[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Си најдов една страница каде што се напишани значењата од фигурите на кафе и погодете што ќе правам денес? :D
    Ај, ќе го истуркам денов некако, еден од подосадните ми е. Хммм, a да побарам нешто и за на карти гледање? :?: :D
    Ај, ќе пишам пак јас, тука сум :hai:
     
    На chocolate...girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Петок како ден-многу напорен
    аминистација + горештина= оди убиј се и скрати си ги маките :rofl:
    а :!: уште денот не завршил :sweat: ;( на крајов од денов ке сечам вени јас, го чуствувам тоа :|
     
  3. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК дека си бев многу убаво расположена сабајлево, и зедов да гледам клипчиња со изјави од кошаркарите после натреварот со Нов Зеланд, и како по обичај се зачитав коментари :@ јас незнам како воопшто тие вонземјани од марс паднати имаат живци секое видео да го ништат со тие подли коментари против нашата држава,националност и јазик, јас многу си ја сакам државата, и ако некој вели нешто против неа спремна сум да му ги ископам очите! Толку се изнервирав, што сакам да иам некој снајпер и да ги попукам сите до еден!!! :punch: :punch: , цело време се препукуваат за делот во нивната земја кој бил наречен Македонија и таа била вистинската, а тие со измами ни ја зедоа 1913г. абе си пукам од мака коа ги читам коментарите, да бев јас на чело на државава ќе видеа шо ќе им се десеше, фаготи низаедни, незнам како имаат пари сметката за интернет да си ја платат, биФши отоманци со испрани мозоци :@ :@ :@ Цркнете!!!!
     
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Се израдував што во еден киоск си најдов ромачиња, оние мали по 50-60 страни, лани додека бев кај
    татко ми секој ден купував одеа 3 во комплет за 1 евро сите ги читав во еден ден на плажа и ги чував.

    деновиве ги најдов во кутија под кревет :wasntme: и баш си се израдував имам околку 55-6 секој различен наслов, различна приказна, вчера ставајќи кредит во киоск ги забележав и видов дека и тука има такви 3 за 40 ден. Си купив два комплети, едниот го прочитав веќе од вечерва стартува и вториот :lol:

    Инаку едвај чекам да гледам кошарка, да ги бодрам напиве момци, само уште да знам у колку ќе играат супер ќе биде :lol: :?:
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.760
    Допаѓања:
    162.819
    Многу ми е криво што во текот на моето образование моите не ми наоѓаа занимации за во текот на летото. Се си наоѓав сама. Еве сега гледам дека во мода е родителите да ги анимираат своите неспособни деца. Колку убаво ќе беше да ми речеше мајка ми, Лилит ти најдов летна школа у Франција одиш тогаш и тогаш или Лилит одиш на пракса у Берлин во Мерцедес Бенз.
    Не знам стварно дали е добро што сама се замарав или што се замарав,а не одмарав, не си бев готован.
    У дилема сум стварно,иако разумот ми вели да ги презирам дембелите.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Петок е денеска? Пу, заборавив грав да ставам...
    Одамна немам сонувано луциден сон па да контролирам што ќе се дешава, мада секојпат кога ќе станам свесна дека е сон за брзо време се будам па ништо од експериментите...Летам, ми текнува дека е сон, ми доаѓа мисла да дојдам до неговиот прозор да ѕирнам што прави и јаз'к се будам...
    Сега пример би сонувала една "драга" личност и нагнум 57, а може и тенгалце за птици, ќе заврши работа...
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Утре конечно ќе си одма на одмор и ќе си уживам 8) . Конечно капење во море, сончање, плажа, Принглс и кока кола хахах :lol: ... одвај чекам утре...
    Си се пакувам сега и гледам не ми стигаат 3 куфери мене :( . Алишта, јадење, шминки и триста глупости ама се мора да се носи, а па за јадењето уште што треба да го сместам леле :tmi: ... косата му се крена на баба ми кога виде дека 3 пара штикли си спакував и ајде ме убеди само 2 пара си зедов, хахах баба да си ја видеше фацата човече.
    Тоа е се што ми текнува да кажам во моментот, иначе би сакала да сум на местото на девојката во спотот премногу :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=K5YKBhe1aU0
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    ... многу ми е шлакнато кога гледам некој амерички филм, тотално срање во боја, и се појавува некоја либерте цурка, која очигледно сака и ужива во сексот и тука има врвен коментар од сценаристот -
    "She's So European".

