Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се прашувам дали вака како што пишуваме овде, размислуваме, и се носиме со препраките во реалниот свет :wasntme:
    Кога Фемина би претставувала место за глума,ќе нема доволно оскари што некој би можел да ги изработи, или се лажам ?
     
    На DeMelo, Gea и Shelea им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    СДК до каде со топлово ,не можам да мрднам до дома.Само да се потело аман веќе. :sweat: Барем некое килце да симнеше од потењево ...

    И во моментов освем тоа ми треба и една пушка.На музичкиот вкус на комшијата му треба "штемување"
    Аман веќе и од таа фолк музика...

    И за крај се надевам деновиве ќе се случи нешто убаво,топло се надевам :nod:
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Се сеќаваш ли тато, кога се родив? Мама ми кажа дека си потрошил 2 плати за частење, дека си славел неколку дена, дека си ме зел во раце и се случила љубов на прв поглед, дека си ме заспивал во прегратки. Се сеќаваш ли тато, кога го извадив првото запче и излеговме заедно на терасата да го фрлиме на кров, ти ме подигна во рацете да бидам повисока? Се сеќаваш ли тато, кога појдов на училиште, како ме водеше за рака, пеш, и неуморно одговараше на секое мое прашање? Кога станав полуматурантка и колку само фотографии направи таа вечер со стариот фотоапарат? На освоените награди во средно, на првите мои љубови што ти заедно со мене ги преболуваше, на роденденските забави, на матурската вечер, на уписот на факултет, на дипломирањето? Се сеќаваш ли тато на моментот кога дојдовме со Л.... и кога ти кажавме дека ќе се венчаме, солзи радосници ти течеа низ лицето? А на денот на свадбата, кога беше повозбуден од мене, ме возеше на фризер и на шминкање и не престануваше да зборуваш од трема? Се сеќаваш ли татенце, кога станав мајка, кога ме чекаше пред породилната сала?
    Јас се сеќавам на се, на секој момент, на секое парченце од животот, како да било вчера. Мојот живот без тебе не би имал смисол. Денес ти е роденден, а јас што и да ти подарам, ќе биде ништожно во споредба со она што ти ми го подари - ми подари живот!
    Татенце, среќен роденден! Среќна сум што те имам и без разлика, колку години да наполнам, јас секогаш ќе сум твое дете!
     
    На belieber, Sanniii, Annath и 75 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.256
    Допаѓања:
    157.532
    Моментот кога ќе сфатиш дека многу мислиш и решаваш ич да не мислиш и скроз откачуваш! И жалиш зошто поарно не ти дошол таков момент!
    Ми се деси,пред два саати... нека потрае ве молам и една ладна кока кола со мраз со ова ако може!
    Како тргнало до вечер може и дечко ќе си фатам. Само сериозни се во игра,стоп лезбејки! :D
    За заинтересираните ќе бидам во централно градско подрачје од 6 до 12 вечер,на потегот гтц-парк-чаршија-рамстор,не знам од кој до кој интервал,ќе ме познаете по тоа што сум најубаа! :D Како што откачувам може и антена ќе си закачам на глава и имам налудничав поглед! :D Се ми е убаво и многу се смеам! Е така!

    ГЕА СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА ТАТООООО! ОСОБЕНО НА ВАКВИ ТАТОВЦИ! ФАН СУМ НА ДОБРИТЕ ТАТОВЦИ! :* :* :* ДА Е ЖИВ И ЗДРАВ,УШТЕ ДОЛГО ДА ГО РАДУВАТЕ!
     
    На LilBaby, Hopeful, Nine25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Ми се повраќа :puke: од искомплексирани луѓе кои велат дебела сум ,имам перничиња,имам стомак ,грда сум |( а тие едвај 50 кг на нив и плус свесни се дека се убави,имаат убава шминка,коса средена ,убаво облечени ....и тоа со една цел да им речеш убава си ,слаба си или во најлош случај пред личност која има 70 кг може и повеќе тие ќе речат лелел морам да ослабнам |( не забележуваат да ги навредуваат оние што реално стварно имаат вишок на килограми :^) . :!: Вие со 50 кг пред да речете треба да ослабам ставете се на место на некој што има навистина вишок кг за да разберете како се чувствува другиот во момент кога тоа го кажувате .Да ви преведам другиот мисли дека му се потсмевате што јас го разбирам како навреда . :!:
    Има и такви кои сакаат да се поправат и тоа затоа што некој им рекол леле колку си слаба ,како скачка си ,прачка си поправи се малку јади ! |(Ниту овие не ги разбирам затоа што не изгледаат болно и нездраво и на нив имаат нормални килограми кои одговараат на нивната висина :!: дебелината не е здравје.
    :!: Ако ги исмејуваш другите поради нивните недостатоци нема да ги сокриеш своите и нема да бидеш попаметен !
     
