[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604

    Не се лажи сама себе :D другарки по душа ќе испадниме, од мало си гледам по дупла постари и не можам да си помогнам.. :lol:

    Инаку, почнаа коцките да си се местат полека, или барем така ми се чини. И едно знам, доста ми е од клубови, барови, пиење на вонземски количини водки и јегери :!: Сакам мир, озбилност, стабилен човек до мене, редно е и тоа да го искусам.
     
    На CIA и Hayley им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас па скоро дознав за таа песна и што уствари се пее во неа :tmi:. Кој дебилизам, тоа ако е музика јас уште утре се бесам на плоштад :).
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    И ја би да си свиркам, ама не ми даваат бре, ептен гласна сум била, од зимски сон сум будела. :wasntme:
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Најпрво : http://www.youtube.com/watch?v=XxaR7Ybpmpg :party: :party:

    СДК девојки т.е сакам да ви се заблагодарам за прекасните честитки за роденденов :* :* :* Многу ми значи,еве Анна-Баннана скромно ќе си ве почасти :
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Инаку да ви кажам дека воопшто не ми е среќен,и ќе ви кажам дека овој ми е најгрдиот роденден во мојов живот дефинитивно! Можеби до вечер ќе се сменаат некои работи,можеби ќе ми се исполни барем една желба незнам,не се надевам пред време.Времето така ме научи.Битно сега ги имам полни 16.Единствено нешто што ме радува.
    Друго,Господе те молам,помилувај се на мене барем еден ден.Ти си голем.
    Иначе вечер пак ќе ви пишам,да ви кажам како сум поминлала денес.
    А сега за сега,вие имајте преубав ден,и знаете радувајте му се на живот! Оти тој е најголемиот подарок од Господ ;)
    Поздрав и се најубаво :* :hug: :hug:
     
    На Monna.Monna, Serafima, Hayley и 2 други им се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Смешки
    Значи Lov3,озбилно ме изнасмеа со ова мемево :D
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Безгрешни? Постои ли таков ?!?!

    Паметен бил оној кој рекол: „Пред да покажеш со прст кон друг, биди сигурен дека твојата рака е чиста!“ Зошто осудуваме? Зошто мислиме дека сме доволно зрели за да критикуваме? И зошто најчесто си ги критикуваме најблиските?
    Можеби одговорот е едноставен, а можеби и не толку. Можеби ги критикуваме најблиските зашто за нив се грижиме или зошто сме најслободни нив да им ја кажеме вистината в лице. А можеби така само зошто правиме лице и си го храниме егото, правејќи се паметни и безгрешни.
    Пред да критикуваме некого не треба да заборавиме на грешките што ние некогаш сме ги направиле. Не велам дека треба да ги одбегнеме затоа што нели од грешките се учи а и неможеш да станеш стар и паметен ако не си бил млад и глупав, па затоа не соли многу памет :wasntme: .
    Кучето за разлика од човекот има многу повеќе пријатели бидејќи мавта со опашката а не со јазикот.
     
    На blond, Serafima, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Незнам колкав временски период немам пишувано овде но...

    Ми велат дека сум се изменила,дека не сум онаа истата како порано.
    Да,вистина е...со голем вложен труд го искоренав она кое најмногу ми пречеше...мојата избувливост,мојата љубомора и да не ставам се на срце...Личноста која многу ми значи ме натера на тоа.Стравот дека можам да го повредам ме натера да размислам како се однесував кон него и кон другите.
    Оф леле некогаш се прашувам дали сум јас тоа :tmi:
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.680
    Допаѓања:
    109.266
    Пол:
    Женски
    Не дека моја познаничка е водителка на емисијава и дека водителот е почитуваниот фотограф ама ти правиш нешто друго освен што хејташ Сител? И мене ме нервираат сериите што се накотија ко глувци, ама не знам што и фали на емисијава, не е воопшто нешто што веќе го има на ТВ па да тупат со истата работа туку се работи за најнормална емисија со концепт и стварно не знам кај ја виде интелигенцијата на водителките, особено на познаничкава моја која фино лепо е при крај на Технолошки факултет и која сирота од читална не излезе 4 години, па одозгора и сељачанизмот на фотографот и шминкер наш Владо Георгиев. Можеби колку пари толку музика е работава али не можеш да судиш од една емисија дефинитивно. Али тоа е што е, нашава е таква, ајде ќе удриме ќе критикуваме сега само бидејќи не личи на познатата емисија What not to wear. СДК дека премногу напнуваме критикувајќи ги останатите без претходно да помислиме и да предвидиме и други можности.
     
