Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Самата на себеси си докажав уште еднаш дека ако размислувам позитивно,ако сум самоуверена ако се ценам самата себе ќе имам многу успеси.Се ке биде така како што треба.Само треба да размислувам дека навистина се случуваат добри работи и така и ќе биде.
    Ги обожавам овие психолошки книги,на многу корисни работи ме научија. :rofl:
    [​IMG]
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека морам пак, ама дури и жал ме фаќа кога некои луѓе не разбираат сарказам. Упорно ги реметиш, а они мислат си фин. Браво! :D
     
    На De-lovely, Elichka и Butterfly77 им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Проклета је Америка...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.655
    Ето,ќе умрев,немаше да знам дека Пикасно химселф го има направено плакатот за Битката на Неретва и при тоа побарал само неколку пакети југословенско вино...
    Ех животиште,како ќе те научам скроз?!
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам дека обожавам жолти цвеќиња. :inlove: Да ми даде некој огромен букет од жолти цвеќиња и да ме побара за жена одма ќе му речам да, без размислување :D сериозна сум :!: :D

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Што да речам, жена и омиленото цвеќе ... чудна ти е таа врска. :f:
     
    На wolf4e, anabel-a, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    СДК дека жалам што нема да присуствувам на првата латино журка и ноќно капење ова лето,и што баш тој ден сум на свадба(Иако и на свадба ми се оди,пошто немам одено одамна) :D
     
  7. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Сега станувам од спиење :devil: Ако не ја регулирам оваа навика тешко мене !!!
    Твити си има мали мачиња и не се одвојува од нив , многу се малечки едвај чекам да подпораснат да ги погњавам малку а до тогаш да им смислам некои креативни имиња :D
    Иначе не сум знаела дека има вакви перики :o И колку добро изгледаат , а јас па сирота се изнадавав пари за продукти за волумен за кога ја виткам косата демек приближно барем да ми изгледа како на овие хахаха епа да 8)

    Сега ќе расчепкам по интернет да видам како се движат цените баш ме интересира..
     
  8. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Jooj joj..да те боли заб 2дена пред одмор,дај сериозно?!! Патетики...
    Љуѓенца бе,се плашам од заболекар.Многу.Офи ма,кај сиии...?
    Овај,кога ќе ми летне мозочето на палачинките полни со двесте деликатеси,и сликата дека треба да седам со ваква фацка :sweat: додека другите се лигават по палачинката,па сладоледите зачинети со различни преливи,пошеќерени со бадеми,не не не ќе си идам утре па шо сака нека биде!Јбг...

    Само празни куфери низ собава,чудно е да ги гледаш.Мислам јас сум единствената која сеуште се мисли кој куфер да го понесе,додека другите веќе безбедно ги сместиле своите алишта во нив,па и ги заклучиле...
    Молим вас,си има јас други гижи..и болен заб!Еден и единствен.

    Убава е ноќта.Долга и темна.
    Лимон и лажичка мед растопена во млеко.Куцам на PC то и се топам на Стинг.
    http://www.youtube.com/watch?v=wHylQRVN2Qs
    И знаете ,убаво ми е, ако го оставиме настрана утрешниот хорор..

    Книгитеееееееееее?
    А да,треба утре и до библиотека да наминам.И до козметичар,и аптека,и маркет..........и до заболекар!
     
    На Miss-Independent и pamelche им се допаѓа ова.
  9. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    :wasntme:
    [​IMG]
     
    На anabel-a, MacaLove, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски

    Обавезно да отидеш на заболекар..Јас требаше еден да направам, а не отидов па после кога ме заболе страшноо...и морав да отидам на заболекар и 4 пати лек ми менуваа...Сега ми го пломбираа и гајле си немам....Ама колку болки сум истрпела незнаеш :o :)
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Значи не сум спанка по природа, ама летово ептен се одморив, и мислам дека човек што повеќе спие, тоа повеќе му се спие! Навечер до сабајле седам будна не можам да заспијам, а преку ден спијам до попладне, па станувам. Ех, шта ти је живот...
     
    На simon4etooo и pamelche им се допаѓа ова.
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Откако почна распусов навика ми стана секое сабајле да трчам. Значи нема ништо поубаво од утринско трчање, а по него ладен туш. Еве сега седам со голема чаша какао и чекам да ја испратам мајка ми на работа па да си легнам.

    Повеќе од половина луѓе го преспиваме најубавиот период во деноноќието, изгрејсонцето, а можам да кажам дека третина од нив и не гледаат некоја посебна убавина во сето ова. Оној период од 4 до 6 часот е волшебен. Почнува смената на шоферите од ЈСП, сонцето сеуште не се појавило, а истовремено пирка некое пријатно ветре, период кога светлината ја голта во еден залак ноќта и и пркоси со својата убавина.
    По улициве ретко се наоѓа човек или некој мамурен ќе помине покрај тебе што нема ни да те примети. Кучиња скитници по улици, чичето што продава лубеници и по некој точаковозач одминувам. Се гасат уличните светилки и се шири мирис на бурек од маалските пекари.
    Мх, мх..

