1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Пена парти си е пена парти. Нема синоними ни хоминими. Ама малерот таман му реков бај, бај, си ме пречека. Од малкуто пена што ми појде в лице мораше в око да се вгнезди. Ајде, теши се, не си сама со очи што печат ама пак јас пустата си мислев леќата ми паднала. И копај в око да ја бараш. И ја најдов, и ми падна. Среќата моја била таква, ама пак си ја најдов леќата.
    Уште ме држи нервозата од кошарката, ама и несоницата нигде не си оди. Си ме дружи романчето.
     
  2. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    сакам да им кажам фала на газдите што ставија интернет на работа :rock: :rock: :rock:
     
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На la-chicka, Monna.Monna, Elichka и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.758
    Допаѓања:
    162.799
    Значи НЕ-МО-ЖАМ!
    Кога ќе си се разбудам со каве на балкон и смеја!
    Онаа Покојна Милева од соседството ме мрдна од смеење! Треба да направам една наша баба Ванѓа за баланс во универзумот! :D
    А и јасно ми е зошо оние наши твитераши почнаа со употреба на моментот- ПРЕПИЧКА кога таков термин кај нас до сега немаше,имаше-ма пушти бре се препичува,ама препичка не!

    И многу го нејќам зборот РИБЕТИНА! Значи не...не,рибетина...ве молам!
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    СДК... дека иако одамна не сум пишала тука се што ми лежи да душа, јас сепак ве читам девојки. Секоја од вас е посебна приказна, секоја начнува различна тема вредна за размислувања и полна со полемики. Но како и да е, единствената причина за пасивноста ми е ова топлово време. Посебно денеска, ова е врвот. Не сакав глава да кренам од перница и да го почнам денот, само поради тоа чудно чувство на гушење. Како и да е, добро е што станав. Утринскиот туш,кафето и изладената диња што ме чекаа ми го разувавија утрото. Фала ти мамо :inlove:
    А на неа и е утре роденден.. Душичка моја, и посакувам се најубаво во 45тата година. Да ја слушаме уште повеќе и животот да ни минува само во убави моменти. Но и да прекине да биде проклет перфекциониста, бидејќи како што поминува времето почнувам да станувам како неа :devil: Денешниов ден ќе биде семеен, проследен со ручек и подготовни за наша мала прослава на нејзиниот роденден. Ден порано, но да се обележи и искаже сета наша љубов. Галама и смеа се слуша на сите страни, а одекнува од кујна каде секој сака нешто да види и покаже. Ги обожавам овие денови, во кои и без да ми кажат чувствувам и знам дека сум сакана и посакувам да ги гледам само вака среќни и весели.
    И следува уште еден доказ во низата, дека само семејството е тука покрај тебе за да ги преброди сите падови во животот и да те охрабрува и поттикнува да продолжиш понатака и да ти ја дава најголемата поддршка на сиот свет. Ви благодарам од се срце што бевте со мене во овој изминат месец каде животот ми се промени во поглед на пријателствата кои ги имав и на среќа или несреќа ги прекинав, а продолжив старо пријателство со другарки кои ме сакаат и запознав многу нови кои се очигледно искрени и ми мислат добро. А јас пак сите ги сакам, најмногу. И со сите се врзав, било добро или лошо тоа. Но овој пат сум свесна на се што е можно да го очекувам, па затоа во животот ќе гледам низ нова призма, за проценување и зближување со некого. Но тие се искрени и позитивни. Деновите со нив ми минуваат како песна, ги обожавам среќавањата а ги мразам разделбите. Го чекам следниот ден да го поминам со нив. А така и летото си врви...

