Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    СДК го мразам овој ПМС, живецот ми го крева в таван! :devil:
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Mission complete.Колквиуми завршени,јас задоволна од себе.
    Конечно после толку време си го пијам утринското кафе на раат,и се мислам дали да искочам и да се почестам за добро завршената работа или да уживам во слободата,излежувањето и неправењето ништо.
    Ми фалеше губењето време на фемина.
    Ми фалеа ликовиве. :nod:

    И уште сакам да кажам дека...Кад се хоче ,све се може.Затоа и не прифаќам Не можам како одговор и изговор.
    И незнам колку луѓе се свесни дека тоа е заблажена верзија на она потсвесното Неќам....A кај мене нема неќам. ;)
     
    На teddybear, Hipica и broken099 им се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Сабота...конечно. :l:
    Се чувствувам слободна, а во исто време незнам што со себе. Ако, вака е подобро отколку со куп обврски што висат над глава. :)
    И така сега си уживам во звукот на омилените песни, во исто време се навраќам на некои моменти, без разлика дали ми носат убави или лоши спомени. Знам дека само спомените остануваат, другото се е минливо. И одвреме на време некое сеќавање ќе ми разбуди убаво чувство, и широка насмевка на лицето.
     
  4. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е да се чувствувам евентуално.
    Ми недостига нешто вистинско, вака пропуштам многу, ми се лизгаат важните работи од раце, ги избегнувам махинално битните личности, и неблискоста ја трансформирам во блиска.
    Доста е.
    Од денес вртиме друго ливче, стануваме попозитивни, поотворени и секако поштедливи :)
    Да, се‘ се може кога се сака, а сега ќе сакам.
    Многу.

    И ќе си купам некој егзотичен редок парфем, или освежувач за во соба, да ми ја доловува атмосферата додека ѕенѕам на необична, за мене, музика.
    http://www.youtube.com/watch?v=JL4FBmP8 ... ture=share
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Само што го догледав Baraka на ваков убав саботен ден. Не знам зошто. Си направив полошо. Ми се поврза со сонот кој не се сеќавам за што беше, само знам дека плачев за тоа каде отиде (не)човештвото. Не знам зошто тие мисли. Депресијава ја прикривам со излегување, читање, слушање музика, ама во сон не можам ништо да сторам. Период е, нели? Ехеее... што не поминало па ова.
    Иначе Барака е документарен филм; прикажува племиња, рурални средини во денешно време. Трогателно.
    И ќе ме стегне некое филозофско прашање и ќе ме мачи цел ден. И не се сакам таква. Што можам да сторам јас за овој свет? Понекогаш не можам да си влијаам врз себе, а не пак врз други... сложени сме. Само доволно е да најдеш тек и да одиш по него. Колку изгубени луѓе има по светот, а ние од што немаме што да правиме намерно се губиме во некои идеи, средини... Велам, убав е денов. Велам, добро е да се биде благодарен за се‘ што имаме и што немаме (се‘ си има некоја смила, на крајот, не?).

    Излегувам, ви велам убав е денов иако тоа го заклучив не дека излегов, туку дека прозорецот има убава глетка.
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Едвај чекав да дојде петок и сабота, за како човек да се наспијам, после 2 недели. И се наспав 14 саати, и сега ми се врти, леле мори мајко, ко да сум на рингишпил. :doh: Добро утро на вас, мене очигледно не ми се сите овци на број. [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

  7. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    сакам да кажам дека под итно ми треба женска вечер,под итноо,алкохол и журкање, :D :D :D
     
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Како може да постои толку прост, незаинтересиран и несоцијализиран народ не можам да сфатам.
    Кажуваш, докажуваш, ама не бре. Нив ги интересира само дали братучедката на соседот Трпе легнала со третиот вујко на левиот комшија.
    Нешто вака во светот што се дешава, ма кој свет, во земјава што се дешава...не бре, ич ништо.
    Да се види некоја саглам емисија на тв, тоа е апстрактен поим.
    Само иселенички џубокс, мењам жену и прељубници. Друго не!
    А единствениот муабет кој знаат да го направат, а тоа да не се српските селебрити, е тоа дека се нема пари, се нема и се нема. Може да се скрои планче како снаата на сосетката повеќе да заработи, а за себе не се гледа.
    А пак не дај Боже да отвориш муабет дека имаш некаков план за во иднина и да откриеш дека си амбициозна личност!
    Ма нее, за нив си дигнат во облаци, за нив леташ...
    А и што очекувам повеќе од некој кој не е мрднат од дома, кој чита „Свет“ и „Скандал“ и кој се дружи со исти такви особи кои немаат ни средно?
    Најтрагично е што некои вакви особи ги вбројувам во потесниот круг на семејството...
    Боже, кај се родив?!
     
