Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    http://www.femina.mk/новости/истражувања/жените-денес-се-поинтелигентни-од-мажите
    Кога ја прочитав статијава си реков булшит.
    Немојте бе фемино редакцијо со вакви испади, зошто навистина е навредливо ова..
    Кога ќе ги прочитам коментариве и кога ќе помислам какви се не фаци ја имаат лајкнато на фејсбук па со сестричките ја величитат вистинитоста на статијава, се навредува цел женски пол и цела статија ви пропаѓа во вода.
    dobro ytro i na teb e.

    Не сакам да ги навредам Албанките на форумот, ама ова е исто како со спорот со шиптарите( и намерно викам шиптари затоа што само тоа ме асоцира на неандерталец што че го пука all day and all night ratata!)

    Тоа.
    За мојов живот ништо интересно да кажувам, па ете ја користам приликата да кажувам за други.
     
    На Tenkai, thinkerbell, antonina и 6 други им се допаѓа ова.
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    СДК дека конечно си одбрав такви купачи какви што сакав...Пробав премногу модели и различни бои и си најдов нешто по мој вкус. Сега сум спремна да одам на одмор :lol:
     
  3. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    После 1 недела вежбање, почнувам да гледам резултати. Стомачето се враќа полека на место, а тоа спојлерите можам да кажам дека одат doooooown. ]:) :D :D

    Во домашни услови, со без многу напор, презадоволна. :clap:
     
  4. milenna.torres

    milenna.torres Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    120
    СДК дека многу ја сакам Hurem-Aleksandra :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :* :* :* :* :*
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас сум разочарана од вас колку што сте вие разочарани од мене.
    Најискрено.
    Мислам, веќе не ми е ни гајле што правите. Јас и онака не припаѓам во куќата.
    Факт е. Светото тројство владее и одлучува. Мене кој ме е*е, и после сум отсутна.
    Ха, не ни сакам да бидам присутна.
    Немам апсолутно ништо заедничко со домов. Никогаш немав.
    Од кога дојдовме тука, се' ми се уништи.
    Не сакам да имам пријатели одовде, не сакам познаници, не сакам да ги гледам луѓето.
    Сите ми се гадите.
    Ете таква сум, гадлива на други.
    Смачено ми е од мочаната беспарица, од нервозите и од изигравањето часни браЧа и сестри у фамилија.
    И чисто, џаст фор да рекорд, за промена, овој пат не ми се плаче од бес.
    Не сум ни бесна.
    Земете ми се што имам ако сакате, земете ми се што имам.
    Пак ќе го љубам светот.
    Доста беше.
    Доста.
    Доста ми солите памет. Доста берете гајле.
    Доста жалопојкате дека од мене ќе стане расипана антисоцијална пропалица.
    И најмногу од се, доста мислите дека оти не сфаќате значи дека не сум у право.

    Бившиот си фатил женска.
    Убо.
    Ми олесна.
    Се надевам дека е среќен и дека си ја најде онаа вистинската среќа и исполнетост у момичето.
    Се радувам.
    Лажам, не се радувам, себична сум.
    Си го бакнав суштественцето додека одевме.
    И ти не беше ништо поарен, не за друго.
    Не знам што баравме јас и ти заедно?
    Повеќе сум ти гневна оти твојата игнорантност ме удараше по грбот ко летва,
    ама мојата длабока страна срдечно ти заблагодарува што го правеше тоа, иначе од шо се мачам на сите да угодам за малце ќе си го изгубев најдоброто другарче, створењето со кое сакам да правам хартиени бродови и да пловам по космосот со затворени очи.
    Еби се,
    јас и ти не требаше никогаш да се сретнеме. Не сакам никогаш повеќе да те видам ниту да слушнам за тебе. Не дека си си фатил џенцка, далеку од тоа, тоа воопшто не ме засега.
    Ниту дека јас и ти имавме нешто, него повеќе ради оној дел на атоми што летаат меѓу две особи и значат почит и разбирање. Од личност кон личност. Не од партнер кон партнер. Јас не те доживеав како партнер.
    Не сум виновна што внимавам на малечките работи во животот.
    Немаш право да ми замериш за тоа.
    Никогаш си немал.
    Чао, ми олесна што сме изедначени, официјално!
    П.С. Си го сакам суштественцето, од секогаш си го сакав. Да знаеш!

