[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Честичките од неговиот мирис вечерва ми се длабоко навлезени во порите.
    Го дочекувам утрото со отпечатоци од бакнежи и траги од врели допири.

    Велат, полната месечина е виновна за несоницата.
    А јас се сомневам дека премногу сум заљубена.
     
    На Crixus, Rock-a-Fella, tweety26 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Повторно со фемина после толку долго време без интернет :) :*

    Наработа треба да идам за саат време а немам очи затворено ни 5 секунди :/ Ајде денеска Господ нека ми е напомош, а од утре ке почнувам да спијам...дефинитивно
     
  3. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Добро утро феминки,имајте убав ден! :) :*
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Едноставно морав да ви кажам...

    За половина час ќе се качам во кола и тато ќе ме вози до аеродромот.
    ДЕНЕСКА МИ Е ЛЕТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА~!
    Неможам да ви опишам колку го сакав овој ден!

    Ќе се вратам со стариот, мил живот. Ќе им се вратам на другарките, мајка ми, останатото семејство, милите комшии, старата фонтана сред маало и МОЕТО СКОПЈЕ.
    Неможам да кажам дека се овде во Холандија нема да ми фали... Татко ми, прекрасните другарки, училиштето, добрите наставници, точакот што едвај го возам што ми е мал, брат ми, маќеа ми, мојата собичка ама и сушарата :lol:

    Две години поминати и во тие, има високи стандарди на учење, високи достигнувања, промени на мојот карактер и мојата гледателна точка. Како што опишав во друг пост, сум многу по САМОУВЕРЕНА, не ми е гајле што мислат другите, БОРБЕНА и тие работи :D

    Ви посакувам прекрасен, најпрекрасен ден!!!

    Цвеќе123 ќе ви дојде во Македонија!

    Гушкии
     
    На la-chicka, kate21, slavica999 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    ... a замисли, јас френч му правев ... сама :!: :lol: И баш размислував на тема - животот без малото ми прсте ... уствари што ќе ни фалеше ако имавме само 4? ем нема да се намачиш околу лакирањето, ем нема што да ги истражува предметите низ дома касно навечер :swear:


    Јас и кафето -црни, јаки,жешки ( :P ). Голема љубов делиме, особено вака рано наутро. Се сеќавате на онаа дефиниција - пиј си кафето, пиј си тутунот, азното само ќе си дојди? е, по неа се водам некако во последно време, ама пусто азно нигде го нема. Изгледа треба да ми се сони кај да го барам.тоа она материјалното.
    Си размисливам, како е можно некои луѓе со еден поглед да изнудат од мене што и да наумат? Недај Боже уста да отворат,секоја морална кочница во мене е способна да откажи... ахх, море реваш ќе има за таа работа. И незнам каков му е планот на типчето, ама мене вирус не ме фаќа а камо ли тој ! Ќе си се меркаме бре! ете така ...
     
    На minne-mouse и anabel-a им се допаѓа ова.
  6. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    сами си ја кроиме судбината...
    ми се ближи крајот,разочарав премногу луѓе пред се моите ;(
    сама сум крива мислев ајде ке помине и тоа а ја само од беља у беља оооооооооооо сакам да ме снемааааа
    ни за свинска пи*ка не ме бива ;( :@ :@
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Го изгледав видеово ... Еии што ти значи живот! :tmi: Кога доаѓа крај на светот за тебе ... се појавува од никаде искра за нов почеток. Ко некој да ти го режира животот, а ти мораш да одглумиш. Навистина колку е тешка толку е и инспиративна и мотивирачка приказнава на дечково.
    Губиш многу, па добиваш уште повеќе но и обратно ... тој е тој магичен круг кој кај секого може да се случува. И она што го добиваш како вреден гратис е силата и истрајноста во целиот тој круг на губење и победување. Навистина се случуваат чуда ... И по не знам кој пат вакви животнии стории ме замислуваат :?: . Можеби некаде, негде ... еден ден ... искра на нов почеток, надеж и позитивен тек на животот.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    ...криво ми е што не можев да ви се заблагодарам на честитките побрзо... таква ми е ситуацијата... но еве ми ја приликата сега...
    Ви благодарам за честитките и искрените желби, и да ви кажам послушани се... имав прекрасен ден, околу мене скоро сите мили, не се објаснува ова со зборови... би сакала сите да го почувствувате тоа...
    Прекрасен ден, но следниот кошмар... ама за мене ништо ново и депресивно... одам понатаму!
    Чуз 8)
     
    На Adi888, kate21, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Љубовта никогаш не била само и исклучиво меѓучовечки однос. А уште помалку била и е договорен, економски, облигационен однос во стилот: (ќе) те сакам, ако ме сакаш.

