[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.898
    Допаѓања:
    81.472
    Не се станува подобра личност со тоа што ќе ми испратиш мене ЛП за да недознаат другите на форумот каква тоа личност размислува и отвара тема-како да станам подобра личност.
    Ако имаш 13 години дај покажи малку респект спрема повозрасни.
    Тоа е исто манир кој те или ќе те направи подобра личност ;)
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК и злобата не е тоа што беше...

    Ох...наместо луѓето да гледаат како подобро да го живеат животот, тие обратно, се занимаваат критикувајки ги и решавајки ги туѓите животи |( А некои го живеат животот, гледајки како да опстојат, како да преживеат од ден на ден и воопшто не ги интересираат туѓите паметнувања, туѓите проблеми, а трети го живеат животот кралски, а пак не се задоволни од својата кралевштина, па бараат уште повеќе, мислејки дека тоа е она кое им носи некаква радост, некаква среќа, нешто со кое што тие го заменуваат вистинското чувство на среќа, радост итн.Други, пак го уништуваат сопствениот живот, а патем и туѓиот, бидејки сопствениот не им е доволен.А некои, се борат за живот, знаат вистински да го ценат и се би дале само да го зачуваат.Секој на свој начин, но треба да се разбере добро вистинската вредност на животот, а последните од наведените се тие кои ја знаат, другото е се само теорија за анализа на истиот.
     
    На ilipili, Special.Someone и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Што е убаво кога по толку години ќе се видиш со старото друштво. Можеби не е се исто како што било, но барем за момент се сеќаваш на сето тоа што сте го поминале заедно. Да ја немав таа вечер со нив, јас немаше да се сетам дека сум пеела некогаш на караоке, па дури и во 2 саат по полноќ. Од балади до брзи песни, од македонско до странско, дуети. Сето тоа ми ја исполнуваше душата и ме правеше среќна.
    Едвај чекам повторно да запеам караоке и секако да се видам со нив...
     
    На Adi888, Divinebutterfly и Monroe им се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.472
    Пол:
    Женски
    СДК дека конечно ми завршија испитите за оваа година и сега можам да уживам во топлото летоо 8)
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера колку бев вредна :$
    ги добив двата сертификати(Италијански и претприемништво), и аплицирав за работа-однесов цв, бев на разговор за работно место, а вечерта со жените од претприемништво :party: и да не го заборавиме нашиот предавач, срцка е , обиколен со жени беше(5 бевме), не смееше да писне :D а очекува бебенце т.е. момченце :) кога легнав, веднаш заспав(како крушка што велеше баба ми покојна)

    денес стануварам рано наутро-појма немам како сум заспала, ја гледам перницата наопаку-си мислам кој ја поместил :lol: кој знае што сум сонувала вчера :D и така набрзина се облеков , се измив, каснав нешто колку да не биде празен стомакот и отидов на разговор кај една козметичарка-искрена беше жената, и ми кажа дека немам искуство-божем јас незнам, ми посака се најдобро, и од таму, пат под нозе на обука-во една агенција за недвижности, каде што бевме 3ца машки, и 2 девојки-т.е. се видов јас со едниот дечко вчера, т.е. тој ме виде мене, ама мислев е клиент :D и ни објаснија, па здравје од Понеделник ке го примениме тоа што го учевме во пракса(после вработените и директорот имаат колективен одмор, а и најопосле се надеваме дека ке следуваат договороти на дело, и вработување ама отом -потом
    инаку ни кажа диреткорот дека во светот лугето вложуваат во недвижнини, исплатливо било, па ај да видиме како ке оди-од Септември здравје, ке биде лудница ама како што веке пишав, отом-потом :) ако не се појави некое друго подобро место каде сум аплицирала :lol: оти обично така е , едно почнуваш, друго ти се јавуваат катастрофа
    п.с. се чуствувам толку исцрпено ко да ме издргирале и сега се обидувам да се освестам, ама не ми оди некако :D
     
  6. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Паааааааа .. СДК дека роденденов си го поминав прекрасно. :party:
    Ги собравме поблиските роднини на вечера во двор, дував свеќички заедно со едно мало братчедче, а брат ми ни правеше фотки од птичја перспектива. :D

    И со друштвово си поминав прекрасно, само што ме зафркнаа кошаркариве, а и ладното време. Се следивме! Кој би знаел дека во јули може да биде толку ладно .. :|

    Да не должам многу, само сакав да ви се заблагодарам од срце за честитките, зашто ми го направивте денот каде-каде поубав од она што би бил без нив. :hug:

