1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Ме чуди понекогаш реакцијата и одлуката на некои добри луѓе кои разочарани од нечовечноста на другите луѓе, се претвараат во негација на самите себе и се трансформираат самите во лоши луѓе. Фактот што некој бил неправеден кон нас и (или) не' повредил во минатото, не ни го дава правото и ние добрите (или барем оние што се сметаме како такви) да се претвориме во лоши и себични луѓе, со гордата изјава: 'Од сега и јас ќе бидам себичен/себична и нема да се секирам за другите'. Искрено добар човек ќе се повреди сам себеси, својата совест и своите принципи и вредности, доколку се обиде да глуми и да биде тоа што не е - лош и себичен. Да се биде лош кон другите, за добрите луѓе значи, да се биде истовремено лош и кон самиот себеси ;) Едно е да се пазиш од лошите луѓе, и да си останеш свој и добар, а сосема друго е да се претвориш и самиот во лош човек.

    Попрво би оправдал одлука да се биде од утре лош и себичен, како свесен сопствен избор, а не како морално оправдание оти другите не биле добри и праведни кон нас, па ајде сега и ние да бидеме такви.

    Никој не ги натерал добрите луѓе да бидат добри против своја волја ;) Повели, имај муда и храброст, и биди морално ѓубре, лош и себичен, ако можеш!!! Нема шанси. Дури, на некои добри луѓе, им треба курс по 'Лошотија и Себичност во функција на самоодбрана и самозаштита': Како да им речам НЕ на другите; Како да не ме згазат другите; Како навреме да препознаам и побегнам од негативни луѓе...

    И не мислам дека лошите и себичните се посреќни од добрите и искрени луѓе!
     
    На Bubbi, Abeja, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  2. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Не се сеќавам кога олку сум се забавувал со добро друштво.
    Три дена надвор од дома без технолоџи и глупости.
    Осеќам се препороѓено! :sun:

    У шатор спиев бе! :!:
     
    На calliope, Monna.Monna, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Си пуштив некоја солза синојќа, не дека тука нешто ми фали, ми недостига но ми ФАЛАТ ТИЕ што ете не се покрај мене за сега.
     
  4. Webstica

    Webstica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    52
    Кога бевме мали животот беше полесен, нели? Да, навистина така изгледа. Но, вистината е дека животот сe` уште е лесен. Секогаш ќе биде. Единствената разлика е што колку повеќе старееме, толку повеќе самите си ги комплицираме работите. Кога сме деца на животот гледаме преку едноставни очи полни со надеж. Знаеме што сакаме и немаме набиена агенда.

    Ги сакаме луѓето кои се смеат, ги избегнуваме намуртените. Јадеме кога сме гладни, пиеме кога сме жедни, и спиеме кога сме уморни. Како што растеме, нашите умови потпаѓаат под негативните надворешни влијанија. Сè се менува. Почнуваме да водиме сосема спротивен живот на оној кој навистина треба. А толку е едноставно.

    Животот не е сложен. Ние сме сложени. Животот е едноставен и едноставните работи се оние вистинските кои треба да ги правиме.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.551
    Допаѓања:
    174.601
    Со Господ напред,отидов јас....

    Држете ми среќа....
     
  6. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Цело сабајле тргнувам да напишам нешто,али никако до крај.
    И боље.
    Барем сега можам да глумам дека сум сасвим океј,кога веќе не сум им признала на другите како ми е...А толку добро можам да глумам среќа,што вероватно никој нема сфати дека е само вештачка насмевката.
    Одамна престанав да се обидувам да ги разберам луѓето.Сега само се обидувам да ги сакам,некои се обидувам да не ги убијам и тоа е тоа.

    Значи денска важи старата добра-Ако веќе ти е лош денот,барем ти изгледај добро.
    Пробачемо.Свилената блуза,блексавиот ланец и јакиот парфем се надевам дека ќе се од помош.Ајт.
     
    На manja666, Johny и maca99 им се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Отсекогаш омилено годишно време ми било крајот на есента и преминот кон зимата. Онаа мрачност, сивило, студенило, особено наутро во 6-7 саатот. Соголени гранки и тепих од златни листови под дрвата, магла, ветар, дождови. Последни подготовки за зимница. Ма ја обожавам сета таа меланхолија надвор. Јас сум зимско дете и есенско. Ајде нека минат овие горештини веќе. Не го сакам летото, не.

    И да утре фајнли ќе ја видам другарка ми. Ќе дојде овде, јухуу.
     
