1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Addrianna

    Addrianna Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    16
    нешто ме мачи и не ми дозволува да спијам .. веќе се обидов да заспијам бидејќи треба да станам рано ама ништо од тоа . не ме фаќа сон, како некое лошо претчуство да имам .. ахх како ли да се ослободам од ова?
     
  2. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Нека те заборават сите, не ни треба никој...важни сме само јас и ти... знаеш дека мислам на тебе секој ден...го чувствувам твоето присуство...Боже, како ме смирува...
    Сами сме... не е важно, важно што сме заедно...јас и ти...од тој ден па наваму, до вечноста и после неа ... (<3)
    Нека ме убие песнава, малкумина знаат дека секој пат кога ја чујам, помислувам на тебе...вечерва не штедам на солзи ;(
    п.с те замолив да внимаваш на мене, се сеќаваш? ти благодарам... те чувам, на сигурно си, не грижи се, тука никој не може да те повреди. Твоето место во моето срце е скапоцено :*

    http://www.youtube.com/watch?v=I5SqmWhsfD4
     
  3. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Ако постои правдина, нека постои за сите!
    Судијата го заболе што го пцуеме и се нервираме, Доминиканците го добија тоа што сакаа, а нас ни останува да се радуваме на успехот до сега, па повеќе среќа во Словенија наредната година.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК едно тврдам немат поубав народ од нашиот :!: :fubar: ни Руси, ни Литванци, ни Анголци, ни Доминиканци, ни Германци, сите тие можат вода да ни носат :emo: :fubar:
    Па уште како се радува Доминиканцине |( некакви ритуали правеа откако победија |( ху, баба ху, ху, баба ху.... :D :rofl: |(

    Ништо, јас ќе си кснам благце, ми се јаде, а Доминиканцине ако сакаат и на раце нека одат...кој ги врти... :devil:
     
    На Alesii, Monna.Monna, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    На секој сон му нема добар крај, ама сите сонуваме, нели?
    А овој натпревар нема да биде заборавен, НИКОГАШ!
    Само ме чудат луѓево, карти за Лондон ќе купувале, немој вакви, купи вакви... па и ја бев убедена дека ќе победиме, ама 20 разлика да прокоцкаме бе? Македонска работа....

    Порака: Не се радувајте пред време!
     
    На Lux, simon4etooo и danniela5 им се допаѓа ова.
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Добро вас судиите пробани ли ви се за да знајте дали се педери? :|
     
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Абе ко се педери џабе да ги пробваме,нема да не сакаат :D
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Хахахаха расположението ми се менува на секои 5 минути, ма какви 5 многу се. Наместо да бидам скисната по натпреваров јас си се смеам на велико, а по дома сите урлаат како сме можеле да изгубиме. Ама јас сум полна со оптимизам и верба во подобра кошаркарска иднина.
    Остај тоа па си читам мислења тука на фемина и си слушам музика од надвор (комшиите пуштиле некои чочеци, само до чочеци стигна работава) па од време на време си подигрувам. :rofl: :dance:
    Него се мислам дали да барам утеха во покерчето, кое секогаш е подготвено да ја убие мојата досада. Ма не дека ми е досадно, туку веќе не знам што попрво да правам.

    Сакам да кажам и јас самата не знам што сакам....
     
