1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Од денес - хедонизам. Препуштање на земските задоволства со минимални можности а максимално искористување. Мозокот е потполно својствен, може да направи рај и од најголемиот пекол, а јас сум и повеќе од спремна да ја злоупотребам таа можност. Сам свој мајстор, мора малку да ги превземам работите во мои раце.
    А и добар пресврт е од интензивниот мазохизам деновиве.
    Доживувам мисловен оргазам, ама го преферирам уметничкиот, по можност и лиричен. Ми владее некоја интелектуална кома во околинава, ама не ја перцепирам, преокупирана сум со тонење во сопствените идеи, а и ако се претопам во околината пак нема да ја перцепирам, ќе бидам во кома.

    Се израдував денеска, мојот некогашен авантуристички придружник, непресушниот извор на инспирација всушност кика есови низ животот, со полна пареа. Колку сум горда на него, иако тивко и од далеку, иако патиштата одамна ни се разделија, тој секогаш ќе има посебно место во моето срце и секогаш ќе ми биде мило за него, заслужува најмногу од се да биде тоа што сака да биде.
    Се чуствувам малку ко ангел чувар, ама си ги сакам моите случајни минувачи низ животов кои оставаат толку добар впечаток, толку да не можам да помислам ништо лошо за нив. Харизмата е одлика која не може да ја има секој, а јас сум премногу благодарна што успеав да запознаам еден толку харизматичен човек, всушност, еден од ретките што може да ги наречам вистински луѓе. И тие луѓе секогаш ја имаат мојата поддршка и разбирање, секогаш ќе имаат дел од моето време.
    Всушност, времето е еден од најголемите подароци што може да ги добиеш денеска, толку многу луѓе брзаат некаде што не секој може да те удостои со време посветено само на тебе.

    И да, не е секој роден за тоа што го учи и не секој го учи тоа за што е роден. Бидете среќни ако сте ги откриле вашите таленти на време. Системот смрди, а можностите се отвораат само на оние одличните, ама само пишано одличните. Заеби пракса кога имаш 10ка во индекс, впрочем, кога фирмата ќе пропаѓа, или кога пациентот ќе умира, луѓето секогаш сакаат да слушнат некоја добра приказна која одличните стручњаци ја прочитале во нивните учебници. Македонија цела да е секој да ја знае.
     
    На calliope, Strumfeta93, Bright и 8 други им се допаѓа ова.
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Можеби е веќе постирано не знам од каде го најдов во компијутеров во фолдериве но морам да го споделам . Тврдам дека ова е најдобрата дефиниција на тема што е Љубов ?
    Барем до мене допре многу длабоко , сега дури мене ми е многу појасно што ЉУБОВ ?

    Навистина прекрасно ...
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, bittersweet, Cynthia и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Кога и да ме гуши клаустофобија, мора да удрам некаде. Не бирам со што, на кого, ни каде. И се чудам која супермасивна црна дупка ја голтна храброста и од мислење светки ми се појавуваат. А добијам ли вртоглавица, веќе нема назад; епа таа сум и си простувам. :angel:

    Не знам за вас, ама јас ова го нарекувам љубов.

    let's take a trip together
    headlong into the irresistable orbit
    breathe in the cold black space
    with the glistening edges...
     
    На Peppermint и starbucks им се допаѓа ова.
  4. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Дојде време... Дојде времето кое го сакав со месеци...
    И што сега? Не сум радосна. Баба ми вика дека мојата еуфорија поминала...
    Епа навистина, бев опсесивна со одење и Македонија, само на тоа мислев...
    Ќе ми фалат сите, и тоа многу...
    Летот ми е во петок попладне. Дај боже да не ми е претежок куферот, ДАЈ БОЖЕ!
    Време е за нови почетоци. Ќе биде се! Да не се секирам.

    Ај да не должам, трамвајот ќе ми отиде...

    Гушки до сите!!

    П.С ги добив оценките, и за 1 поен за математика, науки и англиски ЌЕ БЕВ 1ва во генерација! Ту бре, тууу..... А просекот е само 2 седмици... Јас имав 6 седмици!!
     
    На la-chicka, Doozy и Johny им се допаѓа ова.
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Еј колку ме нервираат ваквите размислувања. Сега немате/ме живот? А? Имате, ама не знаете како да го искористете.
     
    На sweet-star, Marbella, mims-89 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Иако телесното не е мерило за ништо конкретно, сепак и тоа како е важно. Не за истакнување на убавина, туку колку што е пречка во секојдневието.

    Цела недела си викам:
    -Ајде од утре, секако!
    И пак ништо.
    Времето си одминува, а и понатаму си стојам во место.
    Во себе си викам: уште 3 кг, што се, вежбај!
    Ама пустото не се вежба. Се гости, се обврски, иако знам дека немам соодветно оправдание.
    Инаспирацијата дефинитивно ќе ја црпам од Анабелчето, браво за упорноста. Сега ќе ја погледам во модни критики и на работа :wasntme: .
    Значи, морам, морааааам!!!

