[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.981
    Животот врви, се заморуваме од небитности, кристализираме емоции, лица, карактери.

    Мене ми е жешко и на стапала и во душа. Некако омалаксана сум и без доволно витамин Ц во крвта.
    Со сестра ми пливавме, дремевме, зајакнувавме некои одлабавени синџири блискост, си купи ново платно за цртање, а јас и купив карта за Duran Duran. Се запрашав, во микромомент, кога всушност, ќе престанат сите овие борби на емотивно, залудно, натчовечко ниво, и што се случува наоколу? До Месечината ќе да беше. Или јас бладам. Не сакам да пишувам овде како да се плашам од тоа што и кој како ќе доживее. Фалш зборови би биле тоа. И си припомнувам, колку сакаме некогаш да не’ читаат само за да си го напумпаме егото, искршено можеби од ситуации и неверувања?
    Не знам, одговорот на тоа лежи можеби и во личното, потсвесното сантиче мраз што се крши само при топлотни удари и сомничави бенки од сонцето. Јас, поет. Тврдина и тишина во секојдневиево. Си ги верглам реченициве а поим немам дали воопшто некогаш ми биле лек. Повеќе траума.
    Сања блескаше на изложбата. Констелации колку сакаш. Мојот бивш е хипстер на кому и мојот сегашен му се изнасмеа. Чудесии. Некои луѓе и подобро им стои да лежат во фолдерот Used to know. Фала му на животот за тоа. Никому не судам, ама не можам ни да лицемерам и да глумам пријателсто кога го нема. И затоа останувам со истото прашање.
    Животот врви, а ние по него или со него? И престанувам. Си имам тоа што ми треба и неблагодарно е да барам повеќе од она што е.
    Душкам миризлива крема со пеперминт и црвена лоза, и си ги освежувам стапалцата. Љубовецот ќе дремел, утре рано рано ќе одиме кај тетка му да и ги навадиме цвеќињата, попладне очекувам Рај и штурци, а вечерно ќе џускаме на Duran Duran. Концерт, ретко место каде што се чувствувам целосно своја. Уште сцената да ми ја дадат на кратко! :lol:

    А ноќва, е за собирање ѕвезди. И делење по осамени срца. Зошто знам дека ги има, иако се кријат небаре е тоа нешто страшно.
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Абе многу ми е тапа моментот кога ке ти се јави другарка која студира у др држава и не сте се виделе цели 7 месеци да дојде со дечко за да се видите ...

    Мислам се е Ок. нели , типов е и мој другар, ама со него секој ден се глеам шо се вика. Едноставно неа сакам да ја видам. СО неа да зборам женски муабети она ова . Осет да се немало ?

    Ме курчи ова, 100 пати и е кажано али нема врска нели. После накај заминување од дома ке почне да ти збори за нејзини работи све ова она и тек на крај 2мин пред заминување ке те праша ти како си ...

    Јбг на ваков начин сфаќам какви луѓе имам околу мене , и кој каков пријател ми е . Али небитно . Док е ок нека биде ...

    Само барем осет луѓево да си купеа од негде не би било лошо ..
     
    На Doozy, lovely91 и CIA им се допаѓа ова.
  3. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.474
    [​IMG]

    :wasntme: :wasntme: :wasntme:
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ух само што станав од спиење и ми де пак да одам да си легнам...деновиве каков намќор сум,или можеби месецов,со никој не зборувам низ дома,само аха им викам на сите,па не ми се зборува бе,нели приметувате,не ми досаѓајте.И единствена разонода во цел ден ми испаѓањето навечер,иначе преку ден се преместувам од еден на друг кревет,ги испробувам сите пози со лаптопот,страшно досадно ми е.
    И колку само ми се мрчи поради другарка ми,ама ај,ако почнам тука да пишувам може ќе сфатам колку многу забегала у последнава пола година,па уште толку ќе почне да ме нервира и ќе се оддалечам уште повеќе од неа.
     
  5. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    СДК да го грее, да не му иѕмрѕнат бубреѕите!
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Сум се сменила од порано, и тоа на позитивно. Многу повеќе трпение имам сега, сфатив дека со инает ништо не бидува (добро де, бидува понекогаш, ама јас го имав малку отповеќе), почнав да ги игнорирам тие што ме нервираат наместо да се расправам и мирна главата.
    Всушност, не е толку битно ова другово колку што ми е битно трпението, јас барем не бев позната по тоа.
    Си ги знам и мааните, ама и покрај тие што ги знаеме имаме и некои што не ги осеќаме.

    Така јас разбрав дека премногу сум разработувала детали, до толку што стварало нервоза :D
    Не можам, ќе си пукнам во мене ако на некој не го поправам дека не сме се слушнале во 7ч туку во 7 и 15. Или дека патлиџаните биле 50, а не 45.