    :^)
    Де просветлете ме, нацијата со најизопачени фетиши (после косооките секако), оние кои се зародишот на половина од она што е гнасно, перверзно, чукнато, нација со испревртени морални вредности, а по секоја цена грчевито се обидуваат да се прикажат како пуританци, пикајќи го нечистиот долен веш што подлабоко, кликајќи и опседнувајќи се со порничи и глупи фетиши ко хентаи |( , ти кажува ваква реченица - Таа е европјанка?

    :D

    Смешно и жално истовремено, каква дембелска малоумна нација.

    А инаку, здрава, жива, радосна, со примеси на депресивна, изложби, фотографии, фрчат покани за родендени, план за журка на двокатен автобус :lol: , следната недела Пивофест и викенд кај милите бабушка и дедо на дечко ми... ги засакав како да се моите, старите се значи неверојатно исти во тој поглед. Сите само сакаат некој за муабет. :)
     
    На Monna.Monna, bittersweet, chocolate.chick и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Сакам да кажам дека денес и е роденден на една прекрасна, мила личност.
    Си ја запознав ама најслучајно, и ќе речам дека таа случајност ми е една од највредните во животов. Не се ни знаевме нешто посебно и за тоа таа можеби не знае само колку направила за мене за толку краток период. Едноставно се најде на вистинско место во клучен момент. Тогаш најмногу ми требаше некој што ќе ме слуша кај што ломотам од ново и од ново за се што ми се случува во животов, а таа ни еднаш не ми рече да престанам. Ретко кој може толку во свои раце добровоно да превземе. Си најдов дел од себе си во нејзините совети и ставови, личноста која што јас еднаш бев. Своја е, уникат, премногу паметна за нејзината возраст и поседува добрина што ретко постои на денешницава. Да не заборавам да спомнам само колку е убава! И тоа не само физички, туку главно психички, јас не знам дали некој некогаш би се осмелил да рече дека не е така!
    Луѓе како неа на планетава ги има многу малку, и затоа се надевам дека на денешен ден барем ќе се мултиплицира уште еден човек со карактер барем малку сличен како нејзиниот за да може да помогне некому како што таа ми помогна мене.
    Ти посакувам среќен роденден овде, а знам дека можев и во приватна порака, но мислам дека секој заслужил да знае колку посебна личност е нашата L-enna. А не се сомневам дека ова за неа би го рекле и уште многу други :)
     
    На Elenuskaa, Serafima, Magnolija и 3 други им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    Сваќам дека среќата е многу релативен поим. Некои викаат као среќата не е во материјалните работи, него во духовните, чувствата ово-оно. До некаде е точно, да ама до некаде и не.
    Еве јас сега би била најсреќна да одам на одмор со другарки, јас нормално дека ако отидам супер ќе си поминам и ќе бидам среќна ама за тоа требаат пари. Значи, за да отидам и да бидам среќна, ми требаат пари. Се поврзува све..
    Ако сум болна, не сум среќна. А за да се излечам ми требаат лекови - што коштаат пари.
    Можеби мене ме радува да јадам што знам, кавијар, а можда и овошно јогуртче. Можда сум среќна коа ќе седнам во Мерцедес.

    А за се тоа требаат ПАРИ, ПАРИ, ПАРИ.. Колку и ние да не сакаме да не биде така, често и среќата се поврзува со парите. А секако дека ќе бидам среќна ако ме гушне, го бакнам, бидам со него. Ќе ми годи и најобичен муабет со другарка, тој не кошта пари. Ќе се лулам на лулашки :D ,ќе слушам транс музиче, ќе затворам очи.. ќе се затворам за светот. И ќе бидам среќна.. Ако не паднам. :rofl:

    Тоа се оние мали работи што највеќе се ценат (барем од некои) и не прават среќни. И за нив не треба пари.
    Како и да е, се е релативно.
     
    На Serafima и EleMental им се допаѓа ова.
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    И многу арно не е на арно.

    Епа да. Можеби сум ту мач fragile во некои моменти, ама се издржува.
    Временцево надвор се раздува малце, ако, ако свиџа ми е ^_^ :D
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам дожд, да си имам едно облаче над глава и да ме прска и освежува додека се движам, оти ова не се издржува, а и астмава убије бре..

