1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.927
    Допаѓања:
    45.429
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=F0uCsFOhNCE

    This is a man's world, this is a man's world
    but it wouldn't, it wouldn't be nothing
    nothing without a woman or a girl...


    Никогаш до сега не сум била толку расположена за време на ПМС :^)
    Синоќа се ѓолевме точено пиво и убави мелодии во ново отворено местенце покрај планинско езеро и прекрасно уредена внатрешност.Убава замисла за квалитетно поминато време...богами квалитетно заглавивме 6 а може и 7 саати.
    Убаво е кога има барем уште еден пар кој ги дели вашите замисли за убави нешта, па може заедно да уживате.Попатно испланиравме и пикник, дали дневен или според машка замисла, покрај логорски оган ќе видиме.
    Уште поубав е животот кога имаш со кого да ги делиш убавите моменти, јас имам куп такви личности.

    Сакам уште да кажам дека врската меѓу мене и татко ми почна да наликува на хармоничен однос...кој знае колку време немаме подвикнато еден на друг.Тој ме бакнува во чело сеуште скоро секоја вечер за добра ноќ, а јас почнувам да чувствувам вина зошто никогаш од како знам за себе му немам кажано дека го сакам, а поради тоа се кршам на секоја филмска или реална слика од татко и ќерка.
    Тој знае дека знам дека се гордее со мене и дека од него ми е љубовта кон сликањето, дизајнот...тргнав по негови стапки и...прееска една реченица ме погоди: „Таткото помалку е наклонет на детето кое е исто како него, но не значи дека го сака помалку“ чиста вистина за мене.
    Како и да е те сакам тато и биди ми жив и здрав, сакам да те видам како плачеш од среќа на мојата свадба, на првото внуче, иако вака тивко и незабележително биди тука за мене те молам.

    И така постов им го посветив повеќе на посилната страна, така зошто имам безусловна љубов од неколку личности, мојата (во множина) посилна страна.

    Јас у суштина сум многу кревка личност колку и да не изгледам така...ми треба цврста потпора.
     
    На bittersweet, manja666, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ах, пак добив мала надеж... Сакам да се надевам, навистина, ама кога премногу се надевам за нешто, секогаш истото се изјаловува. Зошто? Сакам овојпат навистина надежта да не е залудна, само тоа. Толку измешани чувства, среќа, тага, страв, неизвесност, се’ во едно... А сето тоа за нешто што не знам ни дали ќе се оствари.

    Безброј пати сум го поминала истото. Безброј надежи, безброј очекувања, безброј исчекувања, безброј непроспиени ноќи, безброј солзи. И пак го поминувам. Пак се надевам. А треба ли? Треба ли и покрај сите удари да верувам дека надеж се’ уште постои? Сакам да верувам.

    Во овие моменти сакам да имав turn off копче за исклучување на сите чувства и емоции. Мирна глава. Да не се надевам, да не мислам, да не исчекувам... И овојпат ќе се трудам да молчам, а не на сите да кажам дека постои надеж. Колку повеќе зборувам, толку помалку нештата ми се остваруваат. А пак му кажав нему. Но само нему. Сепак, тој е дел од мене. Тој и јас сме едно, и ако јас се надевам, се надева и тој. Ако јас се тревожам, се тревожи и тој. Ах... само да не го загубам разумот овојпат. Само да не очекувам премногу...
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Дефинитивно :!:
    [​IMG]
     
    На CharmedGirl, Johny и Look им се допаѓа ова.
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Ахх тоа проклето чувство,да немаш мајка која што те сака,кога ти е тешко да те прегрне и да ти даде некој совет,да ти помогне ;( .Тоа чувство кога си сама,кога немаш никој покрај себе,а се наоѓам помеѓу милиони проблеми.Зошто животот е толку комплициран? Зошто некој ја нема љубовта од најблиските?? Најстрашното нешто е осаменоста!! која што не се издржува,ама пак во себе си имаш мала надеж и си велиш дека се ке тргне на подобро.Како сама да живеам,борејки се против сите,без ничија помош,да тргнеш во животот од нула во подобар живот,барајки нешто што е непознато??!! Плачев,плачам и ке плачам,ама залудно е се..........Едноставно на некој им е судбината сами да се борат во животот знаејки дека незнааат каде се наогаат.Ама не ми е јасно кога одеднаш се појавува личност во твојот живот и треба да му/и веруваш?? Јас сум човек со милион прашања накои никој нема да одговори.Не сакам другите да ги замарам со моите проблеми и да се жалам,ама како сакаш да те сакаат,помагаат и почитуваат кога тоа го немаш од најблиските!!??? :^) :^) :^) :^)
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Да го јадам чоколадово или да го чувам за утре...? :?: :lol:
     
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Гужви во животот се дешаваат, но сите доаѓаат си одат.
     