  9. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Каде е правдата на овој свет? Каде е? Дефинитивно правдата е слепа, ама Господ гледа, тој ќе ни даде сила за понатака... Се надевам дека Ракометарите во Шпанија ќе освојат медал, исто и Кошаркарите на наредното Европско во август другата година, се надевам дека Фудбалерите ќе пркнат од 103 место на кое моментално се наоѓаат и дека ќе заживее фудбалот, и дека Ракометарките во Ниш ќе направат бомба во јануари, дека ќе ја видиме некаде и женската кошаркашка репрезентација,и нормално не само репрезентативни туку и клубски успеси на нашава мала Македонија, и се надевам дека Македонската публика ќе ги прати насекаде!!! Еден пораз нема да не уништи, Македонија е вечна, вечни сме и ние, силни и покрај сите неправди што ни се случуваат! Македончето е јако, во повеќе наврати сум го кажала ова, не само неправдите кои ни ги прават на политички план туку и во спортот, играме две борби во еден натпревар, против противникот и против судиите... И како што кажав Господ е голем, на наредната Олимпијада ќе имаме многу голема делегација, срцето ми вели дека во Рио ќе испратиме многу наши спортисти, атлетичари, пливачи и нашата Сноу ќе ја гледаме таму, и секако Кошаркарите,Ракометарите,Ватерполистите и Ракометарките во најмала рака... Јас верувам...
    Македонија вечна !!!
     
    На Gordana10 и SimplyElegant им се допаѓа ова.
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    У последно време не знам како ги наоѓам момците плукнати на главните јунаци на Мураками. Затоа, мене не можат да ме излажат, пошо знам тие невини срцки како работат задкулисно.

    Се чувствувам како да сум влетала во нивната супер перфектна, средена соба, таква и е шармантна и фина и како полека почнувам да ги расфрлам нивните супер перфектно наместени предмети. А шо викаш, сувенирот ти од таму? Трас на земјата! И ќе продолжат да ме гледат мирно со тие милите, наивни очиња, тажни како на кутре. :!: Зашо пример не и текне да го задржат следниот предмет и да ми кажат ајде мила, одиме во твојата соба малку да средиме. Зошто? Не ја сакам приказната со тивката река, а секогаш успева против моја волја. Ама стварно нема потреба секогаш да дозволуваат да и ја трескам вратата и да и ја отварам по потреба.

    Добив писменце со срценце, лак и стрела од шармантниот дечко од другата страна на шанкот. Барем погодив дека е лав. Ама извини дечко, момчето ми работи во Земјата на Дембелите, плус и стварно е добар другар.
    И среќна сум што го имам иако знам дека ќе стане женскар како него, и тие како педерите се читаат. И секогаш кога ќе ми каже дека сака мирен и едноставен живот, ќе му се насмевнам. Не знае дека во тоа лежи секоја античка трагедија, во тоа незнаење!
     
    На MSkorpionka, julie77 и Johny им се допаѓа ова.
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Знаете,се што сакам,е да отидам некаде сама на една недела...не барам мориња,океани,базенти пред мене,само природа....и страшно многу ми е криво што викендицата е целата пред распаѓање,иначе ќе отидев на 2 дена барем сама,се сеќавам како помала тато кога ме носеше со братучедка ми,па ко да не сме виделе ѕвезди гледавме по пола саат во небото,ама премногу беа,и сјајеа,ух како би сакала сега пак да сум таму и да гледам во небото.
    Всушност дојдов да кажам дека и јас сакам да сум среќна,веќе пола година тоа ми е единствената желба.
     
    На anabel-a, lovely91 и stetoskop им се допаѓа ова.
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Патетична сум.

    И не можам повеќе да се поднесам себе си.
     
  13. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    .. а толку работи ме фрустрираат што една кутија од математички стапчиња нема да ги собере. Не знам ни јас зашто се трудам да ги сменам работите, некоја револуција да превземам како водич или востание да се крене.. на пример. И после велат жените не можеле самите да се сфатат, а не па некој друг да го направи тоа. Јас го ставам секое битие во ист кош безразлика што се делиме, за жал само на два рода.
    Глупавштина. Ни кантер не ја мери.
    Ја имаме за извоз.

