Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Вчера беше се што ми требаше.

    Се шетав со многу мили личности кога ми заѕвони телефонот. Братучедка ми да ме слушнела. Се посмеавме, и по пат си ја сретнав мојата Е., душа најмила. Тогаш сфатив дека после толку време јас сум вистински среќна. Ќе се задржам за ова, ќе го грабнам силно и со ланци ќе го прицврстам за себе.
    Сега си се прашувам, што се случи со мојот став, “квалитет пред квантитет’’? Сум го запоставила, е тоа го направив. Верувам дека конечно си ги наоѓам вистинските вредности и ме исполнуваат целосно.
    Стандард кафето, како и секој ден, па ми се јави пријателка да ја пречекам. Пустата по штикли излегла. Не не дружеше многу, ама и со неа имавме неколку убави муабети. Со другиве сме се пресмеале.
    Единствена замерка за овие што ја имам, со исклочоци, е што каснат. Секогаш влагаме само 2ца или 3ца, да другите ко бадна се збираат малку по малку. Ама и тоа не е толку лошо. Не ми одговараат сите карактерно, па затоа си се држам блиску до тие што ми одговараат. Притуркување по улица -.-
    Го испраќавме господинот, до дома му појдовме. Не е без причина тоа што го нарекуваме госпоѓица В. И на крај останавме само 2ца, па се јавивме кај другиве со кај се. “Чекајте не пред зграда’’. И чекавме. Од 12 и пол сме се заседале. И се јавија крај 1 и нешто... “Еј, останавме ние во Ас. Дојдете ако не.’’ И зошто чекавме? Си пуштивме музика, си се испруживме на скали, си уживавме, се смеевме. Си го прогласувам за најдобар другар. Јас искрено не знам уште до колку останавме. Само ми текна дека дома треба да си одам, па душа тој до дома ме испрати. До врата, да си бидеме поточни, ко што нагласи. Си ме гушна силно за поздрав, и си замина дома. Се знаат со тато, па затоа ми е сигурен.
    Едвај чекам денеска, испланиравме се до конец, прекрасно ќе биде.
    Плус, ќе си трошам чесно мои заработени пари.
    И реченицава ми се свиде;
    And as for the stalkers, you can stalk and talk, but you can never know the true story. Оbserve closely so you can at least make out a version of your own, which is, in all the infinities, highly unlikely to be true.
     
    На Lepaaa, L-enna, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    I have PMS and a gun . Any questions ? :wasntme:
     
    На Divinebutterfly, Stoimenovska, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Колку е тенка линијата помегу бескрајна среќа поради нешто што следи и бескрајна индиферентност за истото нешто. Во овој случај, одмор. Чувствувам како само јас да се замарам за тоа а тој да чека се на мене. Не е тој тип да планира однапред ама не разбира дека во последен момент неможе да биде. Терминот кој ни одговара за да одиме се поклопува со оној за менструација, па треба да знам кога точно ке се оди за да почнам да ги пијам апчињата. Треба да закажам за фризер, на депилација... Чека на мене за да речам да одиме да купуваме нешто за јадење пред тргнување, чека на мене за термин, чека за се. Е богами нема оваа година. Свечено обечам дека од денес нема ништо да зборувам за одмор. Ако сака да одиме барем пола одколку што сакам јас нека спомене прв. И знам што ке биде, кога ке изрази тој желба ке ми биде козметичарката на одмор, исто и фризерката, а и ке дојде онаа црвената. Е тогаш ке не фати 20 Август а мене ми е касно и жими се нема да одам. Си го зедов одморот од секојдневието со еднодневно бањање во Грција, но не си го зедов времето да бидам сама со него. Е не ми е гајле! :@
     
  4. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ова лето ќе ми биде најубаво до сега.Абе секој ден шетање со мили личности , уживање...Си најдов нови другарки, друштвото ми е супер,подобро неможе да биде!..
    И на вас ви посакувам лето како моето,па уживајте на сонцето додека го има..се шегувам, седете на ладно под сенка, ќе изгорите.:D
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.653
    Хахахахахаха ме изнасмеа другарка ми од посабајле!
    Како знаеш кога сељанка за прв пат ќе излезе у странство под спозорство?!
    Мења профил пикчрс секој ден и носи пуш ап! :!:
    Да не можеш да се одлучиш дали е каталог Голден поинт или Лисца. Накова бурек да јаде! :D :D :D
    Треба да пратам кариера на овие *лепотици*,да се посмеам на евтин хумор,онака народен што би се рекло!
     
