Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Утре одам на воен базен, да си поминам убаво како претходниот пат.
    Колку е убаво кога ништо не е комплицирано нели, кога се е лесно?
    Се надевам дека еден ден ќе биде така за сите.
     
    На Glossy-girl и pamelche им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.262
    Допаѓања:
    157.645
    Оние парови кои се во врска прилично долго, се плескаат од сам старт,типката не се ни потрудила да изгледа недостижно,а одат на одмор одделно ради принципот на женската,а и да не и биде незгодно пред нејзините. Има 23 години. Би и раскинала. Одма!

    И оние девојки кои нон стоп зборат дека се сингл и дека им е добро што срцето не го довериле на некој сељак или дека се паметни и умни и заради тоа не сакаат дечко или дека се премногу силни за машка особа и све тоа. Не би ја фатила за женска. Никад! Затоа што е премногу несигурна и немам време за сето тоа шит што го носи со себе! И не,нема да се промени тоа со зрелоста,фала многу,пријатно!

    Ау да. И оние богати деца од над 20 години кои наводно имаат богат социјален живот,а одат на одмор само со нивните. Не затоа што е фамилијарен одмор,луксузен,кој зближува,туку зошто уствари немаат вистински пријатели за да договорат еден и со нив,а и можда и се асоцијални имаат чудни,срамни навики. Како?! Мислам КАКО?! Не ми е јасно! Не,не! Ама затоа има еден куп другарчиња со кои се шегува по социјалните мрежи и оди на чајанки со нив од време на време, најчесто има и Никон (или најкон,ко што љубат хипстерите),а може и Канонот,фул опрема,професионален фотоапарат и е у некој уметнички занес,а тоа фотогарфиите се само добри,зошто е опремата добра,се погодува де... Е тие! Одат у Аланија на одмор со нивните МАМО,МАМОООО СЛИКАЈ МЕ МАМООООООО! Ох мајн гот! *фејспалм*. Фамилијарни одмори се супер ствар,ги љубам,ама у ваквите случаи, летно време имаш проклето добра шанса да видиш дали уствари се толку блиски и друштвени тие наводни другари...

    Поздрав до чичето на плоштад што ја свири на хармоника темата од Кум! И до чичкото што свири на гитара у ГТЦ,изгледа има тактика со девојчиња (непедофилска и неперфидна! :!: ваљда сака девојчиња што се смеат рандом),три пати до сега кога поминувам мења тековна песна и почиња да ми ја свири Јовано,Јованке! А тебе те чекам мори,дома да ми дојдеш,а ти не доаѓаш душо,срце мое Јовано! Да ми е жив и здрав,увек се церам од уше до уше кога онака подклекнат на гитарчето ќе се насмее и ќе затрза песнево! И онда си замишљам уствари дека животот ми е филм и коа нешто ми се случува иде музика у позадина! Ко на пример прееска сфатив дека сум заљубена у ... некој,нешто,идеја,иднина,куче,маче,свет,луѓе (не сите,иако на сите им посакувам се најдобро за да бидат добри и да можам да ги сакам! Да не бидат фрустрирани,да немаат причини за истото како не би биле лоши и глупи!),сфатив и колку многу си ги сакам родителите и како несакајќи не му посветив внимание на татко ми кое малце го повреди и му купив екстра ладна, два литра кока кола,скопско пивце и му направив пилешки прстиња и го исполнив тоа што го бараше, и дур траеше тој процес у мојата глава,живот, таааааап Кум, таааааап Јовано,Јованке! Е не!

    Е така! Мирна душа! Ме сакаа денес и ги сакав! Многу! МНОГУУУУУ! Си гледам во длабочина на зеници и гледам како му тупка срцето! Убајна! Лето!
     
    На JuLleE, Plavusa.17, Buttterfly и 22 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.351
    Три години брак :emo: :d:
    уште некој ден и шестгодишнина...за арно нека е само.

    Звучи клише, али за родендени и годишнини ние се облекуваме и пут под нозе у град. Не си ја мачам душата со готвење, спремање или чекање гости.
    Така и денес, го почекав да се наспие убаво после неговото долго патување и потоа у град каде се најадовме како свинчиња и споделивме импресии од штотуку изминатиот одмор.
    Годинава решивме да го поминеме годишниот одмор одделно,секој со своите најблиски другари.
    Малиот ми раскажуваше за необичниот вкус на блек мохито, тапас, и убавините на гибралтар и африка а јас за своето искуство во италија.

