Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Денес имав авантуристичен ден! јухууу! можеби не е којзнае што, ама за прв пат бев во Куманово на кафе ^_^ :coffee:
     
    На broken099 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Линијата измеѓу сакање и (да не речам мрзење) одбивност, е мноогу тенка.
    Каде што е најтенко.. се кине.
    Во тоа се уверив денес..
     
    На Ema.Sk, Hiii и Libera им се допаѓа ова.
  3. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Си мислев дека сум бремена ама само сум си мислела бидејќи не сум. А и денот денеска никаков сите на работа јас дома од тв па на компјутер и на крај ми иде главата во ѕидот да ја трескам....
     
  4. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    СДК конечно ВИКЕНД!.
    Одмор од учењееееееееееее.. ЈЕЕЕС :)
     
    На Elennaa и Beauchamp им се допаѓа ова.
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Кој ли да ги сфати момциве денешни... :o
    Во друштво се праваат „јаке фрајерчине“, а кога се сами се тресат како маче на дожд дури да речат здраво или пак да ти пишат на популарниот чет на фејсбук.
    Ме запрепасти еден школски.
    Во листата на пријатели се најде сосем случајно и од причина што господата се навредуваат ако не ти се френдс.
    Искрено кажано, јас со него немам толку многу за што да дискутирам за да пишуваме секој ден на фб кога на училиште сме се виделе. Ете, некогаш знае да ме праша нешто за на училиште или онака некој „ради-реда“ муабет да направиме.
    Оддеднаш почнав да добивам лајкови на се, од слика до некој си пост кој сум го лајкнала.
    Па почна да прави некои чудни муабети, а на училиште ко ништо да не било.
    Уште што не ми договори во кој хотел да се најдеме. |(
    Почнав да го игнорирам. Упорно пишуваше... Сам си правеше муабет.
    Добро, тоа траеше неколку дена и заврши.
    После тоа, во разговор со друг другар од класов, со кој сме си поблиски, му кажувам вака и вака и ми вика:
    „А бе, ми рече да не ти кажувам, ама сите бевме кај него дома и ни расправаше дека сте се мувале некогаш, дека си копнеела по него. И као доказ ни даваше со лајковите и со четот!“ :!:
    ВТФ????????
    Што им е на дечкиве бе луѓе????
    Што?????
    Толку се желни за женска, желни се за слава во друштво???? За што??
    Него никогаш не го сметав за таков... Ова тотално ми смена мислење.
    Не се сите исти, но кога некој како него бил спремен на тоа за да се докаже, можам комотно тоа од секого да го очекувам...
     
    На lovely91 и marama им се допаѓа ова.
  6. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    СДК1
    Досадно е. Дојде зима, па ќе се простам од интересните викенди со исклучок на некои.
    Ноември е, ама ладно е бре луѓе, преку ден не, ама навечер и насабајле заледувачка е. Ни чај веќе не ме топли.
    Ги мразам деновиве. Упорно тврдам дека ми е убаво во зима, дека во зима ако ти е ладно - ќе се облечеш, а лето - ќе пукнеш од жега, ама, нема гол да шеташ. Ама, сега не си стојам на тоа. Колку и да е топло - лето си е поубаво. Не затоа што сум на распуст три месеци, не затоа што не одам нигде на одмор последниве неколку денови, не затоа што уживам зашто немам за учење, а се досадувам без школото, не затоа што навиките исчезнуваат, а јас немам појма кој ден сме, а камоли која дата, не затоа што сакам да пукнам. Туку затоа што можам слободно да се тинтрам, да се туширам со млака вода, абе, просто, да си уживам во деновите.
    А што сега оваа студенило? Мразој, снегој, пепелници. Силни ветришча и вијулици.
    Не, не сум јас за тоа. Единствено се радувам на снегот. До душа, само тој единствено ме сака. Па, оти си се сакаме сум тука, иначе ќе уживав сега на бреговите на Мадагаскар, под некои палми, лежалка закачена на истите, ќе пиев кокосов сок, ќе се сончав, ќе си уживав. Е тоа е наполно уживање. Вистинско уживање.Ама, сега засега моето вистинско уживање се наоѓа под тушот, со топла вода.

