Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Денес е еден весел ден, ако се вратиме наназад некои скоро 3 години, тогаш тоа бил еден од највеселите денови икада! Колку брзо лета времето!

    Денес му е роденден на еден момак кој за дете од 15 години колку што бев тогаш, ми остави впечаток на дечко кој во џенцките не гледа само гради, задници и фаци, него личности. Ете, тој момак ми беше првиот другар икад, и ми остана една од најблиските личности до ден денес.

    Си имаше он тогаш наполнето 18фче, јас одвај петнаесет, oн стар човек у племето, јас ко новороденче.
    Си ја фати за женска цимерка ми и буквално се всели кај нас.
    Прво ради реда паѓаа муабети, неизбежен контакт дека у исто место.
    После тоа со тек на времето, муабети, пијанства, глупости.
    Раскина со цимерка ми и остана да си живее кај нас.
    До плачки, до смеење, до се.
    И другава цимерка со нас, де. Они демек, четири години се знаеа, па знаете...
    слободно можеа да си бараат цигари, де. Али ништо поише од тоа. Ваљда. У смисла на другарство, зборам.
    Знаеше он каква подмукла е она, само неќеше да ми ја уништи среќата.
    Многу научив од него.
    Научив како да се биде бунтовен, да си се кажува вистината јасно и гласно таму, дури и да се сите против тебе. Несебично ми ги споделуваше неговите искуства. У секој момент кога ќе наидев у афект со некого стоеше покрај мене додека се расправав и дерев, а после тоа ќе ми одржеше една добра лекција ако нешто навистина сум погрешила.
    Така, поголемиот батко горделиво ме штитеше, а јас и онака незабележлива од сите оти немам ни добар задник, ни груди за истакнување, си ја терав тивката вода.
    Некогаш и неговата возраст не значеше.
    Знаеше да седне и да ме потпраша што, како треба да прави.
    Ќе зборевме до касно у вечерта.
    Ќе си позајмувавме пари кога ќе снемаше.
    Кој има, како има. И кифла сме делеле, за ручек и тоа, за ручек и вечера била.

    Никогаш не се издадовме за ништо.
    Никој не ни знаеше дека сме толку блиски.
    Мене никој не ме забележуваше, јас му бев ко невидливо другарче.
    Си беше таков, му мрдкаше и него некогаш газето по гласни девојчици,познати фацки у опкружувањето, он со сите имаше барем Здраво и заебанција, таков си беше.
    Никогаш не му замерив за тоа.
    Кога ја повредив ногата мкнеше по ходник до веце и ме чекаше пред врата за да ме врати назад. :D

    У мај, пред да матурира, една недела пред самиот да си замине, од мака и инат директорот го избрка.
    Бидејќи си кажуваше вистини детето, си се контраше.

    Одамна не сме се виделе, секој со своите обврски. Ни бројче никогаш немавме разменето.
    Ама една работа знам. Тоа есенцијално другарство кое тлееше помеѓу нас, доведуваше до плачки и смеења. Кога сите ни го свртеа грбот после глумењето часни и неразделни, само јас и тој останавме во собата, да си ги свртиме главчињата лево-десно по еднаш, у знак на незадоволство.
    Останавме само ние да свртиме клуч на триес-осмица и да си отидеме.
    Секој по својот пат.

    Епа, среќен роденден, дечко. :^:
    Да си жив и здрав, да си насмеан.
    Знам дека длабоко во тебе има едно дете, полно со искреност, упорност и бунт.
    Ти посакувам многу весели моменти, низа насмевки, од срце.

    a, и еве ти, наместо честитка :rofl:

    [​IMG]
    Ќе се видиме пак, знам. :)
     
