1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Фала тереса па да си дочекаш и ти :D
     
  2. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    дадо, ми недостигаш на свето најпојќе! многу секој ден мислам колку мизерна ќе бидам во животов ако не си до мене. јас знам дека сум ѓубре најголемо на цел свет ама единствено тебе те сакам на светот. не заборавај. :emo:
     
    На stefigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.473
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум уморна, цел ден плетам бројаници, прстите ми се плуски целите со ханзаплас премотани, боли ужасно... Ако има некоја слободна феминка за помош ;) :lol:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Уфф само колку сум изморена.... Вчера во 5 и нешто сабајле се прибрав дома, додека легнав 5 ипол ме фати а во 11 станав. Цел ден натака навака, но затоа имам прекрасен завршеток на денот. Убаво муабетче си направив на фб и сега задоволна можам да си легнам. :)
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам здраво :D
    Јас оваа година истерав два одмори и ќе си припукнам од убавини. А нешто ми вика дека ова лето овој одмор не ми беше последна екскурзија :$ хммм, видечемо. Како и да е многу ми е убаво на душичката. Преубаво сум си поминала, и кога бев сама со него, и кога бев сега и со него и со друштво.
    многу работи си разјаснив, не дека не ги знаев ама ете си го зацврстив мислењето малку.
    Прво, со 20 години дозволени ми се секакви грешки, без разлика колку се будалести, никој не се родил учен, никој не знае се и сешто, никој не се родил начитан и со богат речник, и пред време созреан... секој се гради како личност врз своите лични искуства. А некој што има 24,5,6,7 години очигледно заборава каков бил на своите 20 години, па веднаш се дрзнува да суди. еееееееее, и една година да е разликата многу значи.
    Друго што сфатив е дека најсилна врска што постои е врската на родителот со детето, без разлика колкаво е детето, поточно најсилна некако е врската татко ќерка, барем кај мене де. И иако кога отидов на одмор им бев многу лута, и не им правев муабет, секогаш кога денот ќе поминеше а јас само деловно ќе им одговарав на повиците, навечер легнував со болка, со некоја чудна болка, зошто знаев дека и нив ги боли и дека се свесни дека згрешија, иако рака на срце, ептен ама ептен се искупија овој пат :D
    трето што сфатив е дека ако сте во врска под ни една точка не смеете да се зафркавате со менување на својот љубовен статус на фејсбук, па макар било и чиста глупава инаетчиска зафрканција зошто многу стресови ќе предизвикате. мислам дека и ако навистина раскинам јас нема толку да се потресам колку некои дотични личности кои едвај тоа го чекаат. Дури ми рекоа дека дефинитивно сме раскинале зошто инаку кога ептен ќе сме се скарале само only me сум правела да ја гледам врската, сум криела демек од другите. А бре како по ѓаволите ти го знаеш тоа кога два пати се случило до сега а а а а а. Ама слатко сме се изнасмеале морам да си признаам, поготово што не можевме одма да ја поправиме штетата со грдион тајмлајн па сите ни испопишаа. :)
    Четврто е дека џабе и џабе се потресуваме за се и сешто, јез да се тоа го знаеме, ама стварно е џабе бе, поготово ако сте живчан човек како мене, леле кога ќе размислам со ладна глава за што се се нервирам си викам јао глупачо една глупава... ама ајде оди помогни си, не можам, се сакам да е како што треба, се да во ред, се да е под конец, се да си е нормално и убаво, и се надвор од редот ме вади од кожа, а кога ќе видиш на крајот навистина се ќе си биде како што треба, евентуално ...
    И петто, и жими се најважно не е секој човек за родител, не и не. Во животот луѓето секакви тестови полагаат, ама за да се добие правото на родител луѓето не се подложни на никаков тест... Абе луѓе со предобра душа што се би направиле за децата не можат да си имаат детенце и жалат цел живот, а некои идиоти ќе направат по три деца а вода во очите немаат, не знам колку примери видов, ги газат децана од ќотек бре, на сред плажа, зошто... влегло во вода без гума, абе глупак објасни му зошто не чини тоа така, кажи му разјасни му, а не да го згазиш од мавање и ај правецот дома, па после децата растеле вакви или такви, епааа ... а па една па детето и се здружило со некое девојченце, и и се тргнало малку подалеку од неа, рачунајте пак го гледа детево само не и е пред очи, се потргнало да си игра, го утепа еј го утепа, нели ти реков пред мене да си цело време и се дере како неартикулисана... абе да се немало мозок во главите. Уф значи уф уф уф уф уф.
    Убаво е да си на одмор, убаво е секој ден да се будиш со те сакам и да заспиваш со те сакам, да миеш садови и некој да те грабне од позади, да му се бесиш во вода, да лежиш цела ноќ и да гледаш филм по филм, да се туширате заедно, па и да спиете заедно со тешки но слатки маки, да се разбирате само со поглед, убаво е да ти стигаат пораки од луѓе на кои им недостигаш, убаво е и кога ќе си дојдеш дома и сите те грабаат да те гушнат, дури и брат ти со кој некогаш можете да се заколите, и секој втор збор ви е свињо вол краво говедо глупак простачка, но таа една гушка од време на време, ви го скокотка срцето и ви кажува се што не е прочитано измеѓу другите редови.
    Жал ми е што не можам да ги видам дечињава одма зошто е касно а веќе збеснале без мене, ама затоа утрееееее, по 5 сладоледи има да им купам бре, и крајно да ги размазувам цел ден, божем прв пат ќе им биде :D
    Знам дека ви недостигав и вас :P и вие мене де, не се секирајте 8)
    Ве поздравувам и зошто веќе е понеделник ви посакувам убава недела исполнета со многуууууу среќа и убавини. :hug:
     
