Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    доста ми е од нервози и негативни мисли
    проклет да ми е карактерот и све песимистичко нека се гони во бифша југославија!
    него да не тропам само ко тенџере без врска
    Нема више губење време
    секоја минута ќе ја искористам за нешто
    ма вредна ќе бидам бе..ВРЕДНА!него како...
    ајде нека дојде следната среда више проклета да остане
    не се трпи Скопјево у жешково..
    ма сакам филмско лето...ах доста си замислувам
    право у креветац! :!:
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Грешка направив вечерва што се зачитав во темата „Смешни мислења“, се изнасмеав, не ќе можам да спијам сега :D Ми иде да отворам уште една таква тема, и пак да ги постирам некои од што се смешни :rofl:
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК, по милионити пат заклучив, непланираните журки носат одлична забава. И покрај моето целодневно мркорење |( , превртување очи и измислување рачки, вечерва се наполнав пиво, се дополнив со мезалук, и се претура позитивна енергија низ мене. Пу, мрчатори(демек јас не :wasntme: ), да си апнете од газот, зашто и селска слава да е, треба вакво издувување. И со извинение, ама и Скопјани малце да „одморат“ од продавање пуфки дека се се случува во нивноно катче ^_^
    Сега, драги мои феминки, СДК одам да ја ширам енергијава, да љубам по цел ден, и да фаќам боја на зајдисонце, зашто мене тие 10 степени подолу што ги најавуваат ништо не ми значат.
    Имајте исполнета и насмевната претстојна недела, се читкаме тек за едно 5/6/7 дена ^_^
     
    На Gordana10 и DeMelo им се допаѓа ова.
  4. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Па добро и тие што имаат стрии нели смеат да се сликаат ц'ц'ц сепак можеле да ги скријат па до толку такви слики на фб ептен забегале ахахаха.
     
  5. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ми се допаѓа насоката низ која почна сега животот да ме води :| Не знам што може да ми донесе. Или добро или лошо. Едно и онака ќе да е. Само страв ми е. Не знам дали јас сето тоа ќе можам да го поднесам. :?:
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Само дома си е дома... :)
    Зашто го сакам Скопје?
    Зашто е реално. Сурово, намрштено, со болка во себе и се осеќа тагата која ја носи.
    И пак, за мене единствено и најпрекрасно.

    Еее носталгија :D
     
    На Anna-Banana и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Леле бре луѓе, се зезавме, вие па се’ озбилно сфаќате. :D

    СДК многу е убаво кога секој ден стануваш во 6-7 саато. |(
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    3 дена без Скопје, без пеколново време, без љубениот, без интернет. Ова последново ни малку тешко не ми падна. Ама не дека бев во Зимбабве, ама дома си е дома, каква и да е, ми недостасуваше. И вие исто така, сега малку да одморам, па со ред нате нане ке ве читнам сите! :)
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    благодарам до сите феминки кои ми го честитаа роденденот :* :hug:, а тинкер бел ме насмеа за брчките :D дека бостои ботокс
    вчера на медитација кога ми пееја хепи брдеј полека но сигурно се топев ко коцка шекер :$ -си добив и мал подарок за спомен дури и едната од членките ми честиташе потоа три пати :D да не е таа жена, јас незнам што ке правам(докторка е , и многу сум и благодарна за хомеопатските лекови-на природна база се, и што е најважно многу помагаат) што не може медицината да помогне, алтернативната медицина може :)
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Адиии ис ат хомеее :hai:
    Го имав најубајот помин еверрр,, од сосема нерасположена, јас најмногу пеев и најмногу играв од сите, ме расположија друштвото, падна и по некоја солза али то мораше да се деси, од песните беше :)
    Се изнапив пиво 8) , ахх ај нека се повтории..
    Прилепе стално ме изненадуваш со нешто, и овај пат беше така 8)
    Отидов јас да се капам, оти на чоек не личам, едноставно смрдушкам :wasntme:
    Имајте убав денн :) , насмевнете се и животот ќе ви возврати со насмевка :)

    Ве поздравувам со неколку песни 8)
    http://www.youtube.com/watch?v=gfYTqcSlLuY
    http://www.youtube.com/watch?v=rtNEgu4j ... re=related
     
    На kate21, Monna.Monna, firequeenn и 3 други им се допаѓа ова.
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Здаво феминки :inlove:

    Откако почна летово пишував ретко... Новата работа повеќе ми беше теренска, а после работното време гледав да шетам и да се одморам...