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Денот не се познава по утрото, ич!
    :)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Станав и си ја исчистив собата, сега секоја сабота ќе си ја чистам. 8) Не дека ногу сакам, ама ај...
    Порано ги мразев саботите, ама сега ептен ги сакам. Се наспијувам како човек!
    И да, од денес сум на здрав режим на исхрана. :rock: Повеќе овошје и зеленчук, помалку чоколади. :P
     
  12. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    СДК :
    Среќен роденден фемина! :^:
    Во текот на овие две години ме научи како да спремам некое јадење без да предизвикам чад во кујната од твоите рецепти, ме научи како да си го чувам здравјето, ми дозволи новостите од шоубизнисот и модата секогаш да ги примам меѓу првите. За диети и фитнес, уште голема примена не сум доживела ама ќе се случи и тоа кај и да е. Преку форумот ми дозволи да се зближам виртуелно со голем број прекрасни личности кои со своите мислења секогаш докажуваат дека на момент не живеам во некоја савана. :)
    Феминке, да си доживееш уште многу, многу, многу и многу години постоење.
    Sincerely,
    broken099. :D
     
    На Cynthia, Hipica, crazyinlove19 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам дека секој изиграва будала до определена граница,после тоа не!
    :rofl:
     
  14. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    СДК (со извинување) но на македонскава глупост и нема крај!

    Штотуку прочитав нешто и ми се кренаа сите влакненца што ги имам на главава.
    Градоначалникот на Охрид му светнало една брилијантна идеа па решил да си наплаќа влез за туристите кои ќе сакаат да го посетат овој град. Во иднина ќе мора да платиме по едно евро, на трите рампи за влез во градот кај Подмолје, Косел и Пештани. Фамозната изјава со следниве причини сакам да ја споделам-цитирам:

    " Постои голем број на викендаши кои доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат ништо тука. Значи си имаат со себе земено храна, која си ја пазариле во градот од кај доаѓаат и идат овде, зафаќаат место со автомобилите, ќе седат на плажа ќе јадат и пијат од она што го донеле и ќе го остават ѓубрето кое некој треба да го крене. Тоа општината ја чини многу, ако го земем во предвид фактот не оставаат ниту еден денар тука, ниту пак купуваат нешто во продавниците, вели Петрески. Секој кој влегува во Охрид, а не живее таму ќе плаќа туристичка такса."

    Невоспитање :!: не за џабе викаат рани куче да те лае. Па ако ние не оставаме денар во градот кој друг ?!?!? Кога сум во Охрид се осеќам ко у Монте Карло јеботе. :lol:

    А со виза треба или може и со лична карта да влеземе?!? :^)
    Па добро бе мајку му стара колку што е "негов" Охрид толку е и на останатите жители на државава!!

    Го сакам Охрид, преубав град со кој се гордеам... ама г-дине Петрески кога Вашата услуга ќе биде на ниво можеби тогаш ќе имате било какво подобрување,ќе купувам од каде сакам се додека ми носат ручек без прибор со образложение дека немаат измиено (па да јадам со раце дур чекам),кога ќе изградите вистински паркинг места тогаш можеби не би зафаќале места кај ќе ни текне,и се додека штедите да вработите лица кои би ја одржувале чистотата на плажите ќе ви бидат полни со ѓубре бидејки од секогаш имало и ќе има "културен" народ кај нас што го мрзи да го мрдне задникот два чекора за да го фрли ѓубрето.

    Али полесно е да се земе од народот место да се даде,нели.
     