  7. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Колку брзо растиме тоа е чудо.. и не ми се верува дека за некој месец ќе ја наполнам 12-та, иако не е голема цифра, ќе бидам поголема за една година и можеби сосем малку позрела и попаметна.
    Како сега да имав 5 години, па дедо ми ме шеткаше фатени за рака, па ми кинеше дрвца, а јас и ги носев на мајка ми, ете тогаш тоа ми било среќа...
    Како сега да не ја пуштав сестра ми никаде да мрдне...
    Како сега да си чкртав во боенките, ѕидовите, листовите...
    Како сега да бев забаваче-маче-пресно колаче, кое си ги учи буквите, а не пишува песни и дреме на форуми касно во ноќта!
    Ех, сите растеме... Како сега братучед ми да беше бебенце, а и тој знае, пораснал, не сака повеќе да го облекуваме ние, знае англиски (кога јас на 5 год. сум ги знаела државите, збоорови и нешто од граматика на англиски) Факт е дека се е напредно денеска, па и технологијата си има свој позитивен ефект.

    Ден по ден, седмица по седмица, месец по месец, година по година, времето прошло, летнало... а не не прашало дали сме спремни за да се справиме со новите проблеми кои понатаму следат.

    Иако, сеуште сум дете- девојче, сеуште не „спремна“ за да се речам ДЕВОЈКА, гледам дека и јас полека полека растам, се градам како личност, созревам... влегувам во пубертет, ама тие сите промени се дел од секојдневниот живот, со кој јас понатаму ќе треба да се носам.
     
    На The.Crab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.761
    Допаѓања:
    162.825
    Нешто је труло у држави Македониј...од кај смрди мамата?!
    Скини ми се с курца кад видиш да га немам. Кажав еднаш одамна на фемина и продолжив да го кажувам многу пати на ден... Сериозно! Одете на алтернативи. На многу жени стварно им недостига секс,ама лажниот морал ги јебе повеќе.
    Имам чувство дека сум во врска со 10 мажи и 10 жени во мојов живот...Ги слушам,ги гушкам,ги поддржувам...и не ми пречи,ама ми влијае на расположение. За сите ли да мислам бре?! Кој на мене?! Есма ми е идол! Есма да живееше у Америка,ќе беше Опра! А зошо не сум Опра на пример?!
    Како знам дека стареам?!
    Ги гледам сите делови Кум и се смеам на британски хумор на ббц ентертејмнт!
    Сакам да сум девојче,а тој момче,не обратно.
    Ми се спие и не... знам дека сакам да сум во Лазарополе и да гледам ѕвезди со него,да си се напиеме и да се смееме боси... и така...
    Бела,бела белина ко сон постелина...шљак,шљук,уа ла... Љубов.
    А што друго и ми преостанува?!
    Да јадам краставици со сол...ете тоа!
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    25.762
    Пол:
    Женски
    Местово стана единствено каде што можам да ги кажам т.е. напишам мисливе,без страв што ќе слушнам од страна, но не е хумано да се шири негативната енергија...така да... Се одјавувам, до подобри времиња.

    Моментот кога... единствено решение е да се избега од дома. Моментот кога сите те советуваат за истото, а ти немаш храброст. Моментот кога имаш небројливи промили алкохол у организмот што за момент го земаш тоа во предвид. Моментот кога се будиш сабајлето со истиот страв во коски, и ти доаѓа да ставиш крај на се, на потешкиот начин.
    Но пак,и пак,немам доволно храброст.
    Не знам што сакам,не знам што е правилно,знам само дека ми е претешко и се изгубив плачејќи...
    Затоа најдобро е да се изолирам од се.
    Толку беше.
    ;(

    Добра ноќ на сите, и ви посакувам прекрасно лето...

    :f:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    ДА го јадиш :D Ама не цело :D Ако сакаш па да ослабиш не го јади :)

    НЕзнам зошто воопшто се трудам за нешто што не вреди? Кога некој не го цени она што го правиш,подобро да прекиниш.Епа да,и јас сум на пат тоа да го правам.Кога некој не разбира,не се ни труди да те разбери,не сака ни да те слушни,тогаш ок,нема да кажам веќе ни збор. Ме боли,ама нема па да изигравам кукла без глас. НЕма некој да се заебава со мене! Преку глава ми е веќе сама да се борам! А ако се откажам,е тогаш ќе е интересно.ДА видиме кој тогаш ќе ме врати.
    Абе кратка СМС порака...Епа мене не ми стига една! И кога некој не ме слуша шо зборам на толку минути,ќе пишам и по смс ако сакам! Е да,некогаш недокажани остануваат работите...
     