    Но, веќе почнав и со канцелариска работа, секако со компјутер и интернет :lol: па дружењето може да продолжи. ;)

    Поздрав до сите и уживајте во претпоследнава недела на Јули....Некако брзо поминува времево... :P
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    СДК дека старчето шо е во мојата улица сакам да си го посвојам и да ми биди дедо :inlove: .Толку е мил и добар што ми иди да го изгушкам цел и никогаш да не го пуштам.Сам е,жената му почина уште пред 15 години и од тоаш сам се пери,чисти,готви.Живее за летото и за периодот кога ќе му дојдат внуците и ќерка му од Шведска.Прероден е,има неизмерна среќа во неговите очи,се радува како мало детенце на кое што сте му дале чоколадо.Се сеќавам ког бевме мали и кога шетавме низ куќи за Коледе и Василица најмногу сакавме кај нив да одиме дека секогаш ни отвараа и ни даваа дури 100 денари. :o Ние деца тогаш и бевме ќефој,не дека тогаш тоа било нешто ептен големо,но ете мене ми остана нивната добрина во мене.Секој ден кога ќе врвам покрај неговата куќа се трудам барем 15 минути да си направам муабет,бидејќи заслужува и повеќе од тоа. :inlove:Уф ако можеше да се посвојуваат дедовци дефинитивно јас би него :inlove:
     
    На sweet-cherry, kate21, green.eyes и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    [​IMG]
     
    На Glossy-girl и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  14. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    СДК дека понеделнички очајно ми се спие ,а работниов ден допрва ми почнува ,18саати треба да бидам на работа аааа мислам дека ќе полудам стварно незнам како ќе издржам :worried: Аххх 11 август кога ќе дојдеш да заминам од пеколно жешково Скопје и да се одморам покрај прекрасното јонско море :sun:
     
  15. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Незнам што да правам од досадава, буквално времето од 8-9 часот кога ќе се разбудам, па се до 18-19 часот приквечер, ми поминува во дремење, пиење апови, мачкање со секакви масти, ужас. Мораше сред лето мене да ми се задеси нешто, стандардно како и секоја година.

    Морам да стапам во борба против досадата, вака веќе не иде.
     
  16. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Ама го мразам нашиов ни бирократски систем, чудо едно. За едно парече харија, толку чекање, малтретирање. На кого се нема да наидеш, од неписмени лица до вработени кои апсолутно немаат никаков интерес за работата. Чекање во редици, а човеков немал бланко за државјанство, па уште вика почекајте 1 саат, како божем тоа ни е единствената работа. :@

    Него ај да кажам и нешто убаво. До пред малку на гости ни беше тетка ми со внука ми (на прв братучед ќерќичката) која има година ипол. Убаво си поигравме, пеевме, пишувавме. Малава е комедии ама многу ја сакам и секогаш ми е забавно со неа. Абе срцка :inlove:
     
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас пушам иако не ми прави кејф ама морам поради занес разбираш?! Кога сум во град чоЕче толку пушам што раката во кафич ми е стално под маса оти не сакам од дома да ме разберат, ке ме сокршат од ќотек. Инаку јас пушам бе :wasntme:

    -Ми се лоши од такви девојчиња по готово, кои пушат само од занес и бидејки ги тепе некој филм, а не бидејки се страсни пушачи. Ги гледаш се дават таму од чад, и цигарето им догорува под маса оти од секое ќоше може да изникне некој кој ке ги каже дома, и после проблем... Ако си п**ка како што се замислуваш пуши сите да те видат, ако не пак, пуши нешто друго, така мајка ти и татко ти секако нема да те дознаат. :wasntme:
     
    На esperanca, Lepaaa, manja666 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    прв пат СДК едвај чекам летово да помине! :@ Сакам температура до 25 степени!
     