    На Monna.Monna и Elennaa им се допаѓа ова.
  6. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    СДК преку глава ми е од :sun: сакам :rain:
     
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам многу работи.
    Но, всушност, не можам. Имам кнедла во грлото, не знам зошто.

    И мислам дека имам прилика за одмор. Ах..

    п.с. Геа, ме расплака постот за татко ти. Таков татко никогаш нема да имам, сигурна сум.
     
  8. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски


    :clap: :clap: :clap: Браво за постов толку е искрен вистинит и прекрасен БРАВО ЗА ТВОЈОТ ТАТКО тој е татко за пример :clap: :clap:


    Секој ден се повеќе и повеќе жалам што мојот татко не е со мене и кога и да прочитам некој убав пост за татко ЗНАМ ДЕКА ТОЕ СЕ МОИТЕ ЗБОРОВИ ЗА МОЈОТ ТАТКО :(
    Премногу ми недостига :(
     
    На DELFIN-15, Addrianna, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Лоша навика, но кога ми недостига нешто се обидувам материјално да го прикријам. Но, во последно време не ме задоволува ни тоа.
    Денес се исплашив како никогаш до сега. Бев убедена дека никогаш нема да ме напушти и кога ќе имам 70 години ќе биде тука за мене. Но, нели не може да биде вечна. Би дала половина мој век за да биде секогаш тука за мене.
    Бегам од неа од една во друга соба, не сакам да ја гледа болката и солзите на моите очи. Ја кријам нервозата и стравот со изговор дека немам после што да облечам, а знам дека и таа свртена со лицето на другата страна ги крие солзите.
    Криво ми е за се низ што поминавме во минативе 3 години. Кога само би знаела што носи иднината би се откажала од се и би ја платила секоја цена да се вратам назад и да променам се.
    Знам дека нејзиното срце се простува, но јас нема да можам никогаш да заборавам.
    Ми треба прегратка, а не сакам на никого да се јавам да не бидам терет. Не сакам на никого да се исповедам затоа што на секој својата мака му е најголема. Па така нели и мене мојата.
    Држете ми среќа во петок резултатите да и се добри и да не е навистина она што сите го мислат.
     
    На bittersweet, innablood, kate21 и 28 други им се допаѓа ова.
  10. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Со добиено на +40 се осеќам као трудница во девети месец.Не дека знам како е чувството,али интуицијата ми вика дека е проклето слично.

    И заклучив дека сум опседната со плакарот.
    Секој ден менувам нешто во него,го прередувам средувам,организирам...Плата да зимав,немаше волку да бидам ангажирана и мотивирана. :D
    Од секогаш сакав соба гардеробер да има,ама сеа нешто си размислувам,па ја со плакар кога толку се малтретирам ,што ли ќе се тек деси тогаш.Ќе можам доживотен затвор таму да одлежам. :rofl:
     
