Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Уште еден правник се придружува кон останатите други
    ДИПЛОМИРАВ :party:
    Ќе излажам ако не кажам дека сум среќна и дека ми олесна...
    Сега со нови сили уште 2 години ми останаа за целосно да застанам на нозе и да воозбилам, и дај боже да се вработам,дај боже, иаку сега на ум ми се само уште овие 2 години, каде, што, како и се надевам дека со сите сили, понапорно и поозбилно од досега, и со желба за поуспешно и подобро :)
    Да си дочекате сите, што поскоро
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Peppermint, Beauchamp, Annath и 58 други им се допаѓа ова.
  2. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Мухаха, и црниот период ми помина.
    сега знам колку е убаво да си запознаваш нови деца, да стекнеш нови другари и дургарки. 8)
    Преубаво си поминав вчера и се надевам така ќе биде и денеска...
    КОлку се прекрасни! =)
     
    На kravce, Hayley и Doozy им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.580
    Допаѓања:
    43.094
    Пол:
    Женски
    СДК синоќа го слушав Влатко Стефановски, пиев точено пиво и на крај се валав кај него.
    Убава вечер, а песнава ми ја стопли душата, досега во живо ја немав слушнато
    http://www.youtube.com/watch?v=w500iW9V ... re=related
    а секоја пролет ми е прва на репертоарот, во тандем со првите зраци.
    Јас сум дете на пролетта, тогаш и сум родена, па најмногу и се радувам.
    А на човеков му симнувам капа.
     
  4. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Колку беше убаво - куќа полна гости, јас и мама навака натака ти Главниот пречекувач. Колку беше среќен.Секоја година излегувавме на тераса и го гледавме огнометот.Прекрасни спомени.
    Дојде и твојот ден ДА денес е твој ден.Дојдов кај тебе.АХ колку само ми фалиш јас несакам да плачам ама сами ми течат солзиве ТАТИЧКО те сакам ми требаш Твоето име вечно ќе го славам Мој ПАПИ ...
     
    На stetoskop и Hopeful им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Сретнувам денес еден бивш колега,(а другарка ми претходно ми имаше кажано дека е сериозно болен),а во рацете здравствена легитимација,отсутен поглед,ослабен.Иако никогаш со него немав добар однос,отсекогаш ме малтретираше,и да не должам,сето тоа сепак припаѓа на минатото,ми падна жал за него.Дали неправдата и лошотилакот си го зема својот данок,не знам навистина.И не сакам да знам.Нека оздрави, се нека му биде како што треба...и се фаќам себе како размислувам за неправдата,за минатото.
    Како станувам инертна,како само гризам, тоа што ми се случува го прифаќам,не осудувам никого,ни другите,ни животот,ни судбината ,ни родителите,ни пријателите...можеби понекогаш само себе.
    Се што ми се случува го делам само на она што ме боли и она што ме усреќи.Се она грдо што ни се случува мислам и дека е е ден вид дар,зашто тогаш имаме шанса да бидеме подобри.Порано се кинев и патев и ужасно тешко ја доживував неправдата од луѓето спрема кои бев ок.И секогаш мислев јас грешам...а сега ,сега само пуштам,и се си на свое дојде...некогаш (не)правдата ме фркне мене ,
    некогаш некого друг ;)
    Неправедно е да се погазат Божјите заповеди,онака свесно со намера,смислено...во своите очи да останеш голем и уште за тоа да добиеш аплауз од сличните на тебе.Неправедно е спрема правдата,спрема животот.
     
    На Johny, Hopeful и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.529
    Уште се смеам од вчера. Оваа наша влада е ко Накова-создадена за гафови. На индијецот му подариле нешто во конотација на Античка Македонија зошто Александар стигнал до Индија... И као бе да не се смееш? Стварно нема порака у ова. Па дури и да немале намера да пратат порака со подароков, си постои едноставно. У превод,ќе ви ебеме мамата,Индија ќе биде наша,со се Грција,само инвестирајте мамичето ваше!Или онака,Аце не го оствари сонот,ама ние има за него да го оствариме. ЛООООдница се значи! :D Хаос мачко! :D

    А овој татко ми изгледа архитект бил у претходниот живот. Од лани се ломи на потпорните ѕидови на Водно дека се големи и ево сега на вести со иста констатација! Или може бил Саше фактор Х! :D
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сите што сакавте и лелекавте за дожд и ладовина, бидете доволно храбри и излезете покрај кејот на езерото (тука, Охрид) и почувствувајте го природниот туш! Или излезете на вашата улица, така по маичка и пантолчиња и веќе еднаш не се жалете од жешкото лето!

    Ете така.

