[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    174.426
    Моја е...најмила,најдобра,најсакана....принцезичка мамина.Се разбуди ноќеска и кроз сон ме викна...дојдов,ме гушна силно и ми рече-мамичке моја,многу те сакам,до месечината и назад....
    Сонце мало,ми заспа во прегратка....Не ме болеа рацете,не ми се спиеше,сакав времето да застане,да ја гушкам ,да и ја мазам косичката додека таа рачињата ги има свиено околу мене....
    Едното пиле летна...порасна...дечко е веќе,не се гали со мајка му(голем бил),но стрпливо чекам да заспие,да го бакнам во чело и да го ослушувам неговото дишење.Во сон и тој знае да ми каже дека ме сака до месечина и назад.
    Времето за час прелетува ,колку само љубов има во мене за нив двајцата ,очи мајкини,до сонцето и назад.Ве сакам среќички мои мамини.
     
    На Annath, bittersweet, Springy и 31 други им се допаѓа ова.
  2. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Многу ме нервираат луѓе кои постојано се само жалат,се нешто и смета,ништо не им е доволно....
    Секогаш другите им се криви,а тие ќитка за мирисање. |(
    Ако не ти се допаѓа нешто,тогаш промени го,а не само да се жалиш.Ова не е добро,тоа не треба така треба вака...Ќе добијам нервен слом од овие луѓе.Шират негативна енергија за цела планета.
    Лесно е да седиш одстрана и да кажуваш што е добро и како треба,ама дојди и направи го да те видам.
     
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Ах, онаа темана со носењето очила и самодовербата ме наврати на една приказна...
    Зашто бе луѓенца такви размислувања? М?
    Јас немам проблеми со видот, ама да имам, ќе си опнам и тегли ако треба, и така ќе шетам по град.
    Па мене бедно и срамно ми е оние т.н „хипстери“ кога ќе ги видам со 0 диоптер на толкав цвик, а не гледам ништо лошо во тоа човек да носи очила за вид. Боже мили, заостанат народ колку сме. |(

    Се осеќам дека сакам да ја споделам приказнава, може ќе се извлече нешто корисно.
    Имам другарка која од мала носела очила. Девојчето има стварно слаб вид, -5 негде и’ е диоптерот.
    Во паркирана кола се удри луѓе! Ама тоа не ја прави неа личноста што е, не ја прави глупава тоа што се удрила, иако зелењаци ко зелењзци, ќе се скинат од смеење кога би виделе.
    Се знаеме и дружиме еве три години. Ја знам уште од прва средно, но бевме различни класови, па не можев контакт да воспоставам оти беше ко дивјак, бегаше од секого поради таа несамодоверба.
    Е кога ме префрлија во ист ходник со неа, видов и зошто бегала.
    Девојчево беше изгубен случај. Таа навистина наликува на класична бубалица, и јасно, имаше „јаки“ фаци кои и’ се ругаа кога ќе минеше низ ходник така изгубено, подгрбавено и со главата нанапред.
    Неретко и’ ставаа сопки, ја удараа по глава, и’ ги туркаа книгите, баш ко на филм. Абе ужас!
    Во трета година се паднавме во ист клас и ко за среќа не’ наместија да седнеме една до друга.
    Јас со мојава голема уста почнав да ја опуштам, ово оно и девојчево почна да ми верува, се опушти.
    Ќе миневме низ ходник, а таа бегаше од другата страна за да не ја закачаат.
    Не сте свесни колку погледи со потсмев ми беа упатени и колку муабети у стил „Ти нормална ли си ма со кого си се здружила? Гледај каква е отепана“ добив.
    Од мене го добиваа одговорот дека е 100 пати повредна од некои ко нив. Оти тие врска немаа каква личност е таа, каков живот имала и какви белези носи на себе. Само јадеа зелени.
    Не знам, но мене ми беше убаво некој да ме гледа ко заштитник. Оти знам како е да го немаш.
    Од тогаш, дури и тој кретен што најмногу ја задеваше, немаше муда да и’ зине пред мене.
    Толкав вол е, ама го имав истепано во основно поради еден глуп баскет и од тогаш ме одбегнува луѓе! Срамота, двометраш нашол со беспомошно, само и ситно девојче да лечи комплекси. Пу!
    Девојчево се осети безбедно, почна да се опушта, но и ден денес не е тоа - тоа.
    Таа сега се однесува и облекува ко што јас сум била на 14 години, интересно и’ е на кафе или сладолед да појде, интересно и’ е да прошета само 2 саати покрај кеј.
    Немала ни дечко, ни ништо досега. Најчесто седи дома и гледа романтични филмови.
    Еден ден ќе излезе, после 4 дена ќе седи дома и ќе ја мава депресија. Мака ми е!
    Ќе се изедеме со другиве другарки. Ја викавме сега со нас на одмор, таа не, со домашните ќе одела.
    Сто пати сме ја советувале, сме ја носеле ваму-таму да шири познанства, да се дружи. Не и не!
    Со страв и недоверба ги гледа другиве и два реда муабет не им прави.
    Си го уништи животот поради безвредни фаци кои сега се најголеми пропалици низ град.
    Зошто бре? Зошто?

