животот...

    Ручек со моите, ракииче, муабети, смирени нерви, мирис на храна, на Дома.
    Љубов што примарно секогаш ќе ме штити од било што.
    И ништо повеќе не е потребно.
     
    На ines.h, Divinebutterfly, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Многу се замарам и нервирам знаејќи дека не треба.

    Се замарам за неа, мојата некогашна другарка. Искрено, не знам зошто повеќе не зборуваме, ама одеднаш приметив како почна да ме игнорира и да не ми прави муабет. Не ја знам точната причина, ама знам зошто отприлика. За машко. Мхм. Никогаш не помислив дека од неа ќе го дочекам тоа, да ми се скара за машко. А сега, бидејќи нели она е со него, се однесува ко да го фатила господ за муда.

    Се замарам затоа што еднаш нешто ми значеше, а претпоставувам и значев и јас нешто на неа, освен ако не се преправала дека и значам. Поради неа мислев дека постои вистинско другарство, а сега поради неа на никој не можам да му верувам. А не заслужила да има значајно место во мојот живот. Не заслужува да ја погледнам, а не па да се замарам со неа. Ама посилно е од мене.
     
    На Libera и Hayley им се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Pssst, I see dead people. :o
    Живи мртовци, јебем ли га. Се’ живо се закопало. Ни на мрвто плаче, ни на живо се радува.
    Безлични фаци одат по неопределени патишта, недефинирано и изгубено.
    Желни само за самопромоција и добивање признание од другите, и тоа по можност на база на омаловажување на некој друг. Ами како? Да не се мачиме да се докажуваме?
    Да ти се плукнам во народот.

    Така. Ми се мрчи оти мразам луѓе без цел и желба за живот.
    Ко јас демек немам 100 проблеми бе. Ко некој демек нема 100 пати поголеми од моите, а?
    Ко некој демек не умира од тешка болест, а го гледаш се радува на секоја ситница која му ја нуди судбината во овие последни моменти од неговиот живот. М?
    И што? Треба на секое да легне човек, да се стутка под ќебе и само да чека?
    Ма ајде молим ти се.
    Не. Не!

    Туку друг ми беше муабетот со мртовциве што на ништо ни плачат, ни се радуваат.
    Ете така бе. Од начинот на кој следеа еден натпревар вчера, можеш многу да заклучиш.
    Идеме среќни фацки во кафиќ крај кеј на отворено, ладовинка, свеж воздух, огромен видео бим.
    Абе едвај човек да чека да седне.
    Еуфорија де. Ќе споделиш демек радост со твој народ. Аха...уште да не беа ко умрени. |(
    Влегуваш, веќе почнале првите 2-3 минути, 7-0 резултатот, а внатре штама.
    Штама бре. Сите седнале и само шмукаат од тие сламките, ни знаат што се случува, ни ништо.
    Ко сељаци се осетивме таму. Сме споиле 2 маси, сончогледи, кафиња, пива и сокови.
    Срце бре не ни дава толку мирно да ќутиме на секој кош.
    Тапа бре луѓе, тапа. Кај отидоа оние горди Македончиња од Европско?
    Или општонародно весеље е само кога ќе го фатиме Бога за мадиња? Вака не се важи.
    Среќа имаше уште едни ко нас, па си урлавме заедно, инаку ко на погреб ќе беше.
    На секое наше веселење се вртеа кисели фаци баш со овој поглед |( , ко на мајка им нивата да си ја изорал, you know what I mean. Ќе се радувам бре, мое си е. Не му седам на татко ти во двор.
    Знаете де, мислим хелоуууу, сме дошле да гледаме, не да се сељачиме ко да си ја довикуваме кравата од другата страна на планината. Треба малку ко нив да седиме саат време здрвени во место, без да пуштиме глас и покажеме емоција, како и софистицирано да си цуцкаме од сокчето. Божанствено!
    И истите тие кул, градски фаци кога заврши првото полувреме ги гледаш оп-цуп, вадат апарат и мало знаменце, прчат усни или ванаби бицепси и опа - фоткица. Шлог ситуација еј!
    Да ти иде да станеш и апаратот на сите по ред да им го зачукаш кај што сунце не сија. :@
    Е, такви ви се во глобала ванаби патриотските слики кои се возвишуваат по интернет.

    А ние? Ние не сме патриоти. Немавме ни знаме, ниту некоја шарка на нас. Ниту пак имавме апарат да овековечиме таков момент. Дупки бре. Сељаци. Сме се спуштиле од планина да урламе само. |(

    Одиш надвор, ко ништо да не било. Секој гледа изгубено у даљини, се разминуваат ко роботи.
    Поминува еден сељак ко нас со мотор и знаме, и слушаш коментари „Цк, што се глупира овој?“ |(
    А од дома на тие најјака поддршка им е фб статус „Македонија! :l:
    Пцујам, викам, се радувам, тагувам. Не ми е срам од емоции.
    Е нека сум сељачана. Барем од срце сум, и ме заболе дали ќе ми лепнат епитет поради тоа што не се плашам да не скршам „градски норми“ или да не случајно ме погледнат попреку. Јух, срамота.
    А не е срамота да гладувам цела недела да соберам илјадарка за да кревам запотена мишка на Балкански шунд на кого очајно му требаат пари пред залез на кариера, нели?