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Дивајн, таман се решив да не го јадам, се појавуваш ти со ваков пост :x :D
    Од една страна си велам: Она што можеш да го направиш денес не оставај го за утре, ама пак од друга страна ако го изедам сега, утре ќе немам :D
    И така.
    Инаку, прееска си замислував вечерва дека ќе си се пијанчам сама, ама заборавив, дури сега ми текна, ништо од планот :tmi:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Па ако ти се јади благичко јади го :wasntme: Утре ново ќе си купиш :D

    Јас во оваа нерва би те дружела да имав чоколадо. Тоа барем не збора и ќе ме смири место да ме нервира :)

    Не ги разбирам машкиве...САкаат добра женска,а прст неќат да мрднат.Епа нема бе братче,шо се замислуваат! Нека крши глава! После па криво им било.Епа кога се понашаат идиотски...
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Уф.
    Периодов ми е некако... Не знам, ми фалат другарките за муабетче, баш сега најдоа да отидат. Некако секогаш така испаѓа.
    Се нервирам со мајка ми, ми пропадна жената, и викам само немој да се нервираш, па како да не се нервирам, се надолу ни оди, болести не нападнаа, ах брее. Ќе се спотепаа за еден телевизор. И телевизор ќе им купам и се, ќе работам, само да не се нервираат, кај и ние се бориме, па и нив ги мислам цело време. Знам дека и е и потешко што јас не сум таму, секогаш со мене си правеше муабет, знам дека и беше некако полесно, сега е повеќе сама, па само за се се нервира. Како они немало ништо да им дадат на своите деца, да живееме под кирија, да се мачиме, а они цел живот работеле и пак немаат сега. Ги гледа другите си ги обезбедија децата, станови, куќи, коли... Ама и викам треба да бидеш горда, си одгледала здрави, прави, паметни деца, ни ви правиме неволји, ни ништо, а не само со нервози. Знам, знам дека е тешко човек да не се нервира, ама сега што? Да се разболуваме, да фрламе пари по болници ли само? Со татко ми дома се расправаат нон-стоп, не знам што да правам веќе. Не иде вака работата.
    Уф.
     
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Си имам и јас луѓе што ме сакаат. хе
     
    На mims-89, L-enna и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  16. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Некогаш имавме мсн и хај5, но истовремено имавме и живот.
     
  17. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК, без разлика колку пати ќе го гледам клипчево, неможам да опишам како се чуствувам, се наежив целата, солзи радосници, еуфорија, нешто неописливо...

    http://www.youtube.com/watch?v=z-M9f8I0 ... re=related

    Се надевам дека ќе победиме петок и ќе одиме во полуфинале, и секако на олимпијада ама друг ми беше муабетот, сакам пак да ја видам онаа еуфорија на навивачите, сакам пак да навиваме и да славиме по улиците после добиен значаен натпревар, а нас на европското секој натпревар ни беше значаен па славеФме :lol: , сакам пак луѓево да навиваат како тогаш, сите бевме пријателски насторени, заедно пеевме и се веселевме, многу радосни лица имаше тогаш, заборававме на проблемите за момент, среќна ни беше нацијата, едноставно сега осеќам некаква празнина во овај поглед, сакам пак да се повтори ова, претерано ми фали незнам зошто...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Е ова ми фали, и затоа баш би сакала, да се повтори оваа навивачка еуфорија, сакам пак вака да навиваме :party: , па што чекате :P ?!
     
    На Monna.Monna, Smilly, calliope и 8 други им се допаѓа ова.
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Прост народ - силна држава . Ооо ДА !
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Значи колку ретардиран свет постои, тоа је просто немогуче.
    Ми праќа една другарка сега да видам некое реално шоу Парови. Не ни сакам да го знам концептот, сум кажала 100 пати дека мразам ваков тип на "шоу". Буквално со подзината уста останав. Дечково има девојка бај д веј.

    Добро ај овие ретардирани, ама тие што фрлаат пари за да ги гласаат се уште поретардирани.
    http://www.youtube.com/watch?v=gNT7EjKe ... r_embedded

    Бог да чува и да брани :x
     
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Леле како си се радвам за Пиво фест. Уште една недела 8)
    Ајде нека иди побрзооо :ninja:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.