Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам .... ;( многу ми е е тешко.Тежинава ми стои како грутка во градиве.Не можев да спијам .Од вознемиреност ,од жештина,од закопување на моите соништа.Не знам дали сум спомнала маж ми има проблем со алкохолот.Ќе речете па што ние е гајле нас.Знам ама сакам едноставно да си ја испразнам душава тука,немам на кого друг.Сношти пак си дојде загреан по не знам кој пат.Молчејки го гледам а душава ми се кине.Не успеав да го преобратам,за овие 20 години колку што сме заедно.Верував во него ,го сакав,го подржував,Изгледа залудно потрошено време. :( .Не не ме малтретира,не подигнал рака на мене ,иако знае да биде агресивно расположен,се повлекувам и молчам.Да избегнам кавги,да не се потресуваат децата.Искрено ми се смачи веќе тоа.Човекот,жената во мене бара да биде почитувана и сакана.Без разлика дали имав 20,30,40 години.Тоа негово запивање се случува барем 2 пати неделно.Секогаш има време со другарите да седне да пие а не сака да одвои ни 2 часа во месецот да биде со мене и децата.Не паметам кога последен пат сме излегле заедно.Дали сами дали заедно со децата.Исклучок се само годишните одмори тогаш сме навистина заедно.Од друга страна не ми брани ништо ,оди кај сакаш,со кого сакаш.А не сакам така .За него најнормално е да се седне после работа, и да се запие.Не велам дека работата му е лесна,знам дека работи напорно,патува секојдневно во друг град.Ама и јас работев по 12 часа на времето,мали деца и ноќни смени па одвај чекав да се приберам дома.За него е сосема доволно да фрли пари и ти лупај глава што да направиш по дома колку да заштедиш.И во последно време и децата се обидува да ги заврти против мене.Со пари секако.Со секојдневно частење со чоколади сладоледи ,исполнување на нивните каприциозни желби.А на нив тоа им одговара.Се вртат против мене,на секое мое не велат ги замарам.Н е барам совет,не барам сожалување,едноставно никој не знае како се чувствувам.А толку малку барам.Само љубов и внимание.Искрено завидувам на некои кога ќе видам како се сакаат и почитуваат.За мене тоа е изгубена мисија.Текстов ќе го ставам во спојлер а вие слободно скролајте.
     
    На Monna.Monna, Miss-Independent, faye и 10 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^немам зборови, само :hug: :hug: :hug: :hug: :hug:

    сдк дека најмногу ги сакам летните утра. Ама вистински утра, околу 6,7 часот кога сеуште е тивко, мирно, и преубаво мириса, на спокој, на природа, на убавини. И утринскиот воздух, првите сончеви зраци, будењето на светот, будењето на мојава кучка која изгледа ги обожава летните утра, наутро е полна со енергија и задоволство, ги разнесува сите играчки низ двор :D Само повеќе би сакала да сум дома, да го будам брат ми со кафенце па да си пиеме на тераса, да и ја фрлам топката на неа, да правиме планови за денот со мама, да го карам тато зашто веднаш се фаќа за работа...

    сдк дека вчера по незнам кој пат се потсетив и уверив дека моите другарки се прекрасни, единствени, неверојатни жени, секоја различна, секоја посебна. И сите неизмерно многу ги сакам

    сдк дека сакам да си го поздравам газдава, зашто знае да е и луд и лут, да пронаоѓа бесмислени бизнис идеи, да тоне и да се воздигнува, со глас или без глас, ама има топло срце и секогаш, ама баш секогаш е спремен да помогне на било кого. Добро би било, како што тој се грижи за нивното утре, и тие да возвратат со добро за неговото или барем за заедничкото...

    сдк и ајде после да не бидеш оптимист и позитивен при вакво опкружување, bite me бре, прекрасни луѓе имам околу себе 8)
     
    На Hopeful, slavica999 и Asja им се допаѓа ова.
  3. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    СДК..Фејсбуков стана како насловна од PlayBoy.. боже боже, разбирам си бил на одмор си стаил слика ама да се сликаш дома во купаќи пред огледало и да ја ставиш сликата е тоа не го разбирам(ах, пусти лајкови).. свашта има по светов значи...

    Have a nice day...
     
  4. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    СДК дека ми треба роденденска честитка односно роденденски зборови ,мисли...па воено и мал подарок.Никогаш не сум имала проблем со ова баш напротив...но не зна што ми е сегаа :^) Како да не ми работии главава...Хехе глупостии... :@
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Се нека иде у пи*ку материну.
    Фамилија. Фамилија?!
    Да се плукнам јас на фамилијата, и на стрини и на чичковци.
    Бел ден да не видите, ќе не изедете со се коски.
    Душата ми се пара кога го гледам татко ми како плаче.
    Со голи раце би ве убила, со голи раце срцето низ грло би ви го извадила.
    Засрамете се недозреани едни, жедни за пари само. Само да се има пари и да се јаде, да се гнете, ко свињи.
    Толку сум бесна...
     