    Љубовта никогаш не била економска .... упс... емотивна манипулативна однапред вкалкулирана инвестиција од која очекуваме за возврат ... љубов, среќа, исполнетост и задоволство. Ете нема дури (н)и логика. Инвестирам љубов и очекувам љубов. И при тоа ако е можно, инвестираната љубов да е помала од очекуваната и возвратена љубов, за да ... нели... зделката биде профитабилна и инвестицијата исплатлива. Во спротивно, не те сакам ;)

    Ебати љубовта, ебати :) Понекогаш мислам дека помеѓу две фирми има повеќе искреност и љубов отколку помеѓу дечко и девојка! Фирмите барем си признаваат дека влегуваат во меѓусебни односи поради свој личен интерес. Ние луѓето влегуваме во меѓусебни односи поради љубов кон другите, хахахаха...а не поради личен интерес.

    Ако толку многу сме полни со љубов кон другите од каде таа несреќа кај луѓето (не само) во Македонија? Ако толку многу се сакаме меѓусебно и ја сакаме Македонија, зошто тогаш сме незадоволни од нашите животи? Ем полни со љубов, ем несреќни! Нешто ми нема логика, иако љубовта не е логички чин!

    Не е лошо пред да почнеме да ги сакаме другите, малку да се посакаме самите себеси. И да поработиме на самите себеси. Да се подготвиме за љубов. Ако може со недели да се подготвувме за годишен одмор, зошто да не се подготвиме неколку денови или недели за љубовта. Или ние се' си знаеме за љубовта! Или можеби треба да посетиме некој курс или воркшоп: Како да се сакам себеси и другите, без притоа да си го поебам сопствениот живот и животот на оние кои ги сакам!

    Почнувам да ја дефинирам љубовта како филозофски став кон животот, а не исклучиво како меѓучовечки емотивен однос. Тој став кон животот значи посакување и остварување на среќен живот на другите и на самиот мене. Просто е невозможно е да ги сакаме другите, а да не се сакаме самите себеси и обратно. И ако не сме способни да се прифатиме и сакаме себеси онакви какви сме, тогаш сигурно сме неспособни да ги сакаме и прифатиме другите онакви какви се. Способноста да (се) сакаме е правопропорционална со нашата способнист да се видиме себеси и другите вистински, објективно и реално.
     
    На Sara123, TheKiketoo, MSkorpionka и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да кажам дека пак навреме си станав и сега си го пијам кафенцето,со ФЕмина се разбира :) А после незнам,можи ќе прошетам,ако не ќе си ги расфаќам пак работите во собата :) Мора нешто да сум активна барем :) Уште неколку дена одмор и да си продолжвам да учам за последниот испит :) Јеее уште малку,готово е.Испитот е многу голем,1500 страни се собираат,па едно дури сум прочитала,другото сум го подзаборавила,а за се треба да знаеш,е сега ќе се потрудам овие месеци и ќе бидни и тоа.После подруго е кога ќе почниш да работиш,ама ова мора да помини,мора да се знае. A и орбитрекот ме чека да почнам :) Ќе си го менвам сега по малце животот секој ден.
    Тоа е засега,останете добро расположени и имајте убав ден :sun:

    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=vcWTTs8QVRc
     
    На Doozy, AnaKarenina, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.839
    Допаѓања:
    101.391
    Пол:
    Женски
    Одам сабајлево од пазар,едвај се движам ,горештиниве ме убиваат, фустанчето се залепило за моето..овај..телце.. :$ ,и одеднаш пред мене на тротоарот врапче.Ама мало, мало ,штотуку испилено ми се чини.Погледнав горе во гранките и не видов гнездо,а и да имаше зар ќе се јазев да го вратам во него.Е сега мака.Како да го однесам дома.А товарена со 2 кеси,не можев да го оставам така на улица ке настрада сирото.Набрзина,отпразнив една кеса,ставив палома и го ставив одозгора и со тркачки чекор до дома :D Набрзина најдов картонска кутија од чевли и тањир од стиропор ,му ставив вода,ама гледам не може да пие.И сега како бре да го нахранам.Ми текна ,зедов сламка за сок вовлеков вода,ја затворив едната страна со прст и полека ,успеа да испие 4 капки вода.Си викам можеби е гладно,и викам по син ми да донесе малку џигер од вчерашниот ручек и бидејќи немам пинцета со чупалица почнав да го хранам.Трошка по трошка, се најаде и почна да првка со крилцата.Ми го стопи срцево да знаете.Миличко.
    А толку е мало што и очињата му се се уште затворени.
    Син ми вика мамо ти не си нормална почна и врапчиња да носиш дома :D Е што да правам немав срце да го оставам.Само мора да го пазам зашто ако го намириса мачкава нема ни пердувче да најдам од него.Нека закрепне и ќе го пуштам да си оди по својот пат. :rock:Си имам ново пријателче :dance:
     
    На Phyramide, sweet-cherry, chocolate.chick и 29 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Да имав можност ќе наполнев безброј балони љубов, спокој и разумност баш како на сликава и ќе ги пуштев да одлетаат, да пукнат несакајќи и да се разлеат по луѓето, оти ова што го забележувам кај луѓево ме збунува.. боже каква омраза.. сега сфаќам и Блаже Конески зошто ја напишал песнава..

