[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Остај го временцето баш е супер. Кај нас моментално е 30 степени. За разлика од претходната недела кога ова време беше пекол, сега е за мерак. :)
     
    На Monna.Monna, maca99 и anabel-a им се допаѓа ова.
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Отсекогаш сакав лето.
    Оваа година со душа ја чекам зимата. :angel: Топол чај,ќебе :P Еј навистина луѓе,Скопјево е катастрофа! Толку е топло,не се дише :| Воздух од никаде.
    А дома си е најубаво.Чист воздух ,луѓето кои ги сакам,кафе на тераса,скара во двор....Ама тешки времиња дојдоа,особено за нас младите.Ми се иде да оставам и работа во наводници и се,да си одам дома :worried: На моменти толку тешко ми паѓа ме тера во лудило :envy:
     
    На la-chicka, starbucks, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cдк дека поминаа 3 години од како ни замина ;( Mи недостигаш премногу,секогаш ми даваше совети и ме советуваше што е добро,а што лошо,не караше кога се глупиравме,и будеше сабајле со твоите шеги,кога ни правеше тостови в кујна,кога останувавме касно ноке на тераса и го гледавме Oхрид и фантазиравме што сакамеда бидеме кога ке порасневме :~:

    Kога крадевме мастики од продавницата,ти не чекаше надвор,а јас и сестра ми ги полневме џебовите :angel: Kога одевме на планинарење сите тројца и се тркалавме на тревата,беше едно лудо момче што не заштитуваше мене и на *** ,секогаш тука да те насмее и да ти даде критика |( :) Mногу ми недостигаш мој најсакан братучед,се би дала да беше тука денес со нас,и да ја видеше внука ти ;(

    Cкд и дека секогаш кога еден проблем ке исчезне,ке се појави друг,но тоа е се вика живот......
     
    На Hopeful, calliope, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.308
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, која сум јас???.Некогаш знаев.Можев да поставам вредности,принципи,
    идеали,чувства и себе да се ставам во некоја рамка.Можев да се чувствувам сугурна во тој простор,верував дека границите кои ги поставив тука се јасно одредени.Ех, тогаш дојде вистинскиот живот и границите се померија.Малку таму,малку ваму.Вредностите и принципите потполно се замаглија.Единствено што можев да кажам за себе е-изгубена во просторот и времето.Збунета.И се уште се чувствувам таква.А знаете ме вознемирува тоа чувство,таа немање можност да се фатиш за нешто, да можеш да дефинираш ,да одредиш.Ама и убаво е.Кога ќе прифатиш дека не мораш да дефинираш,не мора да знаеш како ќе биде.И така живеам.Без правила.И на кого му е гајле?Денес се чувствувам вака,утре онака.Зар морам во се да гледам смисла ,парадокс,недоследност.И зарем мора да се прашувам зошто?
     
    На Serafima, Johny, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Море изгледа само јас стара мома на форумов а? :rofl:
    Ве читам вчера сите дечковци на 13,14 па и на 12 ( :o ), па си викам не ме бива, стара мома ќе си останам (со другарките заедно под рака де :D ). Ама кога ќе си фатам ќе биде ИН ЈОР ФЕЈС БЕЈБЕ ]:) . Не шала на страна дечко не ми треба, ама озбилно размислувавме со другаркиве стари моми ли сме мајку му :D .

    Иначе денес станав екстремно рано (во 9:15). Божем ќе идевме по агенции во 10 ама еве го 11 и 15 луѓево абер немаат. Ќе испукам после на жешконо, денес портокалово е, ама ако јас спремна сум, со две шишиња вода под рака, идеме у поход 8) .

    Ајде бидете ми сите поздравени, нешто добро сум расположена од сабајле, па да видиме дали така и ќе остане :hai: .
     
