Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Толку многу работи имам да си кажам тука, што би напишала одма еден километарски пост! :rofl:
    Како и да е без филозофирање многу, ќе почнам со мојов месец! :lol: Сакам да истера до крај вака убаво како што почна! Коцките бавно се редат на место и баш ми е фино. Се трудев, а сега стојам на страна од проблемите и ги гледам резултатите кои ми влеваат самодоверба и надеж дека ќе успеам во тоа што сум го зацртала, да дипломирам на време и да успеам да ги доземам уште 10те испити од друг факултет, па да имам еден ден, здравје Боже, два факултети. Тоа е мојата дамнешна желба, која ќе ми се оствари, знам! :!:

    Се спремам психички за август, зошто пак ќе ми биде уште еден во низа, летен месец исполнет со учење, ама овој пат по опуштено! Сфатив дека џабе ти нервози и трескање ако немаш среќа. А и роденден ме чека, две пајки како што вика другарка ми си полнам, 22. Љубовче уште сега ме прашува како ли да ме изненадел. Па ако му кажам нема да ме изненади, го оставам сам да размисли. :)
    Исто забележав баш пред некој ден дека ретко постои тука мој пост, а да не го спомнам него! :$
    Па како бре, како да го избегнам ова што го чувствувам, ова што ТОЈ го прави да го чувствувам за него! Вчера (по милионити пат) на својот посебен и најубав начин ми кажа дека ме сака. А, тој не е таква личност! И ми годи кога го гледам таков, како дете мало, заљубено и затрескано, со страст ми кажа колку го исполнувам, а мене срцето ќе ми пукнеше. Од нигде-никаде, пиеме кафе и само ме гледа, ме гледа и почна! Го обожавам и горда сум што го имам. Многу горда! Тој е единстваениот што ги заслужил моите нервози! (барем до негде) :rofl:
    Ќе го водам на вердиба кај брачед ми, за прв пат пред моите т.е пред тато. Јес да сме скоро три години заедно, ама досега не сум имала прилика да го запознаам со татко ми! Колку што едвај го чекам тој момент, толку и се срамам, пред цела фамилија бре, па јас не сум таков тип, од никогаш не сум ги сакала тие фамилијарни запознавања! Ама мора и тоа да биде некогаш, нели, а сега е идеална прилика!

    Си барав позитивна енергија, си добив! Добив и тоа многу, многу, многу!
    Ќе си ја чувам вешто, ќе ми треба допрва, кога ќе ја отворам книгата од 750 страни! :tmi: :rofl:
    И сфатив дека сама си ја потикнав позитивата во мене, сама си ја створив, и сама ќе си ја искористам! Никој неможе да те исполни толку многу колку што можеме ние самите, со нашите мисли, со насмевка, колку и да е тешко, колку и да боли! Насмевка само, тоа е средство против мршојадците кои не опкружуваат секојдневно! :!:

    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, slavica999, innablood и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Има една мала и кратка дефиниција за љубовта:

    Љубов е кога двајца можат да живеат еден без друг, но одлучиле и избрале да живеат заедно.

    Мене ми се допаѓа некако.

    Прави разлика од љубовта како зависност; љубовта како бегство и страв од самотија; љубовта од и како навика; љубовта од несакана бременост и поради децата; љубовта од досада; љубовта поради толпата и конформизмот: ''сите имаат некого, ама само јас сум сам/сама''; љубовта поради притисокот на годините, околината, родителите, владата :P и останатите ''душегрижници'', ... од една страна.

    И од друга страна, љубовта како партнерство и заедничко живеење помеѓу две самостојни, зрели и независни личности, способни за љубов и за заедничко живеење, кои меѓусебно се слични и си одговараат. Е сега, кој кога станува зрел, самостоен и способен за љубов, е филозофско или можеби емпириско прашање, а не само прашање на години, дипломи, пари, успешна кариера, медиумска слава и останати општествени ''достигнувања''. Мислам дека личното животно искуство и минато се важен фактор на созревање, индивидуализирање и себе-развивање, па ако сакате дури и себе-креирање.

    Германките во своите очекувања и барања, помеѓу останатите стандардни и нестандардни индивидуални барања, имаат два клучни услови за своите идни партнери, дечковци и мажи:

    1. Да нема трауми од претходните врски, да нема недозавршени и нерасчистени емотивни или било какви други односи со бившата или бившите девојки. Молим лепо, прописно нека си пати и страда поради бившата некое време и кога поштено ќе си го ис-пати и ис-страда делот што му следува поради раскинувањето, тогаш нека бара нова женска. Разбира се, вакво барање имаат и Германците во однос на своите идни девојки.

