1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.059
    Сањав дека водам љубов у библиотека после јак џек пот у казино.Дечкото врло познат...всушност се пресликуваше чак што више у двајца. Потсвеста ми праќа некој ебан сигнал, што е најтрагично мислам дека го разбирам. Нечеш секо,полако,полако...

    Ми се гледаат документарни емисии и патописци во кои ја нема Берта Додевска. Која несреќна жена ти е ова... Дури и досадно и е више да шета,ама замисли како ќе биде Берта да се пензионира,дури нема ни поента да рече на Хаваите мадам. Она може да пензионерува на пример на месечината,а и таму ќе сними нешто од досада.

    Го гледам дедо ми...тешко ми е. Логично,постар е од лани... Изгледа како памук...и матни му се зелените очи... Зошто мора да ме боли составен дел од животот?! Не се плашам толку од својата старост и целиот след на работите,колку за блискиве... Живот...
    И како спротивност на животот, му ги обожавам обравчињата и прстињата на внук ми. Сите тие бебешки масти,омн,ном,ном,ном,измачкани со сладолед и невешто лижење! Се сеќавам кога прв пат му дадовме лимон! :lol: Душа моја убава,медена!
     
    На bittersweet и NoellePage им се допаѓа ова.
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Немам време да ве читам, тууу тајард сум.Секојдневието го прави поубаво барем тој ,мало другарче во години но големо во душа.
     

    Прикачени фајлови:

    • naptoddler.jpg
      naptoddler.jpg
      Големина на фајлот:
      30,4 KB
      Прегледи:
      440
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Мала промена, направен голем чекор.
    И најдолгото патување започнува со еден чекор. Поарно чекор по чекор отколку нити една стапка.
    Чекор по чекор ќе истрчам маратон. Животот е маратон, колку повеќе трчаш, толку побрзо изминува, годините врват како луди, а чекорите зад нас остануваат да не потсетуваат колку пат сме изминале и колку треба да изминеме. :!:
    Никогаш нема да се одкажам :shake: , ќе го трчам маратонот и покрај сите пречки што ќе ми се испречуваат на стазата, да немаше пречки немаше да биде тоа живот, зошто пречките се составен дел од животите кои мораме да ги прифатиме и да се носиме со тоа.
    Направив еден искрен муабет вчера со моиве, им се жалев, и тато ми рече: Во животот секогаш не можат да ти цветаат рози, мораш да се научиш да се носиш со работите. Тоа го знам, маратонот ме научи на тоа, ако не се носиме со сите проблеми и маки што ги имаме ќе застанеме на половина пат.... :talk:
    Мораме да бидеме борци, баба ми вика животот е борба, јас викам дека треба да бидеме борци за да можеме да се избориме во сите ситуации.
    Каков, таков, тоа ти е живот, можеш да го сакаш, мразиш, да се разочараш од него, да ти мане шамар, да те спушти толку ниско за да посакаш да не станеш три дена од кревет, да те насмее, да те потсети на минатото, да те натера да мислиш на иднината, живот....
    Живеете го со полна пареа, само тоа ни преостанува! :angel:
     
    На Podarok, Serafima, Glossy-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Излези момче право на тераса, ново продолжение :)

    http://www.youtube.com/watch?v=pXdBMzDm ... r_embedded

    Ми се чини ако оваа е цела навивачка химна речиси никој нема да ја научи . Како да ја учиш Сердарот :D Секоја чест за тој што ја напишал, ама според коментарите тешко дека ќе се пробие. Не верувам да се пее по трибини цела. Сите ќе кажуваат по нешто , ама се ќе се измеша :D
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека оној ден што мислиш дека ќе ти биде најлош, излегува најубав.
    Златна прилика имам, не смеам да ја пропуштам! :rock:

    http://www.youtube.com/watch?v=b0LDbf4ipWM

    Hey Satan! Paid my dues
    Playin' in a rockin' band!!!
    :P :rock: :rock: :rock:

    Само уште тремава да ја истерам и утре ќе грмиме!
     
