Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Како бе тоа да се немало осет кај се наоѓаш.. ма неможам вакви луѓе да поднесувам..ко дома да е, се дере на улица, во парк кај стигне.. и не и текнува дека НЕ Е ДОМА! Ај збори и навредливи зборови веќе кога си почнала али барем тонот понизок.. на цел глас се дере.. алоо.. можеби некого навредуваш..цц! Какви се луѓе бре.. може не се нашла во таква ситуација.. ама вакво нешто не сум видела!
     
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Да се биде или не ? Да го поминам летово како секоја друга девојка на 20 год или пак да си останам дома?
    Сеедно , веќе уплатив одмор во Грција па што биде нека биде . Како што е веќе добро познато анксиозноста е таа којашто не ми дава мир и заради неа веќе три години по ред немам идено на одмор. Епа стварно ми е преку глава да се затварам дома и да се бањам само по базени , сакам и јас да живеам, ако не го правам тоа сега којзнае за понатаму дали ќе имам можност . Решена сум , ќе идам и ќе си поминам најубаво ! Ќе се потсетам на старите добри времиња кога живеев нормално, и не , нема да ми е лошо ! Си ветувам себеси ...па заслужив ваљда.
     
    На ines.h, LivingGlam, maca99 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    ПМС - ов почна да ме дрма, мислам дека денеска му беше кулминација.
    Се испокарав со сите, отерав у три лепе све живо и диво, депресија ме фати, глава почна да ме боли од нервози, и како врв на сe` на сред улица така фино, ни две ни три си залипав во јавност.
    Браво за мене. :clap: :bow:
     
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Џабе фалењето за одмор, и нестрпливоста да дојде. Не идам, плановите ми се сменија. Финалето на фудбалот ми е на 27, а јас на 26 треба да идам. Ма нема шанса, не пропуштам јас тоа. Мани тоа, другото е што нема ниедна моја другарка да иде, требаше да идам со две пријателка со која си имам само здраво, брат ми вика не сум била дружељубива, како бе на некој/а му се свиѓа тој/таа, ајде Памела иди запознај се ти, па и мене ќе ме запознаеш. |( Не ми е до тоа, ама повеќе ми се допаѓа да шетам со другарките мои по улица, и да се смееме како ненормални, отколку таму да бидам како 13-то прасе. Сите што ќе идат си се по 3-4 деца, другарки. Криво ми е ради концертот на Чолич, ама тоа е.
    Додуше уште не ме ни отпишала мајка ми од кај наставникот, ми рече до понн. да размислам, за после да не се каам. Ама нема, знам. Брат ми се нервира, пошто он ќе дојде на 28 ми вика да не се секирам за друштво, со него ќе излавам, со него ќе шетам, заедно ќе бидеме. Ама не е тоа-тоа. Си ги сакам јас другарките покрај себе, сакам да бидам со нив и крај.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Знаете, секогаш ја сретнувам онаа реченица во книгите, не сакаше да каже на никој, бидејќи ако веќе е кажано тогаш станува и реално, ама некако не можев да почувствувам, ама сега знам како е, па и повеќе од тоа. Оф што ќе се прави... Животов така си тече мирно, мирно, па кога ќе фатат бранови да не знаеш кој да го фатиш.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Не знам до кога во нашата држава, бетони и позлатени огради ќе бидам многу повредни од човечкиот живот. Тотално сум разочарана од нечовечноста на луѓето. Да ти ебам парламентарци, министри и се', кога немаат осет за хуманост! Ебано е кога некому не му даваш шанса за живот, и асфалтот и сите ебани статуетки кои ни го направија градот суров и грд се побитни од се'. Секогаш ме растажува моментот кога ќе прочитам дека некој моли за последна шанса и не ја добива.. не знам како некому не му дава бар малку мир во срцето со тоа знајеќи дека пружил прст. И онаа кога на Томи вујко му постира слики од него..од последните негови среќни денови, срцето ми се пара. Се изнаплакав како мало дете. Колку посакував да имав моќ да помогам без граници.. знам дека животов е тотално неправеден и може да се случи цел пресврт за мили секунда, ама нечовечноста зошто?
     
