Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    [​IMG]

    Јебига геометрија никогаш не ми била јака страна. :$
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Жени.

    Сите викаат дека сите жени од цел свет се исти. Е, па, не се.
    Деновиве имам таква прилика, што и да не сакам, од досада, ги проучувам и набљудувам, да филозофирам и вадам теории околу жичките кои се мотаат во женската глава, главченце, главиште, зависи. Според мојата моментална теорија, ги поделив во три категории. :rofl:

    Првата категорија е принцезата без круна. Тате носи, мама меси, дадилката џвака, принцезата голта или евентуално со цевче ја хранат. Ова е исто за да не набие на килажа, која за жал, во подоцнежните години (40,50) ја набива поради ,,стресниот,, живот и мора да посетува ароматерапии и антицелулитни масажи катадневно. Па да се чудиш како во 14ч, сред работна недела, некој си ја луфтира дундата под климатизер додека околу него горат повеќе свеќи отколку на Дуовден во црква. Фуфицата не може да смисли веќе гужви, ги мрази сите, и колеги и пријатели, и мобилниот и дрма и и ѕвони 24/7 и не го испушта дури ни кога и ги лакираат ноктенцата, ама она мора да се јави, па кај ќе се јави, да договори некое кафе, излетче, ручече. Битниот момент е дека откако ќе спушти, почнува да офка и да уфка дека немала време, дека сите ја замарале и слично.

    Дома си наместиле Фонко, дека Сонцето многу мавало на Водно, височинка таму, сите гасови од Скопје таму се збирале. Ама џабе го зеле, 2-3 илјади евра... Мацо ма, па вака со три клими не се издржуваше. (Јадни ние, дома само една имаме :^) ). Децата се со Севда, за џабе и Севда ја зеле, за неколку илјадарки и ги чувала децата и и чистела низ дома. Е мори Севдо, ти башка категорија си, за тебе после ќе објаснам. :rofl: Свекрвата ја испратиле да одмара на море, им идела дома неколку пати месечно и ги замарала, вака малку раат од неа. Битно сега и они си уплатиле за на одмор, и тоа СВЕ мацо џабе, илјадо и нешто евра од човек, со се вклучено, на краците, малку раат да виделе, тешко им било... Не можеле децата тврдо варени јајца да јадат, морала дома Севда, а на одмор некој Грк да им ги кува меки. :muscle:

    Најголема траума - скршениот нокт, децата да и каснат тврдо варено јајце, или да нема клима каде што престојува па да и се растече пудрата од три илјадарки.
    Типична за скопското градско подрачје. :D

    Втора категорија, Севда. :D Жена која на 40 години веќе има внуче и снашка, а машала, Господ нека си ја поживее и свекрва од 60. Кај и да е, за 10 до 15 години, очекуваме пет генерации да се соберат заедно во коегзистенција. Нејзе не и смета да јаде и вчерашен леб, а татко и и мајка и и носеле и и меселе најдоцна до третата година од животот, кога морала да се осамостои и да почне да заработува за себе. Зачудувачки, јаде се, а не е дебела. Не и смета ни топлото ни ладното, си ја сака нивичката, си имала раат и сакала да си копка. Изволте госпожа, копкај си. Евентуално работи некоја друга работа која вклучува многу работа а мала плата. :x Се радува на нов вентилатор од Бит-пазар, па сега со Свирипичино транс ќе си го пренесе во малото гратче. Во автобусот се изнајде со сите комшии, ги изнамуабетија сите од 1 до 20ти број на улицата, а бидејќи градот се состои од три улици, нема да им достаса време. Па од таму ќе продолжат право на по ,,една корупка лубеница и леб со сирење,, , штета што морав да се симнам и не дослушав дали уште некој ред на седишта се вклучија во пакални план ту би.

    Дома одвај чекала да си дојде, сакала филмот да си го изгледа на раат, а и требало да зачисти, да запере на рака, па да одат на седенкава... Среќна е оти ќерка и се омажила, синот донел снашка, а имале и двете фамилии. Со по 16 илјадарки месечно биле, имотни, и за леб имало. (Моментот кога Принцезата одозгора дава толку за нејзините месечни свеќа-сесии). Друго ништо не им требало. И поздрави и посреќни и позадоволни се од фуфата горе. :)

    И на крај, третата категорија, во чест на Фемина - фемина жени.
    Просечни.
    Имаме дома клима, а немаме Фонко. :rofl: (Без навреда за тие што стварно имаат, ова е чисто споредбено напишано). Си лапкаме од се по малце и по многу, и после си ги потиме газовите и се мачкаме со шеќери и чуда за да бидеме мазни и заоблени. А дома сами си се ,,потпалуваме,, и опуштаме со свеќички, во нормални количини, за да не изгледа дека го бркаме Ѓаволот или чадиме со темјан. Купуваме на попусти, ни се иска, ама ни стиска рачето во џебот. Децата одат во градинка, а ние дома се влечеме со шеќерни пасти и восоци. И да ви кажам, баш ми е убаво што сум во средина.

