[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Поубави 50 минути од овие не сум имала. По напорно вежбање си се истуширав, си пуштив Антена5, си пуштив климче и се истегнав на тросед. Така си седев и си буљав у моите големи нозе :D и уживав.
    Го најдов внатрешниот мир. Некако се осеќав како да сум на седмо небо, како да лебдам, како духот мој да лебди.
    Како на дроги бев еј. Преубаво чувство.
    И тогаш сфатив, дека и покрај сите несовршености животот е убав, е баш поради ваквиве мали моменти, на мир, среќа, задоволство, кога чувствувам дека целиот свет ми е во раце.
    Ова беше убаво искористен ден. Можам да пишувам уште многу филозофии, ама еве во моментов сфатив дека тие воопшто немаат важност.

    И да, повторно, животот е убав. :f:
     
    На esperanca, blond, Teresa94 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес несум ништо,ама баш ништо јадена.Ни едно залаче лебче.Толку ми грдо и гадно од времево жешко,што неможам дури ни да јадам. ;( ;(
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    У реду е. Боцни ми еднаш. Па уште еднаш. Па пак...
    Ако мислиш дека ќе се боцкаме на некоја социјална мрежа, и од сето тоа ќе излезе нешто фино, лажи се до следното лето. Не сум во состојба да развивам нормална комуникација на било каква социјална мрежа со било кој, поготово не со некој што користи опција poke. Зошто постои опцијава, по ѓаволите? Ако намената е за се осетиш неугодно од фактот што има доста типци што сакаат да те “боцнат“, ондак поентата е постигната.
    Дури и краток филм имаше, на предавање ни го пуштаа. Овој ја боцка три пати на ден, оваа му враќа и по 10 минути кратки флешови и секвенци од секакви моменти од животот, двајцава завршуваат со статус married и со профајл слика од нивното бебе. Демек ова е новата прича за happy end, модерна љубовна драма?!
    Не ве чуди во какво време живееме? Уствари прашањето е дали не ви се смачи во какво време живееме?
    Пошто јас сеуште верувам дека има некој што ќе ми напише песна, ќе ми цитира поезија и со кој ќе имам богат социјален живот, не според бројот на friends и events во инбокс.
    И ми викаат дека било тапа да сакаш олд скул љубовна прича, а да бидеш модерна девојка. Изгледа треба да се радувам и на фактот што понекогаш се држам за рака со дечко ми додека шетаме?! И ај сеа....
     
    На JoxyTheFreak, Aleks96, Monna.Monna и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ќе почнам веќе да го сонувам денот кога јас ќе дојдам дома со мојата прва плата и ќе ги платам сметките, и татко ми и мајка ми вечерта мирно да спијат.
    Колку некорисно се чуствувам, сите буквално сите околу мене или се вработија или си забегаа на одмор, само јас останав будала. Па да не зборам колку ме демотивира фактот што покрај факултет јас пак ќе земам 200 евра плата и тоа во најдобар случај, ама ајде за тоа има време.
    Да имав барем нешто привремено колку ќе ми дојдеше добро, сакав да купам карти за на Дуран Дуран и да ја изненадам мајка ми да отидеме заедно, ама ќе ја изненадам сега со пренос во живо на некоја телевизија (ако има некој информација за ова ако не му е тешко да ми пише). Ни заштеда ни ништо немам, а не знам ни од кај би заштедила.

    Е значи колку лоповски ја доживувам нацијава, чудо едно. Насекаде секој само гледа како да извлече корист од нешто без при тоа да придонесе за некаков развиток, да се мрдне од оваа проклета точка. До кога си мислат луѓево дека ќе има будали за да ги крадат, не знам. Секој напредок е само поголема можност за заработка, ама мотото тука е кради додека има, а кога ќе снема мисли му ја. Една познаничка пак, си има сопствен бизнис, зема огромна дневница, а нејзините вработени земаат по 150 евра плата. Епа тоа ако не е срамота, не знам. А и мене ме чека истото. Буквално ме чека истото, немам средства ни да заминам некаде на друго место да барам работа. Ќе почнам бинго да играм.