    На Ana.Jones, Tenkai и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Утро обоено во благи тонови на карамел. Ко полуизедена тулумба. Така некако.
    Крваво, топло, со комарци испоубиени околу ламба, оставени шишиња вода, џус и чат пат некое марамче крај кревет, зошто носов ми се полни со песок и страст од Скопјево, полно и празно истовремено.
    Петок 13ти, и машината за перење изеде уште еден чорап. Нда. За ручек кромпируша, сеќавање на Сараево, шетање по Баш Чаршија, обетките од ламарина со препарирани пеперутки, фантазијата на модерните Сараевчанки, со турбани на глава, марами околу цело тело, а сепак преубави.
    Чај со грам лимон и тон историја. Да. Денес евоцирам сеќавања. Онака. Не дека нешто посебно сум направила. Само, сакам да си се сетам на убавите градови во кои моите стапалки оставиле траг.

    И решив, новата тетоважа ќе си ја ставам на стапалце, ќе биде малечко моливче. Патепис со стапалки. Секој чекор што го одам, изодувам, да биде напишан некаде, пренесен.
    Идеи во главава, проекти на повидок, ручек со будучиот ми свекор, денес му е именден, ќе му купиме диња и кафе со мачорот мој... Да се радува. А и знам дека човекот ќе се прерадува ако му приредиме такво нешто. Почит, тоа е првата работа што ги гордее постарите... Така треба и мора со нив.
    А деновиве сум како касната од змија. Отров и нервоза од сите страни ми испаруваше. Сега кога добив, телово ми попушти, ми даде некоја нова енергија да се видам себеси во огледало, да го спојам ликот од рефлексијата со себеси. Морам. Губење од и во себе, секогаш ми е ново искуство. Тешко, но станува полесно кога ќе се најдам со него на другиот крај од сонот.
    Ми треба да го љубам до крај. Да му ги изедам сите ќошенца и местенца од телото. Да го стиснам силно и да заспијам во него како збор кажан во тишина. Едвај заспав вчера, ми требаше да го видам, ама тоа ти е, работа, смени, температури, и со тој што си најблизу, си најдалеку. Денес ќе се гушкаме. Многу. Како музика и ветер.
    Кој благослов е човече, да бидеш се’ повеќе заљубен во истата личност, се повеќе и повеќе...
    Лудило е и бол, но ако.
    Сакам така, така живеам и така и ќе биде и во иднина.
     
    На antonina, Monna.Monna, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Вчера некако на тостовите многу им се нафрлив, па денес стомачето здраво ми рече. Добро, секогаш претерано многу јадам, ама она вчера беше преминување на сите граници. ПМС си е ПМС! :D
    Се расплакав затоа што утепав пајак. Да, до тој левел стигнав.
    Гледав реалити шоу, ме замисли. Имало убиство, некоја келнерка, ја нашле мртва во купатилото. Била силувана пред да е убиена и убиецот на неа оставил отпечатоци од забите, од криви покриви. По убиствово, на полицијава и дошла порака “Човекот кој го барате е Индиец,’’ и краток опис, но полицијава тоа го занемарила. И случајноства беше, дека некој што го запознала исто така имал тооолку искривени заби, отпечатоците од ногата слична големина. Ова во деведеситите, па тогаш системон за отпечатоци и ДНА тестирање уште не бил целосно развиен. Човеков го осудија на смртна казна! И што имаше тој да каже, “Па поубо нека ме убијат. Смртта е лесна, барем ќе ми ја одземат оваа болка неправдава што ми ја нанесе.’’ Но за негова среќа, некој братучед со кого се немал ни запознато слушнал за случајов, верувал дека е виновен но сепак истражувал. Со скудни докази дека човеков не е виновен, успеаа да закажат уште едно судење, и 24 судии одлучија да ја тргнат смртната казна, и го осудија на доживотен затвор. ДЕСЕТ ГОДИНИ човеков в затвор останал, дур не успеале да докажат дека не е виновен. И кога излезе од затвор, првото нешто што јавно го кажа беше сочуство за фамилијата на девојката. Ми било криво што толку луѓе го мразеле толку долго време за погрешна причина. Мирен, без омраза, само среќен што конечно е слободен! Неверојатно! И ден денес шета низ светов раскажувајќи ја својата приказна, зборувајќи против смртната казна.
    Се прашувам уште колку луѓе живеат вака... Како прво во секојдневниот живот, и јас сум жив пример, луѓево се обвинети за многу работи што не ги направиле. Погрешно време, погрешно место.

