Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    го украсиле Веро!
    и излозите на продавниците!
    и пола град!
    и многу е убаво!
    и многу сум среќна!
    радости!
    :) :party: :dance:

    [​IMG]
     
    На teddybear, Divinebutterfly, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    на форумов можат да се сретнат мноооогу прекрасни луѓе... толку !
     
    На Magnolija и Hiii им се допаѓа ова.
  3. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ни бајките не се веќе она што беа :doh: браќата Грим ги испекоа трите прасиња на ражен, грдото пајче не се претвори во лебед бидејќи Езоп го насочи да размислува како треба да се храни само со грозјето, кое беше прозрено како кисело, онака визуелно од око без проба, ма светот и онака го вратат претпоставки. И долгоповторувани лаги добиваат статус на факти и се трансформираат во вистини како Кире што стануваше Бананамен...

    Јас иако имам неколку нови подрачја на интерес заклучив дека не знам да водам муабет со соседите од едноставна причина што не само што не следам ни една серија од турско-индискиот и нејм ит репертоар, ами немам ни основни познавања од прељубничката еуфорија дали пред ТВ екран или на маалско и градско приградско нивоУ, ама неврмајнд открив начин како со помош на 2 самогласки и натаму може да се иницира дискусија без да се нарушат добрите меѓусоседските односи. Двете магични самогласки кои ги уфрлав на здивоземачките паузи помеѓу круцијално ,,корисните,, информации се - Е. И? :D Проверено дејствува :!: !

    Дефинирав некои цели и денес имав добар старт на една од позначајните, не дека ви е особена грижа, ама имам и нов метод на тек на мислите посебно погоден за овој ноќен период кога знаат да бидат прави натрапници, знаете кога во некоја емисија имаше доделување на награди и некоја шмизличка ги фрлаше пликоата во вис за она кое ќе го фати да биде добитник, иако персониве погореспоменати реално често успеваа да останат со празни раце и ваква фацка :wasntme: + полуокез насмевка во превод - не бев јас, како и да е јас ловам успешно една одредена мисла и таа е среќниот добитник за вечерта, не дека е баш вистинската, туку одбран случаен избор.

    Имам новокомпонована песМа со која ви упатувам поздрав Феминки-

    Наменска

    Тивок врисок во бучната тишина.
    Сериозни шеги со горко-сладок вкус.
    Бранови во песок и пораки од невидливо мастило.
    Старо нови јавни тајни.
    Скромен раскош и разумно лудило.
    Пеколен рај и зависност од независноста.
    Далечна близина на безнадежната надеж.
    Виртуелна реалност и траги комични статуси.
    Бесмислени разговори за смислата и
    надмудрувања на глупоста.
    Светот е безбојно шарен, животот бескрајно краток за
    неподносливата леснотија на оксиморонисувањето
    на белосветско македонски начин.
     
    На Cynthia, broken099, Hiii и 9 други им се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    22.935
    Пол:
    Женски
    Го знаете она чувство кога со другарките со кои се дружите долго време, ќе седнете заедно и ќе почнете со муабетите од типот "Еј, се сеќаваш тогаш кога се собиравме во паркот, и дојде тој и..." или "Секако, а се сеќавате ли кога бевме излезени во град и се случи тоа и тоа..." или "Ви текнува ли на денот кога се глупиравме сите заедно и..." ? Токму тоа чувство е едно од најдобрите во животот. Кога заедно со најблиските се сеќавате на моменти кои ќе ги паметите секогаш, и моменти кои се во вашето срце. Понекогаш, кога сте сами и ви текне на некој од нив, само се насмевнете со топлина во душата. Тоа се убавите спомени со уште поубави луѓе. Јас имам многу такви. Еден куп. А со него, многу малку. За жал, ептен малку.
     
    На ines.h, teddybear, firequeenn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    не прашувајте како се викам! водка прави чуда,тоа те точно и тоа премногу толчно
    !
    убаво си помионав вечерва!!!! даДА!!!!! ми се јави тој..(иако не очекував) и се видовме...аххх а јас си мислев сме се заборавиле..но ми се јави и тоа....
    многу уббава вечер.тоа сакав да ви го кажам!
    сега ке јадам пржени риби и пире и ке одам во топлиот ми кревет :lol:

    добра ноќ девојчиња мои најубави :* |-)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.588
    Сдк ја имам најголемата привилегија на светот. Имам неколку величествени до себе,секогаш.
    Поедноставни не можат да бидат нештата. Исклучителни се од повеќе агли и не морам да им го кажам ова за да го знаат. А и нема да им го кажам...
    Пријатно ми е кога си молчиме како утрово,кое имаше некој шмек на времеплов кон иднината...и кога сме бурни и ужасно гласни и смешни! Пријатно ми е и кога сме горки заради благоста на животецов...знаеме кога треба.
    Вечерва ми се насолзија очите од убост многу пати! Освен благодарам,јас навистина не знам што да кажам!
     
