Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Ама смешна ситуација,се јавувам и велам утре ако сакате да дојдете на престапулка на малиот ќе правам,и одговорот ми беше слушај сеа ние на нашето не правевме вакви работи,сметам дека тоа е само трошок и ништо повеќе па какви се тоа обичаи,хехехе,викам добро како сакате ние ве чекаме вие ако сакате дојдете,е па добро ако не дојдеме ќе може да ни чувате од тоа што се дава на престапулката,обавезно ќе чувам ако треба и дома ќе ви го доставам хехехеххехехе се смејам цело попладне
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Пакување куфери,нов почеток....
    Ја мразам оваа проклетија Македонија,и не сакам да бидеме разделени ;( А себична не сакам да сум,иако на моменти ми доаѓа да му кажам да не оди,не сака ни тој,ама знам дека му треба подршка.Тешко ми е за ваква работа да му ја пружам,ама ЗНАМ дека морам.........
    Се дојде набрзина,неочекувано.Така и одлуката стана брза,неможевме ни да се запрашаме дали е правилна.
    Некогаш,шансите,мали големи,многу ретко не посетуваат.Дури немаш ни време да размислиш дали да ја зграпчиш или испуштиш :doh: Време за размислување нема,единствено ти останува да имаш верба дека си го направил вистинскиот избор.

    ;(
     
    На thinkerbell и kravce им се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Си шетав в чаршија, добро не баш чаршија ами тука така некаде, и забележувам згоден типац како ме гледа... И јас почнав да се фрцкам пред него, и како што ги вадев парите од џеб,не знам од каде дувна таков ветар баш во моментот и не знам како успеаа да ми паднат така од рака, ама почнаа да ми бегаат, тој ветрот ги дува ли ги дува, јас трчам по нив како ненормална :tmi: Не можев да ги оставам, само тие 100 ми беа, а баш специјално со нив излегов да купам нешто на сета горештина.
    И ај сега биди паметен - да ги оставиш да се веат има 2 алтернативи:
    а) ќе си рече море која е оваа мутавава, пред очи и летаат парите, не ги гледа
    б) ќе си рече која е оваа мутавава, пред очи и летаат парите, ја мрзи да го мрдне газот да ги земе, којзнае каков дембел е.
    Плус автматски си во загуба :!:
    А да ги бркаш, самото по себе си е брука!
    Па и не знам од кај дувна тоа ветрето баш во тој момент, и таман ги зедов парите престана да дува :D
    Значи ништо не преувеличувам, буквално ги бркав парите и не можев да ги стигнам, еден човек не сакајќи ги згазна и му викнав: Чекај! И така си ги зедов.
    После сум забегала со брзина на светлината.
    А за тогаш кога ги бркав чадорот и шеширот имам пишано во бившата СДК.
    СДК Се надевам нема да има вакви случки друг пат и нема да се зголемува низата на предмети :tmi:
    Stupid, I know.
     
    На Hayley, Monna.Monna и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Фемина, јас сакам со целата душа :)
    ми стана како дневник, се што правам, чуствувам, дали тага, среќа, љубов, ормаза се само она знае..
    Со нејзе, не можам да бидам неискрена, таа ми е една од најдобрите другарки..
    Од почеток, знаела да ме насмее, да ме расплаче но сепак многу си ја сакам..
    Епа драга фемина, ми недостигаше оваа недела, жал ми е што те запоставив бидејки не бев тука но ете ветувам ке надокнадам :)
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Искуството ме научи на едно многу важно нешто-Никогаш да не пропуштам шанси. :)
     
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    не ми е јасно како може некој да е толку несовесен :x аман бе луѓе јадење продавате, бидете малце чисти :puke: за што ви служат салфетките и хартиите, за украс ли? :swear: фатете го јадењето што го продавате со нив,фаќате пари најгадно нешто на светов па после јадењетo :puke: да ви се плукнам :swear: :devil:
     
  7. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    People say that you've changed - When you stop acting like they want you to |(
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Oh, she'll always be same old Бабе :)
    Колку пати и да и‘ повторам дека немам пет години, дека знам сама да се грижам за себе и дека знам кои ми се обврските, абе не е жива ако не ме потсети уште милион пати да го наместам креветот и да ме праша дали ќе вечерам.
    Ама ај, кај да и замерам, кога ги кажува најјаките смешки на свет!