    На green.eyes, ines.h, Aleks96 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Chelsea

    Chelsea Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    29
    Лелеее, сакам vans патикии, ама authentic, а нема тука такви. :|
     
    На sweet-cherry и L-enna им се допаѓа ова.
  7. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Благодарам и јас би сакала ама веќе е доцна за мене си останав ќерка единка. :)
     
    На stefigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Skorpijaa

    Skorpijaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Се чувствувам многу лошо, цела вечер седам и плачам, едвај чекам да се раздени да дојде нов ден, се надевам ке ми биде подобро ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(

    http://www.youtube.com/watch?v=lTb4GTtLYJI
     
  9. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    цел ден е досадно и тапа |(
     
  10. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    4.327
    Пол:
    Женски
    Дека е многу досадно дека нема што да се прави ми се иде негде на море кој ќе чека до август и да сакам да кажам дека ќе легнам да спијам Лека ноќ на сите :)
     
  11. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Преку глава ми е од вампири ,од книги , филмови за нив ...тешка патетика ...Зарем вампирите останаа единствена инспирација ?! |(
     
    На SimplyElegant, ines.h и gingerchild им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека имам некој лош пост-менструален синдром и многу бедови ме маваат. :D Грозен шамар ми мавна животот прееска, а јас лагано си сварив кафе. Сфаќам дека кафево 200 пати подобро ме смирува. Паднав од мотор - кафе, ме зезнаа - кафе, кога си сам - тука ти е кафе. BFF. :l: Детето Франко ќе си го крстам у чест на ова мое скапано кафе. :D Доаѓам до заклучок дека ми е екстремно лошо кога на радио ми пуштаат срцепарателни песни една по друга, а јас сите ги знам од почеток до крај и пејам и се ежам како лудача.
    Уште одозгора на се`, кај да душнам на него ми мириса. Не знам зошто, не знам како, уствари знам како, ама не сакам бре, не сакам. :worried: :worried: :worried:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Прекрасна вечер, прекрасна забава со прекрасни луѓе, не жалам што после толку време излегов :)
    се забавував како никогаш до сега играв со пријатели :dance: пиев :d: едно време една мисла ми помина низ глава се прашував каде е? дали е сам или... :?: но не дозволив да се расплачам таму пред сите, стиснав заби се насмевнав и продолжив со танцувањето...
     