    Да скапете, не ме сфаќате, нели?
    Само ме обвинувате и се лутите, фиксно се разочарувате од мене.
    Јас ако се разочарував од вас у првите пет минути досега од разочараност ќе посакав во солзи со размачкан креон и бавен покрет држејќи нож у мојата лева рака да приоѓам кон вас, и со стегнати заби да ја вртам главата лево - десно у знак на негација и да ве избодам.

    Не дека сум некоја лепојка и личност полна со интелигенција.
    Ама толку многу се грижев за вас, се траќав да угодам, што сега од морална потреба изладив.
    Да ви кажам право, ич не ми чуе.
    Ако не сте знаеле, и јас имам малце гордост.
    Доста беше.

    http://www.youtube.com/watch?v=BtZ6DoeimP4

    И ве молам, не поручек или доручек, појадок бе ебаго. |(
     
    На Diora, kate21, green.eyes и 15 други им се допаѓа ова.
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Смешно ми е кога ќе прочитам „Ех, кога си бевме деца, си игравме ластик, не се занимававме со ништо, не не’ болеше срце, само колено“ и ондаК big revealing moment, отвараш профилот и гледаш 15 годишник го пишувал тоа. А извини, што си сега? Старецот со весник и бастумче? |(
    Море одете таму на улица растрчајте се дури можете.
    Сами си паламудите, сами си правите да пораснете пребрзо.
    Мене сега да ми се пружи шанса, без да му ја мислам ќе се расшлакам по улица. Ми личи, па што?

    Уште само 34 часа ме делат од рајот.
    Не умирам, не се радувајте предвреме.
    И се нервирам у мајчина и назад. Абе зашто секогаш вака? Лани вртеше, сучеше, ми доцнеше 11 дена и на сред одмор ме опна. Сега еве пак. И осеќам дека утре пред депилација ќе се распостели за да не може на раат да си се средам. Пу бре, пу!
    Епа на мајка ти, Марфи!
     
    На antonina, LilBaby, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    до пред малку си го преведував цвто од Македонски на Англиски ама баш онака превод се задлабочив-не дека до сега го немам преведувано, ама некои новини што се внесени да се дотераат се да биде на свое место, си мислам ех срце бе личиш како во студентските денови :D и малку го имам подзаборавено Англискиот :worried: (па немам со кого да комуницирам) а учев Италијански, слушав лекции на Шпански пред тоа, и на крај азбуката на Македонски ако ја знам да ја кажам добро ке биде :lol: :rofl:
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Во Македонијава наша или поточно во мојов град во мода е некаков ...look...Се носи се ,а најмногу безобразlook,слепо следен од примитивизмот,зачинет со замисленост на висока нога.Џабе ни се укинати некои визи кога младиот свет не оди преку граница да го запознае светот,народи и култури,туку трча во шопинг центрите.По првите сончеви зраци градските такозвани тренд кафичи се полни си поцрнети и разголени девојки и тоа уште во 10 наутро.Кога само стигнат на се нафрлаат со јака фасада се прашувам.Кога шетаат обавезно во група и секоја гледам носи торба поголема од неа и секако свиена во лактот.И ми се чини не гледаат подалеку од нивниот напудрен нос па затоа влетуваат во неочекувани дупки во асфалтот.Вкус и сексипил значи да се биде гол или во блага варијанта разголен.Се носат хартиени кеси со логоа од овој...и ... оној,и модни магазини за да се покаже колку се начитани и како слепо го следат модниот тренд.А секако тука е неизоставниот мобилен на тач,зашто на обичен ке си ги изгребаат свежо маникираните гелни нокти со неподнослива должина.Се оди на штикли од кои мене на дневна светлина ме фаќа блага вртоглавица,на кои може да им фали флекничка и кои знаат да бидат замаглени од прашина ама тоа не е важно.Важно се во најнов моден тренд.
    Ништо лично само мое запазување :emo:
     
    На Mishela, chocolate.chick, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  9. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Леле lunicka колку си само во право..
    Јас сакам да кажам дека ми е преку глава од затуцаниов народ..
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК дека брачед ми ја побарал брачеда ми за жена и таа рекла : "I do!" Онака филмски, со клекнување на колена, ама не јавно! :!: :rofl: :rock: :rofl:

    Да појаснам: Брачед ми’ ми е прв брачед од по татко ми, а брачеда ми’-ми е прва брачеда од по мајка ми!
    Сваќа се фаќа, кој не ја фаќа-грев го фаќа! :rofl: :rofl: :rofl:

    Ах, среќо, среќо...потрај уште (многу) долго!
     