    Затоа, сите што имате некоја несигурност во себе, потиснете ја. Вие сте единствените кои и’ придавате толкава важност. Што повеќе вие ја прикривате, толку ќе е поневидлива и за другите.
    Извлечете го најдоброто од себе и нема ама баш никаква потреба да се срамите од тоа што сте. Никаде нема совршенство ебаго, јасно ко ден е тоа.
    А ако сте од другите кои користат туѓи недостатоци за исмевање, срам да ви е! Кругот ќе се заврти, утре вашите деца ќе бидат мета на исмевање, ќе боли.
    Туку поентата ми е, дружете се, прифатете и сакајте ги од срце оние кои ви се блиски. Нека се и 2 на 2, и трупци, и мрсни, прениски, превисоки...ваши се. Заштитете ги колку можете.
     
    На Serafima, Johny, Juicy03 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    денес прв пробен ден во агенцијата за недвижности
    дојдоа и двајцата ај да ги наречам колеги повозрасни-еден Охриганец, и една па најверојатно е Скопјанка
    диреткорот испари, исто ко воздух кога дојде таа :lol: :rofl: ко диреткорот да беше вработен, а таа дирекор, ама си ја знае работата, само што е многу голема брборка-а таа што беше со мене на исто биро, скоцкана исто ко на избор за мис да оди, и :!: пред мене дојдена,и остана да се докажува :fubar: :fubar: до душа сите беа пред мене дојдени, јас во 9 и 00 бев таму :) а морам да признаам дека директорот има убави очи, и тоа многу-ама не поубави од мене :$ ок де тој на сино, јас на зелено се зезам бе директорот е директор, јас сум само како што вели татко ми штравче во цела таа машинерија најважно е да останам таму , да заработувам и да го доврашм факсот-баш ми е гајле какви му се очите :) и мис колешката има зелени очи така да :)
     
  5. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Лаптопот во скут, јас си лежам под чадор на лежалка, нескафето и водата во рака, ги гледам преубавото море и си уживааам. Едноставно не ми се оди од овде, преубаво ми е. Галје ми е за Грците и нивното хејтање, поубаво од Грција нема. Си се печам јас на сонцево и си ги пуштив мислите на пасење.
     
    На Johny и crazyinlove19 им се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Владава со нејзинава кампања за факултетиве изработена на скроз погрешен начин им ги испра мозоците на матурантите и нивните родители.

    Ако одиш на економски, правен си дудук, некој што не го бива за ништо, што оди од што не знае каде и нема каде, нема никаква визија за животот па само колку да заврши факултет. А ако одиш пак на машински, електро си многу јак, да не речам ко Бог, а тоа што ти од 2ка математика не си мрднал и што можам ја да им давам приватни часови на таквите тоа нема врска.

    И така сеа сите мислат дека ако има многу запишани на економски и правен тоа значи дека е прелесно. Хммм, не? Колку само тоа нема врска!

    А па ако одиш на медицина мора татко ти да е доктор или мајка ти, или некој друг од фамилија, иначе работа никад нема да најдеш. Абе не мора да значи? Јест да има многу такви случаи, ама има и луѓе што и покрај огромната конкуренција и број на доктори сакаат тоа да го учат бе.