  6. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Сакам да ви кажам дека некако мутно ни е Скопсково небо, нешто ко некои облаци да не напаѓаат од зад Водно. Ама ако, сакам да заврне бре, да се истури, и да се стуткам дома во некое ќоше и да си уживам со нескафенцето и добро музиче. Дај да заиграме некој абориџинско-индијански танц(као овие кошаркариве на Нов Зеланд) за повикување на дожд, сите заедно, можеби ќе бидне нешто.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.736
    Допаѓања:
    6.729
    Вчера дојдоа вујко ми,вујна ми и братучетка ми од Австралија. Иако со девојчево контактиравме и претходно на фејсбук, кога ја запознав како ни тргна муабетов, многу слатко девојче :)
    Иако бев уморна вчера, отидов до ресторан со нив па малава сакаше до Луна Парк.. леле, кој ѓавол ме тераше да одам на картинг, и тоа за првпат, затоа сега си заработив крваво колено, раце, слабина, и едно незгодно место. :D О боже, кај баш таму бе.
    И ај, они пријатно изненадување, ама згора на се, денес и се разболев. :| Кој, кажете ми кој се разболува на ова време? Па Блуууу, кој може друг.

    Инаку, денес станав во 8 часот, бевме на жичарата на Водно, ок си поминавме ама бев преуморна пак, можете и да си претпоставите, а озгора девојчево што незнае македонски, таа ни својот јазик не го знаеше па и тоа да мислам да зборам. Оф, леле.

    Ама во секој случај, мило ми е што дојдоа, и кога се разделивме, по пет минути таа се врати со трчање и ми рече: 'I had to go back again, I just wanted to say bye and hug you one last time.. and I promise I'll come back next year!' Срце бе! Како ме израдува..

    Инаку, се коваат планови да одам оваа година прв пат сама на одмор, т.е не баш сама, со другарици и со родителите на едната во близина, да не чуваат. Ама ако, и од тоа сум задоволна. Ја прашав мајка ми, немаше лоша реакција, ми рече ќе видиме.. пааа се надевам на позитивен одговор. :wasntme: Сега па проблеми прават резервациите зашто еднава другарка прекасно ми кажа, а па таткото и мајката на другата незнам дали ќе прифатат уште едно дете, кај ќе не пазат пет.. Ама многу сакам да одам, иако ќе биде во Струга, во едно мало село, ама ќе си имаме приватна плажа, имало и кафичи, така да друго не ми е ни битно! А и друштвенцето ќе биде топ.. и сите делиме ист вкус за музика, па нема да има проблем при бирањето на која и каква журка ќе се оди. :wasntme:

    Сепак, нека ми помине настинкава и раниве, а за одморот има сеуште време, уште еден месец.
    Како и да е, држете ми среќа се да испадне добро и да отидам. :)
     
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Мразам монотонија.Мразам,мразам,мразам!!!
    А деновиве се сите исти,еднолични,досадни,никакви.

    Станата од 7,а дури сега го пијам првото кафе денеска.Го пијам горко.Јас најголемиот слаткар на планетава го пијам горко.Очигледно сум заборавила шеќер да ставам,и не можам овој мрзлив газ да го одвлечкам пак до кујната.
    И дур оно ми горчи јас размислувам и се оптеретувам со работи кои иначе не би ми паднале на памет,а мразам да си го трошам времето или мозокот на глупости.
    Ама ете,принудена сум.

    Ги гледам денес девојкиве низ градов....Као сите бараат вистинска љубов,а пола град носи лажни LV ташни.
    Eпа не иде то тако девојке моје.Не,не. :shake:
     
  9. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    И дојде денот "О" ! :D 8)
    За некој саат тргнуваме за на одмор со љубовче! Вчера положив така да одм чиста позади себе, со голем дел од обавезите завршени... :)
    Ве гушкам сите, здрави и живи, како шо вика идната (могуќа:D) свеки, се читаме за 7/8/9/10 :rofl: дена!