    На antonina, minne-mouse, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Одамна сакам да ви пишам и да кажам јасно што се случува во мојот живот во последно време,но немам храброст да признаам каква катастрофална грешка направив..неможам.Како прво си направив еден тон проблеми на самата себе.Иако се извлеков на време,трпам ужасни последици и се јадам самата себе одвнатре.Како второ направив сериозни проблеми на сите околу мене.Изгубив доверба кај моите родители,што е и најлошо од целата збрка.На моите пријатели направив проблеми,ненамерно.Добро е што сеуште се тука покрај мене и ме поддржуваат.Само еден се откажа и се одалечи.Се затворив дома и гледам на часовникот како споро ми поминува времето,минутите и деновите..
    Ужасно лето,ужасно чувство,ужасно ми поминуваат деновите.
    Се надевам дека добро ке помине се,и баш кога ке помислам дека проблемите се решаваат,доаѓаат поголеми,пострашни..
    Иако сум осамена иако сум разочарана и уништена ке се исправам и ке си се средам..Само време треба да помине.Времето ги лечи сите рани


    Колку убаво време,а јас ширам негативна енергија :x
    Морам да се средам :swear:
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ова сериозно?? :tmi: Мислам толку блиски сватови не оди да се врзуваат. :shake: Али Боже свашта има по веков! :|

    СДК ... само кога читаме книга можеме да се исклучиме и заборавиме на суровата реалност и за миг да почувствуваме некаква розева и хармонична внатрешна реалност. Како што книгата може да ве опушти и смири ... иии природата ... Затоа читајте и поврзувајте се со оној пишан свет и оној природниот.
     
    На kate21, kravce и renata77 им се допаѓа ова.
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Единствената вистина е дека сме САМИ ! Сите порано или подоцна не напуштаат , од овие или оние причини...небитно ! Јас не сум личност која во себе има љубов спрема сите луѓе и не подавам рака така лесно , некои тоа го нарекуваат злоба , некои преправање ама како и да е си ја сакам оваа ладна страна од мојата личност . Изградив ѕид помеѓу мене и останатите луѓе , ќе ви се смешкам , ќе правам муабет и толку , тука завршува нашата блискост.
    Луѓето константно бараат некој за да биде до нив кога се среќни , тажни , нервозни . Јас во тие моменти ги отфрлувам сите околу мене. Несакам да бидам зависна од тоа секогаш да имам некој за кого ќе се држам како слеп за стап и ќе мора да биде до мене без обзир на се . Веројатно и затоа несакам да се вљубам. А што ако тој успее да го сруши тој ѕид ? Што ако надвладее позитивната личност во мене , онаа која на сите им верува , онаа која е спремна да помогне и на најголемиот непријател , што тогаш ? Не го сакам тоа , многу време се борев за да станам рамнодушна за светот околу мене и мора се да остане како што е . Мразам промени а почнувам да ги чувствувам...
     
    На AmericanWoman, L-enna, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    :hai:

    Еве сум ... или барем се обидувам тој мир да го постигнам.

    Откако решив да не викам, да не се дерам, животот ми е многу посмирен, или барем така ми се чини. Знам да повишам глас кога ептен ќе се помине границата, ама поубаво е кога смирено враќа човек на се. И ќе дојде ден кога воопшто нема да се придерувам, ако е тоа навистина можно во овој луд свет.

    Вчера бев на роденден во игротека, ги гледав дечињата, си викам кога преминав од тоа безгрижно дете во оваа девојка со безброј грижи. Некогаш животот не става во хаос, навистина ама навистина да не знаете каде да се завртите попрво. А што да се прави, собирате сила и си викате ајде, и од ова ќе најдам излез.
    Многу пати во животот грешиме, и јас грешам, ама јас не се лутам за сенешто. Кога гледам за што другарките ми се лутат навистина сериозно се запрашувам дали сеуште постои нешто искрено во поимот другарство на ова време? Поготово што имаме сите по 20, 21 година ...

