Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Нов бран на форумов.
    Очигледно, новата програма на владеачката партија ги потегнала пипалата и до најтајните места за друштвен разговор.
    Ни годи, нели?


    Ако не не спопадне нечија манијачка настроеност, ќе ни се случи погибија, како на глувците, чекајќи ја мачката...
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК епа 16ке добре дојде во мојов живот.
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Добро бе комшии, знаете дека постојат прозорци? Оние нешта во собите, не поголемите, туку тие помалите со стакла, отвори-затвори се прави со нив. Е тие служат и за затворање за време на секс, не само за проветрување. Ми се гади да слушам неартикулисани звуци! :puke:
    Затворете го прозорот, па е*ете се колку сакате, инаку ќе ви дојдам под него :devil:
     
  4. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Овој пост сакам да го посветам на посраните серии и емисии на нашата такозвана "телевизија" Сител.
    Значи да почнам.Мајка ми ја гледа серијата зет домазет.А таа секојпат кога ја гледа серијата ја испраќам што подалеку од мене.Поточно во спалната.Ама денес ја гледаше во дневната.Во дневната...а јас сум алергична на гласот на онаа мајката на главната глумица(онаа што ја синхронизира).Значи гласот звучи како некое бебе што плаче помашано со звук на кокошки пред колење, на мачки што се дават плус нешто како тие редачките што редат на погреби и ние нормалниот свет што се обидуваме да ја искорениме таа традиција.Ете така звучи.Значи секојпат кога ја слушнам(а многу често ја има) јас правам некое rage face.Не ја можам, ама ич! :@
    Значи луѓе не ми се верува бре.Останатото не сакам ни да го коментирам.Не ни можам.Ми се гади. :puke:

    Меѓу другото, прееска шетајки по програмите наидов на една емисија Комплетно нова на Сител(again!).И си викам ај да ја погледнам можда ќе да е интересна оти јас ги сакам тие емисии со total makeover.Не помина ни малку време, а јас се покајав(одма ми паѓа на памет мемот на Oh God why).Ние сме имале по нашите телевизии многу шити емисии, ама ова ти е дно дна.

    Значи тимот се состои од две кокошки собрани од којзнае дека(на кои единствената прочитана литература им се трач списанијата и фејсбук, веројатно од таму и го црпат боготиот речник) и еден пристар кепец со една земјоделска фацичка не го знам кој е, од чие битие, вришти КОМПЛЕКС!!! и то со големи букви и многу извичници.Нешто многу смешен сакаше да се прави, сигурно некој многу го мрази штом му дозволил да се појави на телевизија, а овие двете кокошки на се и сешто се смеат ко недоветни.Жално, жално. :x

    Уште пожална беше учесничката.Значи девојката не беше, толку лоша, симпатична беше, само со многу малку самодоверба.Ракометарка(барем така кажа), спортски облечена.
    Жалното беше што се појавила во една таква нискобуџетна емисија.Јас мислев дека нешто на девојката ќе и сменат во животот, ќе поработат на самодоверба, ова она.А овие ништо.Ја однесоа во Велес и купија фустан што претходно други и го одбраа, овие одбирачките нешто као ала модни експертки, ја однесоа во Скопје и купија чевли и направија фризура и толку.Аман бе што толку ја преобразија со еден нов фустан и еден пар чевли?! :^)
    И ова ти било комплетно нова.
    И оваа народот треба да го гледа и да му биде интересно.Сител логика.
    Ништожни сме.
     

    Прикачени фајлови:

    • sheldon.jpg
      sheldon.jpg
      Големина на фајлот:
      31,7 KB
      Прегледи:
      223
    На karmenka, anabel-a, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Си го сакам мојот Охрид. Скоро три недели сум тука, и искрено, не ми недостига Скопје. Ама ич. Си уживам тука, ама само затоа што сега го доживувам поинаку, не како староседелец, туку како дојденка... се прашувам зошто е тоа така? Можеби затоа што домот ми е на друго место, некаде каде што не сакав да биде... ама штом сме сите тројца заедно, може и на Антарктик да бидеме - сеедно!
    Утрински се поздравуваме со езерото, исто си мафтаме и за добра ноќ - водата ми дава енергија која мислев дека ја немам, ми дава сила да издржам. Уште малку денови до повторното видување, а ми се чини вечност. И уште имам неодговорени прашања, дали, како, што...?
     
