Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Еј види мајкуму, навистина свашта имало. Па не се во крвно сродство, зошто ако се сакаат да не се земат? Сватови биле, види богати, многу голема работа, сега цел комшилук ќе ги збори.

    Е навистина не разбирам ова, сватови биле, кумови биле, старосват од страна на трета братучетка... абе ајде бегај, ќе се најдат двајца сродни души, ама чекај, не може, сватови се.

    Без навреда Џули, те почитувам како форумски лик, ама ваквиве размислувања јас мислев дека умреа со баба ми.
     
    На DeMelo, pamelche, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    И повторно 17ти, веќе 20 години го одбројувам 17ти. Не си по ништо полесен од претходните.
     
    На bittersweet и Monroe им се допаѓа ова.
  3. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Do you remember me, like the girl I used to be?
    ...Не, моето молчење не секогаш значи дека јас не знам што се случува околу мене, туку не сакам да коментирам, не заслужувате. Понекогаш е добро да ми ја затворат устата, за да ги отворам очите. Ма секогаш е така!! Каква полза ке имам ако ја зачувам главата во битката, а го изгубам паметот во победата?
    Не бе луѓе, не сакам да ги спуштам другите за да се издигнам себеси, јас ке се издигнам над нив, со тоа ке ги спуштам. Противникот не го сметам за овца, туку за волк... А пријателот, пријателот вреди злато - затоа некои ги продаваат своите пријатели.
    Сметам дека целта ги оправдува средствата, и дека секој си има своја цена. Јас имам високи цели и спремна сум да ја платам цената. Никогаш нема да кажам дека небото ми е граница, затоа што знам дека има човечки стапки на месечината. Да, кога ке бидам спремна, ке имам храброст да скокнам за да видам дали можам да летам, затоа што јас не дојдов тука за да играм, јас сум тука за да победувам! Е, заради тоа, луѓето кои ме мразат денес, утре ке ми бараат автограм.
    Свесна сум дека после играта, и кралот и пиунот завршуваат во иста кутија. Затоа, мојата цел не е јас да живеам вечно, туку да создадам нешто што ке биде вечно.
    Но, за да гледаш кон иднината, мора да расчистиш со минатото. Порано барав сила и верба од надвор, но тоа доаѓа од внатре... Тука било цело време! Можам да кажам дека секој си има свое минато, но јас со своето имам раскинато.
    И не, јас не сум човек без чувства, јас таква сум станала од лошите искуства...
    За мене, животот е црта помеѓу два датума на надгробната плоча, и затоа, ако веке губиш, изгуби се, но последна изгуби ја гордоста.
    Знам дека светот останува на силните, а стојам зад тоа дека не постои пишана судбина... Постои само иднина која сами си ја пишуваме. И секако, јас не можам да бидам идеална, но секогаш можам да бидам подобра.
    Па незнам, дали е ова почеток на крајот, или крај на почетокот !?

    Само сакам да кажам дека ова е дел од текстот што стои урамен во мојата соба, над креветот. Ништо посебно, мене ме "крева" и ме опишува до некаде.
    Ма вечерва сум така расположена, сакав само да се потсетам. :)

    ... It`s time to be a big girl now, and big girls don`t cry... ;)
     
    На ViktorijaMari, Johny, XMaN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Овие неколку дена ми поминаа мирно и убаво.Почесто бев со книга и кафе во рацете на лулашката.
    Убаво ми дојде и неколку дена по ред со друштво,кафе,муабет.
    И тоа прекрасно релаксирање на базен.
    Ако продолжи летово со ова темпо ќе бидам презадоволна. :)
    [​IMG]
     
    На Smilly, anabel-a, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Пријатели... што би правела без нив?
    Имав едно прекрасно попладне и вечер со луѓето коишто навистина ги сакам ама навистина штета што не можевме сите да се собереме. Секакви муабети, шеги, смеење не осетивме како помина времето. Кога сум со нив едноставно заборавам на се што претходно ме мачело и потполно се опуштам. Среќна сум што сум опкружена со луѓе кои шират позитивна енергија.
     
  6. wildness

    wildness Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Убава вечер,многу ме исполнија неколкуте комплименти кои ги добив.Баш ми требаше нешто такво,сега некоја нова искра се роди во мене.Одма друго чувство,одма посреќна.Се чудам,како од небо да падна ново расположение. Лоша случка на пладне,но за среќа избришана со вечерта. ;)


    Љубов или само искра ?
     
  7. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    ... Не го оставив јас него, ниту тој мене... ние само се разделивме... онака како што се разделуваат двајца кои се сакаат во погрешно време,...а кога времето е погрешно, тогаш сме погрешни и ние... А не бевме !!

    Збогум... на најдоброто нешто кое некогаш сум го има... Каде и да си, со кого и да си, нека те следи мојот благослов... се откажав... но никогаш нема да те заборавам...само надежта не ја покопувам... овде имаш некого кој секогаш ќе те чека <3
     
    На Bright, green.eyes, Nymeria и 7 други им се допаѓа ова.
  8. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    СДК дека сум премногу емотивнааа и себичнаааа!СЕ САКАМ ОКОЛУ МЕНЕ ДА СЕ ВРТИ!!!!!
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам,Господе помилувај се малку на мене! И биди со мене,усреќи ме барем еден ден,барем еден! Дозволи ми да бидам со тие што најмногу ги сакам.Ти си голем.
    А и да сакам да кажам,дека изигравам еден вид на заболекар,тргам зборови со клешти.Абе племе,никавко.
    хахаха :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Hayley и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Чирибу чириба :wasntme:


    Светот е создаден да луѓето се сакаат а работите-предметите да се користат. Светот е во хаос зашто луѓето се користат а предметите сакаат.
     