    На anabel-a, lunicka, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Моментот кога во мислите ти иде да кажеш нешто лошо за некого и во истата секунда се засрамуваш од сопствените мисли и во истите и се извинуваш на таа особа. Чуден ми е умов, порано не бев ваква, многу сум мека, емотивна, емпатична, често пати ми се случува да ми се приплаче на туѓа, и не толку страшна, несреќа. А исто толку често пати се обидувам себеси да си одржам лекција дека понекогаш навистина се грижам за погрешните луѓе, оние кои тоа не би го направиле за мене.
    Тешко е денес, очигледно, за многумина, да прифатат дека не сме сите исти, дека сите немаме ист интелект, сфаќања, вкусови, дека сите неможе исти желби да имаме, приоритети. И поради тоа се газиме, поради еден или два критериуми инстант ги делиме луѓето на добри или лоши. Ама не е лош оној што сонува за поинаков свет од мојот, туку оној што упорно се труди да ми го наметне својот и да го сруши мојот.
    Спомна некоја членка или член (се извинувам, ама не ми текнува кој беше :$ ) дека денес во мода е да се биде искрен, дрзок, отворен. Јас би рекла повеќе на збор отколку на дело. Некои луѓе треба да си го гризнат јазикот понекогаш, зашто реално е да, дека вистината боли, ама тие се последни што имаат за право да ја нанесуваат таа болка. Јас сум искрена, да, зашто отворено изјавувам љубов, си ги кажувам гласно мислите, објаснувам и тоа што не треба, понекогаш звучам и како некој лик од филмовите на Вуди Ален. Останатото, преќутувам. Не затоа што сум дволична, а не сум, и не сакам за никој зад грб да зборувам (верувам во карма), туку затоа што сметам дека не го имам правото јас некому да му ги отварам очите. Учев од сопствените грешки и правини, секој треба да си го има тоа искуство зад себе.
    Песнава некако ме потсети на целиов муабет што го избладав овде. Доволно редови зборови за после полноќ
    http://www.youtube.com/watch?v=QxJrjV4PNXA

    во некои денови, како овој, навистина добро би ми дошол ссс..с. :wasntme:
     
    На bittersweet, Moira, MSkorpionka и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Не постојат соодветни зборови за да опишам дека убаво ми е во душава! Многу... ^_^
    Онака... се смешкам цел ден!
     
    На Divinebutterfly, Johny, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  4. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Знам дека го доживувам врвот на досадата кога губам 4 минути, гледајќи го спотов кој е бледа копија на спотовите на Лејди Гага и Ники Минаж :tmi:
    http://www.youtube.com/watch?v=u2VM7jvzHnE
     
  5. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Драга социјална анксиозност, никој не те повика на гости. Не те сакам, оди си веќе еднаш, непожелен гостин си.
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Конечно дојде денот. :)

    Драги мои Феминки, Крејзи заминува на заслужен одмор. 14 дена даааалеку од тука, одам да си ги наполнам батериите, да фатам најубава боја, да се изнашетам и по малку да лудувам. Возбудена сум до даска, спремањето и пакувањето се завршени целосно, а јас си се смешкам и го чекам часот на поаѓање. :sun:

    Останете ми добро расположени, се читаме следниот месец. :*
     
    На Stoimenovska, Divinebutterfly, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Значи колку е ГЛУПА оваа менструација! Мора ли баш кога треба да одам на одмор ?? Бар само сега да е, за се нешто е така. ОХ ГЛУПА МОРИ !!! :@
     
  8. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Задутре ќе одам на одмор со другарки ии мене некако не ми се оди онака возудена сум аа нешто ми вика ќе ти биде глупо ова она...сите сакаат на одмор аа јас...мислам не дека нејќам ама незнам што ми е многу сум изнервирана заради мојве родители ме зезаат нешто за парите многу сум трошела бла бла...па што сакаат лето ее треба ова она..ми кажуваат у нивно време како било и кога ќе почне татко ми со тоа мене одма да ме нема -.- ама јас секогаш некако ги убедувам така да...;) ама сакам да одам и да се отргнам од ова компјутеров, интернетов и 10 дена зезанции и да си ја одморам главата од се...ама не дај боже да добијам менструација :worried: на одмор зашто ќе се утепам одвај чекам да се бањам :D
     
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Мажите оставаат многу потешко од жените. Женскиот ум размислува инстантно и умее да се коцка со својата иднина. Но мажот размислува практично. Тој не го губи првото столче се додека не е апсолутно сигурен дека второто му припаѓа само нему. Така, кога еден маж ќе ви каже готово е со неа, верувајте дека не е. И нема да биде барем наредните неколку месеци. Во најмала рака.
     