    Јас не сум човек што е љубител на гужви, не сум, нема ни да бидам. Далеку од тоа дека имам нешто против луѓето што уживаат во гужва, ама па и нема некој право да ми суди за таа моја особина. Ете, би излегла на добар провод кога би имало добра причина, и би се напила и се по ред, ама секој викенд, уствари секогаш кога се има пари да се пијанчам во дискотека на музика што не ја ни слушам, да повраќам во вц то и тоа да ми е муабетот целиот нареден ден, епа јас не сум тоа ... порадо ќе си купам привезоче, книга, парфемче, свеќа со тие пари отколку цела заштеда да ја трошам на пиење и секој викенд да се зголемуваат можностите на организмот за трпење алкохол. А и од кога другарство се мери со тоа? Зарем не се рачуна тоа што можеш да бидеш тука за некој постојано, што можеш да слушаш се и сешто, што не ги давиш со твои проблеми, што би направила се за нив во било кое време? Ама не... мислам каде јас со паметов не ми е јасно.

    Утре си одат братучедиве, и навистина иако на моиве им викам дека претеруваат со емоции, и од мене едно делче мало се кине. Убаво беше за втор пат во сиве овие 20 години куќата постојано полна, проблемите тргнати под теписон, насмевки фрштат, и Петровден после долго време толку убаво си го поминавме, и сите среќни, кога се зближуваш како да се знаеш цел живот а се гледаш втор пат во животот, ама како викаат старите, крвта не е вода, тоа си е сепак точно.

    Баба ми на пример, да не ми е во животот јас не знам што би правела. Таа можам искрено да кажам дека ми е најдобра другарка. Ме советува без влакна на јазикот, ме гушка, и ме слуша, и ме гледа со тој, нејзин ... бабин поглед. А денес таа цел ден плаче од болка во душата и јас не знаев како да ја утешам, еј, не знаев. не можев, бев немоќна. Стварно тешко ми беше од тој момент, а таа па вика ептен сум и помогнала ... ајде разбери го тој чуден круг.

    Посветувам време да си ја направам врската поубава, и не приметувам дека понекогаш дома се се распаѓа, а исто така понекогаш, поточно секогаш сум најразумна, најсмирена алка во куќава, па јас навистина не знам што ќе прават кога еден ден ќе си отидам, а кога ќе се посветам себеси да помогнам низ дома тогаш врсакта некако ми се распаѓа, абе не можам никогаш совршен баланс да постигнам. Родителите ќе си бидат родители, дечкото ќе си биде дечко, проблеми секогаш ќе има, а јас сеуште сум неспособна да постигнам рамнотежна состојба.
    Ако има нешто што кај него го сакам многу тоа е што ја знае позадината на моето однесување, на пример понекогаш кога сум немоќна за нешто, кога немам сила да помогнам дома со нешто, и кога ќе го истурам ненамерно бесот на него, знае точно како да ја најде вистинската приказна затоа што сум збеснала. И ќе ми речат, после две години врска се е навика ... ајде, како како да разговараш и да се докажуваш дали не е така или е така?

    За мене на пример љубовта е најбитното нешто во животот, секој човек некогаш си сака да е сам со себе, ама кога имаш некој што ти го скокотка срцето и што го љубиш со целото свое битие никој не може да ми каже дека тоа не е најголемата среќа. не зборувам само за љубов со дечко, туку секоја форма на љубов што постои ... тоа е нешто највредно на глупавиов свет.

    Моите другарки се сами, а и како не би биле, на секоја препрека во животот сметаат дека е крај, на секое недоразбирање ставаат крај на врската, на секои неколку месеци им поминува меракот за дечкото, никоја немала врска подолга од три месеци, дел од нив не ни имале дечко, ама сите се експерти за љубов, и сите се дрзнуваат да судат...

    Имало време сме биле млади, немало потреба од врзување. Јас навистина извинете ама не разбирам кое е тоа размислување кога ќе фатиш дечко, т.е кога ќе имаш сериозна врска готово животот ти завршува, па немало веќе излегување па немало другарки, и смеења ... како бе така бре, не знам дали е тоа така зошто мене никогаш не ми била скратена слободата па не знам за поинаку, ама глупави ми се тие размислувања, кога ќе го најдеш тој, што ќе те разбира и ќе ти верува, ќе имаш време за се, буквално. Кога ќе имаме по 25-40 години да не е негде поставена забрана за излегување, старосна, или за оние што се во долга врска? Демек животот ни е живот додека не најдеме дечко за кој би се омажиле и толку? Не разбирам.