    Ви пуштам позитивна енергија, ја имам во изобилие! :*
     
    На anuskaNESTLE, Adi888, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Колку е благословена жената!
    Таа е како бршлен кој се обвиткува околу својот столб, околу својата љубов, вечно зеленее и никогаш не овенува.
    Живее, дише, создава за него и никогаш тоа не и претставува ропство, не и претставува товар, зашто се тоа го прави од љубов.
    Таа е преполна со сите нешта, што не ги поседува нејзиниот сопруг. Знае кога е време да биде трпелива, кога да биде остра, кога да даде комплимент на својот сопруг, знае кога да помогне... Трпеливоста, воздржливоста, нежноста.. се нејзините вечни украси со кои таа се украсува.
    Не е само убавата коса, не е прекрасниот фустан, не се убавите обувки, луксузот во кој живее и што ја украсува...
    Жената, жена ја прави само духовното.
    Само тоа е вечно, тоа не обелува од годините како косата, тоа не го уништува оган - како облеката и се друго што е материјално, тоа е она, што не го брише времето и никогаш не останува во заборав.
    Тие нејзини соочувства, мигови на нежност, убави утешителни зборови и совети... тие остануваат секогаш. А добриот и верен сопруг, оној која ја сака безрезервно, тој некогаш и ќе ги преточи и на лист хартија, за да останат вечни.
    Таа, само таа знае и безрезервно да се жртвува. Го става својот живот пред се, за своите деца, за своите полски кринови кои проникнале од нејзината утроба, а исто и толку доволно силно и за својот сопствен сопруг.
    Да, Господ во животот понекогаш дава силни искушенија, се со цел да испита колку е застапено трпението. Подарува несовршен сопруг, она што не се посакува. Но, се е за нешто добро, кое иднината и само времето ќе го докаже тоа.
    А таа на тој начин го покажува тој украс на трпение што, понекогаш знае да се жртвува толку многу, што би останала без неопходното, само за да помогне на својот сопруг.
    Ова неодамна се случило на исток, Кина, Јапонија.
    Двајца војнички другари, си ги ветиле своите деца. Ако едниот има син, а другиот ќерка, еден ден да станат сватови.
    По многу години и тоа се случило. Но имало еден голем проблем, а тоа било што девојката не била убава, а момчето многу поубаво од неа. Ја прифатил, заради својот татко, но неговиот живот станал кошмар. Им се родиле деца, но тој бил на истото. Не ја изведувал надвор, не ја покажувал пред своите колеги, не и обрнувал воопшто внимание.
    По 20 години брачен заеднички живот, човекот се разболел. Било потребно да се пресади рожница и да го направат операција на окото.
    Рожница била пронајдена, но не и пари.
    Кутра жена и иако цел живот потисната, цел живот која не слушнала убав збор од сопругот, сега направила нешто што никоја жена и не би го направила. Таа дарла се што имала.
    Целата нејзина животна заштеда, која макотрпно ја штедела од него, која ден и ноќ работела за неа, не спиела, плачела, заради горчливиот живот, не добивајќи ништо за возврат, му дарила се.
    А сопругот сеуште тврд, не ја ни викнал на својата операција. Не и дозволил да биде во болница, зашто и понатаму се срамел од неа.
    Го оперирале, се вратил дома, а таа кутрата во еден ќош, свиткана, плаче ли плаче.
    Во тој миг, ќерката, не можејќи повеќе, му кажала се на својот татко колку е неправеден кон неа.
    Дека нејзината мајка, остана слепа заради него, се со цел тој сега да гледа со двете очи, па и понатаму да не ја почитува. Ја дарила својата рожниица, за тој да биде среќен и да гледа.
    Дури тогаш сфатил тој човек, што имал крај себе. Не човек, не сопруга, туку ангел, кој се жртвува за него. Паднал на колена пред неа и како малечко дете ги милувал нејзините раце, ги оросувал со солзи, барал простување...