    На Monna.Monna, Cacy, Miss-Independent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99

    I have a question.. Can we join our force?! Пошто мислам дека имам калашников некаде у џеб!!!
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Bелат дека соништата не може никој да ти ги земе. Tачно е дека не може никој да ти ги земе, но верувам дека некој што упорно нешто посакувал и тежнеел да му се оствари - го сакал тоа и на јаве, не само да бладаш дека ти се случува, а ти си тука и тапкаш во место.

    Детските соништа се најчисти, желбите роденденски исто. Cе состојат во најобични работи (зависи до детското мозоче), па така некој ќе посака велосипед, нинтендо, нова кукла . . . а јас посакував летото да ми биде како претходното! И така, како зимско дете со таа желба за летото, останував со прст во уста откако гледав како летото си оди, заминува, збор не ти кажува, а ти си тука и желбата со тебе чека на наредно дување свеќи! Cурово е, затоа што рутината ти се крши, не е иста ко порано, а дете бев реално со 14тина година, и упорно го посакував тоа, ама го немаше. Jок! И болеше . . . само јас си знам колку години мечтаев за таа желба, само јас знам колку ноќи плачев и плачев, липтав и липтав сеќавајќи се на детските спомени, лудории, и денови поминати во безгрижност и среќа. Cе давев во сопствените солзи, и упорно чекав, и чекав некој да ме викне, да ми каже дека се ќе биде ко порано. Aма ништо . . .
    Mногу е лошо кога рутината ќе ти згасне за секунда, а ти не си свесен за тоа, и треба да се прилагодиш!

    Oва да го раскажам на некој од најблиските, ќе рече: `Де бре, ти толку поврзана си со тоа? До толку те болело тоа?`. E да, ме болело многу. 3наат колку бев поврзана, но не можеа сигурно тоа да го дозволат, од друг зависеше, не од моите родители. Bеќе и отрпнав со тек на време, колку сите деца едвај чекаа да дојдат лето, да одат на одмори со друштва, а јас дреми и дреми во Cкопјево корени пуштав. Дури едвај чекав септември да дојде, да се вратам во нормала и да заборавам дека лето воопшто дошло.


    Cе ќе вратам годинава. :devil:
    Cама ќе си ја исполнам роденденската желба со години, сама (добро, со средства на моите), комплетно сама на своја рака ќе си дозволам да уживам во моите соништа на јаве, нека им е простено на тие што ми го ускратија, и ставаа други луѓе пред своето најблиско семејство, јас нема некого да молам (иако ко дете понизно и од околу тоа го правев, зошто бев очајна), и ќе уживам, а дал некој ќе ме види, ќе раскаже на Петко, Cтанко . . . уво не ми чуе!
    И јас имам право да уживам, и јас имам право да бидам среќна. Mоже нема да биде како во детските денови, собирајќи јагоди, пешачејќи по планини, собирање на салфетки, ама спомените пак ќе оживеат знам! Tаму се оживува! И сега пустата се расплакав сеќавајќи се на тоа . . . од една страна среќна сум што детството ми е исполнето со толку нешта, а тешко ми е што не ги обновив тие работи со години . . .


    Дај боже, здрави и живи да сме, кога не може (поточно не сака) некој друг да ти ги исполни соништата, исполнете си ги самите, нема поубаво чувство од тоа. Jас сум желна за тоа, едвај чекам! ^_^
     
    На manja666, Lepaaa, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Убо ми е. Да не го заречам летово, ама на сигурен пат е да го добие епитетот best summa evaah!
    Плажа секој ден, журкања секоја вечер, запознавање нови луѓе, попраќања до дома и прибирање со првите зраци на сонцето. И покрај сите несогласици мене ми е совршено. Се научив да уживам во мали работи. И поубаво е.
    Вчера научив дека најубавите работи се случуваат кога најмалку очекуваш. И од оној кој најмалку очекуваш. И најслатки се. :$
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Зошто на ѕид на срамот да бидат ставени докторите кои имаат отворено незаконски амбуланти и стоматолошки ординации? Не убиле пациенти ако работеле незаконски. И не се несовесни како доктори, несовесни се како луѓе.