    Бабе, те сакам многу :*
     
    На Cacy, Annie.mk1, Bright и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Добро е.Работите полека си доаѓаат на свое место,а болката..таа секако дека ке помине со тек на време.Истерав два дена одмор надвор од градот заедно со мои две другарки.Се бањавме во река и се смеевме како луди.Тоа малку ме врати во живот. :rock: :wasntme:
    И сега изморена и исцрпена конечно ке легнам во мојот мек кревет и ке заспијам мирно :hai: :drunk:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. antoanets

    antoanets Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Ја гледам таа црвливост во некои единки и се прашувам што им е целта во животот? И секогаш паѓам на нивната злоба! Секогаш срцето ме боли ли боли поради тоа што тие се станати такви. Плачам поради лошотилоци, а толку сакам да се научам да не ги перцепирам. Сакам да сум силна. Ми треба тоа. Сакам да престанам да верувам слепо во тоа дека можам да допрам до некое срце и да го направам блескаво - барем за миг.
     
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Е не разбирам запаѓање по Нутела на Фејсглуп.Не бе..
     
    На JoxyTheFreak, Cacy, OneDirection и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    ама ме наежи сликава ! :clap:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    СДК дека сакам да одам на одморррр, да се бањам, да се сончааам... 8) :sun:
    Не ми се седи дома веќе, па топло ми е. :D
     
  14. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    СДК дека чувството кога ќе ти донесат компјутерот од форматирање е priceless :D
     
    На Elennaa, simon4etooo и gingerchild им се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    кУјзнае колку е стресно да имаш женска на диета и да ти крекачи за секое производче, колку калории има и кога треба да се јаде.
    Јака му душа на дечко ми периодов, ќе потрае моево вакво опсесивно броење калории додека не ми стане незабележлива навика, не вроди резултати и напамет не научам кое колку калории има. :rofl:

    Понекогаш си замислувам како би било да бевме поголеми, јас да се мачев со истиот проблем, да живеевме во иста куќа и да беше нетрпелив, па да се бркавме околу маса. Може ќе скинев некое кило досега, а? :emo: :rofl:

    Убав е животот, уствари. Се убаво. Колку и да сум тажна, и да плачам, и да се стресувам, џабе ми е. Не сум човек што крајно ќе се издепримира. Нуркам насекаде да земам некој тивок, скришен свеж здив на меурчиња кои ми го полнат срцето и пукаат од љубов.

    http://www.youtube.com/watch?v=YUPA0C60YDE
     
    На kravce, teddybear и L-enna им се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не ми е јасно дали само мене ми се појавува по некое вакво глупаво чувство |( Не, ај не зборувам понатаму.
    И сакам да кажам дека постојано си откривам нови особини кај мене, некое мое однесување од што било предизвикано, па си пронајдов корени од минатото, зошто толку немам доверба во никого, зошто сум затворена, зошто сум внимателна... Ќе биде од мене филозоф јас мислам :drunk:
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Хороскопот за денес

    Ме уби :rofl:
    Ма дај..
     
  18. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сега го разбирам она: „Не се мешај, мала си, возрасните ќе го средат“. Маките се назад, уживај си! :wasntme:
    Ама не секогаш родителите ќе средуваат се, па мора да малку да бидеш посамостојна, а да не се мешаш во работата на родителите, како што викаат. Иако секој човек може да прими совет, па дури и од дете.
     
  19. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Денес ми е роденден, полнам 22 :D Еве ви торта да се почастите :)
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21, 1209, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    СДК дека ЉУБОВ Е кога дечкото те масира со антицелулитна крема секоја вечер пред нанање, после туширање заедно!

    П.С И тоа масажата, Боже мој, со тие силни раце, па и боли и печи ама стисни Ано чаршавот, забите, и признај, сепак болката има сладок дел, оти после....јасно е шо следува!

    (Ајде мразите ме, ви давам! :D )
     
    На kate21, julie77, thinkerbell и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.