    На sesilija, Magnolija, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Колку многу обожавам да се шминкам, тоа е неверојатно. Мислам дека опседната сум сум шминкање. И кога ми е досадно, си замислувам како се шминкам. :makeup: :^) И сега ми текна од каде имам олкав апетит, од ПМС. И знете што? Блазеси им на тие што се блиски со мене, постојано им приредувам изненадувања, пријатни се разбира. Среќници едни :x :D

    Нема ништо во спојлеров, не отварајте го.
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...
    Убаво ми е! :)
    Душевен мир!
    Што човек ќе бев да уживам во оваа тишина кога поголемиот дел од луѓето во градов спијат... Сама со себе, со тропкањето од тастатурата, дури ни музика не ми треба.
    Распеана ми е душата. :music:
    Нема ни кола да пројде надвор, нит нешто шушка.
    Права зима!
    Студови.
    Рацете премрзнати од надвор, па кога ќе влеземе на топло ни жежат. Е така ми е и мене.
    Зима, а внатре ми е топло, ми жари. Ми жари од љубов.
    Ах, ајде нека трае! :)
     
    На Cynthia и teddybear им се допаѓа ова.
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    СДК дека ми е убаво!!!!! И среќна сум!!! :)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Уф, ми требаше ваква женска ноќ за журкање. :D
    Малку и јас да здивнам после се, нели.

    Надвор петли пеат, се е замрзнато, има магла и само мојата дебела мачка промрдува. Салото ја грее. Знаете дека дома чуваме мачка ?! Изгледа не сум ви кажала. Нели, велат дека господарите и милениците си личат едни со други. :D Е, па, мачкетинава, од слабо и скелетно маче, стана како мачката од Пепелашка. Гнете по три оброка на ден и јаде повеќе од мене. Убава таа, малку и на бувче личи. Инаку, мачкетината е способна да го издржи малтретирањео на сестра ми, кое се состои од седење како бебе, повивање, облекување, обид за ранење со лажичка.... сето ова, само за да биде внатре на топло. :rofl:

    [​IMG]

    Како завршив да ви кажувам за мачката, кога дојдов да кажам дека одамна вака убаво не сум си поминала. Убав ден, мноогу, многу убав. Шта речи, излишно е се. :D

    п.с. Фала за прасето, дарлинг. Имаш чоколадо, ама не е лошо да ми го препродадеш прасенцето. :D
     
    На Oxymoron, crazylady, Rock-a-Fella и 6 други им се допаѓа ова.
  12. bonbona92

    bonbona92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    128
    Среќата конечно тропна и на мојата врата :) (пу пу да не се урочам)


    Добра ноќ девојки |-) :*
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Си поминавме најубаво со другарките и дефинитвно братми ги има најоткачените другари. Им благодарам што ми ја навравија оваа вечер најубава :)...
     
  14. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    едвај да се стоплам,зззззззззз замрзнав феминкиии ,никако не сакаше да тргни ова оганчево ,шо му стана ,ко за малер денес како што е ладно,сдк дека ми се оди на кафе ,леле од кога немам отидено ,па редно време е ,само работа, работа и работа ,сакам да поминам квалитетно временце со моите ,со друштво ,добро испланиран ден ,да одиме да го оствариме ;)
     
  15. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    СДК убаво е вака со топло чајче пред компјутер,уште да не гледам некоја скисната фаца еххххххххх
     
  16. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум се наспала добри 13 часа.
    Само што се разбудив во девет бев способна да направам било што. Па, си искористив додека сум сама дома си шмрнав едно кафенце, рокнав антенна5 и ја светнав цела куќа и сега ја чекам мајка ми да си дојде и изненадена да каже „злато мајкино, си ми ја исчистила куќата“ и да ме згмечи од гушкање и бацување.
    Мило го кажува тоа. Сакам да правам работи со кои ќе и се намали листата за обврски, сакам да ја правам среќна. Ете така, сега после врелата бањажа ќе си ги излакирам ноктињата :wasntme:


    Имајте убав ден!
    [​IMG]
     
    На teddybear, Hipica и baguf4e им се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.485
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Каков ден, направен само за промени.
    Малце поодамна една феминка која обожавав да ја читам, имаше напишано: кај мене само промената е константна.
    Во ниедни зборови до сега не сум се пронашла толку, затоа и ги памтам уште.

    Јас почнувам да дејстувам уште од сега.

    Имајте убав ден...
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Естрадава наша беше добра и без БојАна....пффф
     
  19. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Сабота... многу ја сакам. Да можам да го подзамрзнам времево, најсреќна ќе сум.

    Па во таа долга сабота, ќе ги изнавикам сите што ги немам видено а секој ден се надевам дека ќе поуживам со кафе-муабет... нажалост, паѓам папсана од обврски, а понекогаш дури се мислам дека полека ме снемува мене... моите желби, за кои немам време од обврски. Тишината која сакам да ја уживам сама со себе, да се подрасправам после со моите мисли, да се издоговориме и да го прославиме консензусот...

    Многу го сакам моето секојдневие, ама како да немам ни минута да го погледнам, тешејќи се дека кога ќе ја завршам Х-тата обврска, конечно ќе се посветам на сите ситници кои ме прават среќна. Не, не сум несреќна. Пострашно е што не ни сум од што немам време да бидам.

    Мразам кога сум во главава како прегазена зелка на пазар.

    Мразам што мојата сестра од животинската фамилија, и покрај тоа што ја преживеа операцијата, сеуште не јаде, а поминаа 2 недели скоро. Што ја раниме со шприц, а е возрасна мачка што гордо го носи нашето презиме веќе 8 години.

    Највеќе ме нервира што имам еден куп мисли расфрлани, а толку немам сила да седнам и да ги распоредам. И секој ден се трупаат. А јас храбро терам кон она - што не сакаш да го средиш денес, смело остави го за утре...

    Оф, колку се изнапишав глуповштини, што и од нив ми е доста.

    Ич не ги сакам тие хороскопско-раковски моменти што ме маваат кога фантазирам и се внесувам во што-не, за на крај емотивно да сум распарчена а без никаква конклузија.

    Секоја чест за мене, што го знам тоа, а убедливо и непоправливо го правам. :x
     
    На marama и Magnolija им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.