    Велам јас, магичен ми е овој период. Има некоја своја убавина која не можеш да ја опишеш, таа се чувствува. Не дека е исто како на море кога дочекуваш изгрејсонце, завиткана со некоја тенка покривка и нурната во нечиј врат, не е исто.. ама и ова има некој шарм и благ вкус како.. еве да речеме карамела што се топи кога ќе дојде во допир со усната празнина.
    Инспиративно е. Ми треба само лист и пенкало за да го извадам од себе она што го мислам или да шкртам апстрактни фигури низ листови од блок или.. едноставно да седам на тераса и да го следам ритамот на моето вдишување и издишување.
    Доволно е.

    http://www.youtube.com/watch?v=UrMmr1oMPGA

    и она.. кога ќе се препотиш од саат време трчање, пешачиш накај дома на слушалки Бон Ивер, уморот ти надвиснал над клепките, а паралелно си полн со енергија..
    и можам да пешачам и пешачам и пешачам така до бескрај.
    Од хоби, од потребна или сепак од задоволство.
    И вакви работи не се пропуштаат.

    Ме фаќа дремка.
    Бабаи.
    :hai:
     
    На Buttterfly, Juicy03, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  13. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Утрово е прекрасно, се чувстувам исполнето и свежо. По гледањето на изгрејсонцето со љубовта, сфатив дека постојат многу мали нешта кои ме прават среќна, само несвестно ги игнорирам, гледајќи ги само големите. Сама можам да почувстувам дека зрачам со позитивна енергија утрово.
    Имајте прекрасен ден :*
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Денес иам фризура ала Џенис Џоплин (си легнав со мокра коса) само плус со шишки. Не дека нејзе и е лоша, ама не е за на работа :^) ...сепак болје него ли Ејми Вајнхаус фризура :!:

    Туку, на кратко, зашто нејќам вестите да ми го расипат денот : “Ѕидот на срамот нема за цел да ги навреди туку да ги опомене лекарите“
    ова од соопштението на фзо. Така е почитувани доктори, никој вас не сака да ве навреди, туку немало друго слободно име за ѕидов, па затоа е ѕид на СРАМОТ. Најголемите криминалци на тв се даваат со замаглен лик, со иницијали се пишуваат во весници... Пу уште еднаш на владата :puke:

    На муслиманските верници една честитка по повод започнувањето на рамазанските пости, нека ве прати здравје и мир.

    А денес...
    http://www.youtube.com/watch?v=Uokp0aEiT-A

    сепак не денес, некое друго денес...
     
    На caroline.costa, LivingGlam, DeMelo и 3 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Денеска сакам да надробам нешто за појавата наречена МАГАРИЗАЦИЈА..

    Човекот не стигне ни да сфати да е вовлечен во машинеријата,а веќе почнува да копитари и да мафта со опашката..

    прво те оседлаат,а ти мислиш -леле колку се фини,ме гланцаат ко да сум во спа центар..и тогаш така оседлан почнуваат да те јаваат,а ти сакаш не сакаш јуриш као тие заповедаат..

    тогаш почнуваат да те влечат за уши,имитираат,да те исмеваат,па повторно да те искористат,а ти лично дремеш во стагнација..

    се додека во еден момент не решат да те стават во некоја степа со нискостеблеста шума да можеш да пасеш,колку да се одржиш во живот,и каде што тие сметаат дека ти е место...

    и што му останува на поштеното магаре освем да мафне со опашката во знак на поздрав до следното оседлување...

    Зашто магарето секогаш чека.Затоа и е магаре...
    Блесав процес...

    Прости ми моја маленкост што вака се чувствуваш,и секоја сличност со горенаведеното е намерна...
     
  16. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ехеееј, прекрасно беше вчера, навистина.
    Пливање, давење, запознавање, смееење, дружење, шеткање и тие работи.
    Се вратив од надвор околу 12... Мама се налути ама фактот што останав вредеше...
    Уххх, не сум се чувствувала волку убаво со години.
    Хехее, што ми е убаво :D :inlove:
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ме боли Коле!!!
     
  18. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Посакувам сестра ми одлично да се забавѕва на одморот :* :* :* :* :* :* :*
     
  19. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    СДК дека одвај чекам да се врати брат ми од разговор за работа и да го слушнам исходот .... :)
    Па ќе падне частење :lol:
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не мислев дека Лаганас ќе ми фали толку многу...
    Сношти излегов на кафе и гледам Широк Сокак ист како што беше пред да заминам. Луѓе седнати на кафе си редат муабети и секако оговараат кој како е облечен. За кафе морам да признаам дека омиленото ми е тука во Битола, не верувам дека на друго место повеќе ќе ми се допадне. Битола иста каква што си е ме почести со малку студен ветар и јас одма почнав да се тресам и да викам да си одиме.
    Тука луѓето се посмирени. Ако некој ти дофрли некој невкусен коментар е селанец хахах :lol:.
    Самодовербата никогаш не ми била поголема. Па секако дека ќе ми е толку голема, после сите оние комплименти што ги добив од Грците, Англичаните и Србите. Имаш прекрасна насмевка, коса и очи :$ . Колку и да си ладна не може тие комплименти да не те разнежнат. И така си мислам сега колку би било убаво пак да можам да се вратам таму, да си одам на плажа, па вечерта да си излезам во некоја од дискотеките и малце да си пофлертувам :$ . Досадно е тука стварно е досадно.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.