    2. Вториот услов е да биде љубовно-способен, а не платежно-способен :D Германките знаат дека некои мажи се неспособни да сакаат и нема да се променат во ниедна врска со било која женска. Не е до неа, туку е до него. Нормално, има и љубовно неспособни жени, од кои германските мажи исто така бегаат. Кај нас секој мисли дека е љубовно-способен ... поготово ако е платежно-способен ;) Германките си имаат работа, пари и живеат сами без родителите уште од својата 18. или 20. година (не сите, ама мнозинството да), и имаат во таа смисла пообјективна претстава за љубовта и за тоа каков партнер сакаат.

    Нема да ви дефинирам што значи љубовно-способен маж или жена. Секој ќе си го најде соодветниот партнер/партнерка и ќе си дефинираат заеднички што за нив претставува една зрела, искрена, емотивна и исполнета со љубов и разбирање врска! Всушност, во тоа и се состои меѓусебното одговарање на дечкото и девојката и во тоа е и смислата на барањето на вистинскиот/вистинската. Да имаат исти или многу слични размислувања и сфаќања за тоа што е љубовта, заедничкото живеења, бракот и деца имање и нивно воспитување :D
     
    На Abeja, slavica999, blond и 12 други им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Денес пак добивам некои чудни флешеви,се плашам бре од оваа состојба.Ми се уништи денот од сабајле ,уште од девојката што држи тезга на пазар.Сум морала ли рано сабјле да го заменам комбинезонот,јас ќе сум и била малер ,не можела цел ден да продаде ништо. :o Е да знаете ме погоди во срж на душата што се вели.Зарем јас на некого сакам да носам малер?Господе боже,подобро шамар да ми залепеше.. :(
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    И залгавена сум сега во некои сивила, со тежок социјала рап што ми трешти од компјутеров и си уживам. Убаво ми е.

    Абе Страјк, друже, да сакаше подобро да опишеш нема да можеше.
    Ти си мојот поет :l:
    http://www.youtube.com/watch?v=qMf94v4mftY

    Си го сакам сивилото на моето Скопје.. Ќе ми недостига.
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Секогаш за излегување доцнам. И да се спремам цел ден, последната минута ми текнува нешто да направам и обавезно јас се чекам. Глупава навика |(
    Во таа „последната минута“ јас треба да ставам кармин, да го поправам креонот, ја прснам косата со лак уште еднаш, да ги најдам штиклите и да ги исчистам, да ги измијам забите, да се намирисам и да ги префрлам стварите од претходната чанта што сум ја носела во новата што ќе ја носам.
    И така последниве излегувања јас во последната минута не можев да најдам ниту еден кармин, ниту еден сјај, ми ги снема омилените обетки, а и по некое парфемче. Која нарвоза во последната минута :x

    Денес си реков таман сум слободна ќе спастрам малку, ама од она спастирање каде што копаш по старите работи и повеќе се занимаваш со предметите што си ги нашол. И си ги најдов сите изгубени работи, сите сјајчиња, парфемчиња, обетки и разноразни глупости. А последниот пат кога ги средував, така убаво беа наличени, си реков нема шанси да дозволам да ми се растурат. :tmi:
    Женско... од толку такви ситници што прибираме, некогаш и главата ќе ја изгубиме. :D

    Сега се си е средено... до следното излегување :lol:
     
    На chocolate.chick, Cacy, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Абе, не е до мене. Сакам и сакана сум. Само штета што тоа се две различни личности.. фмл. |(