    СДК2
    И не знам што ми текна, ама сепак да ви кажам, ептен е чудно кога знаете дека ви ги читаат сите постови тука. Чувството не да е глупо.... најглупо е. Затоа, еден совет од мене:
    Ма, какви добри, најдобри другарки - на никој не си го кажувајте ников, а посебно ако сте еден од активните членови кои тука се искажуваат.
    Немате појма на кој друг ќе налетат вашите мислења. Ќутете си, свиркајте си, а и не заборавајте да се одјавувате кога имате или очекувате гости со кои би седеле на компјутеров. Така јас се зафркнав, а жими се, ќе дадам се’ за да не ме знаат која сум.
    Нема веза, што било - минало. Туку, јас ви изнакажав триста глупости, ај чао.
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    СДК, сакам да заминам некаде и да бидам во мир и тишина, да Ти се посветам целосно. Ми недостига времето кога не знаев ништо, ми недостигаат тие моменти кога бев никоја и ништо. Не се жалам за тоа што се случува, се жалам на самата себе што станав буквално никоја и што чувствувам дека стојам во место. Што мислам дека иако се обидувам сепак сум наистото место.
    Единствено ме радува тоа што се обидувам во секој момент да пружам рака на оние кои им треба. Знам дека моево е обично ништо. Се обидувам и се вртам назад, гледам и соочувствувам со туѓата болка. Нека ме боли, не се жалам. Нека се префрли целата тага на мене, другите нека бидат среќни и радосни. Ќе биде тешко, но душава ќе ми се радува, зашто ќе ја гледам насмевката на лицата на другите. Таа насмевка ќе ме води напред да издржам се.
    Душава ми трепери како лист на силен ветер, кој очекува во секој момент да биде скинат и однесен некаде. Ќе ја дочувам, се надевам. Ќе се борам да ја чувам во себе.
    Ме боли што Твојата топлината бега од мене.
    Дали ја бркам од себе? Не знам.
    Знам дека таа топлина ми треба да ме крене на нозе, да ми даде сила да пребродам се.
    Ама знам.
    За се сум крива. И наместо да се борам против себе, јас...
    Тоа е најтешко. Борбата со себе. Да се присилиш да направиш или да не направиш нешто. Таа борба е навистина тешка. Не е миг, не е час, не е ден, година, туку е цел живот.

    Цел живот е борбата да се победам себе и дојдам до Тебе. Дај ми сила, подај ми рака.
    Врати ме на оној почеток, кога можев се. Кога смело и како лавица се борев со се, кога не постоеше ништо невозможно.

    Но, Ти благодарам што сеуште се сеќаваш на една глупачка како мене. Ама ако, знам дека се е за добро.
    Затоа ќе се борам до последниот здив. Само за Тебе.
     
    На lunicka, ljubam, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Денес ми се финализира и потврди една мисла. Требаше нели и првото формално вработување во фирма да се случи, и да се (обидам да се) подружам со Македончето.
    Ова го кажувам општо бидејќи терминот опишува менталитет, а не пол, возраст и не секогаш Македонец.
    Се плаши кога гледа дека некој се труди во својата работа. Збунет е кога ќе види амбициозност. Ќе те пофалат и главата му е наведната долу. Хистерично бара истомисленици во околината покрај кои ќе се чувствува побезбедно, тогаш не е сам...

    Сам си го плука образованието, нула самодоверба, провоцира и го доживува како addition of insult to injury тоа што годините животно искуство кои ги има пред тебе не му донеле никаква предност во ништо.
    Соџвакан и плукнат од животот уште пред вистински да излезе и да се соочи со светот, и менталитет на средношколец.
    Сиромаштијата и невработеноста никогаш не биле на повисоко ниво, а има лице да каже ЈАС НЕ СЕ ПРОНАОЃАМ ВО ОВА. ЈАС НЕ МОЖАМ.

    Очигледно немал родители кои работеле многу понапорно за многу помалку пари и изгледале фамилија на таков начин. Или можеби воопшто не си ги забележал своите? Па и нема да ме чуди.
    Но ништо ново, нели?

    Ам, ќе заборавев. Која мисла ми се потврди?
    Македончето сам се елиминира уште во старт. Не верува во себе, во своите знаења, способност...без око да му трепне ќе прескокне можност за подобра работа и подобар живот, само да избегне повеќе одговорност, труд и напор.

    (Пот)просечноста е природна средина.

    “Дома јадам, сметки не плаќам, а важно со платичкава ќе има за по некое искачање и цигари. Овој многу чуден бе, многу напнат...”

    Точно. Ние сме збир на нашите искуства.
     