    Понекогаш, не гледаме колку некој се жртвува за нас. Гледаме и одиме како коњите, на кои им ставиле узди и одат по нечија друга волја, односно по нашата, понекогаш егоистична волја. Не гледајќи дека некој има до нас, не сакајќи го тоа да го сфатиме.
    А колку би било друго, кога ние жените би ставиле еден превез на се. Кога би го ставиле превезот, се со цел да го сокриеме недостатокот на својот сопруг, зашто сепак сме ние дел од неговото тело, кога ние со тој превез, би ги потполниле сите нерамнини од се.
    Тоа е убавината на вистинската жена.
    Да биде тивко пристаниште за својот сопруг, мека перница на која би ја ставил својата глава и би се одморил од се, нежен ветер кој го милува секојдневно, па макар и на миг, книга која изобилува со прекрасни редови на поезија, сликовница со прекрасни слики од кои извира спокој, бистра вода која секој миг го пои и никогаш не го остава жеден... А нејзината најголема уметност се состои во воспитувањето на децата. Нејзините бои, се нејзините зборови, а нејзините неопходни алатки, се нејзините дела. Тоа е нејзиното најголемо богатство што го поседува, односно нејзината неизмерна љубов, од која и таа уметност ја твори од длабочината на својата душа. Така на своите деца им го предава, тоа свое бесценето наследство, нејзиниот пример на живот, кој понатаму станува пример од кој би се огледувале нејзините деца.
    Тоа е таа, вистинска жена, која не ја интересираат минливите задоволства, која се посакува да има само со него и со нејзините деца, која не ја интересираат празните озборувања, која секоја вина ја бара во себе и се обидува да биде се подобра и подобра, се споредува, не со лошите примери од секојдневието, не со неморалните жени, туку со доблесните, добри примери на вистински жени.

    И не само кон својот сопруг, туку кон сите е иста и принципиелна. Најважно, сопруга, мајка, одмерна, воздржана, вредна домаќинка и работничка на професијата, која се одлучила и пред се правична и полна со љубов, трпелива кога ја навредуваат...
    Зашто тоа е нејзиното најсилното оружје за се.
    Млад брачен пар, живеел со родителите на младоженецот. Но проблемот бил во неговата мајка и сопруга. Туку не се сакале, што не сакале ни да се видат. Свекрвата насекаде кажувала за тоа незадоволство од снаата, а исто и снаата за неа. Се додека еден ден снаата не заминала кај еден тревар. Побарала некоја билка, се со цел побрзо да се реши од свекрвата.
    Тој и кажал дека, постојат два вида на тревки, а тоа се: со едната ќе биде тоа веднаш, а со другата постепено. Но сепак се одлучил за вториот вид, се со цел да не биде сомнителна целата ситуација. Притоа и дал совет, малку да се промени. За да не стане премногу сомнителна и за да може да го пие свекрвата чајот, што таа ќе и го приготвува секој ден.
    Така и се случило, но сега нешто сосем спротивно. Од тоа нејзино внимание, свекрвата толку ја засакала својата снаа, исто како родена ќерка. И сите претходни критики, сега станале пофалби.
    Мислењето се променило и кај снаата. И таа ја засакала многу, но што сега ќе прави со она што и го прави секој ден?! Таа може да умре во секој миг!
    Заминала кај истиот човек и барала помош за тоа, само да не се случи најлошото.
    Тогаш човекот и кажал:
    - Јас не ти дадов отровни билки, зашто видов дека во тебе беше проблемот. Туку ти дадов витамини и други лекарства се со цел да и помогнеш. Но, најмногу што помогна во се е твоето воздржание, твоето трпение и љубов. Тоа ја смени и твојата тврда и можеби на моменти лоша свекрва.
    Оди си дома со чиста совест.

    Да, понекогаш е премногу тешко, но се се може. Разумната снаа која се трпение и љубов и се покорува и на лошата намера на својата свекрва, можеби подоцна, но ќе вроди со плод. Потребно е само време и многу љубов.

    И како што би кажала една вистински добродетелна жена.
    - Разумната жена своите проблеми не ги кажува по соседките, туку на својот сопруг. Зашто само таа знае како и на кој начин да го каже својот проблем, зашто го има благословот за тоа. Знае кога му е потребен лек на сопругот, дали телесен или духовен. Само таа го знае тоа.
    И така, само на тој начин, тој проблем ќе се реши, но не и со празни разговори.

    Вистинската жена е лебот на љубовта.
    Од кој сопругот секојдневно се храни и не може без тој топол и мек леб, кој за него значи живот!!!




    Едит: Простете на долгиот пост.
    Наплив на емоции :$ .
     
    На I.love.your.lips, Fearless, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Немам зборови за брат ми.
    Колку се труди за мене... ех, Ашлинг да го немаше, ќе требаше да го измислиш.

    *although поминавме низ срања.
    It's not our fault.