    На Hipica и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  15. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Бреј,ден како овој ден,исполнет и убав одамна ми се нема десено...
    Сакам да ви кажам дека денот го зграпчив со двете раце и го фатив цврсто да не ми избега.Не го пуштам,сеуште го држам.Откако станав,немам седнето.Прво ја светнав куќата.Значи во буквална смисла на зборот.
    Ги светнав:
    -дневната
    -кујната
    -детската
    -wc-то

    Абее мирисаат на свежина и чисто.Изгледаат совршено. ПУЦКА! :clap:

    После бев кај братучедка ми да си раскажеме како сме си прошле вчера в град.После дојде малото братучедче кое е 1 одделение и имало да научи песничка на памет,а оно јадно сеуште незнае да чита :x
    И ајде јас со него учев.1 саат сме ја учеле песничката.Првата строфа без проблем ја научи,а втората малку потешко.. се измачивме.Ама нема врска,важно ја научи и ми ја кажа од збор до збор.

    ангелче малецко :angel:

    А да! Вчера си поминав екстра со другарките. Секогаш убаво си поминувам кога водката ми прав друштво и ми е верна до самиот крај. Мила таа..... :lol:


    Сега ги викнав другарките кај мене.Ке правиме палачинки и ке трачариме малку.. Ке се смееме до бессвест...

    Вечер ке одам на кафе со еден многу драг другар и една најдобра другарка.
    Колку ги само сакам и двајцата.Колку само сум среќна што ги имам и што ме имаат.
    Колку сум среќна што имам толку паметни пријатели.Одлични ученици и воспитани деца.

    Тоа е среќата.Во малите и ситните работи.Потражете ја.Таа е тука.Не бега.Не си оди.Само чека на вас.Чека на вашите раце да га зграпчат. Потрудете се.

    Јас сега ке пишувам состав на сестра ми на две преубави теми.Таа нема инспирација и нема толку голем фонт на зборови во нејзиниот речник...Ке и помогнам,сестра ми е,малецко ангелче. :)
     
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Денес многу сум расположена не знам ни сама зошто. Отидов на кафе со дечко ми и се вратив пред пола саат. Се најадов и сега е време за филм и чај. Вечер ке има излегување и добар помин, чувствувам. Ако до вчера бев во ПМС, денес веке не сум и чудно е тоа како се менува расположението веднаш :wasntme: . И конечно се наканив да одам да си ја платам сметката за телефон, 2 дена бев исклучена поради задоцнето плакање, од пуста мрза да одам да ја платам. И конечно се одлучив, вечер ке ставам слика во модни критики. :$ Ве поздравувам сите со оваа песна која ми е тотална опсесија деновиве. Je vous aime :*

    http://www.youtube.com/watch?v=6hV5CYGjbyQ
     
    На Hipica и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  17. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    СДК едно маче влегло кај нас во дворот и мјаука спаднав да видам кај е нигде го нема, по едно време пак почна и го видов од тераса и спаднав лепче да му дадам и оно избега. Сега пак дојде и пак почна да мјаука му оставив лепче па сигурно ќе го најде и ќе го изеде. :)

    Исто вакво е, само поголемо.
    [​IMG]
     
    На Hipica, martinuska и k.i.m им се допаѓа ова.
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Колку што може да те смири музиката, ништо не може. Најдобар лек за сите рани. Барем моментален.
     
    На crazyinlove19, Divinebutterfly, Miss-Independent и 6 други им се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Топло кафе и убав, љубовен збор, само тоа ми причинува задовлство во последно време. Потребен ми е разговор, не, лажам потребен ми е некој да ме сослуша, јас да зборувам, да зборувам и на крај само да добијам прегратка.
    Пишувам пораки кои пред да стиснам испрати ги бришам, не знам дали е во ред на сите да им кажам како се чувствувам, затоа што може да влијае и на нив.
    Немам трпение да изгледам ниту еден цел филм, скокам делови, си поврзувам како што мене ми е мерак,а дали навистина има поврзаност со содржината на филмот не знам.
    Вечер пак дома, пари се нема за мене,а ете ја сестра ми се спрема. О јеееее животот некому мајка, некому маќеа, битно е да се живее или пак не? :^)
     
    На Cynthia, teddybear и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  20. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Ех бре, на ист ден сме „родени“ со Фемина.
    Јас полнам една година, а таа две.

    Во текот на оваа година научив доста работи.
    Прочитав разноразни размислувања на толку многу теми.
    Од мислењата на членовите пробував да си направам слики за нивните карактери.
    Се и сешто прочитав.
    Весели, тажни, иронични, досадни, мрчаторски, интересни и содржајни постови.
    Фемина ти е едно големо семејство. Нека остане засекогаш мирно и сталожено.

    Еве на сите по едно бонбонче. :D

    [​IMG]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.