    На esperanca, Monna.Monna, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ах љубооооооооооов :inlove: се наогам на седмо небо.Преубаво ми е :) и каков пречек доживеав.Не знаев дека толку сум недостигала :wasntme:

    И така народе,дома си е дома :D
     
    На M.a.r.i.l.y.n, kravce, fallenangel и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ivi05

    Ivi05 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    29
    Сакам да кажам дека што туку се зачленив :D
     
    На Glossy-girl, CIA, Pelikuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Добре ни дојде Иви :hai:
    И среќна работна недела за тие што сме на работа во овие пеколни горештини.
     
    На Ivi05 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    Добре дојде Иви05
    Се надевам дека ќе се дружиме :D :*
     
    На Ivi05 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека се пронајдов во ова. :D
    [​IMG]
    Тоа шлапалото е сестрами, а срничката јас. :D
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    СДК дека денеска си доаѓа тетками од Германија .... и одиме во Четврток на одмор јупииииии .... конечно малку мир и спокој од се .... и од испити и од работа... времеме за сонце и коктели 8) :*
     
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК денес ми ја нема колешката, изгледа ќе треба сама да пијам кафе...
     
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Уфф како ми се оди некаде на бањање,на езеро,да попливам малце и да фатам боичка...една од работите поради која најмногу го сакам летото е пливањето,обожаваам да пливам,да имам со што да одам,секој ден би одела на езеро да се испливам на раат.
    Денеска треба да се врати другарката од одмор,само ако не ми купила нешто убаво,ќе и го удрам од глава :D ...јас и порачав некои грицки,дека сум по јадењето,ама знам дека нема шанси да му купи јадење,додека да стаса...се шалам,само нека стаса побрзо,да раскаже какви мужи видела таму,и порачав и да ми ги слика кога ќе ги забележи на плажа,ама ми рече дека не биле мн убави,видела само еден,ама и избегал таман да го слика :lol:
    И така,сите отидоа/си дојдоа од одмор,само јас скапав у ебениов град,ќе си пукнам више |(
     
    На M.a.r.i.l.y.n му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека од 12 само што станав ја слушам баба ми како го тупи за смети и дека ако продужи ќе си идам некаде да ја акам главата по топлово.
    И го молам Господ, барем малце брат ми да го заболи стомакот како мене што ме боли кога имам добиено, па да види дали ќе ми доаѓа и ќе ми се дере над кревет до кој едвај се доклацкав во 9 за да го шетам кучето.
    Со кого јас живеам. :(
     
  15. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Ги читам темиве и си размислувам. Кога бев мала моите се разведиа и татко ми од тогаш не сум го видела. Значи јас пораснав само со мајка ми. Кога потпораснав малце мајка ми се премажи и се си беше супер. Е кога бев 2 одделение почнаа да се комплицираат работите. Тој човекот стана агресивен. Прво почнаа многу да се караат со мајка ми и мајка ми сакаше да си одиме од таа куќа веднаш, но јас ја молев да останеме и останавме. Се беше во ред наредниот месец и после имаше една голема кавга и тој ја удри мајка ми. Истата вечер си заминавме од таму. Арно ама никако не биваше бидејќи човекот ни доаѓаше дома и правеше проблеми. Бидна што бидна моравме да се вратиме пак назад. По 2-3 недели ја преживеав најлошата ноќ во мојот живот. Човекот почна да ја тепа мајка ми а потоа ја фати за врат да ја дави. Е тогаш видов не видов јас, човече од десетина години застанав пред него и пробував да ја одбранам мајка ми и верувале или не успеав. Тогаш засекогаш си заминавме од таа мрачна куќа. После една година човекот умре и неговата уште пооткачена сестра викаше дека заради нас умрел. Со кој ум му се дере на 10 годишно дете за таква работа бе? :fubar: Глупача! Идиотот за малце ќе не убиеше, а она... Туку да ја пракратам приказнава јас оти има уште мал милион работи што се случија во мојот живот. Уствари сакав да кажам дека гледам по форумот деца ќе сечеле вени зошто дечко ги оставил, другарките ги исмејувале, од дома не им давале да шетаат и уште триста глупости. Па тоа проблеми ли се бре? Бог да чува. Луѓето преживуваат многу полоши работи и пак остануваат со нормална психа.
    Може ќе речете види го ова дечиште 15 години ништо не разбира а разлага за животни проблеми, ама јас морав да си кажам. Долго имав намера да го напишам постов и морав конечно да го сторам тоа.
     