    На julie77, ViktorijaMari, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК не е секогаш така, тоа што се претставува, не дека јас размислувам за некого што и како, но понекогаш толку ми е пресилно тоа претчувство/интуиција што цел ден ме јаде |( и поради тоа речеси сум сигурна дека тоа кога ќе се појави, нешто не штима.А посебно кога станува збор за работи каде не ми е место да се мешам, а не ни пробувам или за луѓе кои не ми се крв.Овој пат се надевам дека не е така и би сакала да се лажам себе си, ама проклето ме гњави и не ми е мирна душава.Ме изеде :fubar: |( :D Ама ко за беља, скоро секогаш излегува дека е во право :| И кога се најдов по незнам кој пат во таква ситуација, ми доаѓа веднаш се да кажам како стојат работите, премногу директно и отворено без око да ми трепне, а внимавам како кажувам, ама морам овој пат да поќутам, оти знам ако проговорам има трета светска војна да има :D Ама само да ги начекам тие кои се мета за ова :D А од една страна морам, заради околностите и ситуацијата, а од друга страна си мислам па и не вреди човек да си го губи времето со нив и така самите си се уништија, без да приметат дека тоа веќе го прават.Незнам веќе, ама за ситуацијава, ќе речам со дедо Боже напред :D иначе отиде надвор од контрола се :|

    Ме фркна главата |(
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    .. дека се фаќам себеси како ја отварам категоријата Врски и дека всушност имам што да кажам за секоја една тема од таму .. И убаво ми е. Убави ми се и нервозите поврзани со неа. Можеби затоа што заборавив како беше ...

    :wasntme:
     
    На Alesii, cinderella5 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  12. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    одеднаш се растажив ... и сега сум многу тажна :( ;(
     
  13. The.Little.One

    The.Little.One Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    па најверојатно дека пишуваш со македонски фонд хах.. у секој случај не се нервирај :D :*
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    :D :D Mала шала :D Aма морав :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • co.jpg
      co.jpg
      Големина на фајлот:
      21,3 KB
      Прегледи:
      279
    На sweet-cherry, antonina, x.Daisy.x и 14 други им се допаѓа ова.
  15. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Не сфаќам како може неко луѓе да немаат став за ништо? Како е тоа можно на се и сешто да се вика само незнам ... Не дека на се и сешто се правам паметна и јас знам се знам да премолчам и јас на некои работи ама па ова ама баш ич не го разбирам?!? Зашто никогаш да не кажеш што мислиш, дури и за сити работи ако се најдеш во конфликт па макар и најмал ти избираш да ќутиш! Па немора сите да те сакаат ... барем ќе си го изградиш карактерот а вака си само една личност која потпаѓа под секој кажан збор само за да не ја изгубиш твојата добрина во која веќе не ни верувам а имам и зашто . Можеби сум брбливка некогаш и знам да кажам нешто и што не треба од нервоза ама барем не се плашам да бидам јас и да кажам што сакам ...
     
    На Monna.Monna, Hayley и Johny им се допаѓа ова.
  16. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    СДК дека утрово се чуствувам посебно убаво ,среќно ,исполнето и сето тоа благодарејќи на него :inlove: Се надевам дека денеска ќе си ја прославиме нашата годишница најубаво и дека смислил нешто да ме посебно да ме изненади :wasntme:
     
  17. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Никогаш не треба да имаш верба во никого ...Во денешно време на никој не треба да му се верува изгледа ...Каде се искрените луѓе кои ќе признаат : "да крив сум згрешив'' ? :^) А зарем не сфаќаат дека никој потоа нема да верува во нив , да знае дека може да се потпре на нив и да побара совет од нив ?
    Скептик сум кога станува збор за други личности , знам дека неможе да се верува на никој но сепак постои некој дел во мене кој не дава докрај да се разочарам од луѓето ...Зарем и него ќе го снема ? :^)
     