    На машински сеа ќе одат барем од кај мене многу повеќе од на економски, а како што реков врска немаат математика, и они ќе бидат инженери зошто стопати можел да се преполага предмет и зошто сите препишувале и зошто критериумот бил многу паднат и било боза. А нели на економски беше боза, а? Некако не ми се јасни во ставовиве. Или се тешат дека и покрај тоа што немаат појма од математика, ќе станат врвни инженери, едни од ретките, одма ќе најдат работа, а не знаат дека инженерите што стварно ги бива за таа струка ќе ги срамнат со дното таквите со своето знаење.

    А на архитектонски сега само зошто бил дефицитарен одат деца од ликовното подрачје, што едвај 2ка вадеа математика, и знаат да цртаат и мислат дека математиката е мање-више таму. Оуууу апсолутно, ќе видиме на приемните дали е баш така.

    До кога со тоа потценување на економскиот факултет, па и на правниот? Студирале, па да знаат како е тие што кажуваат приказни? Колку само не се свесни што зборуваат, па еве на правен конкретно можат слободно да се распрашаат да видат како се учи и полага, колку е сеа уште потешко. Тоа што има многу запишани и дипломирани е факт, ама тебе ако те бива, ќе те бива, ќе успееш и ќе се снајдеш еден ден! Ама барем ќе го работиш тоа што го сакаш.

    Да, ќе се запишам на економски од мерак, зошто тоа отсекогаш сум го сакала, зошто не одам на машински како и цела сурија единичари што земаа интерно математика и имаа 2ки со по 9-10 бода (жалосно), а екстерно англиски за да не паднат математика, зошто знам дека е подобро да бидеш еден од подобрите во својата област, отколку еден од последните во област на која си запишан поради рекламите од Владата на тв, мајка ти и татко ти или фикс-идеите дека ќе завршиш без проблем и покрај тоа што не те бива за тоа!

    Има економисти и правници што аргатат за смешни плати, фармацевти што скапани од учење продаваат лекови во аптеки, доктори што не можат ни трошоците да си ги покријат од приватната ординација зошто не можат да најдат работа за туѓа сметка, инженери што се буквално амал на некој газда таму за смешни пари, архитекти дипломирани што работат како мајстори да да, има и врвни кадри од овие професии што дремат дома, ама од кај знаеш дека и ти ќе завршиш така?

    Затоа желбата пред се, а потоа се се постигнува. И не дозволувајте никој да ви се меша во изборот како што не дозволувам ни јас. Ќе видиме со тек на време кој бил во право. Им посакувам на сите матуранти да си се запишат кај сакаат, да го учат тоа што го сакаат и да не бидат заслепени од сечии мислења. Не се знае што носи иднината. :hai:
     
    На Johny, moonlight-girl.55, Adi888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Ретко кој размислува вака,алал да ти е. :!:
    Јас знам многу слични случаеви и стварно е жално колку е суров народот кон такви личноси.Се лечат фрустрации на големо,ретки се тие личности кои сочувствуваат со друѓите..
    Еден збор искажан од таква личност може да уништи еден ден на таа беспомошна особа..Жалосно е навистина. :worried:


    Туку што сакав да кажам...
    Жалосно е исто така кога луѓето не си дозволуваат самите себе да запознаат некоја личност подобро.Гледаат само површински.Се плашат да не бидат повредени,измамени .Се плашат да не бидат исмејувани.Но на крај тоа и го добиваат.Гледајќи ја само површинската страна на луѓето самите си забодуваат нож.
    И секако за пример ќе ја дадам љубовта. :D
    Зошто пример мора секогаш да се гледа физичкиот изглед.Зошто секогаш мора да се суди според тој единствен раговор кој не дава никаква гаранција за тоа каков е навистина тој човек.Зошто ние луѓето сме толку злобни суштества и знаеме само да осудуваме.Затоа што тоа е налесно.Најлесно е да се осуди некој друг отколку самите себе да се критикуваме.
    Едноставно кажано.Зошто ние луѓето сме толку гоеми кретени ? :geek:

    Толку од мене. :)
     
