Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Крајно изреволтирана од фејсбуков, да можев ќе го избришев, ама сега контакт со другарките одржуваме тука.
    1. На нерви ми одат фалбаџиите, што се фалат дека заминале на одмор! „Чао заминав... ќе ми недостигате сите“. ЦЕЛ ФЕЈСБУК, што пола од нив не ги познава.
    2. Цел ноќ и ден фрчат статуси извадоци од песни, љубовни писма, клетви ајде да речиш 2-3 статуса, ама на ден мора да се има преку 20 напишани статуси.
    3. Слики од лето, слики од нив, 1.000 лајкој, 300, 500..гајле ми е колку има за мене си су уба и паметна, лајкојте нема да ми докажат! Кој сака ќе стави и каде сака, па шо?
    4. Сингл-комплицирано, во врска, сингл, комплицирано секој ден така и одоздола честитање, тажење..
    Мразам кога се ставаат во врска женско со женско, ме нервираат ептен...
    5. Вицови на статус... |(
    6. Порано игравме топка, жмурка, имаФме живот, сега не!
    Како бе немате? А што живејте вие? Не знајте да живејте, немате приватност? Кој ве тера се и сешто да пишувате.
    7. Тагнати појќе девојчиња на статус и леле „незаборавно поминавме“, „педалинкитеЕеееЕе“, „Пиџама парти“. Јеее, „пиЏама парту“ :nod: |(
    8. Не сум тука да ги осудувам ама мразам од 6,7 или 8 со дечковци, па каде што се бакнуваат. |( Или девојчиња на моја возраст со штикли.
    - Ја да, седам на фемина, ама како што викате имам приватност, и не раснам побрзо.
    9. Мајка донесена од болница и бапната на фејсбук со се детето, па чекајте нека напрајт неколку месеци, после ќе го ставите, ко ќе порасни само ќе се слика.
    10. Мразам кога има некој поставено статус и некој одоздола „Крадам“. Аман. Крадела статус. Ух, колку можат да имаат ист статус.
    11. Мразам перверзии и се друго што се работи на фејсбук.
    12. Страниве кои цел ден и ноќ прават квизови, поздравуваат, отпоздравуваат, ставаат слики, прават слики и ред други работи.
    13. Омаловажување на други лица со правење на демотивација, слики и карање понекогаш преку коментари.
    14. Да не ги спомнувам оние масерите на чет, кои бараат лајкој и што ти не.
    15. Обична слика, стави лајк и ќе се случи чудо. Не ме зафркавај срце, а што чудо ќе насоберите лајкој? :wasntme:
    16. Сакаш да ја добиеш љубовната нотификација, да имаш толку пријатели, толку и толку пораки. Не, фала, пријатно!
    17. Секогаш кога е во тек некој натпревар фрчат коментари, битно да се радосни или тажни.
    18. Некоја на сликата што ја ставила си пишала „Грда“ и коментари: „Ја стави - најуба си, мњах те сакам!“, „знаев, знаев, знаев преубо, не си грдо“, „мое дело“, ве обожавам.
    19. Лајк ако си за Барса, коментар за Реал Мадрид. И често доаѓа до расправии, ти си за тој, ти за оној. Лично право, за кого сакам ќе бидам.
    20. Еј не ми се верува до каде стасав? И да, до оние што си ставаат лајкој кај што ќе им текне, е не е се за лајкујње.
    Извинете за долгиов пост. Ама признајте, има реалност овде? Има два света! РЕАЛЕН и НЕРЕАЛЕН, такаа? Во кој живееме ние?
    Не сум цвеќе ни јас, ама ова не го правам. Се си има граници, и лигавењето, ако го има...
    Еее Цукерберг во што се претвори фејсбук
     
    На Anna-Banana, Monna.Monna, Stoimenovska и 2 други им се допаѓа ова.
  2. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    hi!

    oтварам на фб,почетна глеам сите петок 13-ти фала ви незнаев дека е петок 13-ти |(
    фејзбуков ти е веќе ко весник а не интернет портал каде што луѓето комуницираат од цел свет..

    денес ветеров навистина претера..
    бевме на кеј со точаци и ролерки со друштво..абее неможеш да се возиш нормално човечки..песок ти иде лице..неможеш да глеаш за малку 2-пати кје се акнев у човек..фала богу не се акнав и не сум се посрамотила...а па комарцитееее :@
    побаксузна неможев да бидам...