    И си реков, ај ќе си ќутам, ќе заборавам малку на глупавите непотребни детали, ама не можам, не можам да се сконцентрирам на главната тема, ако не ги кажам точните ситници :D
    Па што де, не е којзнае каква маана :emo: Уствари јас би рекла дека е до некаде корисна маана, ме има послужено повеќе пати.

    Додека сум кај мааните, не можам да не ја спомнам озборувачката маана. Значи да, сфаќам, секој од нас сака да помубаети за некого понекогаш, мислам нормален човек. Ама се си има граница.
    После подолг период седнав на кафе со другарка што не се имавме видено одамна, абе за комшиите мои знаеше повеќе од мене |( И сега и менувам тема, и велам да не сакаш алкохол да порачаме, и ми вика: Знаеш Митра колку се начукала петокот? Вака правела, онака правела. Била со Митре и после продолжува да ми зборува за Митре |(
    И на крај ми вели: Стојна се фатила со Петре ама не сака никој да знае, ми кажа мене во доверба.
    Па што ми кажуваш мене штом ти кажала во доверба!? Ау, да, заборавив јас сум твојата другарка со која не се имаш видено одамна, па ние нели се си кажувавме некогаш |(
    Да, јас и уште неколкунаесет други знаат, ништо страшно, ние не прекажуваме. :?:

    Затоа внимателно што кажувате и кому кажувате. И да, престанете да си го пикате носот кај што не ви е работа.
     
    На Gordana10 и Serafima им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Се самопрогласувам за национален одбор за испраќање и пречек на луѓе кои одат на одмор. :D Во последниве две недели испратив и пречекав назад толку многу луѓе, посакав милион ,,убави помини,, и помини ,,со памет,, и дадов ,,ајде ќе се видиме за седум/десет дена,, и на крај добив поклонче - лименка пиво, која во летната жед се испила од фрижидерот. Ма нема веза, за арно и за убаво нека е, битна е намерата, не замерувам на никого. :rofl:

    Мило ми е што барем се движам со разни луѓе, не сум секоја вечер на исто место (читај; на иста клупа во паркот/иста маса во кафич) и со исти луѓе. Затоа што, колку и да се сакате со некој, и колку и да ви годи некому вашето друштво и ним вашето, мора малку да има воздух за дишење. И досадно ми е во гратчево цаканко, ама па од друга страна, ќе кукам и ќе ја барам монотонијата некој ден. Затоа, кип ап д гуд спирит.

    Хепи фрајдеј! :hai:

    п.с. Пак ме фаќаа од тие кризите дека сум слоница, нилска кобила, воденица, лубеница, вртеница, свинска печеница... :?: Ви текнува на таа една песна - тивка како воденица и танка како лубеница? Е и јас така.
     
    На lunicka, Artemission, Magnolija и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Ретко која љубов се раѓа вистински и расте вистински од старт на бракот или врската.
    Често го размислував тоа, зошто на некои сопружници, млади кои не се во брак, љубовта со текот на времето им оладила и станала само навика? И мислам дека го пронајдов одговорот.
    Заљубеноста.
    На почеток, таа е најактивна. Се заљубуваме во нешто од таа личност, а потоа со времето тоа станува навика.
    А љубовта?!
    Таа е сосем нешто друго.
    Таа се стекнува со животот. А ќе се стекне само во оној миг, кога ќе се жртвуваш себе за него, кога во речникот нема да постои „мое’’, туку твое, наше, кога ќе ја имаш таа благодат во себе и ќе го чувствуваш неговото срце како бие во твоите гради, кога секоја негова болка, станува моја болка... Тогаш е вистинската љубов.
    Таа која трае вечно, кога двете остарени раце се една во друга и се потпираат на едно бастунче :f: .
     
    На savana, Peppermint, CaperucitaRoja и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Да, знам, касно палење. Но и јас ја приметив полната месечина. Мислам дека волшебството доаѓа од тоа што те асоцира на нешто што завршило, и тоа е крајниот резултат. Тоа е едноставно циклус, но сметам дека ги исполнува луѓето, им дава надеж. Ги присетува дека е се еден циклус. Ќе дојдат и денови кога и ние ќе се чувстуваме среќни и исполнети.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BlueHeart

    BlueHeart Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    СДК дека конечно се регистрирав на форумов.
     