  14. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Во гомна сум до гуша.Се давам и полека,но сигурно го допрев дното на животот.Се изгубив себеси,своето јас,се изгубив МНОГУ.Трпам последици,трпам ружни зборови и лоши критики.Слушам и молчам.Немам уста да презобрам кога знам дека самата сум си виновна.
    Од денеска почнува моето враќање во нормална положба,нормална состојба.
    Ме теши изреката - од грешки се учи.
    Станав рано,погледнав низ прозорец (облачно и ладно).Улиците мокри :rock: Свеж воздух :clap:
    Си ја земав книгата и почнав да ја читам (баба ме виде и ме заплука,вели:за арно за убаво нека е) :lol:
    Добив покана за кафе од далечен другар,се изненадив ..
    Се организирав со другарките да пиеме кафе,(после толку време)..
    Сега чекам да се стемни,да дојде 22:00h,и да излезам.
    Да се појавам пред чаршијата повторно..

    Ке ми треба време за да повторно се чувствувам убаво и самоуверено :tmi:
    Животот продолжува .............. :muscle:
     
    На Johny и ana.ubavkata им се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Гледам има уште една нова SexyLady на форумов. :)
    Епа ај нека и е добредојде. :*
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Премногу е рано, ама би вриштела. Од импресии и музичкото лудило што го доживеав.
    Музика, љубов и бои. Поезија за моите уши и срце. Апсолутно чисто шекнување!
    Сестра ми рипаше ко тинејџерка, а на Wild Boys се фативме за раце и рипавме ко деца, ко мали на таа песна скокавме по кревети... И ете не, години подоцна, во живо на концерт! :x 8)

    Duran Duran, вие сте цареви од светска класа! Уживавме. На Rio го штипев мачорот мој за газ и му играв секси денсови на Girls on film. Неприкосновено, они се бендот за кој ќе имам полна уста позитивни сеќавања и ќе им ги пренесувам на своите деца! Вриштење до бескрај и назад! Плачење на Save a Prayer, а Girl Panic! еве трет ден не излегува од глава. На Come Undone, танго и припиени раце еден до друг, други димензии во глава. Вриштам, со тело, со ум. Браво, браво мажишта!!! :inlove:

    И, да се вратиме во реалноста, нели? :rofl:
    Понеделник, ја втора смена, а ме буди врева од косалки на трева. Not fun. Си наточив бунар цедевита и верглам со мачорот на фб, ми праќа кученца како си ги грицкаат опавчињата. Мекнеам, уште наутро имаме ѕвезди во очите и носот. Вчера откривме едно мини лоунџ барче во парк, со балдахини и пристојни цени, пиевме мохито и ко најдобри другари си раскажувавме животни ситуации. Близина, топлина, со него сакам да растам и пораснам. Бевме на ручек, си дремевме на трева, и јас отидов на работа. Сфаќам колку некои мигови остануваат врежани во срцето, кога искрено ги чувствуваме и истите ги боиме во заеднички бои. Светло зелено, пурпурно розе, длабоко лила. Меко. Ко перниче на шепа од мачка. Наше. И добро е кога трае така. Нема правила, нема притисоци, нема лудила. Тераме.
    Приметувам наоколу хејтери по повод многу убави нешта, и знам = или е завист, љубомора, или е едноставно фрустрација. И нека би. Така се расте, што и да значи тоа.
    Мене ми е важно да не е тажно! И за мене, и за најблиските.
    Другите = со опроштење, кој ги секса.

    Имајте убав понеделник, јадете лубеница, и грижете се за своето ментално здравје. Со добра книга, музика, или едноставно, сонувајте.
    Ш.
     