    сеа позитивност..

    изнивете сте го погрешиле зборот..

    денес немаше никаква позитиност
    се у негатива
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Tолку ме вадат од кожа т.н бирократски муабети, е тоа е страшно нешто. |(

    Mоже ретко ги слушам, ама кога ги слушам единствено ми влага во уво цифри на пари и земски уживања како џакузи, макузи, сауни, чуда, врагови. Kиселата насмевка ја ставам на он, слухот на офф, а ти госпоџице терај до миле воље, наброувај си, тука сме цела вечер за твоето целовечерно шоу на набројување.

    Hе бре брате, не се поднесува.
    Aј ќе речеш еднаш, два пати, ама секој божји пат се слушаат тие муабети во усвитени и маааалку видоизменети варијанти. Aбе јас од тие пари што си ги пое*ала за 3 дена сум живеела цел месец, чак и два, па сега видете колку пари отишле за задоволства.
    Hека бре, нека троши, ама толку верувам, ама ептен со сигурност верувам дека пола од присутните веќе ги превртеле очите во себе, ама намонтираната кисела насмевка е на он па се теши дека е хероина во приказната.

    Cе нешто не чини, за секое парченце од предмет има коментар дека требало да биде циклама а не розево, а се што е поврзано со личноста - тогаш се е на место. Па кога веќе живееш во тој твој свет дека се што допреш е совршено, ондак створи си ги работите сама, и нека бидат лично и персонално твои и не го труј обичниот народ бре со викторијанско-аристократски муабети. Aуууу напорно. :whew:


    Aј и јас нема да заспијам од цифрите и храната набројана денес. Bеќе што се не слушнав.
    Cе одјавувам од фемина на 3-4 дена, ќе се одморам од Cкопјево малце, без љубовта моја, фамилијарно ќе се затераме малце во мир и тишина. Aко ми верувате поминати се 13-4 години откако заедно во пакет сме отишле некаде воопшто на одмор . . .
    Љубениот ќе ми фали највеќе од било што во Cкопјево, но си ветивме еден лезетски одмор (со малку препирања за местото) со многу љубов и страсти, кој дај боже да се оствари во дадениот рок. Tогаш можам на раат да речам дека годинава ми била една од најдобрите :!: ако не и најдобра!

    Bе оставам во пеколното Cкопје, со мала доза на урагани.
    Бидете онакви какви што сте - свои, здрави, живи, среќни каде и да сте, вратиче се роде ускоро! 8) :lol:
     
  4. angel95

    angel95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    76
    Сакам да кажам дека е потребен огромен напор за да останеш нормален у денешно време.
    Насекаде околу мене гледам дволичност,омраза,љубомора,никакви врски и ред други работи.

    И што е користа од сите тие особини?
    Демек,така функционирал светот.
    И што?
    Сите останати како вас треба да станат?
    Не сакам да звучам песимистички ама светов оди по надолна линија..

    Единствен спас ми се тие неколку луѓе што си ги имам,и не ги давам по никоја цена,и книгите.
    Кога веќе од реалноста му се смачува на човек,тука се книгите да не одведат во некој за нас непознат и подобар свет.

    Кога веке луѓето не сакаат да го направат таков..
     
    На ines.h, MiDnIgHtLaDy, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК сакам да се возам во хеликоптер ^_^ :D , во авион се имам возено, уште во другово чудо остана да се возам :D Мерак ми е, страст :D а чудна работа имам страв од височини, е ај сеа... :geek:

    Кога човек ќе научи какви се луѓето, после лесно може да се справи ако налета на сличните на нив.Од таму и лесно ќе види дали вреди да се замара со истите или не.Тоа е, животот е школо :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Kуферот спакуван - време е за викенд. Заедно со големиот ми брат кај едни стари пријатели во Охрид. Ако ништо друго барем да искористиме еден викенд. Пиво фест оваа година ќе нема за мене, ама секако ќе имам некое директно вклучување преку телефон од другарка на некоја песна :D

    Знаете кога се спремате за пат,се си мислите дека ќе заборавите нешто. Цел куфер собрав со мои џиџи - миџи. Брат ми ми кажа да не се опуштам многу бидејќи можел да ме испрати дома (ако,само нека си дрдори,не му е денот,уствари не ни сакаше да одам со него,ама златна мајка кога му се пушти немаше јадно дете мораше да прифати). Мене ова баш добро ќе ми дојде, утре после долгиот пат со алишта одма во езеро. Ич нема да ми биде гајле.