    патем, прекрасен ден имав. Срцево бавча. :f: :smirk:
     
    На kravce, esperanca и kate21 им се допаѓа ова.
  8. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Сеуште средувам импресии од синоќешната ноќ.
    Немам зборови со кои што ќе ја опишам атмосферата. Магија. Магија која што траеше четири часа.
    Добро рекол Џамбазов: Нокаут се мојата слабост..
    И моја се, тоа дефинитивно.
    Ноќ за паметење.
    [​IMG]
     
    На pamelche, Anna-Banana, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    :headbang: :headbang: :headbang:

    Со години нема убав балет на Охридско лето, чекав, чекав... дочекав, се спремив да одам на отварање и фати невреме. :@

    Абе ми чади низ ушиве. Ако има некој дефинитивна информација дали е одложено или сепак ќе се одржи, молам нека пише... нема ништо ни на официјалната страна ни на охридските портали.

    Згора на се’, ова, е ова уште повеќе ме изнервира!
    http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=44338

    Никаде сигурна информација. :@
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.773
    СДК, сите што бараа заладување да си одат на Антарктик пошто мене убаво ми годеше топлото време.
     
    На Lov3 и kate21 им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Никогаш не сум била љубител на животни, иако дома сестра ми збира мало животинско царство. Кога станува збор за тоа, живеам по девизата, нит ме дирај, нит те дирам. Не сакам да ми скокаат, да ме лижат, едноставно, ги оставам на раат и очекувам и тие да ме остават.

    Арно ама, пред месец-два, некој оставил едно малечко кученце во маалово. И деца ко деца, почнаа да го ранат, се заиграа со него, и остана малово тука да живее. Баш е срцкасто, ми мафта со опашката, јас му праќам едно ,,Кај си бе кути,, и тоа не скока по мене, си имаме заедничко поштовање без директен контакт. :D

    А го гледам од пред ден-два, криви. Морее, си викам, кај си се качувало, будало куче. Седнав сега како човек да јадам, и слушам цивка. Ту викам, пак се заглавило негдека. Ѕиркам од прозор и значи ми се одјаде и јадење и се. Еден локален малоумник, кој во животот знае само да лока и да лока и да лока ракија, фатил и го тепа со стап. Значи ми се вратија сите црева нагоре. :@

    Значи пак ќе речам, не сакам животни, порадо сум за тоа да се спасуваат луѓе неголи животни, ама ваков однос НЕ САКАМ!!!!! Ми идеше да му испаднам надвор, и ко што е ситен и слаб тој, да земам јас да го врзам и да го тепам со стап. Малоумник, идиот. И кај се засилив дека ќе одам надвор, баба ми ми вика - Аааа, секој ден го тепа, по два-три пати.

    КАДЕ БЕ СО ТОЈ ПАМЕТ; АЛОООООООООООООО! :devil: Кога јас викам дека кучето ама стварно ништо не прави (значи само си лежи и мафта со опашката, го немам ни чуено да лае, или да се стрча по некое дете, да сака да го апне), стварно не прави ништо.

    Еве го уште цивка. Испозатворив се од таа страна да не го слушам, оти ми се качија сите органи низ уста. :devil: Ме потсети на неубави случки од моето детство, кога јас бев така беспомошна како него и плачев наместо да цивкам.

    Арно вика една комшика, кој тепа животни, дома сите си ги тепа. Малоумник некултурен, брее! Нејзе ќе ја обавестам за случајов, бетер од Анимал Полис е, нека го прибере, нека го однесе некаде, јас стварно не можам никако да му помогнам... Овој ќе го убие некој ден дека му е досадно летово. :@

    Боже, никогаш вака не сум се изнервирала за животно, значи будала човек, бреј! :swear:
     
    На The.Crab, Johny и pamelche им се допаѓа ова.
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Во контекст на муабетов за одмори затоа што сега се актуелни, можам да кажам дека си имам една одредена слика како би требало да изгледа еден фамилијарен одмор. Најверојатно моите уште од мала ми ја врежале.
    Да оставиме на страна авионски карти, хотели со пет ѕвезди, олл инклузив, базени, сауни, теретани.. уште од тука си резервираш скромен четирикреветен апартман каде што ти е најбитно да имаш сопствен тоалет и чиста постелнина. Не е битно дали е многу блиску плажата, има некоја убавина у таа неизвесност во патот од апартманот до плажата.
    Стварно.

    Уште од мала моите ни вродиле со сестра ми некоја љубов кон патувањата па затоа не ни претставува тоа проблем, туку баш спротивно, уживање.
    Најмногу ја сакам еуфоријата кога колата ја крцаме со торбици, па тука убавезно има мрчење од страна на татко ми за тоа колку алишта земала мајка ми. Дури се сеќавам една година мајка ми имаше земено толчник за на одмор :D . Ќе се најдело.
    Блесава жена.
    Позади во кола убавезно се прави спална, торбиците ги ставаме на местото за нозете, одозгора врз седиштата и торбиците ставаме нешто како тенок памучен материјал и врз тоа ја и сестра ми со наши перници си зафаќаме место. И да, и фротирки земаме затоа што навечер патуваме и заладува. На сувозачкото мајка ми прави шанк.
    Нели сокови, сендвичи, вода, бонбони, мастики..