    :!:
    [​IMG]

    Им пуштам среќичка на сите како мене, не инспиративни :* .


    Едит: Ако ми успее инспирацијава, Анабелче те честам :* .
     
    На Monna.Monna, Lux, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека денеска не ми се мрда од дома. Ќе одам да вежбам, па ќе си легнам и до вечер не станувам.
    Цело време ми се вртат некои лоши реченици и случки низ глава, што ни најмалце не треба да ги памтам и да се потсеќам на нив...
     
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    прашање на веков :

    Што е поневеројатно и почудно : Да ти се јави дотичниот кој те направил, или Негова сестра т.н. моја тетка да сака да ме слушне после 20години од моја смрт ... О.о

    О да ја бев мртва за неа, ама Чудно над Чудата воскреснав вчера ... Ни ја незнам како :o

    Ајде де за оној шо ме направил нишо чудно да ми се јави, знаат да го треснат такви моменти, ама да ми каже дека моја драга теткица сакала да ме чуе О.о ми е исто ко Откриена Ајкула у Охридско Езеро , моментот на еднодневна прошетка до Марс и назад ...

    Нешто не ми мириса на арно. Едноставно не верувам у луѓе кои се менуваат од злобни у добри. Нема логика за такво нешто да се случи.
    Охх каков страв до негде ме фаќа што незнам што ме чека, што незнам што да правам ..

    Од нигде никаде ја неа мила и станав О.о кузнајт шо стои зад тоа ’мила’ ...

    Не верувам бре у луѓе неможам посебно на нив ?? Уште кај нив на гости да идам ? Кај некој шо 20 год ме рачунал дека сум више у Оној свет ??

    Незнам , можда се доведувам до прашање овој пат, колку и дали ке успеам да простам некому што ми оставил гадни белези у живот. А незнам да простувам, можда нејќам , Незнам што е работа....

    Ми треба Виша сила / енергија да ми помогне ...

    Фак ит ...
     
  9. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Мразам подли работи,мразам скриени злобни насмевки и мразам алчност.
    Ама,го сакам чувството кога ќе размислам дека не сум една од нив.И дека тие се за жалење.
    Лугето кои мислат дека среќата е во парите.
    Е па не не дефинитивно не е.
    чиста совест-мека перница
    нечиста совест-камен перница
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Значи, сфатив, дека малерот го следи човека дур го следи, и таман се мавнал од патот - животот ко да се просветлил. Машкиве ко ќе ги бркаш, си бегаат и некако брзи во трчањево, ама таман сединаш да одмориш и тап - сите се вртат околу тебе. Вчера, во две од 5те кафиња што ми го преполнија бабурот, 3 пати на мочање му ја тркнав, запознав еден интересен момак, многу ми се бендиса детево. Нели да не судам на прв муабет, па ќе чекам следно кафе (ма да вчера беа 2 кафиња едноподруго :lol:) и да оформам мислење. Се сретнав и со стари пријатели, сум ја насмеала секоја коска. И моја и нивна. И шо му знаеш, еден да си чекал да се најме двајцата сингл, па ај ќе те мувам. Ама напнат, упорен тип. Али морална облигација ме задржа, па това ќе да остане на тој агол. А и со двестотка излегов од дома и плус еклерчето, и си се вратив со 120 :lol:. Прво ќе частела другарица, и после ај плати сама, и после некое момче ќе запознеш, и на крај келнерите ќе знаат па ти се посреќило. Ко сега да почна вистинскиот јули, мајке му! Ајде, за уште пеесет кафиња и пак кригла на куќата :beer:
     
    На mamita му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.847
    Пол:
    Женски
    Деновиве имам наплив на романтика...А понекогаш знам да бидам вистински дудук по тоа прашање.Хендикепирана сум.Ич не сакам именување со мацо ,куцо и остали ѕвездички..ама се случува еднаш во неколку месеци да почувствувам нешто..дека сум празна и немам сила..
    -така беше сношти кога одев сама
    -така беше пред некоја вечер со слушалкитe на уво,и песна која инаку ја слушам секој ден,ама тогаш песната беше многу подлабока
    -и претходната кога дувкаше топло ветре,и неоправдано ме растажуваше
    -кога ќе видам некој пар,а инаку стално ги гледам ама баш во тој момент ми се посебни
    ...и се е романтично и воздухот и небото и...и се е створено за двајца.Без никаква причина мирисот на ветрот,чувството на кожата...и се наежувам што во тој момент сум толку сама....
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    :!:
     

    Прикачени фајлови:

    На Lepaaa, lolyta777, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК заради факултетов скапан си ги изгубив сите пријателки,ми станаа далечни,не можевме да се видиме ко нормални луѓе,да си го задржиме правото да си излегуваме,неможев ни еден роденден нормално да си прославам,само 20тиот,го изгубив него,го губев секој ден по малку,заради далечината,заборавив градов како изгледа и сега ми е криво,седам дома и ми течат солзи,ама морам да ги избришам,татко ми ќе се врати за брзо,неќам да ме гледа ваква и да ме прашува :(
    Мило ми е барем Фемина што ја има барем да си ја испразнам душава...

