[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Долго време копнеам да кажам дека сум искрено среќна.. Не вака на периоди.
    Знам дека ќе успеам да го тргнам туѓиот товар од мојот грб, да надминам некои работи и ќе ја растегнам устава од се` срце!

    А до тогаш... Па, еве вака ќе си пијуцкам кафе со цигари, ладна цедевита и нека живее комшијата кој нема пасворд на вифито!
    [​IMG]
     
    На la-chicka, IndieGirl, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Тато, среќен роденден!

    Биди само жив, здрав, весел и немој да не’ нервираш кога го забораваш мобилниот дома, наочарите на кревет и маиците по прозорци :lol: :lol: :lol:

    Му спремивме мини изненадување со мајка ми и сестра ми, гости чекаме на ручек, а ја се веселам уште сабајлево за вечерашниот концерт. Сајмон Ле Бон ќе те јадам ко бомбон!
    И така. Штурци, салата, торта, хрчење, ноќни препирки со ветрот, и животот е пак убав.
    Убав е кога најдрагите ти се живи, здрави и прави.
    И слават роденден.
    Посакувам сите да си доживеете убави мигови со семејствата, да грицнете од денов ко да е сладолед на стапче, да ви дојде ладно, ама и убаво, да ви се освежат очите со позитивни глетки, да гушнете некого, да мириснете пркната роза, да слушнете звук на пукната лубеница, да љубите!
    Да тргне денов со убаво, со меко, со чисти мисли и шарени здивови, со убава храна и забава.
    [​IMG][​IMG]
     
    На Monna.Monna, la-chicka, Hopeful и 11 други им се допаѓа ова.
  3. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    401
    Од кога не сум го посетила форумов.... Мојот последен пост бил на 01.10.2011! Ах..колку работи се сменија од тогаш...... :)
     
    На kate21, Elennaa, Glossy-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
  5. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    А шо немам една тетка или стрико по Америка или кај било,па да ми се врати со полн куфер партали или хартија..колку да имам шо да чекам, дур ми е досадно и кројам планови за џепарлаков.
    Згора на се, исфрустрирана сум..во мода е.
    Чао
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека веќе не пијам!
    Ј*беш рокенрол, средно и фрази ко „живеј го секој ден ко да е последен“, глава не можам да кренам.
     
    На Elennaa, IndieGirl, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Букет ружи спремен за мама. После одам да и го дадам.

    Денов претопол. Не ми одговара оваа клима. Сега Шведска ми фали.

    План за Охрида града на неколку дена. Чисто да го одморам мозкот од се'.

    Туку сабота ден за себе. Божем.. Со Е се гледаме и се туфкаме, сакаме да се подновиме, не ни се искача.. ама сакам нови лепршави фустанчиња кои ќе ти прават промаја додека се движиш.. сакам и купачи, сакам.. и апостолки..сакам...

    Вчера на свадба си се изнаиграв. Омилената песна на ќерка ми ја засвирија НЕПРАВДА, оставив апаратот и фотографот заигра.. хуху, само кога ќе ми мавне реалноста дека сега имам 8374083724871828974 фајлови да обработам ме фрла у депресија.

    Не ми годи лето! Ич не го сакам.. Сакам пролет и есен најубав период.. ова со 42 степени премногу ми е..
     
    На la-chicka, Glossy-girl, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.423
    Допаѓања:
    12.478
    Пол:
    Женски
    Времево стварно претера незнам и јас како издржав со испитите на ова жешко ама кад се мора мора се, среќа што сум инат и упорна па не попуштам досега 10 пати ќе го оставев учењето за септември :lol:
    Ноќта беше бурна :D ..Кај дечко ми сум на гости ама пукнав од жешко :sweat: а он душичка го измачив не го оставив и него цела ноќ да спие а тој мора да стане во 5 за на работа а јас во 5 легнав срамота :$, гледа само да ми угоди има да си има маки со мене :lol: , епа кога ме размазил и кога ме чува така ќе е се надевам ќе остани така за цел живот :inlove: .

    Испитите конечно за оваа сесија завршија цел месец пукнав ниту излегов како човек ниту се наспав ама после еден ден откако ми завршија торбицата на рамо и правец кај душичката моја.
    Додека полагавме ги гледав двете колешки од што паничат им се слоши имало и беттер од мене :| , ама ете јас се поправам веќе, паниката нека оди во неповрат најтешките испити ги поминав и искрено ни п не осетив од паника, само упорност се ќе си дојде на свое место.