    На Serafima и Johny им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    48.473
    Пол:
    Женски
    Ми фали детството што го имав, ми фали седењето со баба и дедо во Чаир, чоколадните глувчиња кои ги купував од Жито Лукс кога седев таму..денес ги нема нив, ги нема ни глувчињата :( Се погледнувам во огледало и гледам дека грижите и нервозите ме стопиле, ми ја одзедоа убавината :doh: Ќе има ли подобро утре за мене :( цела година талкам по лек кој не можам да го најдам ;( . Единственото убаво во моментов ми е ханито, да не е оно што би правела јас :tmi:
    Другарката со која бевме неразделни во средно, ја немам видено цела година :worried: се слушаме од време на време на телефон, ама таа се смени откако јас си ја пронајдов љубовта. Тешко ми е да признаам ама да, љубоморна ми е, криво и е, зашто таа е цело време сама, и тие ретки пати кога се слушаме пробува да ме предомисли, па како ми соли памет дека сум млада да не се врзувам :| Бришка ма ! Оди утепај се, кој ти е крив што си сама |( А, па јас глупавата ја сакав како сестра :|
    И така ми олесна малце што си се пожалив :)
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Мислите не ти се на пасење штом ти текнало да пишуваш на Фемина :)
    Да не стави паралелно и некоја слика на фб ]:) ?:
    A сега затвори го лап топот и отвори го дури кога ќе си дојдеш дома.
    Така ќе имаш целосно уживање ;)
     
    На Elennaa, MacaLove, Juicy03 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.760
    Допаѓања:
    162.814
    И како што Латас завршува цитат... Чао,довиџења...
    И ко што Покојна Милева вика- ХАОС МАЧКО.
    Барби,не ти верујем дека уживаш за себе. Арно ти рекла Сесилија,затвори тоа лаптопот.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК незнам како може некој многу да се замара со некого, кој воопшто не му обрнува внимание.Тоа исто како некој да се замара со Обама, а Обама не ни знае дека постои некој што се замара со него |( |(

    И незнам како може и со кое лице да се појави некој некаде, каде некому му згрешил |( Па барем да се имало некое си достоинство за да се побара извинување... :| Малку ако се погази своето его, нема светот да се сруши.
     
    На manja666, Special.Someone, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.094
    Допаѓања:
    1.141
    Пол:
    Машки
    .
    .
    ............
    [​IMG]
    ..................©caroline.costa
     
    На JoxyTheFreak, ozbilnazena, baguf4e и 11 други им се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Сељаци сме во срж. Не до коска, туку и во коската ни е длабоко врежан зборот „сељак“, јаз`к.
    Може напојувањето на плоштад не беше тоа па да се носат и микробранови таму. А би се носела и цела покуќнина да можеше, но небитно, оти веќе нема никакво напојување.
    Свако чудо за три дана. Нашево дури пет траеше. Види ти напредок.
    Ама па 350 денари за полнач не се фрлаат, со тие пари и пиќето и браќата на пиво ќе појдат.
    А ја батка да се сељачам да чекам ред на плоштад за да полнам телефон, не иде. На мене цел град чека бејбе, немам време за тоа.
    Затоа ко човек откорни ги тие поставените и еби му матер на вложениот труд за „граѓаните“, не за друго, ами системот не чини. Не чини оти не може да ги задоволи апетитите на алчното Македонче. Види, комшијана украл, си спасил 350 денари, а за мене нема. Се’ откорнале, тибам државата.
    р.ѕ. Имало уште два, затоа навали народе ако не отишле дури го пишувам ова.
    Богами од голема корист ќе е скината жица.

    Ма секакви чудесии се дешаваат на овие 25.713 километри квадратни површина.
    Но битно е да се чекираш дека си на одмор и си минуваш најубо со срцките, нали, со приложена фотографија ко доказ, за да љубоморат хејтери што се варат дома бе!
    И битно е да спасиш живот на бебе кое боледува од рак со споделување на неговата фотографија.
    И уште побитно е ко највечи шизик да ми го спичиш новиот мотор под зграда во 16 часот попладне, иако за леб си трпел дури да го исплатиш две години.
    Од друга страна имаме залажување дека образованието ќе да е бесплатно и дека децата треба да се едуцираат со тоа што ќе купат речник од 5000 денари кој го составил нивен професор.
    А тука ги имаме и ударните вести дека Сораја, Влада и компанија си ги ладат во Охрид, пропратена со срцепарајучо-гологазни изјави како „Македонија је прелепа, волим вас“, а сосема на крај, фрлена ко небитна и ко добро утро, е веста дека тројца починале ко последица од топлотен удар.
    И ко шлаг на тортата, го имаме Мики Ли кој тврди дека вонземјанските кругови се настанати поради неговата комуникација со брача ванземаљци.
    Додуша, иако човекот по улица се расправа со кучиња на англиски, со тоа негово знаење може да ги посрами нашиве политичарчиња и пиунчиња кои имаат поголеми фалинки од него.
    Нек се множат вонземјански посети во негова чест. Тек па што би се десило да ни донесат нешто ко подарок/донација од нивната планета? :o

    Ко ќе видиш, сите, помалку или повеќе, сме за во бели кошулки, затворени во соба со многу перничиња, и секое утро да не будат со:
    Шуруп, шуруп,
    и две апчиња насабајле.
    Шуруп, шуруп,
    три пати на ден!