    Ми се гади.
    Ми се гади од тринаесетгодишњаци кои почувствувале вистинска љубов и истите по некој месец ми плачат како нема никогаш да се заљубат. Ми се гади од сите срцепарателни статуси, ама ај веќе излишно е за ова да се коментира. Ме нервираа мутанти кои не можат да си најдат свое парче на небото и да си создадат хармонија, него ли гледаат да процветаат во веќе готово гнездо. Ме нервира тоа што се нема М од Маж, ниту Т од Татко туку тоа е веќе како секојдневие е, да го имаш во животот колку да те створи, а потоа мајка ти да се справува со тебе(или обратно).
    Има алтернативи дури.
    Ако сакаш да живееш со родителите заедно, ќе се филувате дека се ви иде лагано, тогаш тој е инвентар во домот кој служи само за критика или едноставно се разведуваат родителите и си живееш хармонично две недели кај едниот, две кај другиот.. по свој избор нели.
    Веќе иде нова мода каде што секој втор пар се разведува и за најмала ситница, па се чудам дали моиве се премногу конзервативни. Им се чудам како може некој да живее два живота, еден таен, другиот јавен.. од тајниот имаш двегодишна ќерка, од јавниот изјавуваш рано ви е за деца. Кој татко е тој што по петнаесет години брак вели дека сака да биде слободен човек или пример.. си го напушта детето од најмали години. Дури другарка ми не си го ни познава сопствениот татко кој изградил семејство, а она вели дека утре ден може да се случи да се заљуби во полубратот.
    Каков пресврт.
    А хипотетички сега тој кога би се појавил и би и понудил поконфорен живот, таа зад себе ќе ја остави мајка и која шеснаесет години бдеела над неа и се поради тие финансии. Некогаш треба да се премине и преку парите. Јас сфаќам дека денес си голтар без пари, ама да ја прегазиш мајка ти.. е тоа и како боли..
    Колку пак боли тоа сопственото дете да ти каже дека те мрази од дното на душата. Тие што не сме почувствувале велиме дека што и да се случи никогаш нема да го мразиме родители, а оние да речам ај ретките, велат не сте почусвтвувале. Зарем не се кине тогаш срцето. Можеш да смениш после тие изговорени зборови уште многу работи, ама зборовите не се повлекуваат.. а и уште ако нема родителот јака финансиска подлога нема шанси да си го придобие детето. Според овие перспективи што ги гледам. И неа сеуште и течат солзи кога ќе го спомене татко и, ама и течат затоа што поминала низ пекол со него, а не затоа што и недостига.

    Не знам, можеби е добро што го имам за инвентар по дома и што служи како машина за пари, а можел и да ми чита приказни за добра ноќ, да си легнував со бакнеж на чело, да гледаме заедно фудбал, да одиме заедно на патувања со кола и да пееме гласно на наша заедничка песна(што уопште сме ја немале), некогаш да ме седнеше на маса и да поразговараше за проблемите што ми се случуваат или да ме поткараше за тоа што не си го знам лимитот, да возевме точаци на квечерина, да му раскажував како ми минал денот.. или ова е само нискобуџетен американски филм, а реално реткост е.
     
    На ViktorijaMari, sweet-cherry, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.671
    Пол:
    Женски
    Од каде ли да започнам, од што ли да исцрпам сила, од каде ли да избегам и каде да отидам? Но знам јас, каде и да отидам, што и да направам, сенката на реалноста ме следи во секој чекор. Каде и да сум, што и да кријам и во себе размислувам. Ни малку од среќата не достигнува на прагот во мојот дух во оваа темна ноќ, ни една капка бол не излева, ниту зборови немам да го исплатам она што ме прогонува. А јас, безвредно се трудам да бидам онаа која сликата ја врти наопаку, без зборови и солзи на лицето. Уште еднаш каде ли ќе ме однесе бесот кој врие во мене? На патот верувам каде болката исчезнува, а околноста озборува за темните врати, но душата патува далеку од нивните замки.
    Како сама да се казнувам, а од страв да не потонам. Не зборувам на глас за добрата страна од сиот гест кој ме бутна од висината, но лагата која се полева во туѓите дланки, гордоста ја покрива, срцето го затвара и далеко заминува. Времето изминува, а работите не се поправаат одкако ќе ги скршиш. Mожеш само со насмевка стравот да го покриеш и тајно солзи и безброј зборови да излиеш, но вистината во тебе сеуште ќе зборува за нештата кои за тебе претставуваат пречка. не допираме до реалноста, не би ни можеле да бараме вредност на оваа замка, никаде не идеме, ништо не постигнуваме и ништо не добиваме, само играме игра со поставени граници. Вистината е секогаш онаа страна, која на нас не ни одговара, но тоа е реалноста која ни преостанува. Затоа сме тука, токму за нашите стапки и желбените пратки да ги проследиме со последици, без разлика на нивната големина, тие ни следеле на нас, на луѓето кои се смеат а одвнатре тагуваат.
     