    Како би одела сега на одморче ммммм, планираме со дечко ми само како ќе испадне сеуште не знаеме со работата негова како и да е здравје нека има, ако има слободно време ќе одиме ако не, не е крај на светот. Имајте убав ден феминки мене ова топлото пак ме нападна :rock:
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Добро бе, диплома за смотаност да си преземев некад, ќе може ли?

    Еднаш си ја уплеткав косата пробувајќи корсет. Прибидејќи не знаев као да го закопчам одпозади.
    Денес пробувам некои џиги миги купачи. Дека се ултрамодернистички сконтав кога не знаев КАКО да ги врзам. Почудни бикини не сум видела. И си викам - чекај, вака? Не! Вака? Не. И у склоп со актуелнава тема ми текна на - ОЛИМПИЈАДА СТОП!
    Она кога со ластик отплеткуваш, заплеткуваш, па се протињаш. Сте ја играле играва, сигурна сум. И гола си праам олимпијада стоп и се газам од смеење сама. Пак. Ги фрлив и си реков, не ми требаат, а и со такво врзување ќе бидам постмодернистички исончана на грбот - не фала. До толку не сум.

    Се е спремно. Си се замислувам со шешир, надувано душече и надувани мускули а богме и гума за пливање, како ко сељак на годината се укрцувам у авион и шибам! :D Ко у пародиине. Па тука те предупредуваат - ама госпоѓо. Па ти паѓаат паштети од куфер. И така :D
    Ма јок. Ленени панталончиња, едно хаљинче, едни бикини и многу, многу, многу зрнца песок. Сакам мир и тишина и многу многу школки и лигњи на скара и ветренце и тиркиз во зениците и заливи и карпи и...И!

    Него кога ќе бидам мајка еден ден, сакам да сум мајка како мајка ми. Како може бе до толку да е пожртвуван некој во однос на детето. Ах бе! Ако мислите дека сте несебични, сетете се на вашите мајки и потоа замислете се уште еднаш.

    Мајки, поштовање! :bow:

    Девојки, чао! Отидов јас да вежбам краул и гнурење.
     
    На JoxyTheFreak, Monna.Monna, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Како мајчинската интуиција не постои ништо друго...
    Цела вечер не можеше да заспие, го бараше брат ми.. И велам не се грижи легни си, кај неа е... Не, таа беше упорна... Јас мирно си заспав, а таа цела вечер чекаше...
    Утрово уште во 7 часот ни заѕвони полиција на врата, дали овде живее П* прашаа.. Мама се преплаши, инфаркт само што не доби.. Не знам од каде го извадив тој глас реков да.. Ни рекоа дека бато имал сообраќајка и дека е во болница, но дека бил добро да не се грижиме.. Мајка ми само немо повторуваше знаев, знаев, знаев..... ;( ;( Душичката моја лежеше безпомошно и велеше дека не му е ништо, а длабоко во себе знам дека тоа го вика само да не не загрижува. Сега тој е дома. Подобар е. Сето ова време сфатив дека ништо не е поважно од мирот во душата и од семејството бидејќи ништо не е поскапоцено од нив..
     
    На zarah, Mrs.Cuper, JoxyTheFreak и 12 други им се допаѓа ова.
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Значи не можам да ги сватам мајките кои сметаат дека, единствена должност им е да ги родат децата и ТОЛКУ.
    Потоа што ќе прави , дали ќе има култура, дали ќе знае да се однесува, како треба во дадена ситуација.. ....многу НЕ битно.Возејќи се во автобус вчера имаше една таква, која многу веројатно не си ја знаеше положбата која ја има и што треба да направи.
    Падна една папка на подот со документи (на шоферот беа), а на нејзино седиште беа оставени, децата тоа веднаш го видоа , и кажаа чекајќи оваа да ги крене но таа лагано тивко д а не ја чуе никој им кажа нив да МОЛЧАТ и не ја зема ја остави да си стои долу на под :?: :?: .
    Потоа следеше три часовна тортура од ЕДЕН ист изговаран збор од малиот , досадувајќи и пискајќи по цел пат .......заморно, недолично и неодговорно од нејзина страна, ок тоа е дете не знае ,ама нема ни да знае ако нема кој да му каже , на два пати ја слушнав како му вели доста , доста ќе те слезам ,притоа смешкајќи се и така детево си свати дека и тоа треба да продолжи да се смее и да досадува.
    Разбирам дека се деца, не може да размислуваат како возрасни сакаат игри ,плачат квичат но затоа си родител,тоа е слика на тебе на твоето воспитување,значи во толпа луѓе треба да знаеш што може и што не може да му се дозволи.
     