    На zarah, Doozy, Nine25 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Пуштете си Македонско Радио. :)
    Многу убави песни даваат. :inlove:
     
    На ViktorijaMari и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.218
    Пол:
    Женски
    Ех што ти е животот, за некоја банална работа ако си повеќе чуствителен ќе се напнеш и веднаш на душата го почуствуваш тој немир, забрзано чукање на срцето па ајде диши-издиши за да помине побргу :lol: .
    Пмс десет дена ми најави пред за да се спремам психички и физички :envy: , полесно поминам еден ден пред одколку десет дена пред :@ . А и овие дена имав стресчиња по дома абе краснотилаци, сфаќам дека за тоа не вреди да се нервира ама ај де посилно од мене, кога ја видам мајками од некоја си трета невоспитана да плаче и да се тресе, и тоа една година постара од мене-комшивка е тоа ме вади од такт. Епа така да морав и гласот да и го повишам :$.Искрено во животот на никој не сум повишала глас освен на братми, ама па дадичка сум му не се важи :!: :lol: , ама искрено некни ја бранев мајками и не се каам поради тоа, но морам да признаам дека ужасно се чуствував поради тоа што се развикав. Само да ме снимаше некој после неможев да си поверувам дека сум јас тоа :doh:, ама за мојте дома неможам за ништо да преќутам, како да гледам некој како ги гази Е НЕМОЖАМ !
    Друго што сакав да кажам, не треба да се разочаруваме лесно, оваа наша Македонија што не вади од колосек не вади, да неможеш една нормална работа да најдеш да си покриваш свој трошкови, нормална ненормална- тоа е, шта чеш ке си се тешиме. Мојте дома многу бргу се разочаруваат се сакаат наеднаш, е небива така. Наместо тие мене да ми даваат совети за стрпливост, позитивнотст, јас секој ден се едно исто зборам. Мајками стално каже е што постигнавме, е што де ? Мене и братми не воспитавте во нормални деца, ни пружавте се што може да усреќи нормално дете, не школувавте и сеуште го правите тоа, ни давате најголема љубов е зарем малку е ?!? А јас не барам материјални луксузи, мене ме усреќува и најмала ситница, да имам душевен мир другото и не е толку битно дали ке носам кошулка од 500 ден или од 1 500 мене тоа и не ми значи.
    И едно е сигурно животецот е тркало денес може да вриштиш во солзи, утре може да го осетиш најголемиот бран на среќа и радост. Кога сум нервозна па макар и најтпло да е јас барам занимација инаку гзот ке си го изедам и така има многу што и да се јаде од него :lol: . Е така вечерва сум напната, па морав да си кажам на некој, другаркиве исто ко да ги немам, искрено се изморив со нив, ги барав, ги канев, не и пропуштав убави моменти да споделам со нив а тие секогаш за мене зафатени- епа добро де и јас имам долга врска, ама дечкото е дечко а другарот е другар,ама не е битно отрпнав, ја имам мамичка која ниедна другарка не може да ми ја замени барем кај неа го нема лицемерието и љубомората, само неизмерната љубов и вистинскиот совет. Леле колку сум се распишувала ја ретко пишувам во темава, значи навистина сум била напната :rofl: , имајте убава вечер :)
     
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Долго време немам шкртнато во темава. Многу пати ми се случило да почнам да пишувам нешто и го избришам затоа што не знам како да ја завршам реченицата. Всушност немам голема инспирација за пишување.
    Периодов некако се ми се врти околу љубовта и мислам оддамна не сум и посветила од моето скапоцено време на фемина.