  11. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Ако некој/а сака да купи карта за Дуран Дуран нека ми пише лп. :)
     
  12. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека само што се вратив од кај една другарка и прстите ме болат од свирење.2 саати свирам,пееме,гитарата пуштена на 6-ка на појачало,викаме како ненормални и цело маало не слуша.Сите greatest hits ги испеавме...Не е битно тоа,битно е дека се изнасмеавме и дека си поминавме најубаво ! Don't let the spirit of rock n'roll die !!! :rock:
     
    На Miss-Angie92 и Hayley им се допаѓа ова.
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Денес се сретнав со една другарка со која се немаме видено одамна и пиевме кафе , иако не верував во тоа ама луѓето навистина се менуваат . Таа , која порано знаеше да збори само за дечковци и за тоа кој со кого се мувал денеска речиси и да незнаеше никаков муабет да направи . Ми смета чудниот поглед од неа конкретно и од луѓето кога ќе им кажам дека немам фејсбук , веднаш на нивното лице се појавува некоја кисела насмевка и поглед во кој се чини дека ме сожалуваат . Значи дојде такво време , ако немаш фејсбук- немаш живот ! И сега кој кого да гледа со сожалување ? Не , јас несакам мојот живот да зависи од никаква социјална мрежа , имам премногу други работи со кои си го исполнувам времето .
    Кога веќе почнав за ФБ, да го кажам уште ова а се однесува за сите оние тажачки кои што напнуваат со тоа колку бил поубав животот пред интернетот да завладее со нас - има опција да се деактивира ФБ. Па потоа излезете пред вашите згради да го живеете тој живот кој наводно толку го посакувате , исклучете ги сите социјални мрежи и опседнатоста со тоа кој ставил нови слики , со кого е сега бившата на дечко ви , и слични трачеви . Почнете да живеете!
     
  15. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервираат личности што те озборуваат, критикуваат, а и воедно в лице ти кажуваат се, а имаат храброст да ракуваат со тебе и да ти се прават пријателки. |(
    Со нив треба да се игра тактички. :!:
    Имам една другарка со која сум заедно од петто одделение, иако неприметливо таа со зборови многу ме повдеруваше, а јас се правев мутава и сакав да верувам дека ми е пријателка, а... сега сме во други одделенија и се и сешто ми има зборено, и зад грб и в лице, и по социјалниве мрежи, а во живо миличка, срцка сонце! Епа сега и јас играм со неа така! :!:
    НЕ ми требаат такви ЛАЖНИ пријателки.

    П.С овде можам да кажам дека „те сакам срцка“ читај без наводници. :D :D
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Karma is a bitch. Само нека дејствуват малку побрзо, да ја замолам вака поштено.
    Преку глава ми е од се, особено од главоболка и несоница. Четврт ден без сон бе. Пусти жештини. Само врти се низ кревет, тепај се со комарци. Пак уште која хиперактивност фаќа и празноумност. Вртоглавиците пак, и тоа не само по нагло станување. Да си се загледаш в човек и ооп, си се завртел во кругче, а фактички се в глава само ти е. Уште малку и халуцинации веќе да очекувам. Хипотетичка ситуација: замислено дека сум пред телевизор, а јас на шоља во некој кафиќ да сум му ја седнала. Пу, пу, уште такво нешто да не дочекам. Си го сакам летово, ама ова пак не се трпи, ич веќе. Бај, бај сон дур не се снабдам со клима уред и шта год. Ни прозор, ни промаја не ја пролуфтира собава. Ако вечерва не се наспијам (после победата на нашите кошаркари, која што се очекува и поттикнува од најјран час!) кај баба и дедо се селам во новата спална.
    И со празноумноства на деновиве моја, со сестра ми во најголемата жештина стрит денс ќе сме изведувале в соба, нели сега полно простор има по ново. Потење ко прасе!
    Тато ја фатил в рака старата гитара, ех тие мелодии. И уште си пеевме, рај.
    Колку само среќа ми плива по телово ко ќе помислам дека утре шопинг, а плус ќе си ја видам мојата малечка братучедка од Австралија! Душа е таа, најубо бебе. Си потскокнувам од радост.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Животот е таков... Понекогаш мора да го допреш дното за да се искачиш на врвот... :!:
    Пријатна вечер феминки и што би рекол еден другар - Ќе биде... ;)
     
  18. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Океј...од ова почудно амин...

    си шеткам ја така со моето љубовче низ паркче и така наеднаш си застанавме муабет си праиме и кога ете гледам нешто таму на крајот на патот оди ама со огромни уши :o
    прво си викам lovelife па ти си се збудалила целосно не е можно..оно стварно

    ВЕРУВАТЕ ИЛИ НЕ ОГРОМЕН ЗАЈАК бре...у градски парк...скока ли скока :D


    кој знае што ќе видам следно...срна можеби...мечки,волци :D :D :D
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сум уморна.