    На stetoskop, teddybear и maca99 им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК гел за туширање, шампон, спреј за тело, парфем, се со сладок мирис :angel: :angel: :mm: :mm: бре се осеќам, џоа бебе :D :angel: несвест :rofl:
    Па водава, милина :angel: ех колку е драгоцена,посебно во летно време :D
     
    На k.i.m, Monna.Monna, Glossy-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    203
    Сакам да кажам дека ми е преку глава од луѓето да ми кажуваат што е најдобро за мене, на кој факултет да се запишам, ќерката на овој учела ова, синот на оној учел тоа и тако даље... Уште од сега ми прогнозираат дека нема да успеам, дека нема да најдам работа, дека дома ќе седам! Како можат родителите да го демотивираат сопственото дете??!!! ;(
     
    На simon4etooo, anneyy, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    4.327
    Пол:
    Женски
    СДК дека времево не е како што треба дај нека почне да врне да залади малку не се издржува озбилно ... идам под туш зошто ќе приумрам !
     
  11. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.783
    Допаѓања:
    162.985
    Едно сељачиште пишало на твитер- покојна милева ја пишува по нашите портали, сега сите сељаци ќе почнат да твитаат. Си замислувам како го галкам по косата и онда туп по челото. Простак. Дефинирај сељак. На пример за мене сељак не го дефинира само музиката што ја слуша. Имам начекано такви сељандури што одат во Капан ан и фураат уметнички фазон,па пак се сељанки и сељачишта пар екселанс. Огромно сељаштво е коа некој упорно замара со тоа што јадел, твита за љубов,а по твитот ќе видиш дека се работи за ниски страсти и очајно его кое мисли дека е заслужно да биде лав. За мене сељак е секој без култура,основна,а може да биде и најуметник и авангарда у свет. Сељак е и оној кој чита лоша литература,а се јача дека е јак пенис. Не можеш да читаш чик лит и да те сметам за авангарда,интелектуалец или што и да сакаш да бидеш, разбери...тоа е,живот...

    И не брини брацо,нечу твитати, твоите другарки сотвитерашки, нема да можат да ми крадат цели реченици од фемина(а не само мои,туку и на други форумџики) и преведуваат од фамозната celava_ti_mama ,ќе останат на нивните досадни твитови кои содржински се исполнети само за нивните желби,навики, животни активности за кои цело човештво и баш и не му е гајле,ама не,ок е да ги сврстиш во категорија - интересни твитерашки. Мрш бе таму!

    И од другите новости,во мода е секс без оргазам. Паѓаат стандардите,паѓаат. Поише се концентрираат маживе да си го еректираат егото,а жените се повеќе се фригидни. Тоа се вика прилагодување според условите. Дај шта даш... Ме изнасмеаа. Паметен начин на глупата и површна жена, заинтересирана за помодарски,минливи нешта да падне на актуелен тренд. Па онда станува бичоидна и фрустрирана. Кај пошо нема пари да ги изнакупи сите партали на светот,па уште и незадоволна.

    Абе оддамна реков,со чест на исклучоци, не верувам на помодарки. Некои што сакаат нека облечат, промаја им цури низ уши и нос. Ни харизма,ни да ти понуди нешто,ни муабет. Само да се кокодакало за глупости, се чекира по кафичи (Арабеска, Тренд, Ч-ч-чаааао),топ тема љубов и некои емоции за кои не поседуваат капацитет да ги имаат,ама ете чуле дека постојат,па онда го лајка на фејсбук The vow, a walk to remember,има амбиција да биде женичка со актовка и позиција, за да се изживува над пониските од неа, за да создава завист кај останатите и да има многу парички да купува,многу,многу облека,да оди на Бали и да се слика под палма,а никако да научи за културата на мештаните и било што такво,а при тоа сфаќаш ЈА САКА САМО ФОРМАТА,ама поим нема што би работела... Хај фајв,ин а фејс,уит а чер! Па да видиме, да постигнеш нешто такво прво,треба да имаш душа,разбирање и широка култура,а ти дарлинг со Лавиринт од Мос и такви некои шабанарии од литература,можеш да просперираш најмногу како секретарка на шеф со изразено либидо,ништо поише...
     
    На Bright, esperanca, glow и 16 други им се допаѓа ова.
  13. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Мили мои,конечно после заслужениот одмор повторно се вратив тука :) Исполнета со многу позитивна енергија и нови другарства пак се досадувам во пеколново Скопје каде ништо не се сменило за овие 15 дена.Ми фалеше мојот град и луѓето тука,но факт е дека постои некоја негативна енергија што струи во воздухот.Се би дала да можев уште неколку недели да си останев на одмор зошто буквално заборавив на се што ме мачеше тука,но не за џабе рекле се што е убаво кратко трае..
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    ... чачкам низ компјутер, и налетувам на фотка каде што љубениот ми зјапа директно у деколте.
    Па му ја пратив, да се засрами, а он ми враќа на скајп - и да знаеш се' ште ти го зјапам.