    Тој е од оние i don't always.... but when i do..
    И затоа си го сакам.
    Не сме навикнати на изјавување меџусебна љубав и лигавења, краво, стоко, глупак ни е во секојдневниок речник, иако двајцата сме магариња големи, ама убаво викаат.. понекогаш зборовите ништо не значат, по постапките се гледа и љубовта и останатите емоции.
     
    На bittersweet, marama, TheKiketoo и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Не бре, луѓево немаат попаметна работа од оговарање, и кикотење ко улави, седнати под тараса и само оговарање, шепотење... Уф, абе колку и да сакаш со убо да ги тресниш од земја, не бива. Туку ајде бе кажете ми што има толку интересно на ова време жешко па да се смеат и зборуваат толку гласно?
    И вртат тука муабети зет дома зет, ко ќе излезиш, а ко ќе си внатре, се смеат ли се смеат, ко нездрави.
    Женишта никакви.
    Мал град сите се познаваат, ама пливаме од муабети и од оговарања.
    Ма нека се гонат у пичку мат*рину. Не сакам вака да се изразувам, ама нервозна сум бе, кај досадно, жешко, никакво уште тие. Па и за турски серии праат муабет, аха, да! Турски серии нека им скакаат на гла. |(
    ЧИСТЕТЕ СЕ ОД ТУКА, ЖЕНИ БЕЗ РАБОТА. :devil:
    И маживе бетер од жениве, собрани 100 души и ахахахахбуахах ачу а ахаха ! :fubar: Културата на нивоооооо.

    Е фемино, да не беше ти тука, кому ќе му го кажев ова? Фала богу што те имаме. :emo:
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Утре е последниот ден, завршетокот на една етапа.
    Последниов испит е секогаш најтежок, ама стварно имам повеќе трема него прв пат кога полагав...
    Само да не се ушептрљам и Арчи да пушти срце малку барем и да се смилува во овие тропски горештини..
    И да има уште некој кој полага на 6ти јули ако многу луѓе ми вртат очи кога ќе им кажам дека лажам, али зашто би...
    Со господ напред, што би рекла само уште еден ден..
    Денес цел ден медитирам шетам, конечно се опаметив и не учам ден пред испит, убаво било чувството :wasntme:
    Џон Леџенд е дефитивно подобар од лексилиум, можам да го служам цел ден
    Wish me luck :wink:

    http://www.youtube.com/watch?v=BcmLJJ6LzoI
     
    На Lux, Doozy, Miss-Independent и 10 други им се допаѓа ова.
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    12.940
    Пол:
    Женски
    До кога ли ќе се тешам дека не ми треба одмор, кога НАВИСТИНА ми треба? Се чувствувам како лисицата за која грозјето сепак е кисело.
    Лоша сум што некогаш им позавидувам на тие кои без проблем можат да си ја дозволат Хрватска, или пак простата Грција?
    Мене ми е убаво да можам и во Дојран да отидам. И онака имам убаво спомени од таму.
    Како луда барам работа за неколку месеци, само што никаде не ме примаат.
    Побескорисно не сум се чувствувала никогаш.
    Ми е срам, толку ми е срам да барам и 100 денари од моите веќе. Затоа, и дома не ми е лошо (демек).
     
    На Monna.Monna и Hipster им се допаѓа ова.
  15. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Or hugs? :wasntme:

    [​IMG]
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.059
    Мал прст на нога...прст ли е тоа бре?! Кога му го сечам ноктот...ноктот?! 1 милиметар цртичка останува,па не можам ни да го налакирам! Па ставам од оние меѓу прсти,за да не го ушлакам соседниот...па го цртам со внимание,ко да правам операција на отворен мозок,не лак на мал нокт!
    Женски проблеми...

    Најретардирано прашање на интервју за работа : Дали си тимски играч?! А те бара за работна позиција која бара индивидуална работа и моментални одлуки,ама ако кажеш дека си индивидуалец,нема да добиеш работа. Рековте професионалци во човечки ресурси?! Ахам!
    Мора увек да викам,да,да тимски играч сум...па онда тимот испаѓа да е група,па се караат, се мразат и мислат дека се најпаметни дур не отидат у очај,после никој нема муда да преземе одговорност и да донесе одлука и мора да им го вадиш смрдливиот гз,а си 10 години помлад од нив... Тоа се вика... преценет медиокритет кој заслужува да биде плеснат со весниче по задник како што благо си ги казнувам домашните миленици. Па не можеш бе построго,толку му било доделено у црепот, само да го потапшаш по главчето и онака,оооо не се грижи сине,сега мама ќе го среди хаосот позади тебе...
    Па така кога некој ќе ми рече кај нас дека работи у човечки ресурси правам,мхм,и се воздржувам од она гадно смеење од кое ти се дуе устата и плукаш се околу себе... :D
     