    На Special.Someone му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    17.466
    Е, смотана Памела. Колку го сакам Роки мој, ама оваа година му го забравив роденденот. Знам дека е јули ама ја си мислев 7 ми, оно 6 ти да ти биде. :D
    Е Памела, па постои википедија, ѕирни таму. :D
     
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Моментот кога некој зборува едно исто, дека мрази озборување, лажење, дволичност, и го слушаш како кажува дека сите биле расипани. Го слушаш и чиниш си се опишува себе си. Исти бе, бетер од таквите.
    Мислам, која е поентата да да зборуваш дека мразиш лажги и дволичност, а си баш таква личност? :^)
    Седи си таму, м'лчи си и терај си.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Зошто секогаш кога учењето ми е причина за неизлегување, јас се' правам само не учам?
    Така и вечерва. Ќе учам. Која бела книга кое црно учење. Си ги распослав книгите и скриптите, маркерите спремни, филџан јако турско кафе и ледено чајче и :!: лаптопот отворен пред мене.
    И си викам, ај дури пушам цигара да си разгледам боја за коса без амонијак. И така една по друга со саати читав, разгледував, бирав... Па фино лепо се префрлив овде, читкам, решавам географски квизови. Книгите си стојат уште отворени, ама не се предавам, ќе учам. А и онака сакам да го дочекам изгрејсонцето и да уживам во тишината на саботното утро. Јас, кафе, цигара, цвркот на птички и утринска свежина на Скопје.
    Добро утро.
     
  18. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Незнам поради шо ама забележувам дека се однесувам се поладно и поладно во некои ситуации во кои обично знам страшно да избувнам.
    И незнам дали да се плашам од тоа што се претварам во флегма или да бидам среќен што к*р не ме боли за ништо? :|

    Како и да е уште една непроспиена ноќ заедно со несредени мисли и измешани чувства.
    http://www.youtube.com/watch?v=v5nUnMzxo-Q
    Архангел,ај салут ју! :)

    Останете ми поздравени и убави. :*
     
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Деновиве изгубив осет за се :| легнувам касно, станувам рано, јадам еднаш дневно по една рибанка и толку, немам воља за ништо, се чувствувам како некој да ме газел под нозе, како некој да ме претепал :devil:.
    Џабе се трудам да поправам некои нешта кога знам дека не одат, џабе трошам време и живци,
    ама ете Надежта последна умира, се надевам дека ќе биде подобро, дека горчинава и бесот наскоро ќе исчезнат и повторно ќе се се појави старата јас...

    Искрено си недостасувам сама себе, ми недостасува да се смеам за глупости, да пеам песни па макар и со погрешни зборови :) да шетнам некаде, да споделам мислења со други, да се дружам, се надевам кампот кој стартува од Понеделник добро ќе ми дојде, ќе ме врати малку у живот...
     
    На Hopeful и Serafima им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Ме убива тоа што не можам да и помогнам.
    Ја гледам како плаче, и гледам дека има толку луѓе околу неа, а таа е сама. И нема што да направам за да не биде така.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.