    На green.eyes, Doozy, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Надвор владее студот, тука е топло, пријатно..
    Прозорите се замаглени, создаваат простор за слободно цртање..
    Како мала обожавав да цртам на нив. Најчесто цртав срциња, внатре иницијали од моето и името на симпатијата.. секој пат различна втора буква.

    Не правев разлика помеѓу сакање и обично свиѓање. Мислев дека сум заљубена во секој чиј што физички изглед од прва ми се допаѓа. Затоа и имав милиони симпатии, во дневникот безброј имиња..

    Дневникот го најдов сосема случајно. Ама сепак во вистинско време, судбина. За да одлучам што е најправилно за понатаму зошто животот повторно ме стави во искушение. Својата среќа или пак неговата?

    Кога го отворив, почнав веднаш љубопитно да ги вртам набрзина страниците. Но, кога почнав да читам повнимателно, почнав и да сфаќам некои работи..

    Сфатив дека уште од мала сум се трудела да ги задоволам другите. Сум попуштала кога „најдобрите“ другари ќе ми се налутеле без никаква причина, сум молела, затоа што сум се плашела да не останам сама.
    Единка на мајка и татко, желна само за играње по цели денови.
    Неколку страници беа испишани со искрена желба за да престанам да бидам споредувана со другите, зошто по навика татко ми секогаш го правеше истото. Без разлика дали со роднина, со дете на комшиите или пак со обично дете сретнато на улица. „Види го него, земај пример.“ Цел живот примери „земав„ од некои си сто пати позакржлавени деца, ги гушеше квалитетите што знаеше дека ги поседувам, за да направи од мене макета на нешто што тој сакал да биде, а не успеал.

    Сепак ако, денеска сум им благодарна! На СИТЕ.
    Фала им за секое буткање на земја кога упорно врискав за помош и рака за спас, фала им за секоја солза што ме натераа да ја пролеам во својата соба која што толку многу ја мразев затоа што ме асоцираше на некоја вечна осаменост, фала им за секое одбивање кога очајно пробав да се вклопам и да одговорам апсолутно и целосно на нивните барања, фала им затоа што ме правеа несреќна додека јас изигравав идиот за да ги направам нив среќни.
    Без нив, немаше никогаш да станам ова што сум сега. И немаше КОНЕЧНО да сфатам дека мојата среќа е најважна.

    Не е тајна дека ми доаѓаа солзи на очи кога напишаното го претворав во реална слика, со враќање на филм и спомен, во точно време и место, но потоа се појавуваше една искрено широка насмевка кога ќе се сетев на тоа дека скоро се` им е вратено. Сега истите тие ме молат мене, ама јас немам време за нив, иако од срце им простив..

    И ја одбрав својата среќа, не се живее за да им се удоволи на другите.
    Започнувам нов живот и силно си велам добредојде во него.
    Времето ќе покаже дали и колку сум постапила правилно.
    До тогаш, ќе се преживее.
    Зрела сум..
    И способна.
     
    На BeYourself, zhap4e и julie77 им се допаѓа ова.
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Имам потреба силно да заплачам но не можам,како да снемав солзи.
    Ништо не ми оди од рака,ништо.
    Го знаете она ужасно чувство кога сите ќе ве разочарат? Кога сте нервозни,изреволтирани,разочарани од постапките на некои личности? Е баш така се чувствувам.Толку бес во мене а јас чувстувам немоќ.
    Но ветувам дека ова е последен момент на слабост.Повеќе не се замарам со никого.Од денеска живеам само за себе,никој не ми треба.
    Најпосле еден е животот нели.
     
    На la-chicka, Hiii, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.774
    СДК се осеќам како идиот што седам дома во петок навечер...ах се на се насобрано, комотно можам во депресија да паднам... ако веќе и не сум падната...се надевам Господ ќе се смилува да ми одговори на моите молитви... До кога вака?