    Уморна сум од грдиов град, од што не можам да излезам без да видам некој што не сакам, од чекање некој да ми се јави или прашување зашто некој не ми збори.
    Од станување секој ден во 7 сабајле за на работа, и од ниеден слободен ден откако завршив со последниот испит семестаров. Од излегување само еднаш неделно во лето, затоа што ми се спие и од поминување во слободното време во спиење.

    Сакам на одмор.
    Сакам да се бањам во море, да не морам да се замарам во колку саат треба да станам, да можам да излегувам и да шетам до колку сакам, да бидам со нови луѓе, да не ми е гајле кој ме гледа и што правам и што ќе зборат сите другиот ден.

    Сакам да почне одморот побрзо и да помине уште наредна недела побрзо за да одам во Скиатос веќе.
    Затоа што не можам веќе во Скопјево. Ни физички ни психички, ќе полудам.
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Кога нешто долго време си планирал и си мечтаел, си сакал се да помине во најдбоар ред и да биде совршено и си на прагот да го оствари тоа, продолжува да те јебе она одвратно чувство што копка и јаде одвнатре од за тебе непознати причини. Дали тоа нешто потсвесно е и си ги знае причините, или постои само за да му ги уништува убавите моменти на битието :^)
    Еве ме, со сите планови спакувани во куфер, се спремно, а ова чувство што ви го спомнав сега ме мачи и ми го отежува дишењето, ми го стега градниот кош и ми го вознемирува срцето. Не е ова од тахикардијата незнам што е, ама прави да не ми се мрда од дома. Ме фатија некои емоции сега и ми се насолзија очите од помислата дека нема да си ја видам домата и моето семејство цели 2 недели. Па бива ли секогаш вака да ми се дешава, полна со ентузијазам чекав да дојде денот за тргнување и види сега. Некогаш толку очајнички сакам да живеам сама подалку од моиве, а сега кога треба да бидам далку од нив ми се плаче. Мимсу бре, одиш на годишен одмор што ти е, не се преселуваш :^) Ама тоа е, утре кога ќе поминам граница ќе ми пројде сигурно :)
    Него... и други гадни работи ми се случија деновиве. Бедни закани по телефон, кошмари, трет пат по ред ме повикаа на едно исто интервју за работа за на крај да ми кажат да почнам од понеделик, а јас можам тек после 2 понеделника :doh:
    Ако некој навистина никогаш не се занимавал со туѓи мизерии тоа сум јас, и не ми е јасно каква карма ќе да е ова па ми носи некоја тешка мизерија што се занимава со мизерни мубаети и сака да ми направи нешто мизерно. Ама ај да не звучам ко Хаус со ова мизерно да си се искажам, па и по цена на тоа дотичната личност или другарка ми да ме чита тука. Кога веќе немам храброст да ја погледнам во очи и да и кажам што ми направи човекот кој таа слепо го сака и му верува. Немам храборост затоа што знам дека многу ќе ја повредам, затоа што многу верува и затоа што е најдобрата и најискрената личност што ја познавам. Немам храброст моментално, затоа што нема да бидам тука за да ја тешам и да и дадам надеж и поддршка, затоа што не заслужува мизерна личност покрај неа. Заради еден најдобронамерен совет од моја страна упатен до неа, тој се осуди да ми направи доста глупава работа, за која и не вредеше да изгуби личност како мене за сојузник. Драги женски го знаете ли чувството кога дечкото на другарка ви ви се заканува? Сигурна сум дека голем дел од вас не го знаат, јас за жал го запознав.
    Сеуште неможам да си поверувам како можел да се осуди да го направи тоа, прво затоа што сум газ и гаќа со девојка му, а второ затоа што ја имаше мојата почит и наклонетост. Трето, не ми се верува како може да е толку прост да ми врти со скриен број и тоа број на постпејд регистиран на име на негов најдобар другар :x Па боље да купеше од трафика морону еден, ма да и така ќе те откриев, мало е Скопје за да се сокриеш зад некого. Скопје е премало за да непознаваш ни еден човек што работи во било кој мобилен оператор и човек што работи во полиција.
    Сега се двоумам дали да му кажам или да чекам пријавата да му стигне сама на врата.
    Ахх мила, многу ми е жал. Навистина. Но подобро е да се ослободиш од ваков мањак, подобро да нејќеш мене да ме видиш повеќе одколку да те оставам со ваква личност да се влечкаш уште долго време.
    Претрпев и јас многу деновиве, само сакам да поуживам малку без слични глупости.
    Се одјавувам, имајте и вие забавно, жешко, коктелосано, влажно, солено, возбудливо, сексуљаво лето. Сите заслужуваме малку мир. :hai:
     
    На rossonerka, LilBaby, Juicy03 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.