    На blond и stetoskop им се допаѓа ова.
  9. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Никако не можам да поверувам што се случи. Сеуште ми е како сон, целиот труд, целиот живот ги голтна пожарот и тоа не помалку или повеќе туку подметнат. Никогаш нема да ги заборавам деновите поминати во село кај баба и дедо, тие детски денови кои беа исполнети со радост и средби со најблиските. Таква катастрофа да голтне цело село, кое постоело од турско е многу жално :'( :'( :'(
     
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.560
    Допаѓања:
    174.779
    Ангелофарт ,се сложувам со тебе и да дополнам ако може,за да разбере Саломе подобро:
    Има едно далечинско кое се продава со секој телевизор.Е сега,со тоа далечинско се попушта тон,се намалува тон и секако се менуваат програми.Ако не ти се допаѓа Сител,пушти си Телма,канал 5 идр.Ако пак ни тоа не ти е по вкус имаш кабловска ,па повели...
    Нема потреба од толку критики,тоа што на едните не им се допаѓа,другите со интерес го следат.
    Ако земеме сега да критикуваме,треба да почнеме прво од нас самите,па потоа за некој кој си го вади лебот преку чесна работа.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Биди среќен... и онака никому не му е гајле ако не си...
     
    На Hiii, blond, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Дека постојано сум под нервоза, се за најмала ситница се нервирам, се растажувам едноставно плачам без причина, хм ке посакам нешто па после некое време се откажувам и се дерам на мајка ми зошто не ми купиш нешто а кога ке купи зошто купила.. нез што е работата со мене, едноставно таков ли е денот,неделата иначе не сум во ПМС :sweat: :sweat: :sweat:
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Ете ја Пупи се врати од Лаганас многу среќна, задоволна, исунчана, воодушевена и заљубена... Да, да дури и последното. Најдобриот дел од летото ми беше овај одмор. Толку се забавув со другарка ми што мислам дека после таквите забави таму нема шанси да излезам во ноќниот клуб Позитив во Битола. Какви клубови си имаат во Лаганас ејјј човече :o па тоа е нешто феноменално. Градската плажа ми беше преубава посебно влажната песок. Водата беше претопла, како да си уживам во кадата дома. Британците биле нападни, британците биле вакви, биле такви... Ви се молам бе :^) пофини, поучтиви луѓе јас немам сретнато. Можеби си пијат повеќе од колку што треба, ама ниту еден не проба насилно ни да ме ограби ни да ми подметни нешто. Парите можеш да си ги оставиш на плажа, без да се плашиш дека некој ќе ти ги укради. Не се луѓето нечесни како нашите. Си носеа по 1000 евра за трошење, а не па од некој Македонец да крадат. НАЈВАЖНОТО не може да се почуствува непријатна миризба на пот, што е чест случај кај нас. Во поглед на тоа Англичаните знаат да си одржуваат хигиена и машките и женските. Сите беа добро намирисани и од тие што јас ги прегрнав и алиштата убаво им мирисаа. Добив многу комплименти дека ми се убави очите и косата, а од мојата т.н. сродна душа го добив најубавиот хахахах :inlove: . Мило ми е што си го запознав и што си имав таква кратка летна љубовна романса. Кој знае можеби еден ден пак ќе го видам. Хухуху, се надевам :angel:
    Тоа е најглавното што можам да го кажам. Си поминав најубаво на цел свет и не сакав да си одам. Одвај се спакував и многу ми беше жал кога видов како автобусот пристигна на местото од каде што пристигнавме. На сите што се млади, а посебно тие со статус сингл им препорачувам да одат овде и да почуствуваат како е да си во рајот, како е да да си опкружена со момчиња со згодни тела, сини очи, црна коса. Имаше и портокалеви хахаха ама повеќето беа многу згодни. Се читаме женски :*
     