    Ќе ви кажам само фала за честитките за роденденот,ми значеа многу и цел ден имав насмевка на лице. И благодарам и на сестра ми за изненадувањето вечерта,иако малечко,сепак ме израдува...
    Иначе денот беше како обичен ден,искрено ептен осамено се чувствував,ама нема врска. Пошто сум будала на сите само јас да угодувам,ете затоа.
    Извинете ме за постов,не сум расположена,ама само тука можам да се искажам...
     
    На XstrongerX и Serafima им се допаѓа ова.
  14. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.855
    Допаѓања:
    95.362
    Пол:
    Женски
    и времево се искурнази....не лечи се.. бев препуштена само на него,а оно безмилосно :worried: не шо не ме излечи,уште толку ме болат некои работи,ај разбирам младост,предизвици,искушение,ама мене толку долго ме држи што почнав да се гушам од болка во плуќава моја 24 годишна!аааа да, и тој што не верува во љубов г...а да јаде,а тој што ја измислил уште повеке!е така..
     
  15. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Juicy03, Lepaaa и 20 други им се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Утрово донесов една важна и неопходна одлука.
    Ќе ја кратам косата. ;(
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Една од оние работи кои татко ми ми ги кажуваше и ги памтам како вчера да било, беше, кога велеше - јас не чекам светот да се смени според мои правила, јас создавам правила со кои го менувам светот околу мене. Јас не чекам животот да ме изненади, јас го изненадувам него.

    Татко ми не збореше, татко ми најпрвин правеше па потоа зборуваше.

    И ептен со гордост сакам да зборувам а и зборувам за него, за работи кои ги кажал или направил.
    Моите најблиски знаат, дека кога и да поминам/поминев/ќе поминам покрај Музејот на град Скопје се загледував во столбовите, во оние историски плочи кои стојат пред него и гласно кажував - една од овие е донесена од татко ми.
    Ја пронашол во јужна Македонија додека бил на терен и веднаш организирал превоз во Скопје. Имаше огромна почит кон историски објекти и сакаше да зборува, истражува, чита за историјата.

    Хм, а повеќето од тие плочи се надгробни спомени и јас со занеменост и грутче во грло поминувам покрај нив. Не морам да објаснувам зошто.

    И сега се случува ова.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedon ... t-vo-skupi

    Арно им текна. Ама сериозно, кога Леси ќе се врати повторно дома, планира на некои ликови да им р’кне сочно у фаца и да им рече - Македонија не го заслужуваше татко ми ко нејзин граѓанин, затоа што денешниве граѓани (или барем моќниот дел од истите, да се поправам, а моќта разбирајте ја како моќ на хартија) успешно го уриваат она што претходните го граделе.

    Буквално и метафорично. Епа, све по список веќе! Ама све!
     
    На zarah, Juicy03, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Што знаете вие за мене, и за моите одлуки, и за она низ кое минувам, и за она што ми се случува?
    Ништо не знаете.
    Немојте тогаш да зборувате, и немојте да прашувате, немам намера никому да кажам.
    Што знаете вие за тоа колкава тежина некои работи претставуваат за мене?!
    Ме прашал ли мене некој како ми е?!
    Ме прашал ли мене колкави трауми ми оставија некои случувања?!

    Не сакам сега да прашувате каде сум, што правам, не сакам да ме барате, не сакам ништо, не сакам да ве погледнам. Каде бевте кога ми беше најлошо, каде бевте кога ми требавте? Кој беше мета на потцена кога си лечевте комплекси? Како сега да ве побарам, како сега да ве сакам? Би се вратиле ли вие кај некој што ве шутирал толку долго? Вие не знаете каква е таа болка. Не знаете. Навикнав и без сите вас, колку и да е тешко. А само јас си знам колку е тешко... само јас.
     
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Добро сам јас ли се чувствувам вака :doh: празно и осамено :Down:

    приметив дека не сум повеќе истата, не сум таа комуникативна девојка која постојано сакаше да разговара со секој и за се, се затворив во себе, самотијата ме совладува, нон стоп молчам, разговарам само кога морам, мајка ми постојано ме прашува што е работата а јас кревам раменици :|
    што да и кажам кога незнам ни сама што ми е, сакам само да спијам и гледам да сум сама дома
    најубаво ми е така сама...
     
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Од каде ли толкава одговорност во мене. :) Деновиве се правам многу силна, одговорна, па дури и почнав да наредувам.. :!: :roll:

    Се на се, ми треба еден голем одмор, макар на еден ден да се опуштам , да ги одморам мисливе и мозоков.

    Бидејќи знам дека ова лето нема да можам да уживам некаде цели 10 дена, туку на само неколку денови во Охрид, ептен се радувам и на тоа :lol:
    Како велат
    Боље ишта, него ништа :)

    Едвај чекам да се избањам во нашето убаво езеро, да се испружам на лежалка и да уживам. 8)

    И да се пофалам, си добив нов HTC мобилен телефон. :mp: :)
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.