    На 1209, Johny и anabel-a им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Имам старо-нова фризура (нова е, ама ја иам порано носено вака :^) ) се важи сепак нели?
    Во местото каде што живеам има еден чичко што на времето лежел во затвор за повреда на македонското знаме (дал го газел, кинел, палел, незнам). Сега е почесен член на ВМРО и кај него во двор не ретко се дешаваат партиски манифестации (по незнам какви поводи). Па тука има озвучење до максимум, пошто треба сите комшии да слушнат комплименти за него од повосоко рангираните членови, па говори, музика, луѓе, ленти сечење...во 22часот навечер. Пошто нели, кога си на власт, не важи тоа правило за тебе, во сред населено место, бучава после 20часот. И најозбилно, поморбидна песна од оваа немам слушнато. Си седиш во соба, си глеаш филм и наеднаш
    http://www.youtube.com/watch?v=TLiYL6pNMro
    :| страшна работа. И ај после рамноправност, еднаквост, заедништво...Тука можеш да имаш иднина, само ако си карактер лесно прилагодлив на клима. Од кај дува ветер, од таму. На секоја нова влада, нова партиска книшка.
    Туку, ај за нешто поубаво. Има едно местенце во Катланово, над бањите горе, се влегува како во пештера. Интимна бања. Водата постојано истекува, па и да се бањал пред тебе некој, се чисти. Топла водичка, затскриено местенце, мераци. Пуста јас, страв од се и сешто, ни на крај памет не ми текнало да се осмелам да влезам. Ама неделава чинам, сум поотворена за предизвици. Или таму, или на базен, овие 50 степени што ги кријат од нас, не се издржуваат. А бубрезиве веќе ми се оболеа од клима уредиве :!: најгрда ствар.
    И другарка ми се вработи :party: среќна сум за неа. Ми ги отвори малце очите за мојата состојба, па следствено на тоа ќе се потрудам да се променам.
    Од секогаш верував дека доброто со добро се враќа. Време е да бидам повеќе себична.
     
    На srcekrsacka, slavica999 и julie77 им се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Се моли времево подитно да се опраит. :geek:
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    СДК Кравче јака ти душа со твојот напален комшија. :rofl: Јас да бев до сега ќе лежев затвор за запалена куќа. :rofl:

    Него..мрцнав кардио од сабајле на гладно, оние 17минутните у Морална Поддршка шо ги ставија.
    Се испрепотив убоо ама шо е многу, многу е, башка ги комбинирав со стомачни.
    Од шо се преморив не можам ни да изедам едно парче лубеница предвидено за појадок. :|
    И тоа отпосле преморлук бре, ќерата, додека вежбав мака немав.
    Од утре ќе правам по една рунда, или по пола рунда и стомачни. Па и јас сум душа јебемлига. :lol:

    Убо утро, си го подранив, сега планирам пак да му ја легнам. :emo:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Напнав со Македонија значи.
    Дојдов во петокот, да ви кажам дека ништо не е сменето. Само сега сум отворила очи. Има многу прости деца, некои кои многу се дигнати. Има многу идиоти исто така. Уффф што ме нервира едно дете, ми иде главата да му ја скинам, тој беше причината за намалена самодоверба. Сите викаат да игнорирам, ама доаѓа до мене и неможам само да не правам ништо.

    Македонскиот ми е многу лош, мешам зборови и заборавам термини. Ама ќе се подобрам, со тие 10 книги. Следнава година сум осмо, морам да учам дополнително, скокам седмо.

    Некако, јас се изгубив. Незнам дали беше исправно што се вратив од Холандија? Не се чувствувам како дома кај мајка ми. Не сум навикната на овој начин на живот. Другарките само зборат - овој убав, оној убав -.- Сакам се да биде како порано. Некако изгубив доверба во убавите нешта кои би следувале и не сум оптимист веќе. Клапнав, со други зборови.

    Сепак, со надеж сум дека се ќе се смени и дека ќе биоде како порано. Јас ќе бидам среќна и задоволна од се што имам.

    Гушки до сите, ви посакувам пријатен ден.
     
    На Johny, Glossy-girl и pamelche им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.