    Поздрав, Владо на Република Македонија. |(
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Прости на изразот ама морам да речам кој идиот човече.... :^). Можеби се несовесни ама барем прават добри дела. Најхуманата работа е да спасиш човечки живот или да помогнеш некому. Кога не сака парите да бидат дадени за отворање на такви амбуланти и клиники нека отвораат незаконски.
     
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Па тоа и сакам да кажам. Џабе ги ставаат на ѕид на срамот. Они бар спасиле нечиј живот.
    Од бедава нека не извадат прво дотичните министри, а не се живо да затворат и да посрамотуваат.
    Демек чесни.
    Ми се гади од нивните проекти, ама ај да не испаднам политичар, да се праам паметна,
    жалче за сите отруени од политика и партиски книшки шо рикаат по Грујо и Бранко ко да се Господ.
    Греотка.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.653
    Спонтани комплименти увек разубавуваат ден! Сепак сум само девојче! :wasntme: Едно време не знаев да ги примам или да забележувам дека ми даваат комплимент и си викав у себе,како не,кој знае што мислиш, сеа ич не ми е гајле што мисли,штом се одлучил дури и да ме лаже,но да ми го бубнува задникот, значи во најмала рака од нешто зависи од мене или му требам,а тоа е уште поискрен комплимент! :D
    Сепак, три денес! Најубавиот,од странец,ју ар бјутифул енд крејзи интрестинг! Ох... :$ *воздивнува*
    А за воља на вистината,другар ми ми го накрши,прави хм... во пмс си,градите ти изгледаат уште поголеми, тинк абаут ит,шо уствари Сврле сакал да каже! :D Гуд поинт! :D
     
    На la-chicka, Lepaaa, Smilly и 4 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Украдов некоја минутка помеѓу пржењето на кофтињата и компирите и вадењето на цвеќињата да отворам фб ,фемина и мејл.Бре мајката си велам што ќе е ова,на фб со месеци немам добиено понуда за пријателство,да не ми профилот нешто заебан.Клик ваму клик таму нееееее,се е во ред,изгледа до мене е ,не сум омилена па то ти је.Фемина драга пружа некоја надеж,а мејлот преполн со продажба на виагра и порно страници...мислам....барем еден мејл да имаше со одговор од овие таканаречени работодавачи макар и негативен.Просто да не знаеш дали го примиле моето cv.А можеби не им одговарам во ниедна смисла,а највеќе во годините.Зашто изгледа сите бараат нешто за забава а јас со моиве години не знам да се...овај....забавувам де,да не испаднам вулгарна. :smirk:

    И така,отидов да се дружам со градинарското црево,можеби ладната водаа ќе ме освежи и некои одговори на моите прашања ќе ми светнат самите.

    А потоа ќе се излежувам,и однапред им се извинувам на перниците,кои фрлајќи ги од еден кревет на друг,за да најдам место за себе , случајно паднат на подот...
     
    На la-chicka, danniela5, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...Има луѓе со кои може да остварите една посебна врска, да споделите позитивна енергија, да почувствувате инстант пријателство дури и кога сте заедно неколку дена.Е таквите луѓе се ретки и не се наоѓаат секаде.Мене ми беа потребни десет дена во мало грчко местенце за да ги најдам тие луѓе.И сега, кога сум дома и кога нив веќе ги нема, не знам што да правам со себе.Не ги познавам доволно, не знам ништо за нив освен нивните имиња и некој небитен детал, но и покрај тоа, знам дека се прекрасни, дека ми го направија одморот совршен и прв пат во мојот живот, направија да плачам цел ден заради тоа што си одам дома.Фала ви многу на сите, да сте ми живи и здрави уште сто години и да ги разубавувате животите на многу други луѓе, како што го направивте тоа со мене.И како што ми рече мојот омилен Д - Have a nice life! - ви го посакувам истото на сите вас :*
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    ПМС стигна и кај мене. Кога ќе ми текне што све не изедов вчера, ми се темни. Како можев да изедам повеќе од пола леб?! Сув, без ништо?! Како?! И уште се залив со чаша јогурт откако се накркав :lol: Па после тоа јадев и сладолед, па јадев чоколаден пудинг, па вечерта испив две чаши џин-тоник и на крај грицкав сончоглед :tmi: Дали сум нормална? Ми идеше да се упукам. Мислев дека ќе ми се слоши од толку испомешано јадење, ама среќа не. Вчера сигурно качив кило, ама затоа денес рестрикција со јадење. Само малку ориз и шопска. Ах, не се трпи ова ПМС-ов, ај бар нека ми дојде да се потсмирам малце со јадењево.