    И со мало закаснение, една виртуелна частенка за да ве разладам во овие пеколни часови. :d:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Anna-Banana, Lov3, zhap4e и 14 други им се допаѓа ова.
  7. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Добро нели може барем малце внимание да ми обрне |( Сепак сум ти родена ќерка ГОСПОДЕ БОЖЕ :@
    Времево ТОПЛО ТОПЛО ТОПЛОООО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Неможам да издржам веќе.. Отидов јас под ладен туш и да се спремам.. Ајт поздрав :*
     
  8. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам сте се нашле во ситуација да одите во некој ресторан со дебели луѓе, ете јадачи без навреда. :$
    Појдовме, и добро порачавме сок, јас не го ни допрев сокот го чувам за ручекот, а тие веќе го испиле и глеаш дека порачуваат нов.
    Го носат ручекот, веќе почнале да јадат, а ти се подготвуваш за јадење.
    Имаш изедено пола леб, а тие веќе две кришки.
    До пола си, а веќе имаат изедено. И те чекаат, тебе незгодно те фаќа, дали да јадеш или ново да ставаш во уста.
    Аман бе луѓе, ако сте толку гладни не мора да пикувате в уста толку и малку ако каснете ќе се најадете.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.760
    Допаѓања:
    162.816
    ^ А колку е неучтиво некому да броиш залаци,друг муабет...

    Туку си го имаме фамилијарно да го имаме нештото за каталози од маркети и да се акаме по маркети,онака проучуваме студиозно производ по производ. Просто уживаме у тоа... па после дома тоа хартиите уз кафе као моден магазин ги листаме со мајка ми,чудо! :D
     
    На JuLleE, La.Reina.Del.Sur и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    ... боженце мили, и јас ја имам истата болест, а мислев сама сум на светов :D се' прибирам од сандачињата, секакви каталози, си ги листам, си ги проучувам цените и производите, потоа грижливо ги селам во вц-то, и таму ги студирам од А до Ш. :D Пред некој ден пазаруваме во ДОН со мајка ми, кога таму во шкафчето за оставање производи - каталог од Рамстор, некој го оставил ваљда.
    Ма си го собрав, ене го, згужван од преметнување, уморен од читачко злоставување. :D
     
    На Monna.Monna, srcekrsacka, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499

    Не можам а да не искоментирам, некако прозвано се осеќам...
    Остај тоа што е неучтиво да броиш туѓи залци, него и крајно исфрустрирачки звучи постов кон ,,дебелите''. Јас кога ќе отидам во ресторан не чекам со некој друг паралелно да јадам залак по залак или голтка по голтка да пијам сок. Нема смисла, не?
     
    На tinkerbelll, bittersweet, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    Многу ми е досадно, а не сакам да мрднам од дома. Некако се сакам некој друг да стане, да отиде до продавница или ватевр и да ми купи што сакам јас. Незнам што ми е.
    А немам со кој да илезам. Работава е ко да немам другарки. Не е до тоа, ама двете најдобри другарки ми се на одмор, кога ќе се вратат на два-три дена после пак ќе одат на одмор, и јас нема да ги видам до половина август. Е супер бе. А другата, од клас исто ќе оди за неколку дена на одмор..

    Не дека немам познанички или другарки од клас, ама не е тоа тоа. До сега ниеднаш не сум ги викнала, уопште не сум искочила со нив и ај сеа работава неам со кој па нив ќе ги викам ,же се осеќам ко од корист да сум со нив после.

    А тој, тотално погрешно ми го протумачи она што му го реков дека сакам да го видам насамо и дали е сам дома. Па боже мој,знаеме дека и двајцата сме си horny :D (а не дека тоа него му смета де) ама не ми беше муабетот тоа, него ај братучед му е дома и неможеме на само да се видиме. Сакам бе да си издвојам саат-два барем со него, да си збориме, да си лежиме, да излеземе на моите местенца :) .

    Неможам да се осеќам слободно додека има некој друг крај нас, а деновиве а и воопшто не ми е до друштво покрај мене, сакам малку приватност ,независно дал со другарки, дал со него.

    Неисполнета сум, незадоволна и досадно ми е. Од одморов ништо нема да биде. Уат а хепи деј.
     
    На La.Reina.Del.Sur, CIA и Adi888 им се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Ви завидувам на сите што ќе одите на Дуран Дуран! Кога ќе ја испеат Ordinary World нека се напие некој нешто во мое име :(
     
    На Magnolija, JuLleE, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Јас ти се извинувам од името на ДЕБЕЛИТЕ, оти сме дебели, и јадеме две кришки, додека ти си изела ПОЛА леб. Еве за тебе ќе отвориме ресторан само за слаби со манири, кои јадат еден залак, со 100 џвакања чисто ради правилно варење на храната, а со тоа фактички и помала шанса и за здебелување. Секоја чест за глупиов пост! Ноу хард филинг.. ама се запрашав сериозно колку години имаш!!
     