    Ова ми излезе сосема непланирано,ама нели непланираните работи се секогаш најубави.
    Имајте убав викенд.
     
    На L-enna, pamelche и LilBaby им се допаѓа ова.
  7. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Јас пак право да ти кажам тебе ти се чудам зашто се замараш за глупости и непотребни работи. Друго, и сама кажа дека Фејсбукот го користиш само за комуникација со другарките (кои верувам дека не се многу на број така да доволно ти е само нив и најблискиот круг на пријатели да ги имаш како Пријатели... се' останато ти е небитно и ги блокираш...).

    Плус тоа постојат и многу други подобри начини на комуникација (на пр. мобилен). Ама е жално кога ако немаш Фејсбук си заборавен и исклучен од социјалниот свет. Нема врска! Отишло се' во неповрат. Душичке, ништо лично :) . Просто ме испровоцира да ти вратам на коментарчево. И мене некогаш ме револтирале вакви работи заради тоа и ти пишав, за твое добро зашто денеска ништо не е добро како што тргнало со глупостите кои и сама си ги навела погоре.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    СДК дека една личност без ништо да направи, само кога ке ја погледнам се чувствувам прекрасно... Малку се тие личности но мило ми е што ги има :inlove:
     
  9. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Надеж, е тоа е најубаво :)
    Надеж дека се ќе се подобри.
    Да веруваш дека тоа ќе се случи, тоа е уште подобро.
    Си слушам позитивно музичеи си мислам на убаво :rock:

    http://www.youtube.com/watch?v=DHEOF_rc ... u4nh2tf2MA
     
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Сакам дака кажам дека сакам да патувам! Најмногу во ова време. Некој те вози, во чаршавче си замотана, музиче тивко и ги гледаш ѕвездите. :inlove:
    Ах... блазеси им на коливе надвор, „ноќни птички“. :)
     
    На pamelche, Marbella и cveke123 им се допаѓа ова.
  11. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Пресврти. Јули само тоа ми носи.. Среќа што од лошо на добро иде се`.
    Недостаток на комуникација било се. Со мачорот разрешив многу работи, и двајцата заедно ќе ги поправаме работите кои сме ги правеле погрешно. Летово во Охрид и тој ќе ми биде под рака и друштвото. Вери кул.

    Вечерва беше прекрасна. Бевме на кров на „палатата“ на дедо му.. Прекрасен поглед!
    Цело Скопје под окце, празно, улиците тивки, ветрето ми ја мрсеше косата а тој ме осипуваше со погледи и бакнежи. Ставил кебенце, пивце и чипс. Омилената моја комбинација. Кога веќе се разбистри небото лежевме и гугајќи ги гледавме ѕвездите.
    Ах, одмору.. доаѓај побрзо. Да уживам со него низ чаршијана а потоа на плажа, ноќно капење, гушќање, прскање со вода и пречекување на сонцето па марш сите на спиење. После толку време и ние двајца дочекавме да ни се насмевне среќата и да ги разрешиме сите проблеми со разговор наместо со она детско инаетење и префрлање.
    Исто и со мајка ми пред некој ден цела вечер седевме и правевме муабет за се. Ми го раскажа целиот нејзин живот. Капа и симнувам. Толку тешко детство, проблематичен брак и максимална посветеност на детето.. Во било каква ситуација да е секогаш ми го осветлува патот по кој одам. Мила моја, јубелејна ќе и е оваа година. Пеесче. Ќе дојдат со тато и со кутрето да ме земат од Охрид кога ќе биде време, ќе седнеме на ручек и ќе и опнат торта на маса, а кога ќе се вратиме дома ќе ја чека пуна куќа роднини и блиски пријатели кои ќе и викнат супраааааааајс.

    Го сакам Него, а Неа уште повеќе.
    Идоли ми се.
    Полна сум љубов бе!
    Можам да трчкам низ градот и Кјупид да го заменам и пак да ми остане премногу за моите најмили.
    Ете така.