    Туку, СДК можно е и јас да тркнам на мало одморче со љубовта моја и уште два пара. Ништо спектакуларно, но сепак се радувам. Барем ќе излезам од државава на 7 дена и ќе си нанкаме заедно со него :inlove: Само заради тоа ми се оди, да можам да спијам до него, да го слушам како мирно дише. А после откако ќе заспие ќе почне да ’рчи, а јас ќе го клоцам со лактот среде ноќ за да прекине :lol: Ама ако, си го сакам таков каков што е и сакам да спијам до него. За жал тука немаме често прилика за преноќување еден кај друг, па заради тоа најмногу им се радуваме на одморите.

    Инаку, сум заборавила да спомнам, го свиткав зглобот на ногата одејќи на штикли! Пред недела дена беше тоа, толку се изнервирав, ќе попиздев! Ко прв пат да носам штикли, па уште и се сопнав - читај: СРЕДЕ РЕСТОРАН, враќајќи се од тоалетот и за малце не му седнав во скут на еден постар човек што си вечераше! Бруки! Се вратив што се вратив на мојата маса и гледам, јас додека се борев да станам од подот, келнерот веќе го донел и јадењето на масата. Седнувам, почнуваме да јадеме, ногава ме боли, ме кине, а овој мојов ми се гази од смеење, мислам дека ќе се удавеше! Во еден момент
    се наведнувам, го погледнувам зглобот и гледам цела топка ми се направил, отечен цел зглоб! Баталивме и јадење и све, и држејќи се за дечко ми стигнавме некако до колата. И така, еве веќе цела недела помина, а мене ногава ми е уште модрила, црнила, уште ми е отечена и ме боли ;( Се надевам ќе се опраам пред одмор :) И ако сте виделе минатата недела некоја девојка со штикли како паѓа сред ресторан (не кажувам кој), јас сум била :lol:

    И така, убаво си се расприкажав, всушност ништо посебно не ни кажав, ама нема врска. Останете ми со здравје :hai:
    Едит: Најважното го заборавив: Утре ми е родендееееен!!!!! :party: :dance:
     
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    People are strange when you are strange.
    Па проектирање на свои проблеми кај тотални странци, забелешки на свои недостатоци кај други и тако даље. Секогаш кога си имам мака ја барам и кај некој друг, чисто за да знам дека не сум сама, без разлика дали тој некој го има магичното решение.
    Не ми се верува дека утрово плачев на спотот за Paradise, колку тажен слон е тоа, прво си се изнаплакав зошто толку се мачеше да ги најде другарчињата со тоа точачето, а после од среќа што ги најде.
    Биди жена и плачи на секоја хормонална промена во своето тело, потоа викај на кого стигнеш за на крај да ги изгушкаш сите...ужас. Убаво си прават Тибетскине монаси што не веруваат на жени, која будала верува на нешто што го менува мислењето/однесувањето на секој нов прилив на хормон.
     
    На L-enna, manja666 и MandyLane им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.653
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... tmr8VDqN8#!

    Једини начин да ме натерате да се омажам ЛЕТОВО,е ако ми ветите дека некој од сватовите ќе ми донесе вакво чудо за свадба! Е така! Секој дечко заинтересиран за чудово,нека ме контактира,јас ќе шутирам,тој ќе брани,ќе СЕ играме убаво!
     
    На chocolate.chick, MSkorpionka, antonina и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Си шетам јас навака натака, али така го мрзам чувството кога треба да се качам во стар испокршен и едвај движечки автобус, зошто на жешково не ми се чека нов и климатизиран гледајќи дека е 41,5 степени на рекорд... страшно. Стварно не знам што е попаметно, али следен пат ќе чекам под сенка, барем ќе се возам ко човек до дома.
    Засега брзо ми проаѓа летово, стварно. Не правам ништо посебно, а ете времето си лета. :|
    Со новите мачкини наочари, кон нови походи... тоа ќе видам утре кај ќе идам, сега размислувам само како да се разладам.