    Одете Македонштино по Грција и Бугарија, одете ваѓајте ги од длабоки лајна и плескајте Б`лгарки за една чорапогашта од ношт.
    И не се враќајте. И онака сме ојдени у курац.
     
    На DeMelo, manja666, Johny и 9 други им се допаѓа ова.
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    3.320
    Ај да ве прашам - може вакви има и по форумов ... Вие излегувате за да се тргнете од дома и фб, да се забавувате, да си поминете убаво или излегувате за да напишете статус од телефон кај сте, во кој кафич и да означите со кого сте?!?!? :fubar:

    Па тој што сте го означиле да ви го лајкне тоа, па уште 10 души, кои највероватно се на масата до вас, исто на фб уклучени ... Па у пм, што сте излегле тогаш, а? Седете си дома и дремете ако не ви се излегува ради вас, туку само да се покажете каде се пијанчите и лигавите!
    Што глупа раја вирее на земјата, мајко мила! Да ме видат, да видам, да покажам, да се пофалам ... Лечење дур е уште рано море! :x

    И така ... друга работа што сакам да ја кажам е дека више ми е преку таквото од лицемерни, одвратни, себични и гадни луѓе! Да ви го е*ам тоа лицемерието глупо, и тоа што сите сте од корист!
    Еден човек здрав и прав да немаш околу тебе, оти се е покварено! :tmi:
     
    На Johny и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    СДК во последно време се фаќам себеси како песимистички размислувам. Секоја мисла во главава ми е негативна, а летово и пеколов уште повеќе ми влијаат на (не)расположение. А забележав и дека немам ни желба да се средам, нашминкам, дотерам :!: Што ми е? Алармот во мене веќе одамна свети црвено и пишти! Ова не е на арно. Јас, манијакот за шминки, облека, штикли и остали тракатанци нема желба да се дотера :o Веќе не знам што со себе, се прашувам дали да си акнам еден бокс? Можеби тоа ќе ме освести.

    Море, кога подобро ќе размислам, имам нагон да истепам некој друг, ама онака, крвнички. Мислам дека инстантно ќе ми ја снема сета напнатост и негативна енергија. А зошто па самата да се тепам? Мислам, не сум пореметена. Или сум?! :?: И ако случајно се прашувате, не, не сум во ПМС. Што ми е, ни Бог не знае. Ах, жени... Некогаш ни самите себе не се разбираме, а сакаме мажите да не разберат. Yeah, right :fubar: Аааа, морам ова да ви го кажам: Гледав еднаш филм некој на Телма и две цури нешто разговараат, и еднава и вика на другава 'Yeah, right', а долу оди превод ’Да, десно’ :rofl: Траги-комично...

    И, да, вечер ќе одам на коктели и ќе се дотерам, ќе вложам надчовечки напори, ама ќе бидам лична! И кармин ќе ставам! :makeup: И овој мојов пак ќе ми кажува колку сум најубава кога косата ми е во пунџа и носам големи обетки, пак ќе ми кажува колку ми е секси задникот кога носам штикли (so true :smoke: 8) ) и пак на крај ќе завршиме заедно на неговиот кревет и во прегратки и страсти ќе се љубиме... ^_^
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Го земавме брат ми од болница,добар е,се смее, не смее многу да се заморува но тоа не му пречи да ги растура играчките по соба.Ако,нека прави што сака,само нека биде добро.
    Многу го сакам
     
    На DeMelo, stetoskop, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Епа вака...за некои луѓе незнам што би било најдобро. Има неколку опции
    -да си живеат вечно во заблуда
    -да ги оставам да се сомневаат
    -или да им ја кажам вистината, гола и ненашминкана, да ги смрзне.