    На pamelche, BlackSwan5, Cacy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Еххх љубов љубов,....00:00ч. вторник 10.07.2012......денот на неговото свечено испраќање.
    До 02ч. око не склопив а веќе во 6 станав,за на пат кон Кичево.
    10ч. официјално започна настанот....дечко ми гордо во униформа си стоеше,и заклетва даваше.
    А јас не знам какви чувства се не ме преплавија. Од една страна го гледам како гордо стои во стројот помеѓу своите колеги,а од друга страна пак знам дека ова е негово испраќање.
    Уффф, срце ми се стега- а насмевка имав зошто го гледав како гордо стеше.
    Заврши и церемонијата седевме,муабетевме,шетнавме,отидове на ручек.....но чукна и часот за поздравот.Сите негови роднини се поздравуваа со него а јас си стоев на страна и чекав,...почнав да плачам ;( веќе неможев да бидам храбра како целиот ден што бев(му ветив нема да плачам), но не и срцето.Ги ставив наочарите несакајќи да ја види мојата тага.Но бев свесна дека и покрај тоа тој секоја црта на моето лице го знаеше, трепетот на моето тело кога се гушнавме, бакнежот кој беше најслаткиот бакнеш за овие 6 години и нешто колку што сме заедно.......а тој колку и да не пушти солза,колку и да се правеше храбар, во очите му се познаваше тагата.
    Тргнав на кај колата,но повторно се вратив,му реков 2/3 збора и заминав, вртејќи се по него и гледајќи го како оди.....по неколку мин. ми зазвони мобилниот...тоа беше морто златце :l: ми кажа што ми кажа,а мене солзите уште толку ми потекоа....до стража солзите сами течеа...потоа малку се прибрав,бидејќи он повторно ми звонеше а не сакав да го тревожам.
    ......Стигнавме во Скопје, по само 10/15мин. седење кај него дома, со брат му и снаа му решивме повторно да се вратиме во Кичево (бидејќи он беше слободен до сабајлето).Веќе утредента заминуваше.
    Не можев да бидам посреќна бидејќи повторно ќе го видам....му реков дека ќе си легнувам(а всушност бев на пат кон Кичево)...на самиот влез од Кичево му се јавив да го прашам каде е, ми кажа....и само по неколку минути го изненадив со мојата појава пред него.Тоа беше најубавата вечер во мојот живот седевме се смеевме, цело време бевме гушнати.....но дојде време повторно да си одиме, де жа ву од разделбата истото утро.....само што овој пат не го криев лицето и солзите ;( :l: ;( послатки зборови,посилна прегратка....тоа беше тоа....сега останува одбројувањето до денот кога ќе се врати.

    А јас сеуште не престанав да плачам. ;( ;( ;(
     
    На Lepaaa, T.e.d.d.y, kate21 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    22.934
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :) Како сте?
    Јас добра, задоволна од Германија сега за сега :)
    Имам 3 дена платен одмор од раб, и еве се шеткам низ Франкфурт малку..
     
    На maca99, 1209, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Толку време ја посакувам таа промена и сега кога дојде до неа, ме пресече. Не сум изненадена, ја посакувам премногу, но се чувствувам неспремна и несигурна. Всушност затекната. Не сакам да потфрлам по втор пат, овој пат сум веќе повозрасна.

    Финансии, финансии... колку само дилеми во животов би ми решиле доколку ве има доволно :|
     
    На maca99, pamelche и EleMental им се допаѓа ова.
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк дека денес денот ми е полн со измешани емоции.
    Прво ми се јавија за работа за интервју во Веро :o .Бев среќна,но потоа што со одморот кој што го испланиравме со моето душле.Го прашав ,ми кажа не знам се изнервирав и се потскарав со него ;( :devil: Потоа кога и кажав на стрина ми-дека со нив живеам од причина шо мојте се починати дека планираме да одиме на одмор со дечкото ми рече да сме си даеле збор демек време било да се заобзилиме |( Му го кажав то на душлето ,па прифати :clap: :inlove: .ПА бев на разговор за работа каде што како по обичај сегде ми рекоа ќе ти се јавиме и сега јас ни ваму ни таму сум,дали да планирам одмор или не :?: Аххххх еден тон работи во еден ден ми се испослучија,па кој пат да го фатам веќе не знам :?: :wasntme: Ајт белки ќе се случи на крајот да е убо се од сите страни,се надевам барем :D
     
    На anggell, pamelche и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Кој друг да биде со мене у вакви моменти со мене ако не дедо ми .
    Кој друг да ми даде совет каква да бидам утре ако не Он ?
    А утре ке дојде утре денот кога изглеа ке застанам очи у очи со дотичниот шо ме направил... А ја незнам како да се поставам, војна се води у мене.
    Само дедо ми ме сфати, само дедо ми ми поверува како ми е . Па знае он повише од мене знае, се сеќава ко вчера да било кога дошол да ме земе мене и мајка ми од кај Дотичниов , ми кажува како студено било и како мајка му на Дотичниов му се јавила и му кажала ако не сакал живи да дојде да не земе од таму, со цела душа дошол и ја видел мајка ми пред зграда како ме држела силно оти било ладно да не настинам а она одвај облечена ...
    Со солзи ми раскажува стариов, па ме сфаќа како ми е кога кажувам дека неможам да заборавам на ништо, кога неможам да го внесам тој човек у мој живот.

    Ме поддржа битно за утре, ми кажа да бидам храбра и дистанцирана, резервирана и да се ставам повише на анализа отколку на емоционална состојба, оти факт е дека незнаеме што лежи зад ова негово видување....
    У меѓувреме се јави и Дотичнава сестра негова т.н. тетка ми и убаво ја слушна Дедо, ја процени исто ко и јас, дека е лицемерна и лигава. Нема бре таа емоции коа збори со мене, шо емоции ке има кога до пред некоја недела ме мрзеше па сеа емоции ке имала ...