    Се стопив луѓенца, чиста РОМАНТИКА.
    :$

    За остатокот од вестите од светот - нема никогаш да го сфатам она - речи му, па речи му, за негово добро. |(
    Кое добро луѓе, не е повреден, не е несреќен, напротив, посреќен е од кога било, насмеан, конечно ужива во животот, ако вам не ви се допаѓа неговиот избор на девојка, ваш проблем;
    нема вие да спиете и да ручате со неа.

    Брееееј, невоспитаност.
    Интервенирам само кога сум учтиво замолена за помош или гледам дека личноста е особено унесреќена.
    Остатокот од времето не ме занима што се случува зад затворени врати.
     
    На bittersweet, teddybear, Miss-Independent и 7 други им се допаѓа ова.
  15. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Сакам да одам на кампување, да се издувам и да си ги расчистам мислите.
    На некоја планина, покрај река со шаторот од татичко, да си седиме покрај оган и другарите да свират на гирата песни од Бјело дугме, Рибља Чорба, Плави Оркестар, да пееме и да вдишуваме планински воздух, да се смееме и да заборавиме на секојдневието... :wasntme:
    Ми недостига времето кога со мама и тато одев на такви кампувања и се враќав со полни батерии. :angel:
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека летово ми е уживанција, шала на страна. На моменти се обвинувам себеси за брзото темпо на живот што го терам, ама потоа сфаќам дека ќе трае уште еден ипол месец и после - њема. :D
     
  17. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Негирам. Негирам дека ја нема. Не сфаќам. Не ми е јасно. Очекувам да влезе од секоја врата, да се појави од секое ќоше. Да го извика моето име гласно, да помислам дека и‘ е лошо, а само да ми рече, подај ми го даљинското. Да ја прекорам, со насмевка. Ми недостига да ми измислува прекари, небаре и да се од турски серии, нема да ми сметаат. Да ми рече да јадам. Едно милион пати во денот. И кога ќе се најадам, спокојно да се насмее, па за половина час да ме прати пак во кујна.
    Ми недостига. Нејзиниот мирис кој безнадежно го барам во нејзината облека. Гласот кој иако груб ми беше мил. Звукот на нејзините чекори. Нејзиното гласно и болно чукање на срце. Ми недостига таа. Целосно. Мојата поддршка, љубов, семејство - и мајка и сестра и баба.
    Душа нек ти љубат облаци.
    Не можам да прифатам, иако пишувањето на ова патетично текстче го кажува спротивното. Патетична сум. Игнорирајте ме. Некаде морам да напишам.
    Излишни се сега сите желби за враќање на времето, кога не поминував доволно време со неа. Се надевав дека ќе имаме повеќе, баш како таа што ми ветуваше.
    Но животов е шмиргла која не губи од својата острина. Ќе бидеш исбрусен додека не достигнеш некој степен на мазност. Дали мазноста би значело да сме рамни, да ги изгубиме чувствата? Дали можеби и треба да ги изгубиме, за да не патиме повеќе? Зошто патиме? Дали константната повреда, не би не направила посилни туку уште покревки?
    Таа беше покревка од било кога. Сега ја нема. Или е тука меѓу нас, не знам. Не се мачи повеќе, тоа некако ме успокојува. Или се мачи уште повеќе затоа што не е со нас. И онаа потреба од религијата, кога ги добиваме тие чудни и параболични одговори на нашите прашања.. Навистина имам потреба да верувам во нешто, дека е добро, дека не ја боли. Го одбивам фактот дека ја нема. Зошто ја имам таа потреба сега? Таа никогаш не ја губеше вербата. Јас не знам.
     
    На green.eyes, stetoskop и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Неизвесноста ме боли , иритира , излудува ! Овој период кога сум во исчекување на нешто ми е неподнослив , неможам да спијам , да јадам , не функционирам нормално и едвај чекам да дојде и тој момент да се соочам со нештата . Барем ќе го знам финалниот исход - каков и да е , и нема да се измачувам замислувајќи си ги сите овие сценарија кои што се во мојава глава.
    Проблемиве како да немаат крај , таман кога едно ќе се реши се појавува нешто друго и така се во круг. Ги решавам со лажна насмевка и лицемерие спрема оние кои што мислат дека ме победиле .
     
    На cinderella5 и IndieGirl им се допаѓа ова.
  19. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.783
    Допаѓања:
    162.985
    Да се прашуваат некои луѓе и ова би било нормално и здраво...
    http://off.net.mk/bookbox/aristotel-jelena-i-alan-ford
    А она мисли дека е паметна и успешна. Јадница.
    Колку знаат релативностите да те утепаат. Колку ти е помал светот,толку се чувствуваш голем во него и патиш да газиш со штикла. Ме јаде туѓиот срам. Ненормална работа.
    Ама што,разбран човек професоров,па им дал шанса на сите категории на суштествија да си го покажат знаењето. Па онда тие кои ќе одговорат на прашањето со Јелена ги паѓа на испити. Трол професор! :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.