    Нит Севда нит Принцезичката не знаат една за друга, не се свесни за своето постоење. Не сакам да живеам во такво незнаење, ама па од друга страна... Игноранс ис блис... или не.

    п.с. Сите сличности со постоечки ликови се случајни и без вреѓање молим.
    п.п.с Машала голем постов испадна. Фемина не ми дава да ставам смајлиња кај што сакам. :(
     
    На bittersweet, Monna.Monna, innablood и 29 други им се допаѓа ова.
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк исчистена прва година и се радувам на 9-ка од фонологија последниот испит :rofl: :rofl: 30 поена од испитот не ми се верува а се плашев :lol:
    Летото вака така си врви, се чека денот за поагање на одмор, се останато како минуваат деновите коцките си доаѓаат на место.

    Упеси,среќи и насмевки само за тоа има место :*

    Поздравчиња и насмевки :hug:
     
    На Divinebutterfly, anabel-a, maca99 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК мразам кога ме фаќа нервоза за ништо. И тепам, мавам, викам, не гледам по кого, каде, кога. Денес емоциите надвор.... Доста беше внатре наталожување, малку по малку експлозија. И навистина отровот доаѓал во мали шишенца. Дали од времево а?

    СДК сакам да бидам себична ама не можам. Што е тоа во луѓето што ги тера да ти расипуваат се. Кога се случи тоа најверната другарка да не се радува за тоа што конечно ти тргнало во животот да биде секојдневие. Како луѓето станаа толку злобни? Како станаа толку завидливи, љубоморни, зајадливи?

    Како тоа само негативни чувства следат, како тоа само негативна енергија се шири?

    Зајадливи е зборот , како црв кој ги јаде одвнатре и не им дава мир дури не сторат нешто извртено, злобно. Принципи, достоинство, ма јок.... Не ги разбирам денешните вредности. Можи да е и до мене.

    Гајле ми е, лив енд лет дај... Од сега така...

    СДК како да не го сакам кога вриштам-пиштам за глупости, а тој ме гледа со своите плави очички и ме теши бе. А јас за глупости се нервирам. А тој триста проблеми и мене ме теши. Знам да бидам идиотка.

    Кажав дека се нервирам? Можи од времево. Така се правдам барем. А времето чини, луѓето не чинат.

    Ама од времево е... дека жешко де. |(
     
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Едно мало прашање до феминките кои се подолго време на сајтов.
    Ве прашувам затоа што сум нова на сајтов.Дали знаете,мислам како стигнувате до оние цветчина,мислам...до оние цветчина кои покажуваат колку време си на сајтов (сино цветче,бело,жолто цветќе)

    Можеби ми се смеете за прашањево :sweat: :$ Можеби и си викате дека сум глупава што поставувам ваквоо прашање... :?: но ако има некоја љубезна меѓу вас нека ми одговори. :| Позз :)
     
  6. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390

    До сино цветче се стигнува со 100 мислења, до зелено со 500, до жолто со 1 000, до црвено со 5 000 и со виолетово со 10 000. :)

    Инаку јас сакав да кажам.... Аууу како сум се изнервирала!!!! Се решив да ги искоментирам сите во Модни критики, ама многу ми се беа насобрале. И пишувам некој половина час и која бев при самиот крај ОП-ретардираново мое компјутерче си се исклучи самото од себе! :fubar: :swear:
     
    На Sara123 и tea4e им се допаѓа ова.
  7. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Лицемери.
    Лицемери насекаде. :devil: :devil: :fubar:
     
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Конечно нешто убаво,конечно коцкичките за нас да почнат да се редат....Од друга страна тажно се чувствувам зошто ќе бидеме разделени,ама сепак мора така.
    Маж ми замина да потпише договор за работа во странство ,ќе бидеме одделени 2месеци,а еден ќе биде тука.Колку сакам толку не.Уште овој месец и се враќам дома а тој заминува крај на август :worried:
    Што ќе биде незнам,знам само дека тој вели дека мора вака.
    Ете тоа е Македонија,нешто што најмногу сум мразела и избегнувала правење муабет тоа е баш ова што ете дојде.
    :doh:
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.700
    Пол:
    Женски
    Прекрасност! Убаво време, прекрасни пријатели, преубаво поминато време, ма убавини!! Зарем животов не е прекрасен?! :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Sara123 и Juicy03 им се допаѓа ова.
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Мене не ме интересира кој што мисле за мене, јас живеам за себе а не за другите
    мој живот мои правила, како сакам така ќе играм, ако на некој не му се допаѓа, нека оде ете широк му е патот...
     