    Не знам, секогаш се двоев како чудак од толпата, многу пати се пронаоѓав себеси како ги слушам и не се мешам дури не се ни обидувам мислење да кажам зошто ќе се наиде на осудување, а неретко немам сили да се објаснувам и разјаснувам, на мене не ми е незаборавен помин вечер што нема да ја паметам утредента, и тоа е што е. Тоа кај мене нема да се смени, и замислете тоа имало име- неизживеаност, наводно кога јас ќе пораснам, дека сега сум малоумна и не можам со своја глава да мислам, ќе ми текнело дека не сум живеела како што треба, и ќе ми текнело(ако останам со овој дечко) дека со еден ку* пробан во животот не можело, па на стари години(40) ќе сум почнела да се пијанчам и да се е*ам со други. Од околу кажано, за девојките како мене ... како сега јас да разјаснувам, да докажувам дека не е така, па ќе ми речат е од кај знаеш ќе видиш на 40 години ....
    Ало, како божем јас немам нигде прошетано, ко да се немам напиено алкохол, ко да немам отидено сегде кај што сум посакала, ко да седам само дома и немам ниту една другарка, ко да не живеам буквално зошто имам дечко и не се пијанчам секоја втора вечер. И после, ваква си или таква си.

    Мене цел тој фазон дека сите сме различни ми е јасен, ама очигледно, на некој кој се обидува да го тупи со истиот фазон, не му е јасно истото па сам на себе се обидува да си докаже некои работи ама некако тешко оди. Не знам како поинаку да го објаснам овој феномен.

    Кај си шо те нема? еве сум бре, за промена крени еднаш слушалка прашај ти дали сум жива или не, а не само кога ќе треба ископирај ми ова или она да се кревало слушалката...

    Многу пати поќутувам, не се контрам, не се расправам, се повлекувам, претрпувам, не сакам да правам конфликти, ама некогаш многу боли. Поготово кога се чувствувате како небото врз глава да ви паднало а немате никој асолен околу вас освен тој, кој пак ми помогна да поминам низ проблемите, и после некоја ќе ми рече ајде се е тоа навика не си способна да видиш, навика ли е? да се сносиш со некого со добри и со лоши денови, да бидеш тука за некој, и да ти е побитна неговата од својата среќа? Навика ли е за некој да бидеш несебичен и да си во состојба да сториш се ако му е тешко, навика ли е да ти е смирена душата кога му го слушаш срцето, навика ли е солзите да престануваат кога тој ве гали и ви шепоти? ако е навика, слободно најди и ти таква навика и биди исто толку среќна, а мене ќе ми биде искрено многу мило ...

    Уф голема тежина од душата симнав, место да се расправам со овој или оној, или да плачам зошто овие ми се налутиле редејќи си резови од болка, извадив се од себе преку зборови, и ете ... веќе сум како нова. :)

    Ве поздравувам.
    :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21, bittersweet, green.eyes и 13 други им се допаѓа ова.
  15. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Тато сакам да ти кажам дека многу те сакам. Се чуствувам блиско со тебе ти ме разбираш и без да кажам нешто. Ти тато ја разбираш секоја моја тага и секоја моја радост. Знам дека си посакал прво син, ама ете излегла ќерка-јас :) Тато се сеќаваш кога прв пат ми дојде менструација и јас те прашав што е тоа :$ Е сега разбирам колку било страмно тоа :D И тато сакам да ти кажам дека јас не сум повеќе невина :tmi: Немој да ме караш 8) Те сакам.
     
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ко' ви треби смештај вОхрид за преку лето одма ви текнува дека сум пола Охриѓанка и дека постојам, а иначе нигде ве нема. Ех бееееееееееее.. Скопјанишча. :rofl:
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Знаете што е полошо од тоа да седеш на кафе со некој непознат со кого не знаеш да направиш 2 реда муабет?
    Полошо е кога седеш со некои кои ги познаваш, а тема на разговор ви е бившиот на другарка ви, тагирања, глупирања, сликања и слични срања. Еба ве, да немаш со кој да направеш саглам муабет, а се наоѓаш во друштво од 6-7 женски. До мене ли е што не ми е интересно. До мене ли е што сакам да си направам муабет општо за животот, иднината. Можеби сум пресериозна за нив. И после не ми слушнале ни збор. Па со кој да правам муабет?
     
    На sweet-cherry, TheCandy880, Tenkai и 15 други им се допаѓа ова.
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Понекогаш и она малку ти е доволно за да бидеш среќен, јас тоа малку го постигнав и не ми треба повеќе, задоволна сум потполно, несакам ништо ново, се ми е убаво, среќна сум.
     