    На DeMelo, Bright, crazylady и 17 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Абе па и вие, едвај чекав да ја отворите темава за да ви кажам дека момциве РАСТУРИЈА вчера!

    http://www.youtube.com/watch?v=01FnqVccbTc

    Ми се врати вербата во човечкиот род бе, се’ уште може да излезе доволно убавина од него!
    Само позитивен и душевно богат човек може да создаде ваква убавина.

    А колку беа насмеани цело време. ^_^
    Пренесоа неверојатна енергија на публиката.

    Тоа сакав да ви го кажам, фала на внимание. :wasntme:
     
    На Mayyya, sesilija, Bright и 9 други им се допаѓа ова.
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Долг разговор со најдобрата другарка... Каде има поубаво од тоа? Нештата кои долго ги чував во себе, ги споделив со неа. Ми требаше овај разговор, да... Баш како порано, кога бевме мали. Ја знам веќе доволно долго, знам дека ќе ја чува и оваа тајна во себе, исто како што ги чува и оние од порано... Среќна сум, благодарна сум што те имам тебе. Другарка која секој би сакал да има.

    Вистинскиот пријател е како пламенот на свеќата. Неговата светлина доаѓа до израз кога станува потемно.
     
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    A Балканот е ист!
    Ист е! На север до Сава и Дунав,на југ до Средоземното море,на исток и југоисток до Црно,Мраморно и Егејско,а на запад до Јадранското и Јонското море.
    Ги има истите највисоки планини и истите народи кои се нарекуваат меѓу себе пријатели дури тогаш кога ќе станат непријатели на пријателот!

    ..
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    I have a tequila picture story.
    Сол на рака, текила на екс, лимон.
    Секогаш непланираното излегува подобро.
    Скршена штикла на можеби најскапите сандали во мојот живот. Нема врска, не ме спречи да играм, а при крај веќе и во раце да ја држам.
    Најважното, за прв пат дочекав изгрејсонце како од филмовите. Вжарено небо, со него под рака, на железничката станица.
     
    На Stoimenovska, anabel-a и Smilly им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Знаете мајка ми е сила, посилна од 20 мажи што ги знам.
    Денес 20 години како е починат татко ми. Ми пружила се, имам многу повеќе од некои што имаат двајца родители. Неговото отсуство го чувствувам само на празници, на битни денови кога едното столче е празно.
    А денес повторно со мене по болници, ме држеше за рака и ги задржуваше солзите за да не покаже слабост пред мене. Шест месеци се влечка со мене натака, навака, најголема потпора ми е.
    Ах, животе до кога со овие маки?

    Денес требаше да почнам и пробно на работа и кога се нема среќа се нема. :(
     
    На sweet-cherry, Sanniii, bittersweet и 28 други им се допаѓа ова.
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Се будам сабајле и гледам до креветот две пакетчиња од моите омилени гумени бомбони,
    [​IMG]
    [​IMG]
    си викам што е работата :?: роденден не ми е, што ќе биде :?:
    Тоа мајка ми ми ги купила во знак на помирување од синоќешната расправија :wasntme: ја гледав и си викам не ќе е на арно ова и погодив знаев дека сето тоа нема да е туку така, ме натераа да станам и да ја светнам кујната и ручек да спремам :o а јас па мислев ќе си лежам цел ден :|

    Заклучок: Треба почесто да се карам со мајка ми за да добијам од омилените гумени бомбони :lol:
     
  17. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк одморив од викендот, мн народ, гужви, музика, пиење, насмевки и добро друштво.
    Сега сакам малку народ,не сакам гужви само мир и да се случува Ништо.

    Некако набиен е воздухот денес, така го чувствувам.
    Кафе и ништо друго,малку спокој не е лошо.
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Секогаш ги правам истите грешки... Не се научив да се воздржам тогаш кога е најпотребно. Секогаш сум испровоцирана, незнам да се повлечам и да избројам до десет. Сакам да докажам нешто, некому. Всушност се борам против самата себе.
    Ми треба трпение.
     
    На moonlight-girl.55 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Среќна годишнина мама и тато :angel: Да сте ми живи и здрави, весели како и до сега, и овие 20 години уште толку пати да се помножат. Ве сакам, многу, многу, најмногу! :l:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК дека Не,не јас никого не молам.
    Значи во кафиќ ќе свират мојот омилен бенд,и сега јас нормално дека таму сакам да си го правам роденденов,е арно ама драгите мои другарки,еее ние не идимеее во тој кафиќ,глупо е здробено е ваков е тавко.Епа не ве молам.Само на шабанска журка да сее одело,епа немат.Епа видете малку и од другата страна,видете како е.Мој роденден,моја работа.Кај сакам таму ќе славам.И немат да ме преубедите навистина! Taка да си знаете,а за вас врата отворена слободно одете на шабанарија! :@ :@ :@
     
    На Monna.Monna и Hayley им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.