    Абе многу работи сакам да кажам, ама не знам од кај да почнам... ех, требаше и ја да се возам со туристичкион автобус по кеј за назад од центар, чим било толку јако 8) :rofl: не, ова дефинитивно е бледа копија на возењето со туристички автобус низ Рим и Ватикан, она дефинитивно! Абе се глеа што сакаат да постигнат, али... од сите европски земји си имаме по нешто украдено, да не набројувам, многу ќе ме фати. А, и Украинката има very bad english. Ако воопшто и беше од Украина, а не некоја мустра од овде собрана од екипата на Сител :rofl:
     
    На Johny и Lepaaa им се допаѓа ова.
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Епа девојки сакам да ви кажам се заљубив по трет пат :$ :$ Хахахаха т.е ја откирв мојата трета љубов,не дека порано не ја познавав.
    Епа вака
    1.Љубениот ми мој :inlove: :inlove:
    2.[​IMG] Владимир Крстески Франц:inlove:
    3.Го меркав од порано чоечево,ама стварно ми е толку,толку мил.Па и толку убаво пее.
    [​IMG] Јордан Манов е многу ми е харизматичен најискрено.

    Иначе ај вака сеа да си тргнам шала на страна.Друго нешто имам да си кажам.Епа вака,уф како да почнам.
    Јас сум навистина многу голем малер,абе Анно-Банано со кој ум трескаш глупости по пат бе,од кај знајш кој може да е зад тебе и да те слушнит.Е браво за мене.Памет за друг пат,да не трескам глупости по пат.Оти знаете си одам јас сега фино лепо,и само во тие темници прст пред око не се гледат ( многу мојава улица личи на Караорманка од Големи и Мали ) и само кажувам јас и ме гледат комшијава мој со една вкава фаца :^) и јас само на другарка ми,што му е на овој бее? Кој е овој? И таа прекини бе,не глеаш Трпе е. :lol: Е тогаш уште толку смеа ме фати. Памет девојки за друг пат,немојте по пат да зборувате за други,незнајте кој е зад вас. Туку ај остајте тоа,слегов денеска до продавница да си купам сладолет,и глеам малите девојчиња играат шарка.Уф какви убави спомени од детството ми носи мене таа шарка,е навистина убаво време си беше.Застанав со нив,и им вика може да играм?Ми возвратија: ејј каде ти,неможеш да играш голема си неможеш да скокаш.И јас а не не можам сега ќе видите.И фатив да играм,кутра јас сум забораила.Ми се иснасмееа девојчињата.Циркус си бев. :rofl: Видов не видов,си заминав.Ме фати срам.Иначе вчера што се деси,се чудам како надвор не почнале сеуште камења да паѓаат.Па зарем ти да се јавиш,а не не,прво си реков дека сонувам.Му измутирал гласот не го ни познав,битно ме барал 176 пати,ау немој да ме јебеш бре.
    Еј ај доста должев јас.Имам уште нешто да кажам едвај чекам,да дојде сабота да си го праам роденденот.Нe за џабе рекле,дека машките се подобри другари од девојчињата,и се вистински другари.Знаете јас уште од мала повеќе си се дружев со машки,па така и сега.И мило ми е што навистина се толку добри. Епа ајде доста е.
    Вие освежете се:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Уште еден интересен ден... Решив, ќе си запишувам тука, па еден ден кога ќе ме зафати криза, кога ќе учам, да прочитам што сум пишувала, па да се подутешам дека сум имала фино лето исполнето со убави моменти... :rofl:
    Станав рано, рано, без никаков план како да си го исполнам денот! Ама кога имам организатор, што ќе ми е да мислам јас. Си спремив ташната, купачот и на плажа! Таму, таман си беше. Боб Марли, некое (безалкохолно) коктелче, тој до мене и како јаготка на шлагот другарка што не сум ја видела од 1ви Мај! Се посмеавме, изигравме некоја партија брич и секој по дома.
    А вечер...вечер идемо дајле. 1ви август се ближи, бројани се деновите, мора максимално да се искористат. ]:)

    :hai:
     
    На manja666, Stoimenovska и Glossy-girl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.