    Сменети сме...многу, али тоа е животот, растеме ние, растат и обврските и желбите.
    Сепак некое работи остануваат исти. Секојпат кога едниот е настинат другиот бдее над него и расшетува со врели супи, чајчиња и го масира со крема за симување температура.
    Сега е мој ред да бдејам над него.
    Добра ноќ на сите :*
     
    На sweet-cherry, tinkerbelll, Oxymoron и 38 други им се допаѓа ова.
  4. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Девојка која е толку зависна од мајка и, не може да успее во животот.Не и не.
    Мама може се, мама знае се, мама вака, мама онака.И на секоја нејзина реченица:Нели мамо?
    Дај те молам уозбили се, порасни, уствари голема си веќе и почни да ја гледаш мајка ти како човечко, а не како митско суштество.
    Колку и да се ретки и вакви женски постојат.Па какви женски ти се тие бе луѓе?Аха, па тие ти се уствари жени-машки.
    Еден ден ќе треба да зачекориш во големиот свет, а ти ни тука не можеш да се одделиш од фустанот на мамичка.
     
    На Shelea и blond им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.262
    Допаѓања:
    157.645
    ШТО Е ЕКСКЛУЗИВНО У СИЈАМСКИТЕ БЛИЗНАЦИ ВО МАКЕДОНИЈА?! Отекоа овие од Сител! Отекоа!
    ЕКСКЛУЗИВНО!
    Неарни сте вие или како?! Се знае зошто настануваат вакви пу пу пу работи,само за вас е ексклузивно! Индија брате!
    Жити господ?!
    Болна телевизија бе!
     
    На blaa, Justice, Johny и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    си сменив аватар со Хурем..Многу ми е убавка :D
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Колку вистински добри луѓе постојат? Се обидувам да верувам дека постојат, па и еве некое време животот ме убедува дека сеуште ги има, но за жал се премалку.
    Болна со месеци, фрчат секој ден повици од пријателките на мајка ми, секоја бара чаре, некој добар доктор. Доаѓаат на посета, па макар и на 5 минути да ме видат.
    Вчера кукав како ми се јадат јаболчиња петровчиња ама им помина времето. Во меѓувреме на порта пријателка на мајка ми слушна, се насмеа, не поздрави и си отиде. Доаѓа после половина час и наполнила торба со јаболчиња, па уште се извинуваше зошто биле такви ама немало поинакви. Превкусни ми беа :wasntme:
    Сакав друго да кажам, од моите другари, другарки само една е тука покрај мене, а има премногу проблеми. Можеби годините дружење си го направиле своето ама неизмерно сум и благодарна.
    И еден од бившите дечковци постојано е тука да ме праша како сум, да се пошегува за да не мислам на лошото. Што е со другите? Што е со Него?
    Ако ништо друго во вакви моменти си ја чукам главата кој навистина е дел од мојот живот.
     
    На sweet-cherry, Nine25, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк дека пред малце го догледав филмот My life со Nicole Kidman i Michael Kiton.Ме расплака и отвори некои животни прашања во мене.Размислував долго и иако знаев повторно го раздлабочив тоа дека животот ни се состои од еден куп спомени кои што никогаш нема да излезат од нашите глави.Тој е премногу краток,но во него има многу чувства,спомени,мали милион делчиња кои што не тераат да го сакаме онаков каков што е животот.Во него има среќа и тага,љубов и омраза.Секој од нас го доживеал тоа на некој свој начин и повторно застанал на нозе и покрај сето тоа низ што поминал. Би сакала секој од нас да направи нешто за себе поради кои што ќе се гордее и ќе си ја исполнува душата.Што ако уште утре не снема,тоа ќе остане зад нас ,тоа и едно зрно прашина како знак дека сме постоеле.Јас од сега натаму уште повеќе ќе се трудам да си го живеам и направам животот јас како што сакам и мислам дека е правилно.Обидете се да го направите тоа и вие драги мои и почувствувајте огромна исполнетост во вас . :* :* :*
     
    На Gordana10 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  9. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    121
    СДК дека некои личности во мојот живот никогаш не сакам да ги сретнам !!!
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Кога веќе си одлучен да одиш некаде само за да си ја одмориш главата барем за момент,
    направи го тоа.
    Проблемите и така ќе те чекаат дома кога ќе се вратиш.

    Уживајте, времето мине!
    Пуф!, ариведерчи!
     
    На Doozy, Strumfeta93 и eli25 им се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Во обид да се изгледа страшно добар во својата работа, нешто налик на Доктор Хаус во медицината, се прават такви катастрофални грешки што од еден обичен проблем се ствара хаос а ти си тргнал по решение кое треба да е едноставно...Ако, нека, експериментални глувци сме ние па некој нека си ја испробува својата "генијалност" на нас... И после кисело се насмевнува и ти вели-Не е ништо страшно ќе го средиме...Ок, ќе почекам да ги средиш твоите го*на па после ќе се навратиме на мојот проблем... Дебил.
     