    Како уште да ме држи пивото од Пиво Фест. Ми се врти, ми се спие.. Додека бев таму ме фаќаше носталгија за дома, а сега кога сум дома, сакам да побегнам. До времево ќе да е. Му текнало облачно, му текнало +50. :fubar: Среди се бре!
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... родителите утре заминуваат на кратко мини-одморче.
    Воопшто не ми е криво што на некој начин ете го жртвував мојот одмор.
    Едноставно , есапот дома и во туристичката агенција не е ист нели :D и оваа година за жал немаше можност да отидеме сите на одмор.
    Се натегавме некоја недела кој да оди, они запнаа јас, јас запнав они, на крајот секако победи ова инаетливо шкорпионско дете, :emo: па го поминав денес цел ден во пакување и подготовки за двете мои дечиња. :D Ветија дека ќе се држат за раче кога ќе преминуваат улица, нема да претеруваат со сладоледот и нема да се сончаат во најжешкото. :?:
    Си заслужија одмор, а јас ја заслужив мојата ретро журка во духот на 90тите.
    Денот е сабота, обезбедени сме со хитчиња од нашето време, постери како декорација, :D балони, мафини и фурнаринки на мени.
    Мојот најдобар другар, ем си, и мајсторот за коктели исто пристигнува како дополнителен зачин на журката.
    Ќе сркаме коктели и ќе гледаме повеќе да се изглупираме, :!: со фото и видео-документација.

    И дома да си, ако вистински сакаш - ќе си направиш да ти е интересно!
    :wasntme:
     
    На antonina, JuLleE, Bright и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Луѓе, сум спиела до 2 и пол, ви се верува?
    Ама беше прекрасен ден тој вчерашниот. Со мамичка на кафе, другарки нејзини, другарки мои. Дојде и австралијанецот во близина, и конечно си ме запозна со оној со кој си се меркаме некаде 2 месеци. И после ми иде да ми каже, “батево уште пред некое време ме прашуваше за тебе.’’ Лепотан бре. Ама со овој не превземам прв чекор во никој случај, ми се ужива претерано овај пат. Со братучетка ми си се релаксиравме на наш начин, и после сме се заседале со другарчиња. И сончоглед купивме да убиеме време дур ги чекаме другите. Ама онолку се немам смеено со години ми се чини. Покрај сето смеење си се изначудив како успеав да останам сериозна кога се запознавав со едно момче и ко ме праша како се викам одговорив “Галиба.’’ Пустиот поверувал, а ние сите мислевме сфати дека се шалам, па ко се испраќавме во 2 и пол ме прашува, “А чекај, оти те викаат Маце?’’ Јас само си кренав веѓа. “Па како изведовте од Галиба - Маце... Мислев Гале или некако ќе те викаат...’’ е тоа беше врв. Заспани и изморени, го дадовме последното смеење од себе и си заинавме дома.
    Денес реприза, само побујна, дојде пријателка ни од Германија :)

    Поминете си ја вечерва прекрасно, мили феминки. Ве гушка Хејли :hug: :*
     
  9. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Песнава цело време на repeat, заразна е многу! ]:)
    Цело време ко ненормала си пеам: „Мама Луба, даваи, даваи, даваи...“ :rock: :wasntme:
    http://www.youtube.com/watch?v=45re9YPPYmM
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Јас уште еднаш ќе ве замолам да не враќате на постовите на буце или каков и да е, покрај неговите постови треба да се бришат и вашите, а нема потреба од дупла работа.
    И нема потреба од коментари: побрзо бришете или не знам што прават модераторите, сигурно дека не дремеме пред компјутер и не ги читаме занимливите мислења на членот, туку очигледно не сме сите вклучени за секој да си избрише во својата категорија.
    Кај и да е, ќе се среди, не е прв случај, а нема да биде ниту последен.
    Фала.
     
    На Annath и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Многу е неубо ко ќе чуеш грди зборови за тебе.
    На некој си му изрод, на некој си му западнат у филм, на трет си му сосема невидлив.
    Знаете што?
    Срам да ви е.
    Што се дрзнувате за секој сешто да кажете. Не дека некогаш кажувате невистини.
    Точно е дека некој е дебел и има неисчупани веѓи, но ако перцепцијата ви останува на тоа, тогаш не знам.
    Не сакам да живеам у затупеново општество, не сакам да бидам дел од шаблонот, и не сакам да создавам омраза во себе. Не сакам да ги осудувам луѓето, ниту да им зборам зад грб.
    Чудно е како се сите зависни од цигари, алкохол, дрога, штикли, шопинг, чоколадо, а никој не е зависен од имагинација. Каде се световите во вашите глави?
    ..благодарение на таквите без свој фазон се си мислам повеќе се опаметувам.

    Немојте да ме сфатите погрешно, не се правам просветител ни прекрасноча, далеку сум и од двете.
    Особено од ова второво.
    Но не можам да сфатам како функционирате со толкава горчина, самоувереност што е до нарцисизоиден степен отидена, ве трујат вашите ставови во кои до коска верувате.