    Ама не губам надеж, ќе дојдат подобри времиња, кога ќе се вратат сите со впечатоци од одмори и патувања, јас ќе раскажувам впечатоци од книги, барем книги имам во изобилство, а книгите се богатство што значи технички јас сум богата. Ете така си се теши сиромавиот :D
     
    На esperanca и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ако си искрен им сметаш!
    Ако молчиш пак сметаш!
    Ако имаш амбиција им сметаш!
    Ако си успешен им сметаш!

    Да се разбереме секој го има изборот на амбиција, е тука или ја имаш или ја немаш.. доколку си во опкружение каде некој е со помалку амбиции сметаш, разбирливо дека за да опстане нешто мораш да жртвуваш многу работи. Ама ако некој ти е близок нема потреба некој да се чувствува помалку успешен од тебе или слично. ЗНачи никој никому не забранува да ги има амбициите и да пробува. Од Горе ништо не паѓа! Или вложуваш или не.. освен ако си епетен среќник, или паразит па да име кој да ти најде од каде да цицаш. Епа јас немав можност да бидам паразит..оти моите се далку од успешни и моќни затоа ја имам амбицијата која не би сакала никој да ја мери со несвојата... или како бе?

    И кога си со некој најмногу битна е комуникацијата! Доколку ја нема тука нештима нешто! Не можеш цело време да очекуваш и да чекаш некој да се прилагодува со месеци и да не се опушти. Трпиш трпиш ама пука тоа трпение. Ако е нешто вистинско нема потреби од напори..или ќе постои опуштеност и интимнсот, или нема да постои.. немам трпение веќе за прилагодување.. кога некој ти покажува тотална непочит и игнор еби му мајката.. јасно е.. на сила да држиш нешто не можеш.. убо си викаат луѓето- пушти го нека си оди, може е подобро така.. па мислам дека можеби станува време за пуштање.

    И аман бре животов аман.. до кога ќе не учи.. ако не сакаме да учиме м?

    Сакам да затворам очиве и да ме снема..негде кај што ќе бидам сама со себе.. мир ми фали мир..

    И не го сакам Скопје прљаво.. какви само неандерталци живеат човече.. немаат основна еколошкола култура.. Смрдат од што се гадни и прљави.. сите тие пикавци, остатоци од храни, пластики и се.. ух како би казнувала да видам некој така, имбецили бре...
     