    На Stoimenovska, Johny, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Уште недела денаа.... :) :) :)
    Ќе се превртувам upside-down! :dance: :party:
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека некои работи со тек на време ми се се` појасни и појасни. Значи страшни биле ова муживе (има и исклучоци, да не генерализирам). Нејќам да биде постов апла во кукање, има и женски вакви, ама денеска врвот го достигнав у се` што сум гледала.
    Ако у блиска иднина си фатам дечко ќе му земам корпа за на уста, како на кутрињана, а за понатака ќе му купам боди без нитни за закопчување. Мајке ми веќе не верувам во ништо. :D
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    СДК дека страшно многу ме боли грлото.Со вкус на крв, ми загнојале крајниците.
    Ама тоа ти е, пиев ултра ладен сок ко луда, нешто како гранита до толку беше замрзнат! :!:

    Иначе убаво ми е бе.Задоволна сум прекрасно си поминав.Не е битно каде си туку со кој си.
    Е така.Да си знам.
     
  10. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Со тек на време, сите се поќе и поќе ме зачудват, во неуба смисла :worried:
    Зарем сум единствената шо така мисли?
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Се вратив, жива и здрава фала на питање, со свежо форматиран компјутер, заљубена сеуште и активен планирач на одмор. Жими се ми недостасувавте. :*
     
    На Monna.Monna, Doozy и pamelche им се допаѓа ова.
  12. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Пара марака нарака зарака.
    -Солзи и смеа: Мотор

    И другачката ми прати порака дека батето е убаво,а истовремено батето ми вика да си го проверам телефонот, другарка ми ќе ми ѕвонела.
    Ама, не ја имаше тогаш пратено пораката кога јас си го проверував телефонот.
    И после видов и фолклорно се насмевнав.
    Toa, шта да ти причам.
    Денес две работи забележав.
    Дека девојките што работат на промоција, се промовираат, да не речам се проституираат.
    Ноу хард филингс,ама кога ги видов живот ми се згади.
    И не, не им љубоморам дека се згодни со убави тела, нешто што јас го немам на пример и си признавам,ама тие мислат дека им љубомориш до бескрај, као демек има на што да им љубомориш.
    Ма, немој. И јас да не си пијам пивце и да се потам во теретана или во нечиј кревет, ќе имам убо телце, ама мене ми е топ со малку стомаче и широчки колкови.
    Ама, мозокот сестро.. е на мозокот би сакала да ти љубоморам,ама тоа е невозможно.

    Другата работа е, како ние нон-стоп се жалиме дека мажите не сфаќаат колку е тешко да си жена. Како ние сме способни да издржиме на штикли.
    И ете едно момче реши да си ја испроба среќата и да облечи штикли. Одеше како преебан и ги искрши сите табуа кога е во прашање актуелната тема хулахопки и сандали, а овој си носеше бели чорапчиња и сандали. И топ му беше.
    Пооде 2 метри и се откажа, пред да излези маженственото во него и да ги искрши.

    Не е битна информација,ама тоа е што е.

    И последното нешто за вечерва
    Бадел + airways лилави. Ми недостигаше тој мирис.
     
    На pamelche и beached им се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Го прочитав ова:
    и ми текна на школските мои у јуни месец.

     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    СДК ...Си пуштам музика,а таа ги обликува моите мисли.Читам поезија-размислувам за љубовта,осаменоста,животот.Се дружам со компјутерот и целиот цвет ми е виртуелен.Ноќеска ги гушнав децата,и почувствував колку е голема силата во блискоста..Разговарав многу..И која е поентата на ова што го напишав...мислите се наш живот,Со што се храниме и што земаме од нив?
    Кога некој ќе осети љубов,сочувство,разбирање,подршка,кога почувствува дека постои радост,среќа,или напросто живот,тогаш и тој е таков.Во овој случај јас.Ме заразивте едноставно.И ви благодарам за тоа.На сите.
     
    На 1209, portokalova, Elenuskaa и 2 други им се допаѓа ова.
  16. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    СДК ееј па не се смувавме тогај!
     