    Уште сакам да кажам дека и мене конечно ме фати таа летна пред одморска еуфорија. Остануваат уште точно две недели до првиот одмор со друштво, ново друштво за кое ми е целта да си го задржам се до далечна иднина и со кое сакам да се сплотам и уживам во престојново лето. 14 долги денови се пред мене на кои чекам да пројдат и дојде моето бањање и сончање и уживање и се! :lol: Потоа некои семејни прослави и на крај одморче со семејството. Моето мило. :$
    5те килограми во минус ми дојдоја одлично со почетокот на летото, но почнав да забушавам и прекинав да вежбам па за 2 недели не ослабнав ни уште 1 килограм, а сепак ја продолжив диетата. Барем здраво и лесно се хранам на овие горештини. Но мојот предизвик е за 2 недели уште -5кг. па да си бидам посамоуерена на плажа, независно што се прифаќам себеси каква што сум и летово немам ни срам ни ништо да се појавам на плажа и покажам стомаче и бутче :D Од утре диетата си продолжува, а богами и едно часовно вежбање кое ќе сочинува 30 минути на орбитрејк и уште 30 со хулахопот да вртам. Па да бидам! ]:) Има да се стопам, па што биде да биде.
    Вчера си го преуредував орманот и многу парчиња ми се големи, многу стари зачувани омалени ми се повторно точни :clap: Браво за мене
    Конечно сум среќна и со насмевна на лицето... по толку време :)

    Сите вас ве поздравувам, и ви посакувам прекрасен ден со вашите најблиски на оваа неделна горештина. Во климатизирана просторија :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • beach_lunch.jpg
      beach_lunch.jpg
      Големина на фајлот:
      35,8 KB
      Прегледи:
      347
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Кога ли почна моментот на целосна виртуелна комуникација, на заборавање на телефоните како средство за комуникација, за средбите во живо да не правам муабет- кога?
    Сите сме демек многу зафатени за да се видиме, а чмаеме зјапајќи во некој текст кој најчесто нема да ни донесе ништо корисно.
    Почнуваме да пишуваме со некој кој е оддалечен од нас 10 минути одење и цело време се договараме кога да правиме средба, губиме 2 часа и на крај на денот кога сме се договориле не фатила некоја мрза или што и да е и пак останува средбата нереализирана, моментите не споделени.

    А да не зборувам за тоа дека ако те снема од чет или не си активен на фб веднаш се активира кризен штаб со прашања каде си?
    Јави ми се, ќе знаеш и каде сум а богами и како сум.

    Лани во ова време се` беше поразлично. Реченица толку клише, а толку вистинита.
    Мило ми е што годинава ми е поубаво различна. :)
    Се чувствувам како пеперутка :angel:
     
    На Annath, teddybear, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    .... Значи колку се некултурни овие алфиве, чудо едно.. Вчера јас и уште двајца другари и две другарки тргнавме накај Колосеум. Со колата застанавме прво во парк на една клупа, да се договориме што како, а и да ни раскажат како си поминале претходно во Велес :) Само што седнавме застанува кола до нас и тие двајца излегуваат од колата. И почнаа глупави муабети добро вечер, од кај сте, што сте, како сте |( Им вика на другариве станете од клупата и кај другиот колега на претрес :| а на нас три ајде дали имаме нешто во ташните да сме кажеле со време, му велам па имаме сигурно нема празни да ги носиме, тој грубо ми одговара девојко ризла имаш ли? :o викам не, ние не користиме такви работи, тој вели абе ајде која си ти да ми кажуваш такви работи, дај ваму ташната.. Јас му велам а кој си ти за да ти ја дадам ташната! Поентата е што само си дојдоа не се ни претставија ниту некаква легитимација да покажат само дај ми вели |( Уште ми покажува пиштол, демек ете кој сум! :| ццц.. Ја давам внатре освен пари, парфем и телефон немав ништо и земал си чепка во новчаник си вади лична карта си чита и уште на крај ми вика ташнава внатре ти е како пазар ццц крајно безобразни.. Им ги прегледаа и на другарките ташните, но немаше ништо, ние ниту пушиме цигари, а не па нешто друго... Ја претресоа цела кола и другар ми вика ете нема ништо, а овој му одговара ај не се прај фраер сега пред женскиве да не поминеш лошо кажи сеа која ти е девојка од овие три, тој вели сите ми се другарки и сите подеднакво ги сакам.. Овој цинички се смее и вика ти ги сакаш ама тие тебе не види колку си низок |( на крај коа видоа дека немаме ништо рекоа пу бе да ви се плукнам ни една ризла, екстаза немате.. Што млади ќе бевте и си заминаа... Браво браво :clap: :clap: култура на ниво, ви се поклонувам :bow: Одиме напред....
     