    Еве сонувам плажа, коктел, нозе у вис.. а јас апарат, свадба, потење и опстанок! И сега у позадина иде.. Неправда од Лева Патика.. хаха
     
    На antonina, sweet-cherry, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    После не знам колку време денес влегов во црква. Не сум некој верник, но денес почувствував голем спокој во тие неколку минути дур бев внатре. Запалив свеќи за здравје за мене и моите најблиски.
    Земав леќи, после 4 години сега ги ставам, што убаво и јасно си се видов во огледало мх, мх :rofl: Заборавив колку ми е забавен докторот, па се потсетив денес :lol:
    Си купив неколку глупости и мајка ми ми се јави да не заборавам чевли да си купам, нели денес пензија. :rofl: :rofl: Па ја послушав многу нормално, само бев скромна со трошење.

    Е така имајте вие убава вечер, а јас се надевам ќе начекам карти за кино :wasntme:
     
    На la-chicka, Serafima, Miss-Independent и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Утре конечно на одмор малку релаксација. Па нек пукну душмани хахаха :D :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    СДК дека има многу добри луѓе на форумов!!!!!!
     
    На Monna.Monna, Serafima, bluegirl7 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    И зошто да е комплицирано, кога може да е едноставно?
    Овие денови живеам по тоа правило, и преубаво било чувството.
    Требало многу одамна да почнам да си живеам вака. Од многу думање глава боли.

    Сега ме радуваат мали нешта.
    Ме радуваат новите шорцеви, ме радува тоа што мирисам на бела Лилија.
    Ме радува и времево.

    Мириса на домашен сладолед од чоколадо и нес со лешник.
    Убитачна комбинација.
    Мириса на свежина, на слобода.
    Мириса на победа! :beer:

    И убаво било кога си оптимистички настроен кон се’.
    Ви праќам огромни дози од позитивава која ми се има насоберено.
    Грабнете и бегајте. Искористете ја.

    И да навивате вечер! :!:

    Море, ко песничка од прваче ми излезе постов. :D
     
    На Monna.Monna и Serafima им се допаѓа ова.
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Спремна за навивање, оптимистички настроена и кон саатот сум ококорена. Кој ли ќе чека 11:30 за кошарката :^)
    Ама ние пред телевизор ќе си се наместиме во 11, фамилијарно и ќе навиваме. Ахх, ми се чини дека добро ни се пишува, а и ретко е јас да бидам оптимист за некоја работа, па на арно нека е. ]:)
    Како и да е, ние секако ќе ги поддржиме.
    Уште сега почнувам да ме фаќа еуфорија, ах... ми недостасуваа овие денови. Можеби не е реприза на она што беше во Литванија, ама да се доживее повторно барем малку еуфорија...напнатост и радост... е нешто најубаво, кога се работи за нашата државичка :wasntme:
    Ајде момци уште од сега ви посакувам среќа, верувам во вас. Растурете на терен. :muscle: :rock: ^_^
    http://www.youtube.com/watch?v=pXdBMzDmQDQ
     
    На Serafima, Lux, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Betty.Boop

    Betty.Boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    :o :?:
     

    Прикачени фајлови:

  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам врапчето ми е сосема добро.И јаде секогаш кога ќе му ја принесам чупалицата со храна.Нормално ли е толку да јаде? :?:

    Можно ли е толку да е топло.Попладнево заврна малку а јас жедна за свеж воздух отворив се ..ама врнењето кратко траеше.Сега уште повеќе е спарно :sweat: Вчерашната прошетка ми ги направи нозеве да ми како со печати црвени лупани.Не паметам досега да имало толку комарци или јас не се сеќавам.Не можев на раат да си го изедам сладоледот ренде ме направија.Само да се чешаш како шугава.Се прашувам можно ли е комарциве од топлово да стануваат уште покрвожедни???

    Ми недостасува ќерка ми .На летување на планина е,а толкууу ми фалииии.Ми се пожали храната била слаба.А таа си јаде а слаба е како соленка :D ....Младост, тоа ти е...

    И една работа не можам да разберам.Како можат некои да живеат во убедувањето дека не им е важно што мислат другите за нив.Мислам или лажат или да ми простите се ноторни будали.Според мене туѓото мислење е неоходно.Тоа ни овозможува да стоиме со двете нозе на земја.Без туѓото мислење и туѓите критики,брзо се губи контактот со реалниот свет.Ова особено важи ако се работи за проблеми на работа а богами и за другите животни проблеми.Тој кој не е во состојба да го сослуша туѓото мислење и секако да размисли за тоа е голема карактерна мана.Простете ама навистина сум изреволтирана од начинот на однесувањето на некои личности од мојата околина.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.760
    Допаѓања:
    162.819
    Оние жени кои постојано кукаат за незрелите мажи, за кукавичките потези, потајно веруваат дека ги сака, но гордоста не му дозвољава да им се јави, дека мисли на нив, дека му се патња, а при тоа глорифицирајќи си се себе си. Бич плиз... Не си помислила дека МОЖЕБИ заради тебе е таков,не си помислила дека си емотивно незрела штом кукаш двестапеесгодини за тип што не те рецка два посто и си му веќе втора по приоритет и забава?! Гет овр јорселф,сериозно! Ако си имала шанса и поминала како поминала...нема тука поправен испит. Бриши!