    [​IMG]
     
    На 1209, Nine25, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК денов ем тажен ем среќен...
    ТАжен пошто некои луѓе незнаат да ме ценат,а тоа баш е човек кој треба најмногу да ме цени.
    Среќен пошто наспроти него,има луѓе кои навистина ме ценат и јас тоа ќе го памтам и ќе вратам со иста,па и поголема мера.

    Се видовме со другарка ми после којзнае колку месеци,се изназборавме,ја частев,ама премногу драго ми беше кога ми го врачи поклончето за роденденот :) Не очекував,плус и дека покасно,ама ете,не ме заборавила :) Помислила на мене.Мене такви работи ми значат! Ми го стопли срцето! Не дека очекував нешто,ама ете,поклончето ептен ми значи.Ми купила обетчиња бели ко со кристални топчиња и вика
    :hug: Си се израдував и си ги ставив одма. Многу си ја сакам и секогаш ќе ми остани најдобра пријателка.Ете тоа е гест за пофалба.
    Значи тие што ме ценат секогаш ќе е така,што ме знаат уствари,што ме познаваат.Ретки се многу,ама ги има.И многу ме замисли преѓе. И плус ми вика не се нервирај,неќам тажна да те гледам,не мисли на тоа,не зслужуваш така,ќе се среди некако.
    Како некои луѓе можи да се толку внимателни и добри,а други знаат само да ти се понашаат и да се прават демек тие се којзнае што? Епа ќе дојди ден кога ќе дрецнат на земја,тогаш ќе се смеам јас. А за тие што се добри кон мене,ќе вратам дупло.
    А да,и ценете си ги пријателите и ќе видите допрва кои ќе се до вас и кои ќе останат покрај вас и после се.Толку од мене. Добра ви ноќ :*
     
    На Mrs.Cuper, kravce и Adi888 им се допаѓа ова.
  13. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Велат, не им го прави на другите она што не сакаш тебе да ти го прават. Јас би рекла, немој ни да се осмелиш да им судиш на другите кога постапуваат исто како што си постапил и ти некогаш...нели не е во ред?
     
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    [​IMG]

    Една слика илјада зборови. :x
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам ужасно..
    Неспособно.. можи ја напрајвме правата одлука, времето само ќе си покажи, иако јас сеуште не можам да прифатам дека е така :|
    Ако некој сакате пуштете го да си оди, ако ви се врати тој секогаш ќе биди ваш без разлика на сите препреки кои ќе ви препречат да опстоите, тоа ми е една надеж да продолжам понатаму во овие 5 месеци.
    Така Господ сакал да биди, можи е еден тест да видиме дали ќе опстојме пак заедно и пак после овие 5 месеци.
    Имавме многу препреки и пак останавме заедно, се надевам дека и оваа ќе биди исто..
    И во цела оваа ситуација ПМС ,зар сега мораше?
    Цел ден денес уста немам отворено, немам ни јадено, нити пак вода се немам напиено, единствено со мајка ми и другарка ми еден муабет шо напрајв.
    Мајка ми ми рече: Охх будалче зошто плачиш? Па знајш дека и покрај се тој само тебе те сака, Ја сакам и мило ми е шо ме разбира како ми е :doh: .
    Чувај ми го господе, дај му сила и здравје пред се, другото само ќе си дојди.
    треба да бидам силна, период е ќе ми помини, не сум исплашена оти знам дека ..

    Fate will bring us together no matter what happened. :l:
     
    На blond, Stoimenovska, Mrs.Cuper и 4 други им се допаѓа ова.
  16. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    4.017
    Пол:
    Женски
    Време е за спиење лека ноќ на сите денешниов ден нека ви биде убав иако е петок 13ти (не верувам во такви шитови ) бидете секогаш насмеани среќни и весели поздрав :)
     