    На Lolo5, la-chicka, danniela5 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Сдк само:

    Дефинитивно она што најмногу ни недостига е трпението.
    За кое нажалост, сите сме заборавиле што е :x .
     
    На Stoimenovska, bittersweet, teddybear и 8 други им се допаѓа ова.
  9. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Роденден ми е за две недели и единствен подарок кој најискрено и најмногу сакам да го добијам е еден обичен, најубав букет од бели рози. Или можеби само една бела роза, доволно е.

    Се надевам некој (кој било) ќе се сети колку многу ги сакам, дека ми се омилени, и ќе ги добијам уште од сабајле. :wasntme:
    Сакам да се разбудам со мирисот на убави бели рози, така да ја почнам 21та година од мојот живот, опкружена со чистота и убавина.

    [​IMG]
     
    На la-chicka, Divinebutterfly и Cacy им се допаѓа ова.
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Најмногу од се боли презирниот поглед на еден одамна изветвена душа која своите празни мисли ги насочува кон светот.
    Најмногу од се боли празниот потсмев на претпоставената љубов.
    Најмногу од се болат чекорите кои со себе не носат ништо освен солзи.
    Тешка е онаа болест за која нема никаков лек.
    Онаа која ни ги труе душите, ни ја убива совеста и завршува седната пред телевизор со криглата во рака не размислувајќи на ништо друго освен на тоа дека е уморна после работа и семејството сака да и наштети.
    Најмногу од се боли кога и покрај другото веќе не можам со исти очи да гледам, ниту да разберам дека таа изедена психа ја мота душата на еден човек.
    Не можам да го прифатам и да го оправдам тоа.
    Не можам повеќе.
    Не можам.
    Не сакам.
    Не заслужив нешто вакво.
    Со ништо.
    Никогаш.

    http://www.youtube.com/watch?v=eetGctEcOv0
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ме интересира дали некој на странициве за огласи пред да ги пушти самите огласи на својата страна ги проверува?

    Бараме правен советник.
    Своето ЦВ доставете го на ferreira.gomez@hotmail.com.

    Значи на некој својата фотографија, својата адреса, својот меил, своите телефони му ги доставуваш на тацна, а знак прашалник е дали е регуларен огласот. А има мал милион невработени правници кои ќе се залетаат и ќе пратат меил.

    Ќе пратат меил а инаку Ферера Гомез е порно ѕвезда. Па видете вие на којзнае кои праќате цв.

    Бог да чува.
     
    На calliope, Divinebutterfly, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Webstica

    Webstica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    52
    Штотуку се враќам од прошетка,се прошетав, ја фатив и денската шема, кафе мафе и сега пак овде....

    Ovo nebo nad nama
    sjena je od zastora
    kula na nebesima
    u našim je prsima :$
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Жално е кога сфаќам дека голем дел од трудот што сум го вложила бил залуден. За џабе... ете така, толку време и маки фрлени на ветерот. Доволен е еден погрешен чекор, едно мало невнимание за се градено до сега да падне во вода. Уште полошо ми станува кога гледам дека друг си ја гради среќата врз рушевините на мојата. Се смеат другите, морам и јас да се смеам. Да се радувам затоа што успеале, а како успеале, не е важно. Дали некој ме прегазил, ни тоа не е важно. Важно е само да се шетам добро расположена, за да не го расипам и нивното расположение. Не би било фер нели, не би било другарски од моја страна. На крајот на краиштата, кому му е гајле што чувствувам јас. Терајте, се надевам сега сте комплетно исполнети, среќни, личности со јасно зацртан правец во животот. ;) Јас и онака долго време се обидувам да изградам нешто, не е првпат некој да го сруши тоа без да се сврти, да види што остава зад себе.
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    извесно време се допишувавме онака другарски со еден тип-комуникација нормална, и ај да се запзонаеме
    леле кога го видов :o не 29 како што ми кажа туку изгледаше за 39-49 години, мислев како да побегнам, дури и алармот си го навив на мобилниот :D ама после се предомислив, и го изклучив-само што го видов си реков му давам 60 минути, после бегам :lol:
    добро е , за прв пат некој ми дозволи ЈАС да си ја платам пијачката- е не како многу пати до сега, јас ке те частам, па после ти МОРАШ да бидеш моја аха преку мене мртва тоа да
    се раздевливме најпријателски, иако кога човеков ми ја стегна раката, мислев дека :l: ке ми експлодира од страв, ама :whew: си купив еден бест да си дојдам при себе и ми текна на една другарка кога и правев друштво за да се запознае со еден тип и неговиот другар, ја зафркавав ако биде нешто , или има некој проблем, барајте го кире-банана мен така се викаше :rofl: тоа беше смешки