    Не е до него и неговиот пенис со личност,ами до тебе самата без личност. Како да ми те научам да пораснеш и да прифаќаш како возрасен зрел човек дека некогаш работите не се како што ние сакаме? Имаш право да бидеш гневна и да смислуваш сценарија,но да не останеш на истите,туку да ги надраснеш и да сфатиш што е вистината.
    Ма јас сите жалам и ги сфаќам,ама тапење,тоа па тоа...е стварно заморна ствар. Јас не знам како не ви е мука да си ги оптеретувате главите со исти та исти работи цело време и сите тие кутри луѓе околу вас,како на пример јас...

    Ниту еден бивши не сум го нарекла незрел кретен,ниту па ќе го наречам. Имам и такви кои ништо не ми биле,а можеле,но од извесни причини, разбирливи и јасни, каде иднината само ќе покаже што е следно, но не дубам на трепавици за нив. Само ме нервира кога ме пецкаат,јасно и гласно...а нејќат збор да ми речат...ама не кукам као лелеееееееееееееееее ти ме волиш,ја то осееееејчааааам *лепа брена глас*.
    Може ли да седнеме на кафе и да зборуваме за науката,политиката,вселената која замисли не се врти околу тебе,всушност масата на твојот мозок не дозволува,пошто немаш маса,зошто немаш мозок, оу... не можеме,зошто едно од филтер нештата е...дали кука за еден маж и при тоа го нарекува сељачина?! Можеш да кукаш за маж се додека не се фалиш себе си и твоето СИЛНО ЕГОООО И ТВОЈАТА ЕКСТРАОРДИНАРНОСТ,тогаш,ок можеш да ми бидеш другарка,пошто си реална и не го вреѓаш,освен ако не ти ја залепил една,не те увредил и слично...Па дури и Пауло Коељо да го читаш ќе те прифатам...со одредена резерва! :lol: Ама вреѓање на конкретно машко,а ти да си пицајзла,но не,ти си мадафака женетина,со карактер,он е сељакот...не! Ок,не...не ми приоѓај...Слушни ме сега, не те сака и не си му интересна и гет јор шит тугедр,ок?! Насочи се кон продуктивни работи у живота,ко децата без родители, бездомниците, науката, Ким Кардашијан, Грујо...нешто такво!

    Јас се извинувам што ете ...тоа е глупата и болна вистина,у името на целиот машки род. Не ме колнете да ми се деси, зошто... делумно ми се десило,ама у принцип,не може да ми се деси,не заради мојата неодоливост (види... неодолива сум,не да не! :D ),туку зошто знам кај ми се границите и знам што сакам и не ме боли ако увидам дека некаде не можам да бидам предмет на интерес (а тоа не може да се деси,зошто не сум крлеж :wasntme: ) не ни се надам,ниту пак гледам,ниту пак ме интересира, ме интересира у пријателска смисла.Уај нот,дечките се супер другари колку и да замишљаат како сакаат да спијат со вас,но ако разумно ги бирате и покрај маштата,супер си функционирате у френдзоун и можете да најдете многу пријателски предмети,настани и ко на интерес. И такааа...
    Бидете умни,љуби вас Лилит!

    Петок, лепо се проведите !
    Не се грижете,владата се уште мисли на нас,а бога ми и вонземјаните!
    Јас знам дека ќе си поминам одлично! Тенкјуверимачситевесакам! :*

    П.С. Леле кога ќе прочитам некој кукачки виртуелн израз за ваква љубов,па онда си викам,а замисли бе вака фино звучи,а типот да ти има женска? Па ми оди да и влепам една!
    Можда има женска више,можда сака друга,а можда сака и да биде сам. Мажите не се толку глупи и тупи, ако сакаат да бидат со некоја и се сигурни во истото,ако ја сакаат,бидуваат со неа,не изводете!
     
    На bittersweet, Johny, chocolate.chick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.