    На slavica999 и Phyramide им се допаѓа ова.
  17. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    3.371
    Колку ние девојките, жените, воопшто женскиот род сме лицемерни суштества, немам зборови. :D

    Лето е нели, треба да се изгледа добро во бикини, да се смали колку-толку целулитот, да се затегне што може побрзо да се затегне нешто ... И тоа се прави во последен момент, пред да отидеш на одмор нели, оти мооора сликите на фб да бидат одлични, да биде се на место. Па ајде, ригорозни диети, сокче по цел ден, тргаш маснотии од јадењето, јаглехидрати, само овошје и зеленчук, се потиш, купуваш антицелулитен крем ... итн :D
    После одморот се знае, пак секој ден пржени компири, престануваш да вежбаш, лежиш по цел ден, јадеш палачинки, торти, колачи, го баталуваш тој кремот што демек, ти го отстранил целулитот :rofl:
    И така се до наредното лето ... :rofl:

    Па добро бре, кој лажеме? Самите себеси само. И тие луѓето што ќе не видат на плажа. Што не не познаваат.
    Низ цела година си се тискал со што ќе стигнеш, без да пазиш на линија или било што, сега еден месец пред одмор стануваш ко Роки ебате. Уште да почнеш и јајца да пиеш за мускулите да ти излезат побрзо. :rofl:
    Свака част на тие што вежбаат преку цела година и одржуваат изглед, али ете, во моето опкружување, бар од тоа што го гледам и слушам ова се прави.

    И јас така прееска, викам, ај чек да си се погледнам поубаво ... Облакам купачи, си викам - Па убава сум си бе, што ми фали? :?:
    После тоа ми се мотка мисла во глава - А да почнам јас да вежбам малце, а? Колку да си го стегнам газето бар? Оти тоа убаво си е, али да му дадеме и повеќе цврстина не ќе да е лошо. И таа мисла траеше 5 минути. :lol:
    После 5 минути, си реков - Абе ајде, што ќе ми е вежбање, на ова топло?!?! Што ќе се потам ко свиња секој ден? Не ми треба. Фала му на дедо Боже и на генетиката пред се, имам убаво тело, цицка, г`зе, бутче, колкче, се се наоѓа. Не сум дебела, али си имам облини, јбг, со моите 53 килца.
    И така, пропадна мојата мисија за слабеење, овај за стегнување ... :wasntme:

    Еххх, мрзо, мрзо, од тебе ќе си умрам! :!:
    Ајде сега, поздрав, одам да јадам пржени компирчиња, а за линијата ... Пих, има време, не сум испланирала уште за одмор 8)
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Моментот прекрасен...кога ставаш кремче на твоите стапала и облакаш чорапи...........бебешка кожичка милина.

    Замаена сум ,незнам што точно ми треба, во костец со време ..............малце моменти со драги личности,збунетост,носталгија,исчекување...и животот продолжува.
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Денеска месечината е волшебна! ^_^
     
    На Rock-a-Fella и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    СДК дека ги сакам мајка ми и татко ми, тетка ми и другарка ми најмногу на свет.
    Постов повеќе е за моите пошто не верував дека вечерва ќе направам таков искрен муабет со нив, дека ќе ги претрпат сите работи што некој друг ќе ги излае за мене и ќе ми направат таков отворен и искрен муабет и пред се дека ќе поверуваат на моите, а не на туѓите зборови.
    И покрај се што згрешив и не ги слушав, испаднаа во право. Испадна дека е така како што викаа дека ќе е.
    Толку многу плачам што мисливе ми се така не поврзани и не знам што пишувам. Битно сега сфаќам дека се е минливо, само треба да си ги сакам моите.

    Мамичке и татичко простете ми што не ве послушав, бевте во право. Најмногу ве сакам! Најголемото богатство за мене сте вие и дада ми!
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.