    На Monna.Monna, IndieGirl, MacaLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    ^
    Малецка е ми се чини, па затоа ајде пола и се простува...
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Еве на сите ви се извинувам не ми беше намерата да ве навредувам! Извинете...
    Продолжете, занемарете ме мене...
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.760
    Допаѓања:
    162.816
    ^ Их тамам работа па ти! *си зема хамбургер да се смири*
    Муабетот е што има луѓе кои и не се дебели,а не знаат да мезат,а има дебели кои не јадат,а сепак се дебели. ;) ;)
    Ја на пример не знам да мезам,јадам,па после мезам...е јебига... Не лапам ко да не сум видела,ама не знам полека да јадам!
     
    На Monna.Monna, IndieGirl, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Да се разбериме, немав намера да ве навредувам и затоа ми е лошо поради тоа.
    Е сега јас си знам зошто го напишав она, не се однесуваше на ниту една од вас, сега многу лично го сфатвте тоа. Нема да се повтори и не пишувам повеќе глупи постови...
    Ако имате кажете нешто, ако не не ја оптеретувајте темава со ова.
    Колку пати да ви се извинам нема да биде доволно. Памет за следен пат. Ви праќам искрени бакнежи. :* :* :*
    Сега ми е полесно. Ви благодарам дадички. :)
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Леле колку работи имам да напишам,си мислам дека овој бел псростор пред мене е пре мал !

    Ми беше прекрасно,планина бе луѓе во лето,драги луѓе...уживанции. Воопшто не сакав да се вратам,но секако останавме повеќе од планираното. Секој ден се радувавме на патлиџан и пиперки,секое јадење беше по вкусно од претходното. Свеж воздух.. Ладно.. Е има ли нешто поубаво?
    Една негативна работа е што се вратив со некоја си алергија но воопшто не ми е гајле. Сакам назад и пак и пак..

    Вчера вечер кошарка,што да пишам а да не е малку,се изнервирав многу,најмногу,но тоа е што е,одиме кон нови успеси!

    Се ова би било совршено заедно со мојата алергија ако вчера не приметев немир во гласот на мајка ми,сто пати ја прашав што е работата,ми кажа ништо уморна сум.

    Денес доаѓам дома и ме чека поголемиот брат,со скисната фаца,а јас пак расположена :x
    Го прашав што е работата,каде се мајка ми и помалиот брат... Ми кажа само "Лежи со него во болница,во четвртокот вечерта доби забрзано отчукување на срцето и се гушеше,па моравме да го носиме во болница". Tука ми се сруши целиот мој свет,и бев многу лута на мајка ми што ништо не ми кажа. Отидов одма,ма каков туш,какво средување,кога стигнав само и реков на мајка ми "Многу сум ти лута што ништо не ми кажа" а таа пак само ми кажа "И онака ништо неможеше да промениш". Да ама ќе се вратев и ќе бевме заедни покрај брат ми.
    Влегов го видов,сирот тој,блед како крпа,душа моја,срцето ми се раскина,тој пак ме праша "Како си помина дадо" е овде неможев да ги соберам солзите.Фала му на господ што му е подобро,ќе остане до понеделник во болница и ќе си дојде дома.

    Тоа е накратко,гледам дека многу сум пропуштила,ќе прочитам се кога ќе ми се средат сите работи.
    Извините за долгиот пост.
     
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк дека за прв пат сватив дека другарките ми се премногу љубоморни и не се среќни на моите успеси на било кое поле од живото.Како може вие девојки кои што не ме познавате да се радвате на нешто што ќе споделам со вас ,а тие со кои сум заедно 10 години ми го ставале ножот во грб и ми велат дека ќе раскинам со дечкото ако продолжиме да одиме уште,односно нашата врска ќе пукнела :fubar: Ех бре во последно ништо не ми е јасно,чуден е светов како и да е.Па и се лутат кога ќе им кажам дека не можат да опстојат во врска подолга од 5 месеци :talk: :fubar: .Што сакаат нека мислат.
    Денес беше убав ден,малку отпоќе жежок но го сакам јули ,посебен месец е за мене, бидејќи правиме 5 години врска со моето душле што всушност беше и причината така да ми кажат ,,дотичните".Ај да не ве замарам повеќе драги феминки имајте ми убавка вечер сите :*
     
    На anggell, Divinebutterfly и srcekrsacka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.