    На Champs.Elysees, JoxyTheFreak, Aleks96 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    Понекогаш деновите месеците годините ја прават љубовта појака, ама и послаба, се судираат интересите на љубовта...
    Доаѓа љубомората, посесивноста, себичноста и целиот свет на љубовта ти се руши.
    Се што е градено со време со денови со месеци години, го губиш она ТЕ САКАМ!
    Го повредуваш некој што ти значел, го тераш да плаче, да пати, да страда.
    зошто го правиш тоа?За да го доживее тоа што ти си доживеала??за да поминува низ пеколите низ кои ти си поминувала?
    Ги повредуваш чувствата негови, проверуваш дали те сака, дали сака да е со тебе, дали мисли да биде со тебе
    зошто го правиш тоа?
    Што ти значи најмногу на свет, што си се борел за него со денови, со минутки и со маки.
    Да дојдеш до та да ти каже некој ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА ОВОЈ СВЕТ!
    И ти тоа го повредуваш, повредуваш се што е невино, се што не треба да го повредиш, уништиш.
    Да го натераш да ги пушти првите солзи на љубовта, да го натераш да пати за неа а не да ја сака.
    зошто го правиш тоа?
    А да натераш некој да страда за да научи да сака.
    ЗОШТО секогаш бараме совршено нешто?
    ЗОШТО не бараме нешто обично? Желни сме за нешто повеќе?не сме задоволни со тоа што го имаме?
    И да направиме совршено, за миг, за моменти кои ќе го хранат твоето срце.
    Понекогаш ќе каже некој тешко е кога се сака, тешко е кога сакаш да го најдеш тоа што го сакаш,
    Но никогаш не е тешко да ја докажеш љубовта!
    Никогаш не се труди да бидеш со некој што не го сакаш, што мислиш дека го сакаш, што се разликуваш со него.
    Не го прави тоа, ги повредуваш другите, го уништуваш него, а патиш за себе.
    зошто да не го правиш тоа?!
    Секој има потреба од љубов, вистинска љубов, бараме да сакаме и сакаме да не сакаат.
    Бараме некој да ни каже ТЕ САКАМ, бараме некој да не милува, бараме некој да не бакне, некој да биде со тебе, да сака да живее со тебе!
    Но секогаш ќе се најде некој да ја скрши, љубовта ќе го подели срцето на милион парчиња каде што се запишани спомени, бакнежи моменти на среќа.
    И срцето толку мало, скршено и повредено од љубовта повторно е спремно да сака.
    никогаш не се обидувај да повредиш некого!
    Понекогаш ќе ти се насмее некој, ќе те погледне, ќе ти се допадне, ќе бидеш со него на момент или два.
    Ќе пробаш да го засакаш, ќе го засакаш, ќе бидеш со него, ќе поминеш моменти на среќа и тага, ќе сакаш да се смееш и плачеш со него.
    Ќе го тешиш и храбриш и тогаш ќе посакаш нешто ново и тогаш...
    Ќе ја направиш љубовта омраза, тага плач за секое срце.
    А ти сакаш нешто ново, нешто што е забрането за тебе.
    Сакаш ново задоволство кое го плаќаш со повреда на нечие срце, за кое си одвоил време, си одвоил љубов.
    си одвоил време да му кажеш ТЕ САКАМ!
    Зошто ја правиш сегашноста минато, а иднината сегашност?!
    Зошто минатото го правиш тага?!
    Книга со скината корица на која гласи ЉУБОВТА Е БОЛКА!
    ЗОШТО понекогаш љубовта не прави најсреќни, а понекогаш најнесреќни.
    БАРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ЉУБОВ,НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА
    БАРАЈТЕ ЈА ВАШАТА СРЕЌА,КАЈ И ДА Е ВО КОГИ И ДА Е ЌЕ ЈА НАЈДЕТЕ
    БОРЕТЕ СЕ ЗА ВАШАТА ЉУБОВ,БИДЕЈЌИ ТРУДОТ СЕКОГАШ СЕ ИСПЛАТИ
    БИДЕТЕ СО ТОЈ ШТО ВИ ЗНАЧИ,А НЕ САМО ОД МЕРАК
    САКАЈТЕ СО ЦЕЛОТО СРЦЕ И ДУША.
    И ШТО Е НАЈВАЖНОТО БИДЕТЕ СРЕЌНИ!

    Направете го најсреќен на целиот свет.
    Толку од вашата Special.Someone :bow:
     
    На Aleks96, esperanca, blond и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
  8. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Сакам да кажам дека времево не е нормално..до каде со оваа температура до каааде???Тек е почеток на јули ...Шо ќе биде крај на јули и цел август???Цел ден климата работи те сум укочена те глава ме боли ...Знам дека нездрава работа е ..али ипак е единствен спас за топливе деновиии..Излези надвор се чуствуваш ко испотена свиња...Ајде ќе поминат и овие претопли деновиии...Сега единствен спас е климче,ладно несче и дооообро друштво..Поздрав феминки и уживајте во ПРЕЕЕТОПЛОООТО лето :*
     
  9. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Сакам да кажам дека сеа ми е мноооооогу жешко и ќе спијам на тераса
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    нека не те чуди или пили, такви се сите денес-завидливи едни на други, особено ако истите не постигнале ништо на ниту едно поле во нивнот живот :!:
    затоа веке со никој не споделувам детали од мојата интима-подобро ке споделам на форум, отколку да и се доверам на некоја другарка-се случило и другарка да коментира каков бил дотичниот поранешен(смајли што се крсти) а капакот беше кога тетка ми(имам многу пати пишувано за неа на форумов, не сме крвно поврзани, но си ја сакам ко да сме) го прашувала брат ми додека не бев дома дали сестра ти има дечко :fubar: :x и веке ниту на моите не им кажувам кога ке излезам со некое машко-не чуствувам потреба за тоа :)
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    :?:
     