    Колку брзо минуваат деновите, месеците. Еве и јули ќе заврши па ќе дојде мојот месец, август. Ќе наполнам 18 години.. Не дека нешто ќе се промени со моите полни 18, но со душа си го чекам роденденот. Убаво ќе биде, мора да биде.
    И пак немам инспирација за пишување и не знам што да напишам. Кога ќе имам инспирација за пишување ќе напишам еден долг пост и ќе се одужам за сето оваа непишување, ветувам. :!:

    Имајте убава ноќ.
    :hug:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека буричкам нешто по темиве на феминава наша драга,и читам мислења на guitar(чии профил мислам дека е фејк,а ако не е-еве).Добро,девојко,ти си тука да се фалиш и да ни кажуваш и докажуваш колку си богата и колку често одиш на шопинг во Италија и како носиш облека од познати брендови,па и да не навредуваш како излегуваме навечер во фармерки и маичка?Да не ставаш во понизок ранг само затоа што не носиме фустани и штикли од познат бренд ??Само затоа што немаме сите посебна соба за спремање и куќа на незнамколку спрата?Само затоа што одиме два(и повеќе) пати со исто лабело? Или си тука за да се дружиш,пишуваш,прашуваш,советуваш и помагаш на другите феминки,м ?И што е нај трагично-имаш 15 години.Разбери-не можеме сите да имаме Лобутинки и фустани од 1000 евра.Дај малце собери се и размислувај пред да напишеш било што.
    Thanks for the attention. :D
     
  10. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    [​IMG]
     
    На anneyy, Monna.Monna и MacaLove им се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Ни себе ни другите ги сваќам.

    Одам во категоријата диети гледам во рецептите што сме гипишале лебЧЕ, кремЧЕ, сиренце, компирче, ајварче, портокалче.... некој ке си каже девојкиве од Етиопија да не се. А оди во тема категорија диети сите бараме спас од вишок килограми. И ете кај бил проблемот со храната.... Ние 300 грама сирење го мислиме оти е сиренце (ко за глувче), ајварче е пола тегло ајвар (ајвар е цело тегло) :)
     
    На Serafima, Unica и stetoskop им се допаѓа ова.
  12. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Ете, затоа го обожавам, затоа што секогаш може да ме расположи во вистинското време. Било тоа да е само ПМС или некогаш кога навистина сум тажна и разочарана. Иако не сме се виделе многу одамна, во последно време често комуницираме преку фб. Тие разговори во доцните часови баш ми годат, но некогаш знаат да ме натераат да се каам за тоа што го направив, односно не го направив. Или пак не, сепак можеби добро постапив затоа што во тој случај можно е денес да не сакавме очи да си видиме.
    Па и не е битно тоа, најважно е тоа што можам барем да го сматам за другар. Не знам дали сакам повторно да се јави таа искра помеѓу нас или тоа да остане само минато. Што сака нека биде. :)
     
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ветувам дека веќе нема да гледам некои што се дупло постари од мене... :wasntme:
     
    На Konfetka и pamelche им се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Колку мразам вакви напнати денови :tmi: сакам да кажам дека утрешниот очекувам да биде таков, ми иде да го преспијам...а знам дека несмеам и неможам.
    Стискајте палци!!! :worried:
     
    На srcekrsacka и anabel-a им се допаѓа ова.
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Зш не си легнав дур ми се спиеше!? :swear:
     
  16. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Нестрпливоста е навистина многу лоша. :@
     
    На Hkikica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    |(
    Како може господата главни и одговорни да ги исклучат телефоните у институција денот кога стигаат резултати за прием? Шо? Се заебавате ли со нас?

    Мислите ли до толку дека сте дотични некој пред врата да ви иде?
    Ќе ви дојдам јас пред врата со пријава у септември ако не бидам известена тогаш кога треба.
    ај да не пцујам сега. :emo:
     
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Да ме отепаш, не знам шо мислет момичињана шо западвет по Whistle - Flo Rida, де по социјални мрежи, де по градски игранки. Чудно ми чудо.
    Да речиш изгорени за развој на тутунска индустрија. :|
     
    На wolf4e, antonina, Lov3 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Секогаш кога одете на пазарување со некој од семејството, прашајте го дали е земал пари, ако вие не сте земале. За во секој случај, де.
    Тато и мама вчера отишле во супер-маркет да пазаруваат. Испазариле тоа што треба, стигнале до касата и тато викал: Извади парите, а мама: Ти не ли зема? На крај сфатиле дека ни мама ни тато не земале пари од дома. :lol: Се изнасмеале со продавачката. Добро е што носиле картичка па со неа платиле.
    Луди луѓе. :D
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.