    На Monna.Monna и Special.Someone им се допаѓа ова.
  12. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Чекав чекав да дојде нешто ,сега е тука и што сега незнам ни сама ... :|
     
  13. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Се трудиш да водиш некаков живот , крај со крај спојуваме некои помалку некои повеќе тоа ли е живот ? Толку многу се оддалечивме, патиштата ни се разделија но не жалам за ниту една насмевка , тага , игра сонувавме за да бидеме ГООООЛЕМИ луѓе , да бидеме успешни , да имаме некој покрај себе што ќе не сака , што ќе не чува но пак да живееме заедно .Самите си ја скроивме судбината , самите се оддалечивме , прво се налутивме една на друга а после и самите на себе . Сеуште си премотувам во главата зошто, како , што, што би било кога би било но се ми е испомешано и на крај решавам да прекинам со мислите . Ми фалат тие моменти . Моменти на спокој , мир , радост се ни беше еднакво еден ден интересно друг ден не но сепак не се откажувавме една од друга. Изгкеда пораснавме сфативме дека ни треба одмор, пауза можеби еден ден таму некаде пак ќе се сретнеме но едно знам никогаш нема да биде исто како некогаш .
     
  14. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Наjјаки се паровите кои се караат и одма се прават Single , па и јас лом се праам со моиве дома па не се праам одма сираче. :rofl:
     
    На AngelOfArh, Glossy-girl, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес цел ден сум сама дома,моментално грми Skid Row од звучник,чекам другарка да дојде и да почне забавата ! xD :D
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Синтија и јас си имам еден таков комшија, ама многу сум си поштена, па не му го користам вифито. Од толку што сум поштена, дури и му кажав да си стави пасворд :wasntme: Па после сите во маало ме пцуеја... Душегрешници! :lol:

    Туку, сакам да кажам дека е убаво кога се чувствуваш корисен ^_^
    Особено кога помагаш на некој кому помошта му е и повеќе од потребна.
    Ова се моменти кога добиваш можност да му се оддолжиш на оној кој те чувал и израснал и кој ти пружил се што ти било потребно. А ваквото чувство кое ме држи деновиве, е едноставно прекрасно.
     
    На Cynthia, bittersweet и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски

    Ааа јас па на комшијава со усул му го користам :D Иначе немаше да се читаме. Не му влечам мн. па не ме ни примеќа,а наоколу и другите си имаат нет,барем не е во зграда :D
    Туку јас во најжешково бев на кафе,ама пуста желба да излезам посилна е од жешково :D Си се видовме таман со една другарка,се муабетевме и ги манијачев луѓево шо алишта носат по Широк Сокак :D Има многу добри и многу лоши. Ама на кој како шо му се можностите,а и стилот : ) Многу убави парчиња облека видов.
    А и боја фатив :lol: Сега еве се ладам,дома е поладно барем : ) А утре ќе се ладам во Охридското езерце :D Фала Богу,прв пат годинава.Тоа е,засега ништо посебно :)
    Имајте убав ден :*
     
    На Cynthia, Ammy.Lee и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.815
    Допаѓања:
    163.131
    Сите од што се разочараа од кошарката заборавија да се посмеат активно на изјавата на Игорче, Ин јор фејс бејбе! :(
     
    На Waka-waka и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Знам дека досадував многу за одењето на одмор, ама ете конечно дојде денот. Вечер во 10 тргнувам. За 10 дена ќе си дојдам и пак ќе ве читам. Закинтос( Лаганас) чекај ме доаѓам. :hai:
    Една личност проба да ми го расипи доброто расположение и заминувањето, ама многуууу се за*ба*а( извинете на изразот). Одам сега да се доспремам :hai: :hai:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    109.762
    Пол:
    Женски
    Факт е дека трудница пред породување и жена у ПМС се една та иста работа, секогаш кога ми е она кнап за добивање, ден пред тоа, јас се расчистувам како луда, денес уште поликолорот што не го извадив од под кревет :rofl: , поштено сум се препотила, баш како што сестра ми ја сврте цела куќа ден пред пораѓај, исто така. Поштено се изморив така да денес мојот фитнес уоркаут ќе почека :D
    Денов е безобразно топол, ама дињата е срце, ладна ко што ја сакам и блага ко што само може да се замисли, ко за ПМС апетитов ме кулира поштено :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.