    Прикачени фајлови:

    На I.love.your.lips и Elennaa им се допаѓа ова.
  12. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Јас сум најголемиот баксуз на светов. Абе ќе ми се доапдненекое момче или тој мојата другарка ќе ја свиѓа или само мене од цело друштво внимание нема да ми обраќа. Е зошто така ми се случува бре??
    Ајде си се тешам, ова се само симпатии па има време, ама ако ова продолжи понатака во животов незнам...ајт, има време!
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На anastasijaki и anneyy им се допаѓа ова.
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.234
    Допаѓања:
    12.686
    Пол:
    Женски
    Ние две и нашите момци. И се создава облак од љубов над нас. Не од лигавења, туку од погледите во очите.
    Знаеш дека можеш бескрајно да правиш муабет со некој кога ќе ве стемни, па ноќта дури и ќе прекрши.
    Фустани, фудбал, егзистенција, работа, странство. И малку џин.
    А јас одново се заљубив.
     
    На ViktorijaMari и Hipster им се допаѓа ова.
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека цел ден глава не можам да кренам. :x Страшна работа е мамурлаков.
     
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    Не знам што ме обземало во последниве денови ама не се чувствувам ич добро и можда сите ве заморувам и кукам за глупости, кога други имаат многу посериозни проблеми ама тоа е..
    Т.е знам што ми е. Едноставно, се што со години ми се собирало, од проблеми со домашните, и караници што ги слушам скоро секој ден на кои сум почнала веќе да се затворам и да не ги слушам, надевајќи се на подобри денови и очекувајќи го денот кога ќе наполнам 18 години..
    Ама се тоа се собира, и влијае на психа. После, се тоа што се случи првпат пред три години, таа грешка што ја направив баш со него, па имаше уште една, па какви се не работи доживеав заради нив...

    А сега се појави и тој, и пак проблеми, иако овојпат самата си ги создавам од што веќе незнам што ми е, од што немам излез, чувствувам дека ќе полудам.

    Страшно ми треба нешто за опуштање, сакам само да легнам, да затворам очи, да слушам psytrance под дејство на екстази или спид, и барем за момент мојов свет да биде совршен, да се оттргнам од сите мисли и проблеми. А од утре се ќе биде исто, знам..
    Не сакам да чувствувам веќе болка, сакам еднаш да сум среќна, макар под дејство на дроги.

    Ох, Господе. Неможам повеќе..
     
  19. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Сакам да кажам....односно да прашам до кога луѓето ќе се мешаат во туѓи животи?Ама најозбилно. :!:
    Знам дека постојат глупави луѓе,но некои ја преминуваат границата.
    Арно си кажал Алберт Ајнштајн:''Две работи се бесконечни. Универзумот и човечката глупавост. Иако, не сум сигурен за универзумот.''
    Зар не можеме да живееме во свет без љубомора,завист,злоба.Свет во кој сите ќе бидеме среќни и насмеани.Свет каде што луѓето ќе си кажуваат Добар ден од се срце,а не чисто ради реда.Ахх,пусти желби.
    Некои луѓе уживаат во тоа да ги повредуваат другите,да ги гледаат како се мачат и страдаат.Искрено никогаш нема да можам да ги сватам тие луѓе.Не можам да сватам што е толку прекрасно да нанесуваш на некого болка. :^)
    Би сакала да верувам дека имам вистински пријатели,кои не ми посакуваат лошо.Пријатели кои секогаш ќе бидат тука за мене и ќе направат се за да ми помогнат и да успеам.Би сакал да верувам,но неможам.Затоа што знам дека реалноста е поинаква и воопшто не ми се допаѓа тоа.Но,што можеме да направиме.Да продолжиме да живееме во фантазија,свет кој што не постои..Или да се соочиме со реалноста,колку и да е таа сурова и да го живееме животот. :?:
    Како што се менува времето,така се менува и човекот.
    Но,за жал на полошо...
     
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.