    П.С. На кој што му е досадно, слободно нека ми пиши ЛП - ќе помуабетиме :)
     
    На Hiii, Beauchamp, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    На L-enna, Magnolija и blond им се допаѓа ова.
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    До кога луѓево ќе си го пикаат носот каде што не им го збира?!
    До кога некоја-никоја ќе (се обидува да) ми соли памет?!
    ...Значи стварно не знам што е фрката...
    ама едно ми е јасно: Сите оние кои ме оговараат се минимум 5 чекори зад мене ! ;)
    :Down: хејтери! :rock:
     
    На palavoto.devojce и Beauchamp им се допаѓа ова.
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Покажав слабост спрема нив, ме навредуваа заради една е**на работа. Но, денес и тоа преку чет од групата каде повеќето читаа, јасно им дадов до знаење дека пола клас не ги сака, токму поради нивното однесување. Нормално не ми поверуваа, мислеа дека јас тоа го измислувам, ама не, добив подршка од некои кои видоа што се’ им изнакажав. И само ако ми кажат нешто или ме допрат во понеделник, е тогаш ќе видат тие дали јас сум си замислувала дека никој не ги сака. Сигурна сум дека пола, ако не и повеќето ќе се дигнат против нив 2, само нека ме допрат, е тогаш ќе дознаат која сум и што сум. Нема да ги толерирам јас нив и нивните глупости. Сум била дете, ха, вие сте поголеми деца од мене со вашето лигавење. Мислеш мене и останатите ни е гајле што тебе ти купиле ајфон, кола, мислеш дека ми е гајле што земаш часови по возење, ма патетична си. Сите професори дознаа дека дотичната имала автомобил,возела, бла, бла, бла. А, знаеш што предизвикуваш кај нас. Ова :puke: и ова |( . Тебе ти се важни само материјалните работи, од личност како тебе друго не можам да очекувам, освен да се фале и лигаве.
    Она мене ќе ми залепила шамар, само обиди се. Мене мама и тато не ме удираат, некоја глупача ќе ме удира.
    Ја имам подршката од останатите и тоа ми е доволно. Една личност која ми е особено драга ми кажа дека дотичната погоре ќе ми ударе шамар само преку неа.
    Обидете се да ме нападнете, ќе видеме кој ќе се смее на крај.

    Извинете за неиспиративниот и можеби глупав пост, ама морав некаде да се олеснам.
     
    На Hiii, GarpovaV, Beauchamp и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Тепај Старки, лепи шамари као петстотки на музичарите на свадба, од мене имаш дозвола. :rock:
    Ама со зборови тепај. Ноу вајоленс, ноу ноу. :wasntme:






    СДК: [​IMG]
     
    На Go-Girl и starbucks им се допаѓа ова.
  17. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Да ти се плукнам во глупиот, грд интернет. Кога ми требаш те нема, кога не ми требаш те има! :@ :@
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Дури сега можам да кажам дека сум во ред.
    Се прибрав дома, се исправ(избањав), се смирив малку, се стоплив, си сварив кафе и си направив цедевита, и еве ме на кревет, во розеви пиЏами и бела маица, и розево бели угг папучки целата во тон ве читкам, си се смешкам, и се релаксирам.
    О мај диар конечно.
    Јас сум имено забегана ... кој ме знае ќе потврди.
    Вчера бев како на тешки дроги, а денес 5 минути хај, 5 минути лоу, за на крајот од денот 40 минути да му плачам и исто толку време да ме прашува што ми е, и за после тоа 10 минути да зборувам без престан, и добар половина час после тоа да го посветиме на вуХу.
    Ама воглавно, убаН ден, убава вечер ... убаво е се.
    Лошо е кога само што си ја стабилизирал врската, себеси, твоите ... од едно пмс, и се уште се опоравуваш од истото раздрмувачко безредие, на врата се расчукало наредново. Лииив ми алоун ју бастард. :D форевр алоун. Е не мојт.
    Е така ...
    Жена женосана, понекогаш идиоткосана, не се може со нас, ама без нас па ич. Што е така, така си е. :P
     
    На starbucks, MacaLove, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Колку јак момент кога се враќам од Центар накај дома, и во населба ми ечи плех музика, зошто се родило бебе у комшилук!

    Просто да се качиш на 5 кат и ти да урлаш со нив, од што блеска среќа ноќва!
    Се породија неколку красни женски, родија прекрасни бебиња, и во оваа пригода сакам да им честитам за најубавиот подарок што храбро го износеле 9 месеци, за да го донесат пред светлото на светот.
    Гушки и бацки до вас, мили мамички.

    Ноќва е густа ко шлајм, а ја буфтам сличен таков после секое секнење нос :lol:
    Поприлично драматична и визуелна сум, нАли!
    Пресреќни мигови.
    Романтично розови со трошка виолетово.
    Пссст, не спомнувам никому ништо ;)

    Добра ноќ, водете љубов, а не војна, најмалку со себеси!
    Цуфки! :*
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.