    Ама ако, не ви се лутам.
     
    На Johny, blond, la-chicka и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Какви се луѓето брее.Само од корист.Кога ти треба нивна помош нив никаде ги нема,ни трага ни глас од нив.Но,кого тие имаат проблеми веднаш те бараат.Епа не може така,да си знаете. ]:)
    Не те ни прашуваат дали можеш,туку само ти велат ќе дојдеш таму и таму,ќе бидеш со Петко,Рајко и Стојна,тоа и тоа ќе праеш.Е госпожа не бива тоа така.Кога ти текне на г*зо тогај. :shake: Ќе најдеш некој друг ден да се сретнеш со господино.
    И уште имаш храброст да ме прашаш дали сум јас тоа. :o Не бе не сум јас,туку Диме од Тракање. :emo:Велиш дека не сум јас тоа? Зошто? Затоа што не го правам оно што ти би сакала,затоа што не сум куче кое постојано трча по другите и им ги исполнува желбите.И јас имам живот,знаеш. |(
    Додека другата другарка ти беше на одмор,цело време беше со мене.А,сега кога се врати нешто те нема.Изгуби се.Понекогаш мислам дека за поголема другарка ја сметаш неа,а не мене.Јас која седам на училиште со тебе,ти помагам за тестови и писмени.Јас која секогаш останувам по училиште со тебе за да не бидеш сама додека го чекаш комбето.Јас која сум секогаш тука за да ти помогнам,да те ислушам,да ти дадам некој совет.И ти си ми била некоја другарка. |(
    До сега се залажував дека си ми вистинска другарка.Сакав да верувам дека може да постои човек на оваа планета кој ќе сака искрено,кој несебично ќе дели работи и од срце ќе посакува среќа на друг.Но,пак се излажав.
    Ти си себична!Гледаш само за тебе.Баш ти е гајле за другите,за мене...
    Нема веќе така,од утре нова политика.
    На 1 септември нема да ме препознаеш.
    Ајт,чао.
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... Ах Југославијо, социјализму каде сте ?? :doh: Младиве (маливе) "капиталисти" тотално збрлавеле. Не знаат реалност од имагинација да разликуваат. Жално е бре како ова хаотично општество и виртуелново друштво им го поремети умот ... :|
    Чест на исклучоци, ги има и се ретки.
     
    На Johny, blond и eli25 им се допаѓа ова.
  14. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    СДК дека дома ме отепаа со од глупи по глупи прашња. :swear:

    Аа ти пак си дома а? Е зошто не си излезена? :^) Дане се скара со другарките? Или пак тие дечковци имаат па здодевно ти е до нив? Тоа е нели? Аа знам јас дека е тоа, неможеш мене да ме лажеш.
    Аман бе жено остави ме. По цели денови а тупиш со тоа. Ми се смачи веќе. Не сакам да излегувам, неможам, сакам да спиам! Што е толку тешко да разбериш?! Па остави ме на мира неколку дена.

    Па не ги можам веќе. :doh: :@
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Бомба... експлозија... чад, ете тоа доживеав во мојата соба. Да, да, цркна звучникот. И сега?? :(
     
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Лашко во лименка.
    Ми недостигаат моите .и малите прцолчиња белото и црното ....кучињата де.
    Работа преку глава ..........ако не се жалам .....само што ми е мака ќе помине.
    HIP HOP папка ...чунки цедејка ќе си правам LOVE дис кајнд од музика.
    Тој ринта цел ден , но затоа резултатот повеќе од убав ,бакнеж во знак на благорадрност на неговиот грб......солен е ако е нека е од пот е негова пот.
    Ваков ли ќе биде животот понатаму од работа ќе немаме време за во спална :D :D таков ами каков ,само здравје и љубов па нека е.
     
  17. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    СДК Glossy-girl алал да ти е и мене ме зарази :D :D
     
  18. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Погали го и бакни го. Ќе му помине. :nod:
     
  19. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426

    Му нема спас, џитнат е во канта. Ај следен пат. :lol: :lol:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Да, среќна сум сама. Го имам семејството и пријателите. Сега на одмор ич не се замарам. Градот ми се здосади, преку гла ми е шетањето на места со многу луѓе. Ми треба време да ги наполнам батериите, да се одморам малку |-)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.