    и во градов, мислам дека се помалку луге има а се повеке :devil: со човечки лик, и баш кога одев накај центар, на улица видов уште едно згазено маченце ;( како не им е жал незнам, да даде Господ семокен тие што ги газат животинчињата, нив така да ги газат со автомобил па да видат како е :!:
     
  15. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.417
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека следнава недела можеби ке се правам операција :( Чувајте ми среќа :( :sweat:
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам како археолог кога од секој ќош во двор откопувам коски што ги закопала пуфлава
    наша. Божем ги чува за црни денови, ама тие црни денови никако да дојдат. Па после некое време ги заборава...

    Денес ги грабнав ножиците и симнав цело кило крзно од неа. Некако и олесна, па си се издиша.
    Душиче :wasntme:
    Ја пикнав во када, па заедно си се бањавме - јас неа, а она мене.
    Еве вакви бевме :lol:
    [​IMG]
    И сега мириса како колачињата од У ла ла :wasntme:
     
    На Serafima, Peppermint, blond и 2 други им се допаѓа ова.
  17. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    2.272
    Пол:
    Женски
    Зачленувајќи се на форумов не знаев во што се се' впуштам, но се надевав дека тоа ќе биде авантура, во која што ќе се вклопам и што ќе трае долго време. А, сега женцки (и по некој маж) можам да ви кажам дека mamma-mia is 1 year on Femina ^_^
    Се надевам дека роденденов ќе си го чекам уште многу годинчиња. Благодарение на вас, ова 15годишно девојќе уште повеќе созреа.
    Никогаш не ме бидувало за филозофирање и за реферати, па мислам дека тоа е тоа.
    Како права славеничка да ве почастам, па макар и виртуелно. И без бриге- за сите има по нешто :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Monna.Monna, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Идам три дена во Охрид.. да го одморам мозков од се'. И ондак опет на посао! Бауу! Знам дека земав со мене книга, апарат, минимално праталчиња и се земав себе со мисливе.. Елешец хир ај кам бејби, приколче знам дека ти фалев..хуух..

    Уживајте..
     
    На Bright, anabel-a, Magnolija и 2 други им се допаѓа ова.
  19. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Сме биле на иста свадба! Импресии до неба, уште не можам да ги дособерам. Од невестата, до музиката, расположението, стилот.. Се‘ совршено, без замерки.
    Ептен ми беше мило, повесела невеста не сум видела. Толку да се смее, да игра, а цел ден на нозе.. Убавини.

    Денес се соземуваме, мислам цел ден го преспав. Бомбоната под перница, и ништо, класично ништо не сонував. Никогаш не ни сонувам, според тие бабини деветини значи не се мажам јас. Не се местам ни бидермаер да фаќам, значи немам ни намера :) Ќе биде, за 10 години.. од малечка викам така, само што сега би требало да се намали бројката. Абе уште сум мала, за такви работи :rofl:

    Вечерта со сиот памет, го земав кучето и ја шетав низ населба. Отидовме на лулашка и си се отрезнив, среќа што во тоа време нема луѓе да ми замераваат. А па мене едно незгодно пффф :lol:

    Инаку, од жештинава неделава единствено добро ми е уживањето во кремот за туширање додека повеќекратно се освежувам. Полн хард диск серии, се мислам да избришам некоја, ама срце не ми дава. Може ќе сакам пак да ги гледам. Ама повторно гледање гзов не ми додржува. Поише сакам неизвесности.
    Нова нет атракција ми е Jenna Marbles. Не ми е толку смешна, колку што интересно зборува. Таа си е отракана, а мене ми се јаде крем банана. Исто како што надвор е топло, а од турски серии раат нема. Онака попатно, неповрзано. Бабаи.
     
    На ines.h и 1209 им се допаѓа ова.
  20. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Само се прашувам како било на DURAN DURAN ...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.