    :devil:
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Додека живата на термометарот денес покажуваше над 40 степени, а јас со кесите шетав од продавница во продавница и од тезга на тезга, просто добив желба да си речам...
    [​IMG]
    Скопјево е ужасно загушливо, згужвано како лист хартија.
    Воздухот е тежок за дишење, а асфалтот се топи под нозете.

    Јас имам очајна потреба да избегам од сѐ.
    А бидејќи Дузи ја искара ТедиМече што не најавила дека оди на одмор, еве јас се одјавувам од форумов на две недели. Моите ме испраќаат на заслужен одмор. Велат, можеле и без мојата помош.
    Овојпат бегам од скопскиве горештини на планина. Да ги прочистам белите дробови од нашиов загаден град, да се наспијам и да одморам од целиот стрес и напнатост што во последно време ми се случува. Во наредните денови ќе спијам во пижами со долги ракави, покриена со јорган.
    Книгите се спреми, а и фотоапаратот е тука.
    Мислите ослободени, а креативноста на ниво.

    Вам ви испраќам еден од сончогледите насадени во комшискиот двор.
    Бидете како сончогледот и секогаш следете го сонцето.
    Барајте ја светлата страна на сѐ што ќе ви се случи во животот.
     

    Прикачени фајлови:

    На Monroe, Sanniii, Adi888 и 17 други им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    незнам веке по кој пат иста ситуација што кулминираше со домашниве

    а што мајка имам :x секој збор во срце ја гага,чуствителна-многу ме потсека на една личност со која бев во врска-исто ко тој да и е син а не јас :D а јас па мразам некој да ми е зад петици, и да ме следи ко некоја сенка,па така да сме цело време држ не дај, од облека, па до храна, за здравје, факс, живот да не зборуваме воопшто-дури и сама си призна дека се што мене ми се случува, исто ко да некој нож во срце да и боде-мислам дека нема никој ко мојава мајка, да може животот ке го живее место мене :fubar:
    а брат ми што е еден терсене каратер-за него мозок зборот не пости, само сила постои-ко некоја црна арапија е :lol: па затоа веке јас и тој нема да комуницираме :whew: што одвратна навика имаат моиве по дома, не можеш да разговараш без другиот да се меша-мајка ми во нервоза скрши чинија(малку повеке е нервно растроена) кажав нешто што не требаше, овој брат кога ми се пушти :worried: го клоцав го клоцав, и мама и тато ми помогнаа, инаку немаше пердувче од мене да остане :lol: долга коса-краток ум(глава без мозок) а сила леле леле не дај боже да се ожени, кутричка жена што ли ке прави со него :worried: :x

    наместо да се фокусираат мама и тато кон него(што од соба не излегува) да се социјализира и се останато, тие се запнале мене ке ме контролираат, следат, хранат и незнам уште што-а мене нема место каде што ме нема, што не сум активна како и да е , ке се снајдам јас во животот-без помошта на родителчињата :!: само незнам што ке прави брат ми-ме потсека на еден братучед што го имам, беше исто ко него кога го видов последен пат(а тетка ми има 3 деца, 2 женски и него) сите си функционираа најнормално, а него го затворија дома и на некој начин го заборавија
    а се е заради срамот кој го доживува заради татко ми(проблемите со алкохолот, и неуспехот на факултетот)
    кога и раскажав на психолог на клиника што се случува со брат ми, таа ми кажа дека тој е случај за на клиника горе т.е. за на психијатрија, и како минува времето, свакам дека била во право
    за срека следната недела доага тетка ми со братучед ми(во случајот спасителот) па се надевам дека ке го дружи-иако планот беше брат ми да замине за Србија, ама ете не испадна како планиравме за жал.
    и кога моите ке ми речат ние ти овозможивме се, ти ништо не направи- плакањето ок, а нервозите и стресовите по дома, неможев да живеам, а камоли да учам(од караници и по некоја тепачка) заради татко ми што е зависник од алкохолот и после мене мајка ми ке ме носеле на клиника понекогаш се прашувам како ли јас уште сум жива,што се не доживувеав, и се уште доживувам
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.760
    Допаѓања:
    162.814
    Поише ќе сфатев панелите да ги откорнале да си стават на кров,да си греат вода,него ли полначите.
    Абе тоа е таа психологија на ништожништво, коа се осеќа надмоќно ко пи*ка под кошула,зад грб корне полначи,за инает бе,за инает и се осеќа супериорно!
    Говеда.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.