    На Monroe, L-enna, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Убаво ми дојде Охрид, кое освежување! Пак уште ко ќе се сретниш случајно со мили луѓе, прекрасно е. Вкусот на McFresh комбиниран Coca-Cola, мирис на езеро и полно странци што шетаат насмеани. Што е поубаво? Плус пораки, како потсетник дека те мислат.
    Шопинг колку што ти душа сака. Си лебдев по вода во новите купаќи.

    Викендот го поминав незаборавно. Петокот си излегов со еден другар и многу ми е мило што го запознав! Саботата не дружеа сестра ми и братучедка ни, и случајни познаници. Трагикомичниот момент беше кога братучеда ми се поздравуваше со еден што и се свиѓа веќе некое време, и ми даде знак да го викнам на маса кај нас дека јас со него се знам онака, пошто колеги си сме. И му викам “Па помини кај нас на маса..’’ ама тој изгледа имаше пијено, и ми се врати и ми рече “Што? Да те баца?’’ и ме зашлапа на образ. Си се легнавме од смеење со братучедава. Си сретнав познаници, и бев частена 3 пијачки, од различни луѓе се разбира, и се на се беше вообичаена, забавна сабота од која што сум презадоволна. Шлагот беше гушкањето :)

    Се надевам сите си имавте убав викенд :d: :hug:
     
    На Anna-Banana, L-enna и Hopeful им се допаѓа ова.
  20. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Ми недостигавте, души мои. :hug:
    Сакам да кажам дека иако од септември многу работи ќе се сменат, ќе се оддалечиме, тоа е сигурно, но моментите што сме ги поминале заедно како слободни, откачени, а во исто време и разумни и принципиелни девојчиња никогаш нема да ги заборавам. Толку безгрижни, полни со живот откачувавме на свирки, ги меревме улиците низ градов по милион пати и не ми поминуваше ниту еден ден без вас. Да, имаше и недоразбирања, имаше и кавги, но јас знам дека никогаш ниту една од вас нема да ме предаде мене или некоја друга од нас, бидејќи сме добри, лојални и фер, а последниот пат кога запознав таква девојка беше кога ве запознав вас. :)

    Јас секогаш ќе бидам тука кога ќе ви треба помош, иако крајот на ваквото пријателство е неизбежен и е доста блиску. Добро, може претерувам, нормално нема да престанеме да зборуваме, но во нашите животи ќе влезат нови луѓе, ние ќе бидеме во нови средини и колку и да не сакаме тоа ќе не промени и секој нареден пат кога ќе се среќаваме ќе има се повеќе работи кои нема да ги знаеме една за друга..
    Пораснавме, се сменивме, но моментите кои ги поминуваме заедно сеуште ме прават бескрајно среќна.
    Ќе ми недостигате, ќе ми недостигаат личностите кои бевме пред некоја година, ќе ми недостигаат нашите разговори и иако сите со своите интереси ќе тргнеме по различни патишта јас слепо верувам дека некој ден ќе си ги оствариме своите соништа, ќе имаме среќни и стабилни животи, ќе бидеме успешни жени и сеуште ќе се среќаваме и барем на моменти ќе се потсетуваме на оние безгрижни деца кои некогаш бевме...
    Но, дојде време и ние да пораснеме. Уф, колку мразам ова. :|

    Да можам би се вратила назад кога имав 6 години и си игравме со кукли, се преправавме дека сме нивни мајки, ги облекувавме, им правевме фризури, ги раневме, чувавме мачки, игравме ластик, се враќавме порано дома од играње преку лето за да гледаме „Волшебнички“ и јадевме сладолед секој ден не грижејќи се колку калории внесуваме...
    Детство. Ех, колку ми недостига. Би дала се да бидам само едно безгрижно дете.
    Дали сум подготвена да се соочам со вистинскиот свет, да станам возрасна, да одговарам сама за себе и своите постапки? Да продолжам решително напред занемарувајќи ги големите промени во мојот живот? Се надевам дека ќе го положам овој тест. :worried:

    И за крај сакам да кажам дека никогаш не би посакала поинакви другарки, иако знаете да ме налутите некогаш. :devil:

    ВЕ САКАМ. НАЈИСКРЕНО. :hug: :hug: :hug:
     
    На anneyy, Hayley и Libera им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.