  17. portokalova

    portokalova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32
    Значи упорноста СЕКОГАШ се исплати. Уште еден доказ плус, уште едно искуство кога мојата упорност се исплатела! Девојки, бидете упорни и се ќе исплати на крај.
    Сега кога картите ми се поклопија, сакам да избегам некаде, далеку од се, да се одморам... САМА!
    Значи се одалечив со една од подобрите другарки. Не знам зашто, едноставно без врска така. Може денес да се видиме, утре, ама работата е во тоа што НЕ НИ САКАМ да ја видам :^) онака сеедно ми е, и како со сила би отишла со неа на кафе. Некои луѓе стварно можат да ти дојдат преку глава. А башка ја знам каква е. Што и да се прави во друштвото, да биде од нејзина корист. |( Бог да чува! И воопшто немам потреба и не ми недостига муабетот со неа.
    Жал ми е што вистинските пријатели ми се бројат на прстите од едната рака....
     
  18. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Животот си тече. И дури да трепнеш многу нешта останале зад тебе. Изживеани или недопрени. Сеедно. Веќе поминале.. А да, тажно е кога со носталгија се сеќаваш на некои мигови кои до вчера си ги живеела. Чудно. Премногу брза животов..
     
    На lovely91 и Bright им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.581
    Допаѓања:
    43.107
    Пол:
    Женски
    Ме учеа да играм билјардо и демек се научив :^) Имав некои моменти кои непланирано испаднаа професионални или тоа беше само мотивација, од кај да знам никогаш немам играно.Интересна вечер, како и да е.

    СДК уште и дека ужасно ме нервира кога има свадба и кога бабиштата без срам и перде се местат најблиску што може до сватовите, нели да пратат ситуација, мислам на бабиштата од маало кои излегле да ја видат невестата.И потоа на сликите некаде во позадина на убавите млади гледаш некоја баба со домашни влечки, престилка и завидлив поглед и ситуација како да расипеш фотографија.Уф, значи јасно ми е сите сакаат да ја видат невестата ама има тараси нека застанат таму и нека гледаат не мора да се у центар пажња.
    Многу се притресувам јас ама ужасно ме нервира, тргнувајќи од фактот дека здравје и мојата фотографија некогаш може да биде уништена од таквите како нив.

    И уште, морам да признаам дека си поплачав малце затоа што брат ми изгледа раскина со девојчето.Знам дека ја сака и тоа ме боли...јас не сакам да го гледам моето братче повредено.Секогаш и се карам на мајка ми да не се распиткува така кога го гледам дека е нервозен и тажен, зошто е таков не коментира многу, ама мене срцето ме боли.Млад е знам, ќе најде и друга...не е за маана девојчето е младо ептен нормално дека сега сака да живее...ама одеа година и нешто и кога го гледав со неа ми беше ќеф зошто беше среќен, вистински, се смееше и се тоа.
    Ајде ќе се помират можеби, ама ете грутка ми стои не затоа што прекинаа туку ете така мразам кога е тажен.

    Си врви летото.И фино е, топло, влажно, весело, бидете ми и вие такви со него и не се жалете на високите температури, позитивно е за време на се*с.
    Пријетно.
     
    На pamelche и kravce им се допаѓа ова.
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно што е со луѓево и нивната човечност, пардон нечовечност.До кога ќе гледам личности кои си гледаат само за себе и само за да си го задоволат гзот(извинете на израз).Денеска едноставно се разочарав од луѓево.Бев излезена со мајка ми, а таа на штаки не може да стои, лошо и е и моравме да си одиме и одиме кај колата, кога некој тип од обезбедување ја оставил колата пред нашата.Мајка ми не може да стои, ќе падне жената, јас свирам никој не реагира.Кога се вртам гледам дечко од обезбедување си седи во сендвичара си јаде и си нема гајле.И мајка ми го замоли да ја тргне колата затоа што ќе се онесвести, а дечкото уште почна да вика, како на раат не можел да јаде |( , па како му било гајле што и било нејзе.До кога вака?До бескрај, никогаш нема да се освести народов...И еве со сето срце ги фалам ретките хумани,човечни и добри луѓе, останете такви како што сте и помагајте! :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.