    На Serafima, Doozy, Monna.Monna и 16 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Пред некое време гледам на ФБ еден другар се става од врска во женет. Си велам ај се шегуваат со девојка му. Вчера се јавува мајка му и и ја кажува радосната вест на мајка ми, па честитки и частенки.
    Дали се во право постарите кога велат ако не се прелажеш до кај 20, после ќе тераш и тераш? Да, се гледа љубов, но што понатаму?
    Ја гледам и сестра ми со дечко и, кратко време се заедно, но е онаа невина, детска љубов. Внимание, пораки, возбуда пред гледање. Состаноци во театар и кино, прошетки романтични, посветување на песни и книги.
    Кога ќе се погледнам назад не сум имала никогаш нешто такво. Момците се многу на број, но никогаш ниту еден не бил толку внимателен. Еден од бившите ми подаруваше ружи после секоја караница, па благодарение на него ружата не ми е симбол на љубовта. Па и како може да биде кога всушност сите момци подаруваат ружа? Зарем сите жени имаме ист вкус? Еве мене би ме освоил со лале, кала или орхидеја :wasntme: Лажам! Би ме освоил со скинато цвеќе од двор или од оние дивите цвеќиња некаде низ зеленилата.
    Другиот ми симнуваше ѕвезди, а на крај ме маваше со месечината по глава. Еден па му бев се, а ме остави за првата што пројави интерес за него.
    И така, моите љубови никогаш не биле совршени, всушност и не знам дали би била со некој таков. Кога е добро се плашам, кога е лошо пак се плашам. Кога ми е убаво почнувам караница, а кога се караме сакам нежна прегратка.
    И како некој по ѓаволите би излегол на крај со мене?
    Еве ми вели- Вечер рачунај со автобус ќе си одиш. И јас иако знам дека е за да не трошам пари на такси, се налутив зошто мора да ми каже што да правам. А он душа, ме испраќа до автобуска на пола саат од него, мртов уморен, после 10 саати на работа. А јас давам пари на такси само да не го мачам. Како да се разбереме, а да не се скараме?

    Него не знам ни што сакав да кажам ама денов лоша сум!
     
    На bittersweet, minne-mouse, Libera и 22 други им се допаѓа ова.
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Кој има позитивна енергија за извоз, нека прати ваму!
    Една грижа завршува, друга почнува.
    Доста е веќе. Сега во кафево што го пијам ќе си ставам малку магична прашина за да бидам позитивна.
    Бујрум.
    [​IMG]
     
    На Serafima и teddybear им се допаѓа ова.
  18. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Деактивирај си го фб и ќе видиш кој мисли на тебе и кој сака навистина да те слушне ...А онака секој втор ајде бе на кафе , ајде да се видиме , ми треба ова ,она , ајде ваму , ајде таму ,види песна а уствари 5 ден за една порака нејќе да потроши или пак бесплатни...Сега сваќам колку минути од мојот живот залудно сум ги потрошила ...Фб почна да диктира многу работи ама ова е веќе претеризам ...Да е вид на комуникација ама за со некој кој не го гледаш често , во друга држава ли е , град што знам а не со некој кој секојдевно го гледаш...
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Таман мислиш дека потстивнало...БААААМ...една жешка...на жешково, сега ми е жешко на срцево, ладно во душава, мозокот се чипчи ко по скали, чиниш ќе се преврти од мислење...
    Дај Боже се да биде во ред, под нож е стопанка му ;(
    Ееех, кој си нема братче не знае што е грижа ;( :doh: ;(
    Ми се плаче ми се рика... само да е добро [​IMG]
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    СДК

    Токму ова , денес ми е среќен ден, расположена сум , без некаква причина :D
     

    Прикачени фајлови:

    • dsdsad.jpg
      dsdsad.jpg
      Големина на фајлот:
      33 KB
      Прегледи:
      233
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.