    На Stoimenovska и malechkata им се допаѓа ова.
  11. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Последниве три недели бев целосно изолирана од светот на Facebook. Убаво ми е, не ми недостига Фејсбукот воопшто, бидејќи од толку што сум зафатена со работата немам време да мислам што да јадам, а не пак на нешто друго.
    Како и да е, денес од профилот на сестра ми, за првпат после три недели ѕирнав на неговиот профил и рацете се’ уште ми се тресат додека го пишувам ова.
    Секоја песна која ја постирал од денот Х па се до денес е за мене ...
    Не можев да им поверувам на очиве. Толку е јасно, како ден.
    Во право биле сите писатели и уметници кои пишувале и се изразувале преку своите дела дека на луѓето прекасно им се отвораат очите и прекасно сфаќаат што имале ...
    Срцето ми бие како лудо.
    Мислев дека нема да ми е воопшто гајле, ама тој се’ уште има проклето големо влијание врз мене - проклет да е ! Ова го пишувам бидејќи не ми е јасно зошто вака се почувствував - целиот ум ми е во еден огромен облак од прашина и се ми е матно.
    Три недели не ми беше гајле, бидејќи мислев дека и него не му е гајле, бидејќи не ме побарал на мобилен, а меилот не сум го проверила точно три недели.
    Ама, како и обично, животот кој луѓето го имаат на Фејсбук зборува сосем поинаку за нив. ( Никој да не лаже, сите на Фејсбук постираат песни и статуси поврзани со нивната емоционална состојба. Секако, едните знаат многу подобро и потактички да го изведат тоа од тие другите кои цел живот им го сервираат на „пријателите“ на тацна, но факт е дека сите го прават тоа - на еден или друг начин. )
    Во секоја песна која ја постирал се пее како тој тоа чекал наоколу девојката да се појави и каде отишла љубовта и колку се кае и колку настанала голема избистреност, итн, итн....
    Од Џони Неш, до Лед Цепелин, Грин Деј и Џон Мејер на крај ... Збрка ...

    Животот ми бил комплициран, се’ уште.
    И, облаци од збунетост и нерасчистена ситуација лебдат околу мене.
    Знам само едно: ја мразам оваа состојба на три точки - многу!
    Не знам што ќе прави во Септември кога ќе ме види, ама знам јас што ќе правам и тоа многу добро.

    Нема да дозволам ова да ми постане слабост. Нема.

    После ова уште повеќе ми стана јасно дека е невидена кукавица.

    (Морав да го напишам ова некаде, полесно ми е.)
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Дали еден пар чевли може да ја разнишаат врската?
    Е може!
    Уморен бил, неможел да ме однесе да си ги купам чевлите кои ги зјапам и кои треба да ми бидат подарок од него.
    Е мрш, не ти праам муабет, така да знаеш (до утре :!:).
    Он против моите чевли, ц ц ц ц, каков маж е тоа бе?

    До мене ли е, до чевлите ли е, до него ли е, ил до ПМС-то е ал расположениево ми е топло-ладно.
    Ете сега ми се пријаде и истоимениот колач, значи дефинитивно од пмс е.
    Ќе си седам дома, ќе си зјапам серијалки и филмови и ќе си гнетам сладолед од смокви ко луда.
     
    На ines.h, chocolate.chick и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми се скурчи од неписмени политичари и државни службеници.
    Во моментов слушам нешто и јас не знам зошто-седница на комисија за финансирање и буџет, и дотичниот кој чита некој амандман штотуку рече-добивање увереЊе, не уверение, туку уверење бе, со значи на крај, на почеток, во средина, пред и после запирка значи, значи милион пати кажано значи. Спикеров па гњави кога збори-као да збори на улица у маало и да му се спие, па така на клупа со другарчињата тепаат време до коа да си легнат бе :doh:
    А денес запрепастена бев од еден податок напишан во извод МКР , се работи за датум 19-ти и наместо деветнаесетти тие неписмењаците напишале деветнаести, па се работи за личен документ бе алооо, државни службенициии :@
    Како да и го вратам бе, да и кажам извини женска не ти е литературно напишан датумот. А и требаше да направам така.
    Што е нај трагично, тие апаратчињата, многу задоволен, задоволен и не задоволен џабе се ставени. Кога бев по патна исправа, една од вработените се спрема да си оди, излегува и на колегата му стисна дека е задоволна од услугата, тоа кој знае колку милион пати си го прават едни на други. А во мтв во делот кај изводи, ги сокриле тие направички и од еден во редицата дознав дека им крателе од плата со многу негативни стиснати копчиња.
    И тој проект им се усмрде и нема никаква цел, а колку ли пари вложиле во тоа.
     