  17. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Конечно се осеќам оправено после сите тие бедови-медови што ми се дешаваа. Ми отиде едно долгогодишно другарство, и баш и не ми е криво. Едноставно не можам да дозволам да ме омаловажува некој што знае колку тоа ме повредува, и тоа е тоа. Барем не останав должна ништо, ако веќе се вреѓаме, извреѓав за цел живот.
    И не ми е битно ниедно друго другарство додека си ја имам мојата најсакана другарка. Само да е до мене некако подобро се чувствувам, некако чудно сме поврзани, се разбираме и без ништо да кажеме, за се' се согласуваме, не знам како да опишам, сродна душа ми е. Толку ми прирасна за срце овие 4 години што мислам дека буквално се би направила за неа. И ми е криво што и се случува тоа што и се случува, што заврши со таков човек, ама веќе нема назад. Сепак најголемата радост за неа тек доаѓа, ништо нема да и ја расипе таа среќа. Уф, едвај чекам октомври.
    И последно, морам да се пожалам, пак ми фали муж во животов. Ете баш за ова најмногу се слагам со Ерика Јонг. Не функционирам едноставно ако одвреме навреме не осетам машки глас на телефон, рака на задник или било каде-кики секаде, машка поддршка за било што или по некој убав збор. Сакам да сум самостојна полека полека, ама џабе ми е се кога сум проклето зависна! Сакам сакам сакам а бирам! Ха, види ја ти фраерката. Ама стварно, не можам да бидам со било кој, некако ми се истенчи вкусов во последно време :D И тој што ми беше совршен излезе крајно несовршен и така сега некако порничи и мастурбација ми се безвезе после него али шта чеш. Ко за инат дека барам нема да најдам, морам да престанам да се оптеретувам. Е а и некако негативни вибрации осеќам од форумов кон мене :D хахахах, може дека и јас му испраќам такви, ама сериозно, ако јадам таблети не јадам луѓе да му се сневиди. Еј се распишав, ајт чао.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Juicy03

    Juicy03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    СДК... На пат кон дома видов една сообраќајка, најлошата глетка во мојот живот, но сепак успеав да извлечам една поука - животот е еден, може да згасне за една секунда, наша должност е барем малку да уживаме во него. Отидов јас да играм симс 3 и да заборавам на повеќето од моите грижи - барем за малку :)
     
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184
    Мунлајт пак оди на северот ... |-)

    Ај може е малце поладно таму, оти на југов не се дише луѓе буквално! :tmi:
    Пекол е надвор, пекол ...
    Новоста е што овојпат не одам сама. Ќе дојде и мајка ми со мене.
    Хммм ... не сме типична мајка и ќерка, стално се караме, се провоцираме, не се разбираме, али некој ако ми ја гибне ќе го задавам со мои раце. :!:
    Јас и брат ми може да ја нервираме, друг не смее, оти ќе му ја скршам главата!

    Само посакајте ми среќа да не се скараме бар викендов ... Мислам оти ни треба малце време сами. Квалитетно време да поминеме заедно, затоа и бев и она да дојде, иначе другава варијанта беше многу повеќе економична. Жал ми паѓа за неа некогаш најискрено. Знам дека не сум најдобра ќерка, али не можам да глумам и да се преправам. Се надевам дека од утре ќе ни се смени односот, оти ми се плаче ако помислам дека може и јас да имам ваков однос со мојата ќерка понатака. :(
    Ќе се потрудам да и угодам во се, и треба мојата подршка и внимание. И ветувам дека кога сум во Ск, со неа ќе зборам секој ден! :) И со татко ми и со неа.
    Дваесет години сме вакви, али таа заслужува многу повеќе. На краток фитил е, али и јас сум крива. Не сакам да жалам за се што сум можела да зборам со неа по неколку години. :(

    Сепак, таа ми е мајка. Тоа место е незаменливо. Ветувам, отсега ќе го сменам односот. Колку и да се нервирам, ќе го потиснувам тоа, бар колку можам, оти ми значи многу, иако го негирам тоа. А знам дека и таа не сака да слуша повеќе кавги и расправања.
    Боже, те молам ... те молам да го подобриме ова и да ни успее ... Те молам, не сакам повеќе да ја нервирам, душата ме боли за тоа ;( ... Те молам.
     
    На Johny, Divinebutterfly, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Уф, ама е јако кога на фејсбук ќе видеш некоја женска опнала слика у купачи, сало виси од сите страни а у коментар од БФФ-те: Вао, сексич мој, да те земе човек и да бега. |(
    Добро, од далеку се приметува дека си и другарка и дека коментарот е пишан, колку да го има.

    Него сакав да ви кажам добра ноќ, јас идам да трчам малце. Ајде убави сништа. :*
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.