    На Monna.Monna, Divinebutterfly и Hayley им се допаѓа ова.
  18. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Pozdrav zenski, se izvinuvam za latinicata, nemam kirilica na mobilen. Sakav da kazam deka momentalno sum na odmor i tuka e prekrasno. Duri sega sfakam kolku mi trebal ovoj odmor, ova beganje od realnosta i maksimalno opustanje.. Ama mi nedostiga femina :(
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.970
    Допаѓања:
    123.566
    Не знам кој дел од денот го сакам најмногу,ама секој го вдишувам на различен начин,а со иста љубов.
    Освен,кога знае денот да зафркне,ама едно имам на ум-дека сепак го сакам животот.
    Утрото,дали мамурно,дали снежно,дали врнежливо или како денешното-зраци и свеж воздух од мојата тераса,си има посебна магија.
    Некогаш ти е тешко да го напуштиш креветот,некогаш едвај чекаш да станеш од него,во потрага по остатокот од денот.Утринското кафе е незаменливо,особено рано насабајле.Не е исто во 8часот и во 12 :wasntme:

    Пладнето,исто со своја магија.Секој се прибира дома,мрмори за поминатиот ден,некогаш радост некогаш тага,ама тука е топлиот ручек на маса,со ракивче и салата пред него,па баш годи за опуштање.
    Порано,го сакав пладнето повеќе.Точно во 16.30,ќе пристигнеше татко ми,прво ќе дојдеше кај мене за да ми остави дневници,зошто сакав да ги листам,а потоа ќе седневме да јадеме.Јас седев на чело,а тој до мене.Тоа се драгоцени спомени,секојдневни,ама едни она најскапоцените.Мигот кога целото семејство е на маса.Никогаш не сум сфаќала кога некој ќе ми каже дека јадат кога ќе стигнат.Секој на своја страна.Благодетот е секој на маса :)

    Вечерта,ја обожавав средно и факултет.Беше целосно моја.Дневник и пенкало во рака,мислите некаде далеку,и секако музика.Тогаш паѓаа многу одлуки,тогаш се решавав да сум храбра,нкогаш да попуштам,за што гордоста и тврдоглавоста воопшто не ми дозволуваа.Некогаш се борев со самата себе.Некогаш плачев тивко,за да не ме види некој.
    Колку тајни ми кријат ѕвездите и месечината..........
     
    На Acerola, Artemission, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    И ова ме насмеа многу.Што уште нема да анализираат
    http://style.mnogoo.mk/mk/articles/Rela ... ate-za-vas
    Ме натера другарка ми да одиме во шопинг,ќе оди на одмор па ја чешаат парите во џебот. :D Иако бев само пасивен посматрач и строг критичар сепак ми го поправи расположението со своите глупости.АХ,да морам да го поделам и моето искуство за еден таканаречен бутик,продавница,затворена тезга што ли ќе е.Јас не знам зошто некои продавачки се такви .Ни добар ден ни имаме немаме само бело блеење.Навистина не разбирам некој некомуникативен да работи во таков бутик и да те гледа како да и ги вадиш ноктите со клешти.Ај да речам имала лош ден .Во друга продавница т.е.парфимерија сосема обратна ситуација.Продавачката ни се закачи за вратот уште од врата.Од фалење на производи уста не затвори.Имаме ова -она ве интресира ли тоа.А јас сакам да ме остават да блејам и читкам упатства на козметиката.Е сега ме набеди да сум пробала сенка за очи.Хм ,јас во животот на прсти може да се изброи колку пати сум ставила,последниот беше мислам на мојата свадба ама тоа е друга приказна :devil: Се насанкам јас на убедувањето и ставам од сенката и се гледам во огледалото,иста јас ,само друга боја,нит" поубава нит" погрда...се исто... е не купувам ...ц...Иако ме фати паника кога ми потенцира дека МОРАМ да користам антирид.. :swear: Важно другарка ми комплет се поднови,како да од утре ќе нема ништо по продавнициве... :D
    За чудо денес убаво се чувствувам,ако биде за нијанса подобро ќе помислам дека сум се преселила во вечните ловишта :emo:
    Убав ден девојки,скоцкајте си го животот како сакате и носете си го под рака. :f:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.