  19. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Да беше некое друго девојче, некоја друга другарка ич уво немаше да ми чуе дали ми се скарала поради машко или не. Не ми треба таква „другарка“, затоа што ако еднаш се случило верувам дека повторно и повторно ќе се случи. Ама како да не се замарам со тебе? Со девојчето кое иако постојано си водевме инает и не можевме да се одлучиме која е поголем инает имав толку убави моменти? Со девојчето кое се запознав на толку необичен начин на толку глупав форум? Со девојчето со кое иако имавме различни вкусови секогаш се согласувавме? Со девојчето со кое мислев дека имам вистинско другарство? Со девојчето за кое никогаш не сум помислила нешто лошо па не знам колку и да си ме изнервирала? Со девојчето на кое никогаш не сум помислила на било кој начин да и наштетам? Со девојчето со кое за толку кратко време толку многу се зближив? Со девојчето кое беше причината за најубавите моменти во претходните три години? Како да не се замарам со тебе после сето тоа што го имавме? Постојано се лажам и себе и другите кога ќе ме прашаат дали ми е жал што сме прекинале да збориме, а јас ќе одговорам со едно ладно не. Во суштина многу ми е криво и жал што сè заврши на овој начин. И ако не се реши ова и ако не продолжи како што беше секој пат ќе се обвинувам себе си.

    И ако случајно го прочиташ ова знај дека те сакам како ниедна друга другарка. :hai:
     
    На swag и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184
    Оф, уште ме болат стапалата од тие штиклите глупави. Веќе не ги носам никогаш! Добро, освен до дома да си отидам, не можам боса.
    Кога сме веќе кај боса, вчера со телето мое шеткавме малце, па на симнување од бус си купивме сладолед, али од штикливе пусти, стварно веќе не можев да одам, па мораше да ме носи по неколку метри на паузи. :rofl: :tmi: Откога веќе и тој се умори, ми вика па собуј ги и оди си така. :D Јас е како така, не можам :o. Накрај за и тој да биде солидарен и да ме охрабри, и тој ги собу патиките и двајцата одевме боси. :rofl: Е тоа ти се вика љубов! Не беше ич лошо, асфалтот беше врел, а блиску бевме до него, едно 100 - 150 метри, плус темно ... Али сепак, се надевам дека никој од комшиите не не виде. :tmi:
    Пред саат време се расонувам, тој заминал на билдинг, ми оставил четка за заби на лаптопот и една банана, до нив една баничка со сирење и ми пишал со тој шашливиот ракопис - Има јогурт ако сакаш! Те сакам :l:

    Не прави вакви чуда, не знам што го треснало. :lol: Али ако, бар се разбудив насмеана и покрај лошото спиење, се вртев цела вечер, па изморена сум била ептен, штом дотолку лошо се осеќав.

    Инаку, се секирам за друго јас. Никогаш на раат, мора да има нешто за замарање. |(
    Осеќам дека деновиве ќе ме посети тетката, а тек ми е 18 ден според податоциве на феминава и треба на 25-6 јули, оти мене на 28 дена ми иде, редовно секогаш. Последниов пат ме изненади, на 24 ден пристигна, 4-5 дена порано. Сега гледам дека се спрема и за порано. Ако се случи тоа, не знам што ќе правам. Не ми се оди веќе по доктори, за настинка, па за желудник, па за трето ... Сега и за ова, доста ми е веќе. Само не знам што можело толку да ми го изремети циклусот, не ми е јасно.
    Ај се молам бар да почека уште една недела ако не повеќе. :|
     
    На Lepaaa и kravce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.