    Не, не очекував Ивкова слава ко Тито да воскреснал, ама не очекував ни таква безличност.
    Ова е само пример преку конкретна ситуација, инаку општо си е вака, не е никаква тајна или новост.
    Не бре. Серка ме фаќа од простиов менталитет. Серка со огромно С!

    Ај се кладиме дека поголема еуфорија владее меѓу народов поради фактот што од денеска на плоштад бесплатно ќе може да се полнат мобилни. Прашање на време е и микробранови кога ќе почнат да носат на плоштад за да си загреат јадење и да заштедат струја.
    Јеј, Македонче.
    Мува во газ ќе му плукне и црв ќе му направи, ама од корист ќе му е оти битно е бесплатно.

    Да живее `епублика Македонија! См`т за зд`авата wогика на на`одот!
     
    На 1209, Buttterfly, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк жими оптимизмо, да му се плукнам. Џабе кога го имаш кога ти треба некој друг за да ти каже дека можеш. Дека ќе успееш. Дека те бодри и верува во тебе.

    Да им се плукнам и на македонската работа. Ако не те зае*е за пари, нема за што друго.
    Таакви сме ние македонците. Алчни. Ко тие што ги добиваме не ни се доволни. А оние за кои моментално зборувам добиваат премногу, и пак е малку.

    И како бе за ништо да те зае*е!
    Е неможам, морав некаде да си кажам.
     
  15. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Не се срамам од моите чувства .
    Се смеам кога има причина да се радувам,плачам кога сум тажна ,кога сум лута,бесна и гневна знам да ја скршам првата работа што ќе ми дојде при рака .Тоа сум вистинската јас.
    Никој не знае што се случува со мене и со мојот живот сите овие години,никој не знае како реално се чувствувам и колку е голема мојата болката но затоа сите знаат да ме осудуваат.
    Се трудев да изградам од себе добра личност ,се трудев да ги разбирам и да им помагам на другите околу мене.Научив да љубам искрено и верно,научив дека убаво е да веруваш во убавите на своите соништа .
    Во еден момент чувствував радост а во друг тага.Во еден момент верував а во друг запаѓав во безнадежност и плач .
    Сето ова го претставува магичниот круг на мојот живот.
     
    На L-enna и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Betty.Boop

    Betty.Boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    СДК ДЕКА САКАМ ЦЕЛО ЛЕТО ДА ГО ПОМИНАМ ТУКА :l: :sun:
     

    Прикачени фајлови:

    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Еее, ви текнува на оној момент кога сите коцкички се поклопуваат и и да сакаш да бегаш од среќа не можеш???

    Баш така се чувствувам сега. Добивам кратка слика од она што секогаш си го посакував, живот кој се состои од патувања и нови луѓе. 10 дена во Грција со мили пријатели, пијанки на плажа и конечно солено море. Една недела подоцна далечен пат каде една недела се дружам со млади од цела Европа. Сум го добила ова благодарение на талентот за пишување и храброста да аплицирам. Ве молам, ако имаше шанса аплицирајте за се што ќе ви падне на ум. Нема ништо поубаво од едно неделно платено патување во земја која најверојатно никогаш нема да ти текне да ја посетиш.

    И на крај доаѓа август. Цел месец спремки и припремки, ветени кафиња со многумина. Радости.

    Се сакам денеска. Го сакам топлово време, ја сакам мајка ми која се потресува секој пат кога ми ѕвони телефонот, го сакам брат ми кој си прави нереални планови. Ќе чистам и средувам, затоа што сакам.

    пс. Отворете на групер, има топ зделка коктел за 32 денари намален од 160. Заслужувате по едно коктелче (или две зависи од расположение) :D
     
    На mims-89, Trendafilka, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    dammit! доста ми е од нервози
    па што е ова...ќе си пукам ја главата од глупости ма немој бре!


    како било речено,од тоа не се бега!


    нема ништо друго освен да уживам во летото!
     
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Најпрво, тоа што Tenkai го напиша во нејзиниот пост, во главни црти тоа би го кажала. Но запамтив, ние луѓево сме плитки суштества надвладеани од љубомора и желба за истакнуње. Фала ти што ми даде до знаење дека сеуште има исклучоци! А за таа, знам како е, но штом испливала на површината ко таква, барем знаеш каква е, а нели лесни, празни објекти само пловат по водата, не?
    Ако таа си зацртала дека едно машко е повредно од вистинска другарка како тебе, барем знај дека ти не си таа што треба да е обвинета.

    Инаку, ми недостига атмосферата од летоска, улици исполнети со коли, свират и веат знамиња после победа. Ама баш сите ми изгледаат ко незаинтересирани за кошаркава. Па кај замина еуфоријата? Нели ко заврши европското сите се колнеа дека ги бројат деновите кога ќе почнат квалификациите за олимпијада? Ма што сака нека е, јас одвај си ја чекам следната утакмица. :!:

    И уште пола сезона и ќе завршам со гледање на Очајните Домаќинки, по втор пат. Како успеав осум сезони толку брзо да ги изгледам!?
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    ден за ден се ближи и мојот ден :)
    окупирана со многу работи околу себе сум :^)
    ова она :sweat: е така е тоа кога се спремаш за свадба :D :D
    ми недостогате девојки-
    сепак и малце слободно време пишувам на фемина и ве читкам :)
     
    На Monna.Monna, Divinebutterfly и CIA им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.