    На Adi888, Lepaaa, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ivi05

    Ivi05 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    29
    СДК .. Вчера си дојдов од одморот во Охрид :D ..
    Супер си поминав со дечко ми , значи нешто најј , годинава ..:) :inlove: :l:
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Моментот кога чекаш пред веце во кафич, доаѓа некој сељак ти прави некој неартикулиран муабет, и на крај ти мава клетва да те удри гром, само затоа што не го пушташ преку ред да влезе, демек нему повеке му се моча од мене. И моментот кога ке влезиш пред него и тој ти го гаси светлото на сред мочање. И тогаш ти попиздана излегуваш му кажуваш на дечко ти и тој се тепа за тебе. :wasntme:

    [​IMG]
     
    На Cacy, Annie.mk1, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  16. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    [​IMG]
     
    На JoxyTheFreak и Ashling им се допаѓа ова.
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    СДК дека секој човек прави грешки,но некогаш премногу и неподносливо....
     
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Денот по утрото кај мене дефинитивно не се познава.
    Сабајле се разбудив насмеана од 6-ка до 6-ка, не верувам дека и така ќе си легнам.

    Патем, ми фалат мириси. Или пак само сетилото за мирис ми има затупено.
    Порано од само еден вдишен мирис, знаеја да ми се навратат 1000 спомени, 1000 моменти и 1000 ситуации. Сега ми е сеедно. Ни мирисот на кокос од Блек Ап повеќе не ми е ист ...


    [​IMG]
     
    На la-chicka, zhap4e, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Тажно е кога ќе сфатиш дека го живееш животот половично . Страв ти е да се радуваш од срце , страв ти е да кажеш како се чувствуваш , страв ти е од тоа што носи овој ден и дали баш тој ден е почетокот на новата криза. И да , по милионити пат ќе пишувам за анксиозноста...
    Првиот пат кога имав напад мислев дека ќе полудам и дека тука е крајот , бев избезумена , мислев дека имам некоја тешка болест и секакви мисли ми поминаа низ глава .Следеа секакви испитувања , правење ехо и разни анализи на кои не се ни сеќавам од што беа многу . Бев целосно здрава ! Здрава личност која што никогаш не била поболна , се затворив дома , не сакав да контактирам со никого , на школо идев само затоа што морав и вегетирав таму , буквално цел ден не мрдав , сите приметија колку се менував а никому не му беше јасно што се случуваше . Следуваа бајачки на кои моите ме носеа со сила , разни терапии и на крајот се обратив на психијатар . Ми воспостави дијагноза - анксиозност . Од тој ден кога дознав што ми е живеам многу помирно , не дека кризите ги нема , баш напротив некогаш знаат да бидат многу посилни од што некогаш биле ,ама барем знам што ми е и кој е причинителот за оваа состојба . Причинителот сум јас ! Во почетокот виновникот го барав насекаде а само не во мене , одбивав да прифатам многу работи а всушност само требаше да се соочам со нив.
    Многу е тежок животот на нас анксиозните . Веројатно тој што не го почувствувал тоа неможе целосно да не сфати . Неизвесноста е присутна секој ден ,ама силно верувам дека се ближи денот кога се ќе биде подобро . Понекогаш сакам да си го избришам тој дел од мојот живот , како воопшто да не постоел но сепак знам дека сме осудени да ги носиме тие лузни до крајот на животот и дека колку и да е добро секогаш постои шанса дека таа ќе се врати во најлошиот можен облик.
    И покрај се јас научив да живеам вака , знам да се исконтролирам и секој ден се борам ! Среќна сум без разлика на се...
    СДК бидете среќни затоа што сте здрави , физички и ментално . Од тука доаѓа среќата , за се друго има решение.
     
    На blond, la-chicka, 1209 и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Животот е еден и не вреди човек да го помине замарајки се со тоа што другите за него кажале.
    И Бред Пит не би бил толку професионален во својата работа, ако размислува и се грижи што другите кажале за него.
    А за човек да се соочи со некого, треба да биде сигурен дека е подготвен за истото.
    А од мислам до знам, има голема разлика.Ако веќе за нешто се мисли, прво нека биде проверена автентичноста на мислата, за човек да биде сигурен.
    Некогаш треба човек да ги гледа работите од птичја перспектива, ама секогаш мора да е приземјен, бидејки во спротивно може лесно да падне.
     
    На ilipili, Serafima и manja666 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.