    Битно знам дека не сум сама.

    Морам утре да бидам дупло, ма 10дупло појјака ЈАС. Да не подлегнам на никакви емоции , да проценам што се бара од мене ..

    Ке успеам ??

    -Верувам некако дека ке успеам. Морам !

    Тоа е драги мои :)

    Тука сме, се читкаме :*
     
    На MSkorpionka, Serafima, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  16. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ехеј...Здраво феминки!Како сте??? ;)
    Само да кажам нова сум на сајтов... :D :D И имајте убав ден.Поззз :D ;)
     
    На pamelche и Vikita им се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.965
    Допаѓања:
    123.560
    Среќна сум зошто уплатив за на одмор денеска,ама тажна од друга страна.
    Како што знаете веќе,да емотивна сум,и благодарение на многуте удари на животот станав човек со осет и чувства.Ама баш.
    Не сакам да се прчам и да пишувам статуси тука,на ФБ,дека ќе си ги ладам нозете на море ,дека ќе јадам гиро,дека имам нови купачи за на плажа и слично,зошто не сакам некој да си рече-блазе си ти.
    Не одам којзне каде,но сепак на секој му посакувам одмор и се друго.
    Секој заслужил,секој е човек пред се.
    На сестра ми и го ветив Охридот.Немам денар заштедено,ама ќе ги жртвувам двете златни алки,поклон од дипломската.Драги се,ама подраго ќе ми биде да ја видам неа среќна и задоволна.Нема да бидам мирна кога јас би уживала на плажа,а таа од цело друштво би седела дома.И кажав дека како подарок за 9ките и 10ките,секој месец сум издвојувала за да ја наградам.

    ....Секој ден со чаша пиво и кикиритки.Ама убаво е после работа :P .Дури не мислам повеќе на новата претпоставена што почна на глава да ми се качува :talk:
    Со него до мене,па убав бил брачниот живот :wasntme:
     
    На bittersweet, DELFIN-15, antonina и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Дојдов до полето Старт.
    Надминав се`, расчистив со сите, со некои работи се помирив и си дадов шанса.

    Почнувам како сингл енд реди ту мингл џенца, после фактот дека две години сум била вртена око мали прстич и милион пати излажана. Уште недела ипол на одмор во Охрид со најмилите пријатели и уште некој што ќе биде таму порано или подоцна пристигнат. Телефонски броеви разменети, еуфорија споделена, нестрпливоста си ја храниме со мали планчиња уште од сега. Цел куп клупи покрај кејот, чаршија, џринкинг, ноќно пливање и смеење до самиот изгрев на сонцето, некогаш само сончоглед и најзабеганите муабети. Ете по тоа ќе ги памтам моите тинејџерски години. Поготово слаткава шеснаесетка со која почнувам од почеток. И не сакам да слушнам за дечко и нервози! Две години ми паднаа во вода за глупости, гледано од тука. Затоа претстојниве ми години ќе ги надокнадам дупло!

    Од овој ден, мојот живот ќе биде подобар затоашто јас ќе ја имам главната улога и ќе превземам се во свои раце. Cheers!
    [​IMG]
     
    На kravce, Doozy, kate-the-great и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Мила мораш да бидеш јака, море 100 пати појака од тоа што си. Задржи си ги емоциите и со убаво отворени очи. Ја имаш нашата Феминска подршка и во лошо и во зло. Ти стискам палци :*
    И да верувам ќе успееш :hai:
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Имам еден чичко шо живее у Дизелдорф, ама ропак невиден.
    Секогаш кога ќе се јави, ѕвони за да каже колку пари спечалил изминатите неколку месеци, и никогаш не прашува како сме. И онака денес си бев напната, па за негова несреќа ко решил да се јави, телефонот заѕвони и дирек у мои раце.
    Почна да сере, да д'тка, демек го заборавил јазикот, да користи изрази од типот МОБИТЕЛ, ФЕЈС и слично, и дебилни, цинични и со сила искокорени насмевки. |(
    Имам прилично заебани самобендисани роднини, и на ниту еден од нив не му оддавам ни грам почит.
    Од гордост главата не ја спуштаат да видат дали уште одат по земја.
    Него заебете тоа.

    Знаете дека чашките се многу среќни ко ги полните со јогурт и ги пиете?
    По нивните краеви има истетовирано стрии. И они слабеат. :sun:
     
    На Johny, anabel-a, maca99 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.