    П. С. Friday 13th, take your best shot at me!
     
  8. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Не ми е добро од ден на ден ми е се полошо...
    Тешко е во кога во мигови на тага нема кој да те прегрне ...
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Абе девојки,ај радувајте си се тамо на лајковите што ги добивате кога сте сликани со дигнати маици до по цицки,со прекратки панталончиња,да не ставам јас слика вчера што си се сликав додека се сунчав на купаЧи,па ќе си ја чукате главата 8) :rofl:
     
  10. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    СДК дека одсега не се замарам со нејзе.Е такаа :D
     
  11. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    E многу си се гордеам на себе. Хаус мајстор прва класа сум. Нема што незнам да поправам. Моето последно дело е полначот за лаптопот. Епа дами и господа штотуку заштедив 100 евра. 8) Морав да се пофалам. :lol: Најголем поздрав до мене. :hug: :D
     
    На faye и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    259.297
    Пол:
    Женски
    Нема ништо подобро од резанка ладна лубеница за доручек.
    Летото е убаво па и на петок 13ти. :sun:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Што е ова, сабајлево се изначитав црна хроника по интернет порталиве....
    Ќе се случи ли нешто убаво? :|
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК таман ќе помисли човек дека се е како што треба, одма нешто кикснува ко за инат |( |(
     
    На Monna.Monna, kate21, faye и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Ana.Karenina

    Ana.Karenina Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Сдк дека неможам да најдам човек.Еве признавам и јас не сум човек,нема многу да се фалам.Ама сите само зборите како другите биле ненормални,а не се гледате себеси.Ако некој каже нешто лошо во лутина ние одма го осудуваме,го правиме ненормален.И личи ова на нешто?? :x :x Незнам што да кажам,само браво ке речам,ние сме луѓе,така треба,да живееме како не луѓе,само да продлжиме вака. :x :x Подобро да биде крај на светот,затоа што вака не се живее.
     
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.974
    Ако е за утеха,а вистина е 100% од збор до збор:
    „Жената е мајка ,а многу пати и татко.Таа е подготвена секогаш на саможртви и да преземе туѓа вина.Љуби и страда,паѓа но,пак се исправа.Таа често размислува за проблемите ,но во исто време мисли и за нивните решенија.Нејзината битка е жестока ,можеби повее отколку што може да се замисли ,но никогаш не се предава.Нејзиниот пат е долг ,но не запира додека не го изоди ,често се завртува но само за да ги скрие своите горчливи солзи.Многу се ноќите во кои не спие,многу се денови во кои молчи.Многу се болките скриени во солзи.Тоа е таа.Тоа е жена.Силен дух и душа.“

    Извор-го најдов на фб и погодете-стиснав лајк.
     
    На Monna.Monna, lunicka, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  17. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Кога го прочитав постот на луничка се разочарав уште повеќе ;( .
    Ако во животот на добро со добро се враќа зошто тогаш добри луѓе секогаш се повредени и секогаш најмногу неправдини им се нанесуваат?
    Какво е тоа животно правило тој што најсилно и најискрено љуби секогаш на крајот губи и страда најмногу ?
    Вистина е дека животот е неправеден и суров .Да животот е борба,секој негов удар треба да не направи посилни но понекогаш човек се уморува ...
    Полека умира надежта и вербата во мене за подобро утре...да се надевам и да верувам дека ќе дојдат тие убави денови по кои копнеам е исто како да го чекам Годо ...
    Простете феминки ,знам дека ви пречат вакви постови со ваква енергија ама тоа сум јас .
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Си одмарам сама по дома, фино ми е, освен фактот што вчера добив на вруќиниве, ама бар нема ни од околу да ме фати на одмор, ЈЕС!

    Петок 13ти... не сум сигурна дека ќе заспијам вечерва спокојно, ќе си легнам коа ќе се раздени и ќе преспијам до пладне ко денес.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dancing.in.the.rain

    dancing.in.the.rain Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    142
    Моментот кога ја отвараш штотуку стигнатата сметка од Вип-SUCK! Да ми го јадете г*зот Виповци! Ме исцицавте од корен :@
     
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.974
    Закажав во Ремедика преглед (се што може да се испита-гинеколошки -Пап,ехо,мехо...)пусти страв, што се не прочитав во темите за цинови,хпв итд.....
    Туку...сдк срамот (оној наш,женски,од гинеколог демек)ќе го пресрамам,само нека биде се во ред.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.