    На Johny, blond, la-chicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Се нервирам зашо мора секад да пишувам ѕоу тубе наместо you tube???? :@
     
    На sweet-cherry, blond, CIA и 11 други им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Во каква држава живееме ние... во најзаостаната што може да биде, тука сексот, инцестот и ред други работи се се уште табу тема. Ако имаш сексуално односи пред 18 си лесна женска, а ако имаш после тоа па не знам можеби пак ќе бидеш. Чекај бе малце... по разговорот што го имав со еден дечко додека бев на одмор навистна се замислив. Тој ми рече дека неговиот другар и тој почнале разговор затоа што јас и другарка ми сме биле пристојно облечени за разлика од другите женски што си шетаа со гакички на кои пишуваше колку многу го сакаат Занте. Девојките таму слободно си кажуваат колку секс партнери имале и воопшто не се срамат да признаат дека бројката е над 15. Не знам дали тоа е нормално или не е, кај нас има девојки што се вознемируваат само заради тоа што имале сексуални односи со двајца. Нормално е да носиш гакички од кои дискретно ти се гледа газето и блузе кое ги покрива само градите. Ако некој ги коментира нешто за нивната облека и шминка или па однесување, тоа воопшто не ги интересира. Многу се нон шалантни и не се оговараат една со друга. Ете тоа ми го кажа дечкото за девојките таму во Англија. Кај нас е многу поразлично. Кога му кажав јас какви сфакања имаат дел од момчињата и девојките тука, мислам дека момчето се запрепасти. Не можеше да верува. Ама тоа е тоа, сите сме различни. Најважно е што запознав една многу драга личност слична на мене, што ги сака истите работи како мене. Можам да речам си ја сретнав сродната душа( цело време ми била далеку хахах) и исто така дека многу си го надоградив англискиот јазик.
    Овај ден стварно многу долги постови напишав. Мора да е од големата количина на кока кола која ја испив. Спиење... можеби подоцна... 8)
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Пупи, па Инцестот и треба да е Табу тема, Тоа е ван нормалните граници :)
     
    На teddybear, anabel-a, la-chicka и 12 други им се допаѓа ова.
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Jaс разбирам да си го слушат Слаткарот дома, ама да стават линкови на другарките со коментар

    не можам да разберам.

    А, бе, кажав јас ојдела си младината у пи**а си матер.
     
    На Micheleljubov, sweet-cherry, Miss-Independent и 22 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.594
    Допаѓања:
    43.141
    Пол:
    Женски
    Го имам она, знаете, во стомакот, кога ви се превртуваат цревата од исчекување на неговиот повик или бакнеж, поглед после свежо заљубување...само што јас не очекувам повик и не не сум свежо заљубена...па што ли мајката сакаат пеперуткиве :^)
     
    На anabel-a, CIA, Lepaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека смешно е да седиш со другарка што ужасно брза да порасне и да проба се`, да „дувате“ оригано, а таа тотално да верува дека е трева. :rofl:
    Уште и бед ја мавна еј, дали ви се верува. Па грчења во нозе, ова-она. Плацебо ефект не беше сигурно, само се глупираше како и обично. :D Се изнасмеав и не и` кажувам. Нема никогаш да дозволам навистина да проба, вака нека верува дека било трева. :rofl:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.262
    Допаѓања:
    157.645
    [​IMG]
    Зборувај ми за пазарно формирање на цените.
     
    На Johny, blond и cinderella5 им се допаѓа ова.
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Кога луѓето ќе сфатат дека едно е да си интересен а сосема друго е да си напорен ? А малку фали за да се премине од едно во друго .
    СДК дека секој ден се поголем мрчатор станувам и незнам дали е до мене или до сите останати . Првата причина е мојот град кој што апсолутно ме гуши и депримира . Втората причина е тоа што свесно се дружам со празноглави и се повеќе време поминувам со нив . Познаници на моја најдобра другарка - е нека се де , ама со нив неможеш да направиш нормален , цивилизиран муабет ! Не ги сакам и точка.
    Ден по ден , животот си поминува а мене ме боли уво за се !
     
    На Johny и blond им се допаѓа ова.
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Имам решение за тепање досада и намалување на невработеноста.Уште Грујо да ме сослуша.Дека треба и мора да се отворат центри за нормализирање и рехабилитација на изматуфената популација.Воланерски ќе биде веројатно, како хоби ќе им дојде на хуманитарците како мене кои седат дома и се принудени да фаќаат сеир од будалетијата на простата маса.Aма со сигурност ќе тврдам дека расте бројот на луѓе кои патат од психолошка состојба двоен идентитет.И покренуваат реторско прашање со постапките од типот ...се фали дека јаде јагоди со шлаг а се нафука дома компир манџа.Се фали дека доручкуваше нутела а макала толчени пиперки со лук.Прашањето е будалите се будали или не прават будали нас ??И никако да научат дека Подмочани не е Прага, сачувај боже сега и часови географија ќе мора да се држат |(
    ...сега знам што е, рецесијата е, видете што им стори на напатениот народ од провинцијата душевна се разбира не местоположбена.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.