    Спаси ме Боже, од болните луѓе
    што се накажани,
    та не се криви,
    нивната злоба умерено суди ја,
    самите од неа одвај се живи.

    Тие се мислаи и повикани да водат
    како Мојсија и другите пророци,
    а самите не можат да се ослободат
    и влечат по себе ситни пороци.

    Дај Господе, што помалку очите да
    им ги бодам,
    штом тие лево ќе фатат,
    јас десно да одам.

    Од такт почнуваат да ме вадат луѓе на кои се' им смета ама баш се'. Па иди бре убиј се, ако не ти се допаѓа животов на планетава никој не те држи со сила. И ако тебе ти грдо не треба и мене да ми биде..
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Phyramide, Hayley и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.803
    Допаѓања:
    163.090
    Денес ми оди да влезам у некоја установа и да се распевам Даворике дајке наааааааа цееееееееееел глас и да заиграм у стилом Тошо малерот! :D И мртва ладна да си излезам!
    На работни места каде имаат неограничен пристап до интернет,не сум сигурна дали толку им веруваат на вработените или се толку префригани да увек имаат ас у ракав кога ќе дојдат времиња за отпуштање.
    Петок!
    Утрово видов комбајн!
    Јулиии брееееееее!
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
  15. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Барем додека трае музиката не мислам на секојденевните проблеми ....Ама и тогаш немаш мир ,ќе се најде некој гласен комшија со мутиран глас и оди ти после уживај во започнатата песна ...

    Колку и да е ''убаво'' да си со сингл статус сепак кога ќе започнеш со своите анализи сфаќаш дека некогаш имаш потреба од убава , силна прегратка , од очи што со нетрпение ќе сакаш да те гледаат и едноставно да нема потреба од зборови туку од бакнежи...Но таа пуста гордост , тој пуст инат , тоа молчење , чувањето во себе и само за себе ахххх проклети нека се ....


    Cutanje me ubilo,
    zavet Bogu dan,
    pobegnem u ludilo
    tek ponekad dolutam
    jer volim te, al ne diram
    i ljubim, ali ne pricam
    ko da razume to...
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК конечно Македонијааааааааааааааааааааа :) веччерва поагам од Италија и се надевам дека патот ке ми помине одлично и дека ке се погоди друштвото. :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На kate21, Gordana10, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    СДК дека преку глава ми дојдоа сите оние што сабалјево ми се пофалија дека денес било ден на бакнувањето,па што да правам! О Боже.Бакнувајте се! :lol:
     
  18. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    СДК дека еднаш засекогаш би сакала да заборавам една личност, никогаш повеќе да не мислам на неа !!!
     
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    СДК

    Денес е меѓународниот ден на бакнувањето.

    Make it count, people! :)
     
    На Hayley и Annath им се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Абе секој различно. За некој не е срамота да се слика гол и да ја стаи сликата на фб, а за некој е срамота да стаи воопшто своја слика и наместо тоа става слики од кученца, маченца, цвеќиња, коли, хороскопски знаци...

    Еве сеа конкретно за летово. И што ако ставаат слики во купачи? За некој тоа е океј како за мене пример зошто и онака е лето, и онака на плажа и низ градот ги гледаат стотици луѓе, и онака е нормална работа, па и на базени има доста луѓе што одат низ градов, а за некој тоа е исто ко да стаил слика во прслук и гаќи, нарушување на приватноста вауууу. Која приватност? Самиот факт што ставаш своја слика на фб веќе те знаат кој си, а тоа што си ставил слика во купачи и си споделил што си бил на одмор ако е некое тешко дело, тогаш и што те гледале сите така е значи нарушување на приватност. И многу луѓе ставаат слики од одмор на фб, и што? Еееее голема работа бе, глупости значи. Кој како сака, ама ја конкретно не глеам на тоа така.

    Друго... нејќат да ти го сменат парчето облека што ти го продале без да ти даат фискална, а сакаат да се занимаваат со УЈП? Искрено ми сметаат продавничињана што не плаќаат данок. И не, не сум злобна вака коа зборам, туку сум против такви нелегалности, а тек па ако ми стапнат на жуљ некад... лошо ќе биде, абе како не им е глупо купувачите да ги имаат во рака? Бреее, и они се бизнисмени со мали бизниси. Абе СЕДИ!

    Трето... супер си го пројдов роденденот. Добив вчера прекрасни поклони и од другарките, фала им многу, баш убаво си поминавме, се собравме, се видовме, ептен сум задоволна.

    Четврто, си купив на денот на роденденот едно лото ливче :lol: да си ја пробам среќата де, за утрешното коло ми е :lol:
     
    На CIA и Johny им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.