    Татко ми има спремено компилација од реге цедиња.
    Традиција ни е секое патување да ја пееме сите четворица

    http://www.youtube.com/watch?v=9YfP4K4G1HI

    обично во периодот кога почнува да се разденува и позади брда се наѕира море.
    И тоа нетрпение, тоа чувство.
    И ондак кога татко ти се паркира покрај море и со хеланки и рамбовка се жбурнуваш во моренце и испушташ некои неартикулисани звуци.
    ПРАЈСЛЕС.

    Одморот не ти поминува само во хотел и релација ти е соба-базен-ресторан, туку ништо бре не ти е планирано, ако ти текне во моментов дека сакаш да шетнеш со другиот град, палиш кола и одиш, ако ти текне дека сакаш сладолед, му пекаш на татко ти за пари да ти даде и одиш до фрижидерот на плажа и го фаќаш стаклото на фрижидерот покажувајќи кој го сакаш.

    Не знам, некако многу ми е убаво тоа чувство, топло, хармонично, фамилијарно, неплански.. треба да се доживее затоа што вака колку и да се објаснува ни малку не може да се долови таа слика.

    Баш ми е жал што оваа година правиме исклучок од сета оваа еуфорија и глумиме висока класа. |(
     
    На kravce, Monna.Monna, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    џабе има 20 кога се понаша ко за 15 :x ко тинејџер кој се крие од своите :|
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пробнава работа е напорна, и исцрпувачка-максимално, ама утре ни е последен ден сите заедно, после одиме на одмор, и ке ми недостигаат многу сите(само не сопственичката, жива напаст е таа жена, на се маана му наога) исто ко мајка ми да ја слушам
    а што имаме еден колега, мислам дека нешто му фали
    а види женско, за неа се лепи :x ужас,како не му е срам-ја жалам жена му, и да сопствничката приметила, инаку е најбаран од сите-па најдолго е од сите во агенцијата :) додека другиот колега се нешто овие два-три дена нешто околу мене се вртка-па ко за беља се иста смена се погагаме(а кога прееска се здткав :worried: абе во земја да пропаднам) а призна дека кога се смеам сум симпатична :D :$ дирекорот на нерви ми оди со тие муабети дека треба да се мажам :envy: кога ми реков рано ми е , ми рече да, рано ти е , па имаш 17 години-на толку сум му личела :@
    како и да е , важно да се договориме со клиентот да ги види становите што сакаше :) и сватив дека ова е многу профитабилен бизнис само што треба максимално да се вложиш во него, и размислував прееска да ја насочам целата енергија на кариерата-ке видам колку ке успеам во тоа :)
     
  15. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Моментот кога магарето се занимава со ушите на зајчето :drunk:
     
    На Alesii, LilBaby, sadangel и 2 други им се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.091
    Пол:
    Женски
    Убаво што сега му текнало на мене, ама некако е прекасно.
    Исто така, сакам моментално да сум во Прилеп и да пијам пиво. :)
     
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК феминки ме изненадивте со тоа колку многу од вас ги слушаат Skid Row..Браво,браво ! :D :inlove:
     
  18. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Овој Петок 13 си го дочекувам гледајќи го со брат ми, по не знам кој пат, Grown ups! :D Го сакам филмчево 8) . Сега сме на пауза :!: Ама ајт летам да си го догледам и слатко да заспијам |-) .

    [​IMG]

    Поздрав до дечкиве! :lol: Легенда се хахаха :D
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Добро шо ви е гајле на вас, дали ја кога гледам утакмица викам дека тој и тој е најдобар, дали се дерам по судии? Шо ве вас интересира моето понашање, веќе преку оноата доле.
    Гледаме утакмица и ја цело време си навивам за еден играч, ја го сметам за најдобар, и другарките де бе прекини, де бе напна веќе. После нешо ме изнервираа судиите, јас изнервирана целата им се дерам на нив, а они: - Памела прекини, срамота е, сите гледат у нас.
    Добро ако те срам од мене тргни се, иди седни на друга страна, ја така си навивам, така можам да гледам утакмица. Ја коа гледам на телевизија им се дерам од тука, не па коа се пред мене. Веќе преку онаквата ми е од тоа, не прави така, прави вака, не го носи тоа, носи го ова. Па добро бе луѓе, колку пати треба да ви повторам дека го носам она што ми стои, а го правам она што го знам, м? |(
     
    На Stoimenovska и LilBaby им се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мажи што ти спуштаат на тел. и само преку порачиња ти пишува аман! Кај ојдоа мадињата?

    Туку еве вас тука на форумов што се уклучувате само да ги коментирате серииве и Турсково ропство денешно, не ве сфаќам и вас! Која е бре поентата да се уклучиш, и да коментираш за нешто што иде секој ден у исто време, интересно вие да си прераскажувате и да предвидувате м?
     
    На calliope, Phyramide, anneyy и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.