    На kravce, pamelche, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Од утре почнувам да вежбам! Дефинитивно! Повеќе не станува збор за забава и само потреба туку нешто што едноставно се мора и е неизбежно. Не, не, не! Студентскиот живот богами нагорно ми тргна, меѓудругото, и во однос на масата. Едноставно, отсекогаш сум била личност што нема проблеми кога се во прашање килограмите. Имало периоди кога истите варирале, но скоро секогаш сум имала постојана маса. До толку била постојана што не забележав дека значително се здебелувам. Сега, кога дојде лето и кога ја соблекуваме змиската кошула, се' е јасно.

    Не е до толку ни до пообилното јадење, ниту до толку се имам здебелено, просто не сум доволно физички активна. А, тоа е и те како лошо! Нешто што не би требало да се дозволува. И не заради естетски изглед туку заради сопственото здравје, сопственото самочувствие. Не е до линијата, туку до силата и кондицијата. Суштината е во тоа човек да не се препотува и да не се загушува после 5 - 10-та искачена скала. Како баба од 80 години. Абе ај! Да се однесуваш како да си болен, кога реално ништо не ти недостасува освен малку повеќе решителност и упорност. Е, и те како ќе го имам! :devil:
     
    На Monna.Monna и portokalova им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека мислам дека ја видов Snow Queen :D
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Најмногу од се ме нервираат размазени и аздисани личности што си мислат дека се можат да имаат и секогаш се жалат на нешто. Да ти го распие денот неиспеглан паремен од косата, скршен нокт, парче облека....не ги сфаќам... :?:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк смеењето е здравје за човекот, но ако е од душа.
    Не го прави тоа што другите не сакаш да ти прават :geek: , ех ете такви правила кои во одредени ситуации шамар врзуваат, од кој доаѓа до плачење и после Трпе е крив |(

    Него, начув дека Троја била во Македонија, те тука дека нас ^_^ :emo: Ја разбирам страста за своето, но не можам да кажам дека Обама е македонец, кога е очигледно дека не е, исто и за кралицата, ама и таа не е македонка.Разбирам време си врви, се осознаваат нови работи, ама ова некако не ми е за верување, немат шанси да е кај нас.Можеби малку треба да се пореални во своите изјавувања, теории итн.Да е и од странци докажано дека е така, тогаш да се подразмисли, ама вака...Некои работи треба да се прават со усул, а не така...
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. portokalova

    portokalova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32
    НЕ МОЖАМ!!! Се уморувам од неговите глупости! Веќе почнав да се прашувам дали јас сум му нему вистинската, зашто ако СУМ, нема да дозволи вака. Ќе направеше нешто до сега. Всушност нема ни потреба да прави поголеми работи, се задоволувам и со еден БАКНЕЖ и прегратка. Не мора да објаснува, не мора ништо да збори.... Ќе биде доволно тоа. Преку глава ми е од се. Како ВРВ и најдобрата другарка ме разочара и фали една ситница за да се преполни чашата!!! АМАН веќе, само сакам да спијам сега и да заборавам на се. Зашто сум изморена од с*ањава! Ама имам уште една работа пред да тргнам да спијам и можеби ќе потрае...

    ,,А кога нешто сакаш, целата вселена прави заговор за да ја оствариш твојата желба!!!,,
     
  19. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Со бидермаер беше или со гулаб? :wasntme:
     
    На Snow-Queen и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  20. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК опааа Господична моја братучедо,другарка што и да си ми или пак можеби не си ми. Вака фала ти за сите овие години што ми прајше лице за се',ама баш за се! И знаеш што?! Оди гони се у тирста лепе....вакви ко тебе,ама ич не ми требаат.Еден ден ќе сфатиш,тетка ти што ти кажуваше...ама касно ќе ми ти бидит :!: А јас...отидов во бестрага.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.